Шкендија Арачиново по воведниот пораз во дебитантската сезона во ПМФЛ од Струга Трим Лум (3-0), промовира уште две нови имиња. Во редовите на овој прволигаш доаѓаат двајца новајлии, а едното име привлече големо внимание. Се работи за Енис Фазлагиќ, фудбалер кој е поранешен репрезентативец на Македонија со еден настап во А-тимот. Низ кариерата Фазлагиќ ги мина буквално сите категории во младинските репрезентации, а кареирата преку Скопје и ...

Вардар 1961 означи почеток на подготовките за новата сезона, откако денес првиот тренинг го одработија избраниците на Иван Чупиќ. Македонскиот шампион ќе има амбициозна сезона во која ќе настапува и во Лигата на шампионите. На првиот тренинг присуствуваа и седумте нови засилувања, како и најголемиот дел од ростерот кој остана од минатата сезона, па стручниот штаб уште од самиот старт ги имаше на располагање сите ракометари. Во пресрет на ...

Со првиот собир кој го свика тренерот Иван Чупиќ официјално започнаа обврските на ракометарите на Вардар 1961 во пресрет на новата сезона во која ќе ги бранат домашните трофеи, но и ќе играат во Лигата на шампионите. На првиот тренинг беа и седумте новајлии, како и оние кои останаа од минатата сезона, а тоа беше речиси целиот костур на тимот. Во пресрет на стартот на подготовките своите очекувања за новата сезона ги сподели еден од ...

Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во подготовките за новата сезона со највисоки амбиции на домашен план, како и желба за достојно претставување на кам-бекот во Лигата на шампионите. Тимот го одржа првиот собир и тренинг во реновираната сала „Расадник“, а своите очекувања за новата сезона ги сподели хрватскиот тренер Иван Чупиќ. Според него, Вардар повторно ќе цели кон домашните трофеи, но посочи дека конкуренцијата е засилена и дека воопшто ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги „запали моторите“ за новата сезона во која освен на домашно тло, се враќа и во елитната Лига на шампиони. Тимот предводен од Иван Чупиќ го одржа првиот летен тренинг во новиот дом, реновираната сала „Расадник“ каде што ќе тренираат во иднина. На овој терен ќе се играат натпреварите од Суперлигата со исклучок на дерби пресметките, додека европските дуели остануваат во СЦ „Јане Сандански“. ...

Тимот на Бутел Скопје ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на новиот стратег Стојанче Стоилов. Стоилов го имаше првиот тренинг со нашите ракометари, а екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед. Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август) и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци на 5/6 ...

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, го најави реваншот против Рига во Конференциската лига на УЕФА. Напаѓачот на „црвено-црните“ истакна дека поразот од еден гол во Скопје (2-3) ништо не значи и дека тимот е исправен пред новиот предизвик. „По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско ...

Данскиот репрезентативец Габриел „Ифе“ Лундберг ќе продолжи да го носи дресот на Макаби Тел Авив, откако клубот потврди дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката за уште три сезони. 31-годишниот бек пристигна во израелскиот гигант во ноември минатата година по заминувањето од Партизан, а со своите настапи брзо се наметна како еден од важните играчи во тимот. Во изминатата сезона од Евролигата, Лундберг во просек ...

Вардар го одработи официјалниот тренинг во Рига, Летонија, а со тимот и експедицијата не се допатувани двајца фудбалери. Бобан Николов и Хоакин Торес не се со екипата во главниот град на Летонија. Двајцата се отсутни поради повреди и нема да може да настапат на овој натпревар. Тренерот Кристијан Фабијани ќе го одреди тимот кој ќе игра на реваншот во Конференциската лига на УЕФА наскоро. Натпреварот помеѓу Рига и Вардар се игра во вторник со ...

Вардар допатува во Летонија и го одработи официјалниот тренинг пред натпреварот против тамошниот првак Рига во рамки на Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Кристијан Фабијани ги сподели очекувањата пред средбата во главниот град на Летонија. „Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар го одржа официјалниот тренинг во Рига, Летонија, пред натпреварот против тамошниот првак Рига во рамки на второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Во позитивна атмосфера, црвено-црните во 20:00 часот по локално време излегоа на тревникот на стадионот „Сконто“ на кој летонскиот првак ги игра домашните натпревари. Временските услови во главниот град на Летонија се променливи, но на мечот ...

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, напредуваше за две позиции на најновата АТП ранг-листа и сега се наоѓа на петтото место во светот. Ѓоковиќ моментално има 3.760 бодови, со што повторно се врати меѓу петте најдобри тенисери на планетата. На врвот и понатаму сигурно се наоѓа Италијанецот Јаник Синер, кој ја задржа лидерската позиција со 13.450 бодови. Зад него остануваат Германецот Александер Зверев и Шпанецот Карлос Алкараз, додека ...

Екипата на Рига прва го имаше тренингот на стадионот Сконто и се обрати пред медиумите. Тренерот Адриан Гула го најави натпреварот против Вардар, истакна дека е претпазлив и дека победата во Скопје не им гарантира ништо, затоа што македонскиот шампион покажал дека знае да игра на гости кај КуПС во првото коло на ЛШ. „Гледаме кон мечот затоа што играме дома на нашиот стадион. Се надевам дека ќе добиеме поддршка. Првиот меч беше прво полувреме, ...

Турскиот гигант Фенербахче го засили својот ростер со доведувањето на американскиот кошаркар Џони Џузанг, кој стави потпис на едногодишна соработка со клубот од Истанбул. 25-годишниот бек/крило во вториот дел од минатата сезона настапуваше за рускиот тим Зенит, каде што остави солиден впечаток. Во 17 натпревари тој просечно реализираше 14 поени, 2,4 скока и 1,9 асистенции по меч. Пред да пристигне во Европа, Џузанг беше дел од НБА лигата, ...

Во Реал Мадрид владее голема неизвесност околу иднината на Винициус Жуниор, откако разговорите за продолжување на договорот меѓу клубот и бразилската ѕвезда сè уште не резултираа со конечен договор. Крилниот напаѓач има важечки договор со „кралевите“ до летото 2027 година, но двете страни сè уште не успеале да ги усогласат сите детали. Во меѓувреме, неговото име се најде на радарот на неколку европски гиганти, меѓу кои и Арсенал. Според ...

Легендарниот Андреа Пирло потврди дека повеќе не е во конкуренција за селекторската функцијаво фудбалската репрезентација на Италија. Пирло соопшти дека дознал оти повеќе не се разгледува како кандидат за оваа позиција. Неговото име во изминатиот период беше поврзувано со селекторското место, но дел од италијанските политичари јавно го критикуваа поради неговата улога како амбасадор на руската обложувалница „Фонбет“. Според нив, таков ...

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов официјално е нов играч на полскиот клуб Погон Шчечин. Крилниот фудбалер потпиша двегодишен договор, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Чурлинов е добро познато име за љубителите на полската Екстракласа, откако во сезоната 2024/25 настапуваше за Јагјелонија. Таму беше еден од најдобрите крилни играчи во лигата, а во сите натпреварувања одигра 43 средби, на кои постигна ...

Поранешниот капитен на српската репрезентација, Душан Тадиќ, повторно ќе игра во Холандија. Искусниот офанзивен играч денеска официјално стана нов фудбалер на НЕЦ Нијмеген, со кој потпиша двегодишен договор. Тадиќ во новиот клуб пристигнува по одличната сезона на НЕЦ, кој сензационално го освои третото место во Ередивизие и обезбеди настап во квалификациите за Лигата на шампионите. За 37-годишниот Србин ова е враќање во земјата каде што ...

Кошаркарската Барселона започна голема реконструкција на тимот со цел повторно да се вмеша во борбата за самиот европски врв. Според „Мундо Депортиво“, каталонскиот гигант веќе ангажира осум нови кошаркари, додека деветмина го напуштија клубот. Наскоро се очекува да биде потврдено и заминувањето на Торнике Шенгелија во Дубаи. Новиот проект ќе го предводи Александар Секулиќ, а идејата е да се создаде помлад, побрз и физички помоќен состав. На ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ одлучи да стави крај на богатата судиска кариера на 46-годишна возраст, само една недела откако ја доби најголемата чест во својата професија, да го води финалето на Светското првенство. Информацијата за неговото повлекување ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ на тој начин заминува од фудбалската сцена на самиот врв, откако во последните години се етаблира како еден од најценетите европски ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство кое ќе се одигра во Србија. По реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, како и двата контролни натпревари против селекцијата на Грција во Скопје, нашите кадети денес, 27 јули, во хотел „Русија“ ги реализираат последните подготовки пред заминувањето за Белград. Репрезентацијата утре патува за Србија, каде ...

По завршувањето на настапот со Франција на Светското првенство, Килиан Мбапе се огласи со емотивна порака упатена до француската јавност. Капитенот на „триколорите“ им се заблагодари на навивачите за безрезервната поддршка и порача дека, и покрај разочарувачката елиминација, тимот има причина да биде горд на прикажаното. Францускиот ас призна дека елиминацијата во полуфиналето од Шпанија со 2-0, (селекција која подоцна ја освои светската ...

Ален Јашароски е најновото засилување на екипата на Илинден, која во своите редови добива искусен напаѓач со долгогодишен стаж во македонскиот фудбал. 34-годишниот Јашароски зад себе има повеќе од 300 настапи во Првата македонска фудбалска лига, на кои постигнал над 70 погодоци. Со своето богато прволигашко искуство, Јашароски треба да донесе дополнителен квалитет во нападот, но и да биде значајна поддршка за помладите фудбалери во составот. ...

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте и се адаптира на Алкалоид, каде што во новата сезона ќе го носи дресот на македонскиот суперлигаш. Искусниот десен бек пристигнува од германскиот Фуксе Берлин, со кој минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите. Цехте истакна дека е мотивиран за новиот предизвик и дека со нетрпение го очекува почетокот на сезоната под водство на Кирил Лазаров. „Имаме неколку нови играчи и навистина се ...

Во периодот од 24 до 26 јули, на терените на ТК Охрид се одржа Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори и јуниорки до 16 години. Во машкото финале се сретнаа двајцата претставници на ТК Тумба, Алексеј Стојановски и Стефан Дебрешлиоски. Титулата ја освои Стојановски, кој славеше убедливо во два сета со 6-2, 6-1. Кај јуниорките најдобра беше Јоана Милкова од ТК Мондано. Таа во финалето ја совлада Надица Блажевска од ТК Црна Река ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, остро им одговори на своите критичари, порачувајќи им наместо да шират „омраза и лажни гласини“ за неговото раководење, Светската фудбалска федерација и Светското првенство, „да медитираат, да се молат или едноставно да гледаат фудбал“. Во објава на Инстаграм составена од 15 слајдови, која ФИФА ја сподели и со своите милиони следбеници, Инфантино истакна дека додека критичарите биле „зад тастатури и ...

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња повторно ќе игра во НБА лигата, објави познатиот „инсајдер“ Шемс Чаранија. Поранешниот петти пик на НБА драфтот одлучи да се врати во најсилната кошаркарска лига во светот, иако во минатото изјавуваше дека не планира повторно да заигра во Америка. Сепак, по успешните години во Европа, Хезоња доби нова можност и сака повторно да се докаже на највисоко ниво. Хрватскиот крилен играч ќе потпише едногодишен договор ...

Иако до крајот на летниот преоден рок во најсилните европски лиги има повеќе од еден месец, голем број познати фудбалери сè уште се без клуб. Според последните податоци на „Трансфермаркт“, највреден слободен агент во моментов е Душан Влаховиќ, чија вредност се проценува на 35 милиони евра. Српскиот напаѓач го напушти Јувентус по истекот на договорот, а како можни следни дестинации се споменуваат Бешикташ и Наполи. Втор на листата е Мохамед ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер го претстави своето второ засилување за сезоната 2026/27. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг. Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч. Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија ...

Необична сцена беше забележана на првиот финален натпревар од шампионатот на Бразил за фудбалери до 20 години меѓу Бахиа и Флуминенсе, откако рој пчели накратко го прекина натпреварот. Поради силниот ветер, ројот завршил директно на теренот, па играчите, судиите и членовите на стручните штабови морале експресно да реагираат. Дел од нив легнаа на тревникот, додека останатите се повлекоа подалеку за да избегнат убоди. Прекинот траеше неколку ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Алуминиум

3.07