Продолжува менаџерската „вртелешка“ во Премиер лигата. Австриецот Оливер Гласнер е назначен за нов тренер на Нотингем Форест, објави денеска англискиот фудбалски прволигаш. Гласнер седнува на клупата на Форест на местото на Португалецот Витор Переира, кој беше разрешен од должноста минатата недела. За помалку од една година, Нотингем Форест смени пет тренери – Нуно Еспирито Санто, Анге Постекоглу, Шон Дајч и Витор Переира. Гласнер има успешна ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел повторно да заигра во италијанската Серија А, откако Јувентус ги интензивира преговорите со РБ Лајпциг и го вклучи во листата на потенцијални засилувања за летниот преоден рок. Според информациите на „Туто Меркато Веб“, торинскиот гигант сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Елмас, кој моментно е под договор со РБ Лајпциг до јуни 2028 година. Според истите извори, во моментов се водат ...

Норвешката фудбалска репрезентација се соочува со сериозни проблеми непосредно пред четвртфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство. Според британските и норвешките медиуми, во таборот на скандинавската селекција има случаи на болест и голем замор кај дел од фудбалерите, што претставува дополнителен предизвик пред еден од најважните натпревари на турнирот. Проблемите се појавиле по историската победа над Бразил во ...

Македонскиот ракомет оваа сезона ќе има четири претставници во Европскиот куп на ЕХФ. На европската сцена ќе настапат актуелниот освојувач на трофејот ГРК Охрид, минатогодишниот победник Алкалоид, ГРК Тиквеш и Бутел Скопје. Три македонски клуба ќе ги започнат своите настапи од второто коло. ГРК Охрид и Алкалоид ќе ја имаат предноста да бидат носители при ждрепката, додека Бутел Скопје ќе биде меѓу неносителите. ГРК Тиквеш ќе игра во првото ...

Со максимален ефект од шест победи во исто толку натпревари, сениорската репрезентација на Македонија на убедлив начин ја заврши првата рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 и како првопласирана во групата „А“ обезбеди место во следната фаза од квалификацискиот циклус. По комплетирањето на натпреварите од првата рунда, познати се четирите национални селекции кои директно изборија пласман во втората рунда од ...

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум и Валентин Кочоски и официјално ја завршија соработката, откако двете страни постигнаа взаемен договор за раскин на договорот. Со тоа завршува и третата етапа од престојот на Кочоски во редовите на актуелниот прволигаш, со кој беше дел од најзначајните моменти во клупската историја. Кочоски првпат пристигна во Струга во летото 2018 година и остана две сезони, а повторно се врати во јули 2021 година. Во ...

Легендарниот француски ракометар Кентан Мае, официјално замина од Гумерсбах. Клубот и играчот спогодбено го раскинаа договорот кој првично имаше важност до 2027 година. Главната причина за разделбата е незадоволството на Мае од улогата во тимот, бидејќи во последните месеци главно добиваше шанса само на кратки периоди во натпреварите. Предводникот на Гумерсбах, Гудјон Валур Сигурдсон, изјави дека играч со таков квалитет и богато реноме ...

Македонскиот ракомет ќе има еден претставник во групната фаза на Европската лига на ЕХФ во сезоната 2026/27, а тоа ќе биде Еурофарм Пелистер. Битолскиот клуб ќе ја дочека ждрепката, која е закажана за 17 јули, од првиот шешир, што значи дека ќе биде меѓу носителите во извлекувањето на групите. Иако ГРК Охрид бараше „вајлд-карта“ да игра во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, на крајот не ја доби, иако очекуваше такво нешто, па Македонија ...

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, официјално најави четири последователни трансфер „бомби“ кои клубот планира да ги објави во текот на денешниот ден. Преку видео на својот Инстаграм профил, тој користеше анимација со топ и изјави: „Денес ќе имаме една бомба, можеби и втора. Можеби ќе има и трета, а за крај и четврта“. Оваа најава е дел од големата летна реконструкција на атинскиот тим по разделбата со ...

Шпанија со минимални 1-0 ја совлада Португалија и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во финишот на средбата се случи една интересна ситуација по погодокот на Микел Мерино, кога Бернардо Силва не ја искористи големата шанса за израмнување, а Родри бурно го прослави неговото промашување. Тоа беше судир на двајца поранешни соиграчи кои долго ја делеа соблекувалната во Манчестер Сити. هذا كان السبب في غضب بيرناردو سيلفا ...

По скоро една деценија, најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе игра во Лигата на шампионите. Со освоената титула на домашната сцена црвено-црните обезбедија битка за елитата, а првата пречка на патот кон групните фази во едно од натпреварувањата на УЕФА ќе биде финскиот шампион КуПС. Со нов тренер и нова енергија, Вардар ќе се обиде да го изненади ривалот кој кога ќе се согледаат работите на хартија, е на исто рамниште како ...

Белгија со убедливи 4-1 ги елиминираше Соединетите Американски Држави и обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство. По натпреварот својот коментар го даде голманот Тибо Куртоа. Искусниот чувар на мрежата смета дека американската репрезентација покажала непочитување кон Белгија во пресрет на натпреварот и дека тоа скапо го платила на теренот. „Го казнивме непочитувањето кое го добивме од Американците во последните неколку дена. ...

Еден од најголемите трејдови во поновата историја на НБА лигата е официјализиран, откако Јанис Адетокумбо ја заврши својата ера во Милвоки Бакс и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Мајами Хит. Двократниот МВП на НБА лигата се сели на Флорида во спектакуларен трејд меѓу Мајами и Милвоки, а заедно со него во новиот клуб пристигнува и Боби Портис. Во спротивна насока заминуваат Тајлер Хиро, Кел'ел Вер, Хајме Хакез Џуниор и Каспарас ...

Бутел Скопје продолжува да го засилува ростерот со млади македонски ракометари, откако клубот ги промовираше Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев како нови засилувања за следната сезона. Двајцата 19-годишни ракометари потпишаа двегодишни договори и се обврзаа на верност со скопскиот суперлигаш до летото 2028 година. Ѓорѓески настапува на позицијата лев бек, додека Аксентиев игра на десната бековска позиција. Двајцата доаѓаат од редовите на ...

Роберто Мартинез и официјално повеќе не е селектор на Португалија. Белгискиот стратег потврди дека го завршува мандатот на клупата на националниот тим по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Заминувањето на Мартинез не е изненадување, бидејќи португалските медиуми уште пред почетокот на Мундијалот најавуваа дека Фудбалската федерација ќе направи промена на селекторската позиција без оглед на исходот од турнирот. „Ова е крај ...

Фудбалската асоцијација на Англија размислува да поднесе жалба за црвениот картон што Џарел Кванса го доби на осминафиналниот натпревар против Мексико. Дефанзивецот беше исклучен во 54. минута по остар старт врз Хесус Гаљардо, но Англичаните сега ја разгледуваат можноста да побараат неговата суспензија да биде укината. Таквата можност се отвори откако ФИФА донесе контроверзна одлука да ја суспендира автоматската казна на американскиот напаѓач ...

Фудбалската правда веројатно е задоволена, откако Белгија убедливо слави со 1-4 (1-2) во осминафиналната пресметка против Соединетите Американски Држави на Светското првенство. Пред мечот на „Лумен Филд“ во Сиетл имаше многу драма, а сето тоа беше поврзано со поништениот црвен картон за Фоларин Балогун. ФИФА направи досега невиден преседан и му ја „замрзна“ суспензијата на најдобриот американски играч на овој Мундијал, а тоа крена огромна ...

По серијата заминување, фудбалскиот клуб Пелистер го договори првото огромно засилување во пресрет на подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. По неколку години настапи во Македонија и странство, битолчанецот Мартин Мирчевски – Минче повторно ќе го облече зелено-белиот дрес на својот матичен клуб. Станува збор за фудбалер кој зад себе има богато прволигашко и интернационално искуство. Мирчевски настапуваше за ...

Една од најубавите приказни на Светското првенство е онаа на голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој со своите фантастични интервенции стана вистински хит на турнирот. Четириесетгодишниот чувар на мрежата блесна на Мундијалот, особено на натпреварите против Шпанија и Аргентина, каде со серија спектакуларни одбрани го привлече вниманието на светската фудбалска јавност. Но, само неколку недели пред почетокот на Светското првенство, ...

Фудбалската федерација на Франција официјално побара од ФИФА да го поништи жолтиот картон на Мајкл Олисе, заработен на осминафиналниот натпревар против Парагвај. Крилниот напаѓач беше јавно опоменат по дуелот со Матијас Галарса, кој падна на тревникот држејќи се за лицето. Сепак, телевизиските снимки покажаа дека Олисе само го повлекол противникот за дресот и воопшто немало удар во лицето. Французите сметаат дека картонот е неоправдан и ...

Португалија го заврши настапот на Светското првенство во осминафиналето, откако беше поразена од Шпанија со 1-0, а најемотивниот момент по натпреварот му припадна на Кристијано Роналдо. Легендарниот португалски капитен не можеше да ги сокрие солзите по последниот судиски свиреж. Видно разочаран, 41-годишниот Роналдо го напушти теренот со солзи во очите, свесен дека го одиграл своето последно Светско првенство. Cristiano Ronaldo llorando con ...

Фудбалската селекција на Шпанија е новиот патник меѓу најдобрите осум на светот. Во пиринејското дерби „црвената фурија“ во самиот финиш го шокира големиот ривал Португалија и со победата од 1-0 се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Шпанија и Португалија одиграа исклучително возбудливо прво полувреме, но и покрај големиот број шанси, мрежите мируваа по првите 45 минути. Првата закана ја имаше Микел Ојарзабал ...

Селекторот на Соединетите Американски Држави, Маурисио Почетино, ја поздрави одлуката на ФИФА да ја суспендира автоматската казна за Фоларин Балогун, кој доби црвен картон на осминафиналниот натпревар против Босна и Херцеговина. Аргентинскиот стратег истакна дека одлуката е исправна и дека таа претставува победа за спортот. „Мислам дека секој што навистина го следи спортот и верува во етиката и интегритетот треба да ја поздрави оваа одлука. ...

Фудбалската федерација на Белгија не успеа со жалбата против одлуката на ФИФА да му дозволи на Фоларин Балогун да настапи на вечерашниот осминафинален натпревар против САД, но најави дека ќе поднесе нов приговор доколку американскиот напаѓач се најде на теренот. Од ФИФА ја отфрлија жалбата со образложение дека Белгија не е страна во дисциплинската постапка и затоа нема правна основа да ја оспорува донесената одлука. Сепак, Белгијците не се ...

Британскиот тенисер Артур Фери приреди големо изненадување на Вимблдон, откако во осминафиналето го елиминира Григор Димитров со 3-2 во сетови (7-5, 3-6, 4-6, 6-4, 7-6). Дваесет и тригодишниот Фери, кој е роден во близина на комплексот „Ол Ингланд Клаб“, за првпат во кариерата се пласира во четвртфинале на Грен слем и од следната недела ќе дебитира во Топ 100 на АТП-листата. Во следната рунда ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи. Без ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со подготовките за новата сезона, а утре ќе го одигра првиот контролен натпревар за време на главната фаза од подготовките во Турција. Противник на кавадаречкиот тим ќе биде рускиот суперлигаш Балтика, кој ќе биде сериозен тест за избраниците на Богатинов во оваа фаза од подготовките. Натпреварот е закажан со почеток од 17:00 часот по македонско време, односно 18:00 часот по локално време во Турција. ...

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шестмина фудбалери. Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим. „Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот период. Со ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија и официјално ги започна подготовките за настапот на претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот денеска се собраа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со што стартуваше првиот дел од подготовките. Репрезентативците ќе тренираат во Скопје во периодот од 6 до 8 јули, а потоа на 8 јули ќе отпатуваат на подготовки во Австрија, каде што ќе престојуваат до 15 јули. По ...

Пресвртот на Белгија против Сенегал во натпреварот од шеснаесетфиналето претставува еден од најголемите впечатоци во досегашниот тек на Светското првенство. Селекцијата на Папе Тиа до 86. минута имаше предност од два гола и апсолутна контрола врз натпреварот, но потоа ситуацијата целосно се сврте во корист на веќе отпишаниот тим на Руди Гарсија. Ромелу Лукаку го намали резултатот, а потоа работите во свои раце ги презеде Јури Тилеманс, кој ...

Пиринејското дерби меѓу Португалија и Шпанија ќе го даде патникот во четвртфиналето на Светското првенство. Тренерите Роберто Мартинез и Луис Де Ла Фуенте ги одредија тимовите за средбата, а нема изненадувања освен што Леао е на клупата кај Португалците, а Жоао Феликс е стартер. Португалија (4-2-3-1): Коста; Кансело, Диаз, Веига, Мендеш; Невеш, Витиња; Нето, Фернандес, Жоао Феликс; Роналдо Шпанија (4-2-3-1): Симон; Поро, Кубарси, Лапорт, ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.71
19%
1014
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.68
32%
1014
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
0.45
23%
1014
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.41
22%
1015
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.1
20%
1015
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
0.45
41%
1015
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
6.26
32%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
6.06
16%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.28
19%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
2.24
31%
1016
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
2.24
21%
1015
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.83
44%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Бакар

13.37

Паладиум

43242.75

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Платина

56295.96

Злато

133030.14

Алуминиум

3.23

Калај

55.95

Родиум

269262.50

Кобалт

56.29

Сребро

1954.91