Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк оцени дека динамиката на растот на БДП во првиот квартал се очекува да продолжи во текот на годинава, но укажува дека ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи. – Во првиот квартал од 2025, БДП се зголеми за три проценти на годишна основа, задржувајќи ја динамиката од претходната година. Остварувањето е во линија со нашите очекувањата ...

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да го одбележат овој празник, муслиманите принесуваат жртва – курбан која симболизира приближување кон Бога. Оние кои принеле жртва, тоа е обично овен, потоа месото го раздаваат на соседите, роднините, пријателите и на сиромашните. Така, курбанот во исламската вера постои како израз ...

Со доделувањето на наградите за животно дело и со претставата „12“ на МНТ вечер во Прилеп свечено ќе биде отворен 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На сцената од Домот на културата „Марко Цепенков“ вечер од 20 часот наградите за животно дело ќе им бидат врачени на актерите: Соња Михајлова, Снежана Конеска – Руси и на Гоце Тодоровски. Претставата „12“ на МНТ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов е прва од 9-те ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам. -Овој светол ден на жртвувањето не потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека празничните денови внесат духовен мир, здравје и изобилство во Вашите домови, а солидарноста и милосрдието што ја одликуваат бајрамската традиција послужат како поттик за уште поголема меѓусебна почит и заедништво во нашето ...

Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа ноќеска во пожар што избувнал во станбена зграда во градот Ремс, во источна Франција, јавија локалните власти. Едно дете сè уште се води како исчезнато. Пожарот започнал околу 00:30 часот по локално време на четвртиот кат од зградата, а потоа брзо се проширил по фасадата на горните катови. Станбената зграда има 11 ката. Повредени се вкупно 14 лица, од кои две се во тешка здравствена состојба. Меѓу ...

На сите верници од исламската вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам, објави на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а најголемото богатство во грижата за другите. Со искрени желби за добро здравје и благосостојба, на сите верници од исламската ...

– СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината. Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати на културните работници за Велигден кои тој ги остави сами себе? Или очекува да му се извинуваме што ја соопштивме болната вистина за непочитување на колективниот договор ,според кој платите се ...

Американскиот технолошки милијардер Илон Маск објави дека актуелниот претседател на САД Доналд Трамп се споменува во досиејата поврзани со осрамотениот финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн. Ова е последниот во низата напади меѓу двајцата, чијашто врска драматично се влоши и ескалираше во јавна расправија на социјалните мрежи во последните 24 часа. Во објава на социјалната мрежа Икс, Маск напиша: „@realDonaldTrump е во досиејата за ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. -Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан бајрам ...

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во гостување во вестите на телевизија „Алсат-М“, истакна дека за трагедија во Кочани, која е трагедија од најголеми размери која се случила во државата мора да има одговорност од сите инволвирани и од вистинските виновници. -За жал истрагата за Кочани ја одликува селективност, нетранспарентност и не преземање на одговорност од ниту еден актуелен носител на одредена функција, којашто бил одговорен и надлежен за ...

Во Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 203 илјади бесправни објекти, според официјалните податоци потврдени од 80 општини на републичко ниво. Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, Зухејр Реџепи, изјави за весникот “Лајм” дека општина Чаир се рангира на 19-тото место на републичко ниво, со вкупно 3.158 бесправни објекти, додека во рамките на Град Скопје, таа е на 6-тото место од вкупно 10 општини. Од ...

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање проекти може да се најде и од други извори, но, вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, вели вицепремиерот Александар Николоски. Според него, Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, образованието, финансиска компонента, но на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека можеби би било подобро Украина и Русија да бидат оставени да се „борат извесно време“ пред да се почне со работа на мировен договор меѓу нив. Коментарот доаѓа иако германскиот канцелар Фридрих Мерц го нарече „клучна фигура“ која може да го запре крвопролевањето со притисок врз рускиот претседател Владимир Путин. На вчерашната средба во Овалната соба со канцеларот Мерц, Трамп ја спореди војната ...

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламска Верска Заедница во Република Северна Македонија, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху и до сите верници од исламска вероисповед. – Празникот Курбан Бајрам не потсетува на вистинските вредности и принципи во животот, а тоа е да правиме добри дела, да помагаме и да сме хумани бидејќи хуманоста и солидарноста се најголемите човечки ...

Европската Унија дозволи да истече рокот на важност на трговските отстапки за Украина, со што завршува системот на ослободување од царини воведен веднаш по почетокот на руската инвазија врз земјата во 2022 година. Според Европската комисија, транзициските мерки истекоа на полноќ, а претходните договори ќе останат во сила додека не се постигне нов трговски договор, јави ДПА. Оваа промена значи дека украинските производи повторно ќе бидат подложни ...

Вкупно 66 локации на Кипар, од кои 64 плажи и две марини се наградени со „Сино знаме“ за 2025 година, односно меѓународната награда за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите, јави дописничката на МИА од Атина. Министерка за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар Марија Панајоту посочи дека „Синото знаме“ е најпрепознатливиот меѓународен симбол за квалитетот ...

Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Кијив во текот на ноќта, додека масовни воздушни удари беа пријавени и во други региони на Украина, соопштија украинските власти. „Потврдено е дека четири лица загинале во главниот град“, објави градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на „Телеграм“, додавајќи дека потрагата по преживеани под урнатините сè уште трае. Претходно соопшти дека ...

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри. Во изјава за МИА од ЈПДП објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид, ...

Да, Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој. Ама од позади. Само Молдавија, Косово и Босна се помалку развиени од нас. И Албанија беше, ама лани нѐ престигна, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Северна Македонија е четврта економија во ЕУ. „Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ. Албанија е на 43%, Србија е на ...

„Голема грешка е што не се прифати предлогот на ЛДП за измена на Кривичниот законик со кој ќе се овозможеше делата од 30тата глава со кои директно се штети на буџетот да не застаруваат така лесно туку за 3 пати повеќе“, изјави во интервју за Фронтлајн, Моника Зајкова – претседателка на Либерално демократската партија (ЛДП). – Ние не го гласавме КЗ и имавме наш предлог. Сепак иако толку се правеше во јавноста фама за овој закон ние нов текст ...

Турските власти предвидуваат парична казна од 557.000 турски лири (околу 12.000 евра) за откорнување на ендемично растение што расте исклучиво во подрачјето на градот Кушадаси, во провинцијата Ајдин, јави ТРТ Хабер. Станува збор за видот Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ (Aydın Gaşağı) или „тулуша“ (Tülüşah), кој цвета кон крајот на мај и почетокот на јуни. Растението припаѓа на семејството метличини и се ...

Еднократните електронски цигари наскоро ќе бидат забранети во Швајцарија, откако вчера Горниот дом на швајцарскиот парламент – Кантоналниот совет – изгласа поддршка за таква мерка, јави ДПА. Следниот чекор е Владата да изготви нацрт-закон. Мерката нема да ги засега електронските цигари за повеќекратна употреба кои се полнат. Т.н. „шарени вејпови“ се особено популарни кај младите, бидејќи често доаѓаат со ароми, како бонбони или шеќерна волна. ...

– Во поглед на уставните измени нашиот став е дека на Македонија и треба ЕУ заради европски институции, реформирано правосудство, повеќе неповратни парични грантови кои достигнуваат и до милијарди евра, изјавил Моника Зајкова – претседателка на Либерално демократската партија (ЛДП) во интервју за Фронтлајн. „Да ги оставиме на страна партиските интереси, да се фокусираме на државните и граѓанските интереси, потребно е итно да го трасираме патот ...

Во неделата, група собрана во Болдер, Колорадо, за да ја подигне свеста за заложниците држени во Газа беше нападната, при што беа повредени 12 лица. Осомничениот, Мохамед Сабри Солиман, обвинет за фрлање запаливи направи врз нив, наводно го планирал нападот една година и им рекол на полицајците дека сака да „ги убие сите ционисти“, пренесува Би-би-си според судските документи. Ова беше најновиот во низата напади врз еврејските луѓе и институции, ...

Работната група на редакциите на јавните медиумски сервиси (АГРА) на Германија предупреди на зајакнување на популистичките и екстремно десничарските партии во Германија, во Австрија и во Швајцарија, на задушување на независноста на медиумите и дискредитирање на новинарите и ги повика сите демократски сили да ги заштитат своите медиумски куќи. – Низ цел свет десничарските популисти ги потиснуваат медиумските слободи. Причината е јасна. Сериозните ...

Мира Мурати е албанско-американска инженерка и лидерка за технологии, позната по својата клучна улога во развојот на напредни системи за вештачка интелигенција (ВИ). Родена на 16 декември 1988 година во Валона, Албанија. На 16-годишна возраст добила стипендија за студии на Pearson College UWC во Канада. Потоа, завршила двојна диплома: Бакалавар по уметности на Colby College во 2011 година и Бакалавар по инженерство на Thayer School of ...

Пишува: АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ Читам дека двајца наши амбасадори изјавиле како вчера била извојувана, цитирам, голема победа на македонската дипломатија. Искрено, не знаев дека одложување на гласањето за извештајот за Македонија било позитивна работа. Да одиме по ред, за да дојдеме до вистината. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера го одложи гласањето за извештајот за евалуација на напредокот на Македонија во пристапувањето кон ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, посочи дека лица од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во континуирана комуникација со семејствата на оние кои загубија најблиски во трагедијата во Кочани. Прашана дали има најава кога премиерот ќе оди во Кочани, Митева, рече дека од тоа што го знае тој веќе имал средба со дел на семејствата и има некоја договорена динамика за средби. ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна денеска во Будимпешта со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со што покажа дека продолжува да го поддржува и покрај фактот што Европската унија го смета за одговорен за загрозување на уставниот поредок на Босна и Херцеговина, јавуваат регионалните медиуми. Уште во март, Судот на БиХ издаде налог и нареди притвор на Милорад Додик откако тој одби да се јави на поканата на Обвинителството на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
50%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
68%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
2.06
69%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.52
62%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.51
79%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
45%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.14
37%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
63%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.79
57%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
60%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75