Францускиот селектор Дидие Дешамп по победата над Парагвај и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство изнесе сериозни обвинувања, тврдејќи дека од клупата на противникот биле упатени навреди, меѓу кои и кон неговата неодамна почината мајка. Дешамп, кој неодамна ја загуби мајка си, по натпреварот истакна дека Французите можеле да минат и без навредите кои, според него, дошле од дел од стручниот штаб и резервните играчи на Парагвај. ...

Бразилците се протнаа низ иглени уши до осминафиналето на Светското првенство со гол во судиското продолжение против Јапонија (2-1). „Селесао“ не блеска, но трофејниот италијански стручњак Карло Анчелоти му вгради победничка ДНК. Од друга страна, Норвешка ја оправда улогата на фаворит од сенка, селекција која може да ги изненади и најдобрите репрезентации во светот. Ерлинг Халанд и соиграчите ја елиминираа селекцијата на Брегот на Слоновата ...

Украинскиот тенисер Владислав Орлов со многу емоции го доживеа финалето на „Македонија опен“ во Скопје, во кое загуби од македонскиот ас Калин Ивановски. Орлов по мечот, низ солзи, ѝ се обрати на публиката и испрати силна порака, потсетувајќи на тешките години низ кои минува неговата земја. „Доаѓам од држава која е во војна. Ова се долги и тешки години за нас Украинците. Додека гледав како го бодрите вашиот тенисер Калин, тоа ме инспирираше и ...

Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ги заврши подготовките за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Романија. Во последниот контролен натпревар, избраниците на селекторот Игор Илиевски ја совладаа Италија со убедливи 30-22, прикажувајќи сигурна и квалитетна игра. Овој триумф претставува одлична увертира пред настапот на континенталниот шампионат, на кој младите македонски ракометари ќе се обидат да остават ...

Струга Трим Лум продолжува активно да работи на засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на македонскиот прволигаш е Хамонд Агамах. Станува збор за 29-годишен напаѓач, кој доаѓа од Франција, но поседува и пасош на Гана. Агамах во досегашната кариера настапуваше исклучиво за клубови од пониските француски лиги, а природна позиција му е во самиот врв на нападот. Искусниот офанзивец е уште едно од летните засилувања на Струга ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го забележа најголемиот успех во својата кариера, откако триумфираше на Македонија опен во Скопје. Ивановски во големото финале славеше против Владислав Орлов од Украина со 2-1 во сетови, односно 6-1, 0-6 и 6-2, и така за првпат се радуваше на трофејот на турнирот во македонската престолнина. По последниот поен следуваше емотивна прослава на Ивановски, кој со многу радост го прослави најголемиот момент во ...

Калин Ивановски не ја криеше радоста по освојувањето на титулата на Македонија опен во Скопје, која воедно е и најголемиот успех во неговата досегашна кариера на домашно тло. Македонскиот тенисер по победата над Владислав Орлов во финалето (2-1) им се заблагодари на навивачите за големата поддршка, истакнувајќи дека токму домашната публика му била дополнителен мотив да стигне до трофејот. „Многу сум среќен што се вратив на терените после ...

Калин Ивановски го забележа најголемиот успех во својата кариера на Macedonian Open 2026, откако во големото финале славеше над Владислав Орлов од Украина со 2-1 (6-1, 0-6, 6-2) во сетови и со тоа за првпат се радува на трофеј на турнирот во македонската престолнина. Македонскиот ас фуриозно го започна натпреварот за титулата и по само половина час игра поведе со 1-0 во сетови. Калин беше доминантен во секој сегмент од играта и на противникот ...

Златан Ибрахимовиќ, кој за време на Светското првенство работи како стручен аналитичар на „Фокс Спортс“, ја пофали Франција за начинот на кој се справи со провокациите во осминафиналниот натпревар против Парагвај. „Триколорите“ со многу мака славеа со 1-0 во Филаделфија, а победничкиот гол го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70. минута. Иако Франција беше голем фаворит, Ибрахимовиќ смета дека дуелот бил исклучително тежок поради грубата ...

Хрватскиот шампион Загреб со нов тренер ќе ги започне подготовките за новата сезона. Клубот официјално го назначи Хрвоје Хорват за нов шеф на стручниот штаб, со што по три години минати во швајцарскиот Кадетен Шафхаузен се враќа во својата татковина. Хорват добро го познава клубот, бидејќи во минатото настапуваше и како играч за Загреб, а сега ќе има задача да предводи тим во кој ова лето пристигнаа дури осум нови ракометари. Тренерската ...

Реал Мадрид и официјално го обезбеди потписот на Дензел Дамфрис, кој стана ново големо засилувања на „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок. Холандскиот репрезентативец се наметна како приоритетна опција за десната бековска позиција, по заминувањето на капитенот Карвахал. Дамфрис зад себе има неколку одлични сезони во дресот на Интер, каде што беше еден од најстандардните фудбалери и важен дел од тимот што бележеше успеси на домашна и ...

Карло Анчелоти уште еднаш покажа дека знае како да се носи со критики. За време на Светското првенство доби некои провокативни прашања, а критики имаше и од бразилската јавност. Италијанецот порача дека неговото долгогодишно искуство доволно зборува за неговите квалитети. Анчелоти исто така посочи дека само еден тренер има повеќе искуство од него и само тој може да ме критикува. „Не знам дали разбирам фудбал или не, но никој друг не може да ...

Килиан Мбапе повторно беше човек на одлука за Франција, постигнувајќи го единствениот гол во победата над Парагвај (1-0) со која „триколорите“ обезбедија место во четвртфиналето на Светското првенство. Капитенот на Франција реализираше од пенал во 70. минута и продолжи да испишува историја на Мундијалите. Со овој погодок стигна до 19 на Светските првенства, постигнати на исто толку натпревари, па сега го дели само еден гол од Лионел Меси на ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, не го криеше задоволството по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство, но призна дека неговите избраници имале исклучително тешка задача против Парагвај. „Триколорите“ славеа со минимални 1-0 во Филаделфија, а единствениот погодок на натпреварот го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70. минута. Искусниот стратег по натпреварот откри дека им дал посебна задача на своите фудбалери да го заштитат ...

Парагвај не успеа да ја изненади Франција во осминафиналето на Светското првенство, но остави впечаток на селекција која не бираше средства во обидот да го сопре големиот фаворит. Јужноамериканците од самиот почеток се определија за цврста и агресивна игра, со многу дуели, прекини и провокации, настојувајќи да го исфрлат ривалот од ритам. Најчесто на удар беше Килиан Мбапе, кој во текот на целиот натпревар беше под постојан притисок од ...

Шкендија го врати во своите редови своето дете Флорент Рамадани. По шестмесечната авантура во косовска Дрита, 25-годишниот играч за врска се врати во Тетово како слободен фудбалер. Рамадани во јануари ја напушти Шкендија и се пресели во Косово, но по само половина година повторно го облече дресот на тетовскиот клуб. Станува збор за поранешен младински репрезентативец и фудбалер кој ги мина младинските категории на Шкендија. Во својата ...

Со одигрувањето на денешното финале меѓу Калин Ивановски (Македонија) и Владислав Орлов (Украина) ќе биде испишана уште една страница од турнирот Macedonian Open. Во продолжение можете да ги прочитате имињата на сите победници на овој турнир низ годините. Победници на досегашните изданија: 1992 година – финале: Орлин Станојчев – Александар Китинов 3-2 1993 година – финале: Зоран Шевченко – Александар Китинов 3-0 1994 година – финале: Орлин ...

Фудбалскиот клуб Вардар ќе го намали ростерот пред новата натпреварувачка сезона, а веќе се договорени неколку позајмици. Мануел Куестас кој неодамна потпиша продолжување на соработката на четири години, следната сезона ќе ја мине на позајмица. Аргентинецот е проследен во Црна Гора, а таму ќе настапува за екипата на Језеро Плав. Станува збор за прволигашка екипа која минатата сезона избори опстанок во црногорската елита преку баражот. Инаку, ...

Американската тениска легенда Серена Вилијамс нема да настапи во конкуренција на двојки на Вимблдон, откако беше принудена да се повлече поради повреда на коленото. Вилијамс требаше да игра во тандем со својата сестра Венус Вилијамс, но проблемите со коленото се покажаа како преголема пречка. Серена на социјалните мрежи објави фотографија од третманот, на која се гледа течност извлечена од нејзиното колено по одиграниот меч во сингл ...

Еден од најдобрите голмани во Првата македонска фудбалска лига за минатата сезона, Андреј Јовчевски, ќе има нов предизвик во својата кариера. 22-годишниот чувар на мрежата се раздели со Пелистер и својот фудбалски развој ќе го продолжи во странство. За неговите услуги има интерес од повеќе клубови од регионот. Откако отпадна преселбата во Елбасан во Албанија, поранешниот младински репрезентативец сега гледа кон три шампионати. Јовчевски на ...

Австрискиот стратег Оливер Гласнер и официјално е нов менаџер на Нотингем Форест, откако потпиша тригодишен договор со премиерлигашот и го наследи Витор Переира на клупата на „шумарите“. Британските медиуми откриваат дека сопственикот на клубот, Евангелос Маринакис, не штедел средства за да го доведе поранешниот тренер на Кристал Палас. Гласнер ќе заработува дури 13 милиони фунти по сезона, со што стана втор најплатен менаџер во Премиер ...

Франција го победи Парагвај со 1-0 (0-0) во осминафиналето на Светското првенство во Филаделфија, со што обезбеди пласман во четвртфиналето и дуел со Мароко. Натпреварот ќе биде реприза од мундијалското полуфинале во Доха пред неполни четири години. Парагвај, пак, играше прeдефанзивно, но не успеа да ја сочува својата мрежа незатресена. Ултра-дефанзивната тактика на Парагвај ја мачеше Франција во поголемиот дел од натпреварот. Клучниот ...

Легендарниот француски ракометар и тренер, Дидие Динар, е нов селектор на машката ракометна репрезентација на Луксембург. Динар до неодамна ја предводеше репрезентацијата на Црна Гора и доби отказ минатата недела. но не му требаше долго да пронајде нов ангажман. Како што изјави самиот, понудата од Луксембург ја прифатил пред сè од семејни причини и долгорочни планови. Францускиот стратег ќе дебитира во Скопје. Луксембург е во иста ...

Хрватската фудбалска репрезентација би можела наскоро да добие нов селектор. Според информациите кои пристигнуваат од Хрватска, раководството на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го избрало Славен Билиќ за наследник на Златко Далиќ на клупата на „коцкестите“. Наводно, челниците на ХНС веќе разговарале со дел од репрезентативците околу можноста за враќање на Билиќ, а реакциите од соблекувалната биле исклучително позитивни. Тоа дополнително ја ...

Барселона продолжува со реконструкцијата на тимот по сезоната без освоен трофеј, а еден од првите кошаркари кои го напуштаат клубот е искусниот Американец Вил Клајбурн. Каталонскиот гигант официјално соопшти дека ја активирал излезната клаузула од договорот на 36-годишното крило, кој важеше до јуни 2027 година, со што соработката заврши по само една сезона. Клајбурн пристигна во Барселона во летото 2025 година од Виртус Болоња и за ...

Стипендистката на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и тениски тренер Даниела Колева успешно го заврши престижниот Меѓународен курс за тренери (International Coaching Course – ICC) во Будимпешта, кој го реализираше со поддршка на програмата Олимписка солидарност. Осумнеделната едукативна програма, организирана од Унгарскиот универзитет за спортски науки (Hungarian University of Sports Science – HUSS), во соработка со Меѓународниот олимписки ...

Францускиот ракометен репрезентативец Дилан Наи официјално потпиша договор со ПСЖ, каде што ќе се врати по завршувањето на претстојната сезона. Наи потпиша четиригодишен договор кој ќе трае до 2031 година. Левото крило ќе му се приклучи на парискиот тим од летото 2027 година. Пред да се врати во Франција, тој ќе ја одработи својата шеста и последна сезона во полскиот шампион Киелце. Дилан Наи потекнува од младинската школа на Пари Сен Жермен ...

Само 18 дена по назначувањето за селектор на Тунис, Ерв Ренар ја напушти функцијата по неуспешниот настап на Светското првенство. Францускиот стратег беше именуван на 16 јуни, непосредно по отказот на Сабри Ламуши, но не успеа да ја промени сликата на националниот тим. Тунис ги загуби сите три натпревари во групната фаза и го заврши настапот без освоен бод. По поразот од Шведска со 5-1 под водство на Ламуши, Ренар го предводеше тимот во ...

Парагвајците се следната пречка за Франција на Светското првенство во осминафиналната фаза. „Триколорите“ доминираат на турнирот и против Парагвај важат за фаворит. На час и половина пред стартот на средбата, селекторите ги отворија картите. За овој меч Дидие Дешамп ќе го нема Орелиен Чуамени кој се повреди, а во средниот ред ќе заигра Мануел Коне. Стартни состави за натпреварот: Парагвај (5-4-1): Хил; Веласкез, Алдерете, Г. Гомез, Алонсо, ...

Фудбалската репрезентација на Мароко го продолжува патот кон повторување на успехот од претходото Светско првенство, откако го елиминира домаќинот Канада со победа од 0-3 (0-0). Натпреварот на „НРГ Стадион“ во Хјустон мина во знакот на африканската селекција која имаше контрола врз темпото, иако на моменти Канаѓаните беа поконкретни. На стартот на средбата по една грешка на мароканската дефанзивна линија во зицер шанса излета Танитолува ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.71
19%
1014
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.68
32%
1014
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
0.45
23%
1014
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.41
22%
1015
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.1
20%
1015
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
0.45
41%
1015
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
6.26
32%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
6.06
16%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.28
19%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
2.24
31%
1016
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
2.24
21%
1015
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.83
44%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Паладиум

43242.75

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Алуминиум

3.23

Бакар

13.37

Злато

133030.14

Калај

55.95

Сребро

1954.91

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

269262.50

Платина

56295.96