Едина Муса беше активна и тренираше во текот на целата бременост, а не се откажува од кревањето тегови ниту во 40-тата недела. 33-годишната кошаркарка, која го очекува првото дете со Александар Димитровски-Мачка, покажа како изгледа нејзиниот тренинг денови пред породувањето. „Еден од последните тренинзи како две души во едно тело. 40 недела“ – напиша таа, а во коментарите веднаш започнаа да се редат пофалби за неа. View this post on Instagram A ...

Ангел Атанасовски од Македонска Каменица, кој оваа година го фати Светиот крст на Водици, ги искористи собраните средства за да им помогне на социјално загрозени семејства. Според објава на социјалните мрежи, Ангел заедно со неговите другари-верници Валери, Христијан, Роберто, Давид, Христијан, Бобан, Иван и Јован реализираа донаторска акција за помош на семејства и лица во социјален ризик. „Со собраните средства овие верници набавија неопходни ...

Поголемото синче на Дарко Велковски и Тамара Чуприна наполни три години. 29-годишниот фудбалер и неговата сопруга му направија роденден во игротека на слаткиот Ведран. Темата на детската прослава беше „Спајдермен“. Тамара позираше со двете синчиња. Покрај Ведран, таа го држеше и седуммесечниот Видан. „Роденденската забава на Ведран“ – стои во објавата на Тамара. „Љубовта моја среќата и животот на мама. Најпалаво мое детенце да ми бидеш живо, ...

Тамара Тодевска го изненади саканиот Лука Радовиќ за неговиот роденден. Македонската пејачка му порача уникатна торта на својот партнер, кој по професија е архитект. Среќниот пар позираше со роденденската торта и двете деца на Тамара – Хана и Дарен. Лука доби роденденски честитки и од блиските личности на Тамара. Нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и другарка ѝ Катарина Ивановска споделија фотографии со Лука. „Најмили зете, биди здрав и среќен“ – ...

Новата реклама на Google, која беше прикажана на полувремето на Супер Боул, ќе допре до сите родители. Во неа, маж се подготвува за интервју за работа и тестирајќи ги своите вештини, се консултира со модел на вештачката интелигенција. Кога ќе биде запрашан од која работа научил најмногу, таткото започнува да ги опишува своите родителски искуства. Тој објаснува дека кога добил детенце научил за мултитаскинг, како да работи долги часови со мал ...

Никол Шерцингер привлекуваше погледи на ревијата на Каролина Ерера одржана во рамките на Њујоршката недела на модата. 46-годишната поранешна членка на The Pussycat Dolls ги истакна своите облини во црн комбинезон од познатиот моден бренд. Својот изглед за модното шоу, славната пејачка го надополни со долго бело палто и црно-бели салонки. Никол од првиот ред го следеше презентирањето на колекцијата за сезоната есен/зима 2025 година. Претходно, во ...

Ричард Гир беше специјален гостин на Goya Awards. 75-годишниот актер доби престижна награда за својата кариера во светот на филмот која се протега низ долги пет децении. На манифестацијата, Гир ја доби поддршката од сопругата Алехандра Силва. 41-годишната публицистка и активистка за оваа пригода избра креација од ателјето на Џорџо Армани. Парот си размени љубовни погледи и бакнежи на црвениот тепих, а овие моменти беа овековечени од присутните ...

Шведското кралско семејство се прошири со нов член. Принцезата Софија и принцот Карл Филип ја добија првата ќерка. Ова е четврто дете на шведскиот кралски пар, кој веќе има три сина – принцот Александар, принцот Габриел и принцот Јулијан. Девојчето се роди на 7 февруари во болница во Стокхолм, а веќе е дома со своето семејство. 40-годишната принцеза и 45-годишниот принц беа фотографирани додека си заминуваа со новороденото девојче. „Сè помина ...

Тонзилектомија и тонзилоаденоидектомија Тонзилите, познати народно како крајници, се орган сместен во човечкото грло и се дел од имуниот систем на организмот. Тие се орган кој постојано работи на елиминирање на патогени микроорганизми од телото како бактерии, вируси, габи и др. Со тек на време, од различни причини, најчесто поради повторливи инфекции на грлото, стрептококни инфекции или проблеми со имуниот систем, доаѓа до намалување и потполно ...

Џеј Зи ги поведе двете ќерки на Супер Боул 2025. 55-годишниот рапер го проследи финалето во американски фудбал со 7-годишната Руми и 13-годишната Блу Ајви, за која многумина коментираат дека е копија на Бијонсе. Пораснатата девојка привлекуваше внимание во стајлинг со фармерки и кожна јакна, а ја пресоздаде и позата во која секоја година се фотографира на овој спортски настан. За семејството да биде комплетно недостасуваа Бијонсе и ...

Адријана Лима беше ѕвезда на ревијата на дизајнерот Маниш Малхотра во Дубаи. 43-годишната манекенка буквално блескаше во гламурозна креација додека дефилираше на пистата. Фустанот е украсен со блескави сваровски кристали и мониста со бисер, а на модното шоу Лима го носеше со накит од сини сафири и блескави дијаманти. Претходно, Лима беше дел и од ревијата на Jacquemus во рамките на Париската недела на модата. @voguemagazine #AdrianaLima walks ...

Викторија и Дејвид Бекам беа пар со стил и харизма на свечена вечера организирана од кралот Чарлс на неговиот имот во Хајгров. На свеченоста во Англија, 50-годишната дизајнерка шармираше во бела креација од своето ателје, која чини над 1.200 долари. 49-годишниот поранешен фудбалер носеше класичен црн костум и машна. На британско-италијанската вечер, парот разговараше со кралот Чарлс, кралицата Камила, како и со актерката Хелен Мирен. Вечерата ...

Тамара Тодевска не пропушти и на социјалните мрежи да му го честита роденденот на својот партнер Лука Радовиќ. Македонската пејачка објави видео со моменти со саканиот и нејзините деца, а во позадина ја постави песната „Love“ од Лана Дел Реј. „Среќен роденден љубов моја“ – напиша таа. На крајот од видеото, синчето на Тамара му носи торта на Лука во кревет. Тамара и Лука се во врска од 2023 година. Тој има силна поврзаност со Хана и Дарен, децата ...

Анџелина Џоли се вброи во холивудските ѕвезди кои присуствуваа на овогодишното доделување на Critics' Choice Awards. На црниот тепих во Санта Моника, 49-годишната актерка шармираше во романтична креација со чипка од либанскиот дизајнер Ели Сааб. Црвениот кармин совршено го надополнуваше нејзиниот изглед. Џоли беше номинирана за најдобра актерка за портретирањето на Марија Калас во филмот „Maria“, но не успеа да ја освои наградата. Нема слични ...

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на првото зимско издание на „Invictus Games“, кое се одржа во Ванкувер, Канада. 43-годишната војвотка од Сасекс и 40-годишниот принц уживаа додека од публиката ја следеа церемонијата за отворање на игрите и настапот на Крис Мартин, Кети Пери и Нели Фуртадо. Парот си размени сладок бакнеж пред Хари да одржи свој говор, а моментот беше уловен од фоторепортерите. „Invictus Games“ е меѓународен спортски настан ...

Бредли Купер го проследи финалето на Супер Боул. 50-годишниот актер и режисер навиваше за Филаделфија Иглс облечен во зелена јакна со нивното лого. Тој беше придружуван од ќеркичката Леа де Сејн, која исто така носеше блуза во зелена боја. 7-годишното девојче насмеано одеше за рака со својот славен татко, кој беше пресреќен за победата на својот омилен тим. Слатката Леа е ќерка на Бредли од врската со Ирина Шајк. Нема слични статии. Види ...

Кога помислуваме на аерозагадувањето и кои се штетните ефекти што ги предизвикува на нашето здравје, примарно го поврзуваме со заболувањата кои ги засегаат белите дробови и срцето како: ХОББ, чести инфекции на долни дишни патишта, миокарден инфаркт и карцином на бели дробови. Но, сè повеќе истражувања укажуваат дека токсичните честички од загадениот воздух имаат негативен ефект и врз репродуктивното здравје и ендокриниот систем. Што се случува ...

Хенри Кавил и Натали Вискусо бликаат од среќа. 41-годишниот холивудски заводник и неговата сакана се појавија за првпат на црвениот тепих по нивната веридба и доаѓањето на овој свет на нивното прво детенце. На доделувањето на AACTA Awards, парот изгледаше елегантно додека позираше пред фоторепортерите. На раката на Натали блескаше големиот веренички прстен. Минатиот месец, Хенри и Натали за првпат беа фотографирани на прошетка со бебенцето.Тие ...

Мајкл Дамески си оствари голем сон, танцувајќи со Лејди Гага во нејзиниот спот за новата песна „Abracadabra“. 29-годишниот Австралиец, кој има македонско потекло, ги покажува своите вештини покрај славната музичарка. Тој сподели кратко видео и фотографија со Лејди Гага. „Кога сонот станува реалност“ – напиша на објавата на Instagram. Погледнете го спотот: Бабата и дедото на Мајкл се од Македонија, но се преселиле во Австралија во потрага по ...

Анџелина Џоли беше специјална гостинка на овогодишниот филмски фестивал во Санта Барбара. 49-годишната актерка ја освои престижната награда „Maltin Modern Master“, која е највисокото признание на манифестацијата. Оваа награда се доделува на актери кои ја „збогатиле културата преку достигнувања во филмската индустрија“, а е именувана во чест на филмскиот критичар Леонард Малтин. Ова признание ѝ беше доделено на Џоли за нејзиното феноменално ...

Жизел Бундшен се породи. Успешната манекенка го роди третото дете на 44-годишна возраст. Ова е прво дете на атрактивната Бразилка со нејзиниот партнер Хоаким Валенте. Таа има уште две деца од бракот со бившиот Том Брејди. Жизел е мајка на 12-годишната Вивиен и 15-годишниот Бенџамин. Полот на третото детенце сè уште не е откриен во јавноста. Жизел се разведе од Том Брејди во октомври 2022 година по 13 години брачен живот. Убавата манекенка ...

Игор Иванов направи прекрасен и хуман гест преку кој ќе им помогне на лица со попреченост од Велес. 33-годишниот фудбалски судија оваа година го фати Светиот крст во Велес, а собраните пари ги искористи за да купи справа за вежбање која ја подари во Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“. Игор беше најсреќниот меѓу скокачите кои на големиот христијански празник Богојавление Водици скокнаа во водите на Вардар. Иванов ...

Дарко Велковски и Тамара Чуприна споделија фотографии од нивната зимска авантура. 29-годишниот фудбалер и неговата сакана се забавуваа и уживаа со Ведран, кој за два дена ќе наполни три години, како и со седуммесечниот Видан. На фотографиите, Дарко го „вози“ Ведран со санка додека Тамара го држи Видан во рацете. Еве го албумот од семејното патување на парот: И претходно Тамара имаше споделено фотографии од скијање на Попова Шапка. Дарко и Тамара ...

Ставете го појасот и подгответе се за нови почетоци! Пред нас е Годината на Дрвената Змија, која започна на млада месечина во водолија (29 јануари 2025 година), а ќе трае до 17 февруари 2026 година. Како што змијата ја менува својата кожа, така и ние ќе се менуваме оваа година, откажувајќи се од навиките кои повеќе ни штетат отколку што ни користат. Оставете зад себе сè што не ви служи повеќе за да можете да напредувате. Сепак, запомнете дека ...

Во нова забавна реклама, Дејвид Бекам дознава дека има брат-близнак. Во видеото кое ќе се прикажува на Супер Боул, родителите на славниот фудбалер му соопштуваат дека има брат-близнак во Америка. „Имаме нешто да ти кажеме. Имаш близнак за кој никогаш не ти кажавме – него го оставивме во Америка“ – му велат родителите. Додека разговараат, Дејвид дознава дека неговиот брат се вика „другиот Дејвид“. Бекам не чека долго и заминува во Америка, за да ...

Даниел Кајмакоски со сопругата Марина и двете мали дечиња уживаат на планина. 41-годишниот пејач и неговото семејство се на одмор на Златибор, а тој не пропушти да сподели фотографии оттаму. На дел од фотографиите, Даниел позира со синчето Стефан, а на една од нив ја држи насмеаната ќерка Емилија во рацете, додека на последната објавена фотографија бебенцето е во рацете на Марина. „Овие две дами ми го украдоа срцето“ – напиша тој. Даниел и ...

Борко и Нина Ристовски го прославија вториот роденден на ќеркичката Анастасија. Министерот за спорт и поранешен ракометен голман со сопругата ѝ организираа роденденска забава на преслатката славеничка. Двегодишното девојче изгледаше неодоливо во фустанче со точкест принт, кое потсетуваше на фустанот кој го носеше нејзината мајка. На една од фотографиите, славеничката Анастасија оди за рака со братчето Душан. Нина објави и постари фотографии од ...

Дали сте доживеале страв при одење низ плоштад? Дали доживувате срцебиење и се препотувате или имате чувство на недостиг на воздух и гушење додека се возите во автобус, влегувате во трговски центар или можеби додека сте на концерт? Сте се соочиле ли со застрашувачка помисла дека не може да се справите со состојбата? Или пак имате близок човек кој постојано бара да го придружувате за да излезе од дома? Доколку одговорот на погорните прашања е ...

Нина Бадриќ присуствуваше на доделувањето на наградите „Златно студио“ во Хрватска. Иако чекори во шестата деценија од животот, шармантната хрватска пејачка мами погледи каде и да се појави. Така беше и овој пат. За настанот, 52-годишната музичарка избра црна креација со отворено деколте и волуменозни ракави во која изгледаше како холивудска дива. Својот изглед, Нина го надополни со накит од Сваровски. Бадриќ позираше и со Јосипа Лисац. Нина ...

Шакира имаше слатка придружба на доделувањето на наградите Греми, каде ја освои статуетката за Најдобар латино поп албум за „Las Mujeres Ya No Lloran“. 48-годишната пејачка ја доби поддршката од двете синчиња Милан и Саша, со кои ја сподели оваа значајна награда. 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша беа облечени во исти костуми со сако во сребрена металик нијанса. За оваа свеченост, Шакира избра креација од брендот Etro. „Сакам да ја споделам ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
80%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
61%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.53
92%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
85%
1017
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
79%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
93%
1020
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 8ᴼ
0.45
72%
1017
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
94%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793