Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
На Клиниката за ортопедија во Скопје за првпат беше направена трансплантација на коска од починат донор. Веста за успешната операција беше објавена на профилите на Министерството за здравство. „Успешна трансплантација на Клиника за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија.“ „За првпат кај нас е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден ...
Жарко Димоски и неговата сакана Андреа се вратија на Малдиви каде пред три години беа на меден месец. Македонскиот актер со сопругата и малото синче Вито уживаа во убавините на егзотичните острови и споделија фотографии. „Топли поздрави и среќни празници од нашето семејство. 2025 започна како што си замислувавме“ – напиша парот. Жарко и Андреа направија свадба во мај 2022 година. Неколку дена подоцна тие објавија фотографии од медениот месец. ...
Хју Џекман веќе не крие колку е заљубен во својата нова девојка Сатон Фостер. Денови по откривањето на неговата тајна романса, 56-годишниот актер беше за првпат фотографиран и снимен како се бакнува во јавност со 49-годишната актерка. Парот не можеше да ги скрие силните чувства и си разменуваше бакнежи во Сан Фернандо. Тие се бакнуваа додека чекаа да порачаат брза храна. Хју се раздели од поранешната сопруга Дебора-Ли Фернес во септември 2023 ...
За неколку дена, навршува 16-годишнината од смртта на Хит Леџер. Славниот актер почина на 28-годишна возраст поради предозирање со дрога. Деновиве, неговата ќерка Матилда беше фотографирана на прошетка во Њујорк. Многумина искоментираа дека 19-годишната девојка е вистинска копија на својот татко, а несомнено ќе се сложите и вие. Матилда е ќерка на Хит и актерката Мишел Вилијамс. Тие беа во врска од 2004 до 2007 година. Леџер беше одличен актер и ...
Свадбите секогаш се посебни и исполнети со прекрасни емоции. Елиот Гвилијам мислел дека може да ги контролираа своите емоции додека стоел пред олтарот и ја чекал саканата. Но, тогаш слушнал специјална порака од ќерка си Иви и не можел да си ги сокрие солзите. „Здраво, Тато. Јас сум Иви. Чекорам кон олтарот и сега ќе се видиме, бидејќи ќе се ожениш со мојата мамичка. Таа изгледа преубаво... Како мене. Те сакаме многу, до Месечината и назад. Се ...
Џесика Симпсон и Ерик Џонсон не се повеќе заедно. 44-годишната пејачка и поранешниот рагби играч се разделија по 10 години брачен живот. Тие имаат три деца. Оваа вест ја потврди самата Џесика за People. „Со Ерик живееме одделно додека се справуваме со болна ситуација во нашиот брак. Нашите деца се на прво место и се фокусираме на она што е најдобро за нив. Благодарни сме за целата љубов и за поддршката која доаѓа кон нас и во моментов би сакале ...
Семејството на Ирина Дишовска и Павле Камилоски се зголеми за уште еден мал член. Македонскиот пејач и шармантната планинарка го добија второто детенце. Убавата вест беше споделена на социјалните мрежи од многу нивни блиски личности кои им честитаа за пристигнување на овој свет на нивната принцеза. Новороденото девојче го доби името Лена. Ирина и Павле имаат уште едно синче, кое се вика Јофиф. Камилоски синоќа славеше со пријателите. Нема ...
Нели Фуртадо ја започна новата година со искрен пост за нејзиното тело. 46-годишната пејачка сподели две реални фотографии од нејзиното тело за да пренесе моќна порака. На нив таа позира во портокалови бикини, без шминка и филтри. Таа на сите им посака да имаат неутрална година кога станува збор за нивното тело. Тоа значи да не трошите премногу време и енергија во мразење или сакање на вашето тело, туку да се помирите со неговиот изглед. Еве ја ...
Во текот на изминатите неколку дена, на профилите на Јелена Спенџарска, Цеце Николова и Ем Вандера осамнаа многу интересни објави каде ги означија dm дрогериите и ги раскажаа своите инспиративни приказни во кои открија што е она што ги прави да бидат #СкрозЈас. Јелена Спенџарска во својата објава зборуваше за тајмингот на остварување на нашите желби. Таа вели дека кога во душата ќе почувствувате дека сѐ е возможно и ќе се ослободите од кој било ...
Алесандра Амбросио започна нова романса. 43-годишната манекенка, која во минатото ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, беше фотографирана со новиот партнер Бак Палмер во Бразил. Убавата Бразилка уживаше и си разменуваше нежности со дизајнерот на накит на плажа во Рио де Жанеиро. Алесандра и Бак започнаа да се состануваат минатата година, а на Instagram потврдија дека се заедно во декември. „Оваа година пронајдов и се заљубив во ...
Александра Пријовиќ потврди дека е во блажена состојба. Српската пејачка го очекува второто дете со Филип Живојиновиќ. 29-годишната музичка ѕвезда ја потврди веста за српскиот медиум „Blic“. „Точно е. Благодарам за честитките“ – рекла таа. Александра и Филип стапија во брак во 2018 година и заедно имаат 6-годишно синче. Пријовиќ неодамна изјави дека второто дете би сакала да биде девојче. Филип е син на сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ. ...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ уживаат на Копаоник. Поранешниот македонски кошаркар и успешната маркетинг менаџерка споделија фотографии на социјалните мрежи на кои зрачат со љубов и среќа. Тие се заедно нешто повеќе од една година, а токму во јануари минатата година ја открија својата врска пред јавноста. Антиќ претходно беше во брак со Ружица Максимовска со која има 3 сина. Ристиќ пак пред неколку години стави крај на бракот со ракометарот Дејан ...
Меган Маркл и принцот Хари посетија центар за евакуација на жртвите кои беа засегнати од пожарите во Лос Анџелес. Војводата и војвотката од Сасекс им ја дадоа својата поддршка и помогнаа во доставувањето на оброци до засегнатите лица. Тие разговараа со нив за да ги сослушаат во најтешките моменти и ги тешеа со прегратки, а потоа застанаа да помогнат во нивното снабдување со храна и основни работи. Ужасните пожари во Лос Анџелес изгореа стотици ...
Катарина Ивановска со партнерот Стефан Ханџиски и двете деца уживаа на патување во Дубаи. 36-годишната манекенка сподели фотографии од забавната авантура со саканиот, 5-годишната ќеркичка Кира и 7-годишниот син Вања. На дел од нив таа е во костим за капење и слободно може да се каже дека е во топ форма. Ивановска сподели албум со колоритни фотографии и напиша: „Дубаи + деца = многу забава“. Катарина ги има двете деца од врската со поранешниот ...
Со почетокот на новата година, речиси сите се стремиме кон нови почетоци и свежи искуства. Едно од најубавите начини да го обележите вашиот нов пат е со нов мирис. Мирисните ноти не само што додаваат шмек на нашиот секојдневен живот, туку и создаваат спомени, пренесуваат емоции и ја одразуваат нашата личност. Кога зборуваме за убави мирисни ноти, не мора да се ограничуваме на нешто што го оштетува нашиот буџет. Во dm можете да најдете многу ...
Винсент Касел се израдува на раѓањето на своето четврто дете. 58-годишниот актер и неговата 28-годишна девојка Нара Баптиста го добија првото заедничко дете. Убавата вест ја сподели Касел на својот профил на Instagram. „Погодете кој пристигна на 7 јануари 2025... веќе буден, полн со здравје, љубов и поезија. Најкул фраер досега“ – напиша тој. Бебенцето го добило името Каетано. Винсент и Нара се во врска нешто повеќе од една година. Тој има уште ...
Македонскиот пијанист Јован Цветиновски радува со обработка на големиот хит „Бисер балкански“. 14-годишниот музичар во својата верзија внесе нова енергија и емоција, притоа задржувајќи ја автентичноста на оригиналот, како потсетник на вредностите што нè обединуваат како народ. Со оваа обработка, објавена за време на божиќните празници, Цветиновски ја покажа сојата посветеност кон македонската музичка традиција. Видеото е едитирано од Андреј ...
Ирина Дишовска со нетрпение го очекува моментот кога ќе го земе во прегратка своето второ детенце. Македонската планинарка не се откажува од своето омилено Водно дури ни во последните денови од бременоста. Сопругата на Павле Камилоски објави видео во кое се искачува на Водно во 42-рата недела, додека истовремено се надева дека ќе успее да предизвика спонтано породување. „Здраво дечки. Нова година помина, Бадник и Божиќ поминаа, а јас уште не сум ...
Никола Пелц вчера зачекори во четвртата деценија од животот. Сопругата на Бруклин Бекам го прослави 30-тиот роденден, а нејзините свекор и свекрва не пропуштија да го одбележат тој специјален за неа ден. Дејвид и Викторија на социјалните мрежи споделија фотографии и видео со роденденски честитки. Дејвид објави неколку фотографии и напиша: „Среќен роденден, те сакаме!“, „Наздравуваме со тебе на твојот специјален ден“ и „Имајте го најспецијалниот ...
Ријана го покажа природниот изглед на својата коса. Славната пејачка ја покажа кратката кадрава коса во фотосесија снимена за промоција на еден од нејзините производи од брендот Fenty Beauty. На фотографијата, 36-годишната музичка ѕвезда позира со драматична „зачадена“ шминка. Пред неколку дена, Ријана со фотосесија ја промовираше својата колекција долна облека за Денот на вљубените. View this post on Instagram A post shared by SAVAGE X FENTY BY ...
Хали Бери го отвори своето срце за да им помогне на лицата кои изгубија сè во страшните пожари во Лос Анџелес. 58-годишната актерка се приклучи кон иницијативата на својата колешка Шерон Стоун и изјави дека ќе го донира целиот свој плакар за настраданите семејства. Со овој потег и Бери и Стоун повикуваат да се донираат облека, ќебиња, пелени и козметика во продавницата Coop, од каде ќе можат да ја подигнат оние на коишто им е најпотребна. „Го ...
Роксана Стојанов слободно може да се пофали со уште еден огромен успех. Талентираната балерина со македонско потекло беше избрана за нова ѕвезда и една од главните балерини во Париската национална опера. Оваа вест беше објавена по завршувањето на балетската претстава „Пакита“, во која Роксана ја имаше главната улога. „Немам зборови за да ги опишам емоциите што ме обземаат од таа вечер на 28 декември. Изненадување, солзи, радост, благодарност, ...
Денес, принцезата Кетрин го слави својот 43-ти роденден. По тој повод, принцот Вилијам објави топла честитка за својата сакана сопруга, заедно со фотографија на која таа позира насмеана. „До најневеројатната сопруга и мајка. Силата која ја покажа во изминатата година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луј и јас сме многу горди на тебе. Среќен роденден Кетрин. Те сакаме“ – стои во пораката. Кетрин доби честитка и од кралот Чарлс и кралицата Камила. На ...
Шарлиз Терон одлично ја започна новата 2025 година. 49-годишната актерка отпатува во Лос Кабос во Мексико каде уживаше под топлите сончеви зраци и се насладуваше на убавините на ова прекрасно место. Атрактивната филмска ѕвезда го истакна своето витко тело во црни костими за капење. Таа беше во друштво на мајка си Герда и ќерката Огуст, а папараците не пропуштија да ги „уловат“ овие семејни моменти. Терон има две посвоени деца, Џексон и Огуст. ...
Џесика Алба и Кеш Ворен се разделија. Славниот пар беше во брак 16 години. Според информациите од странските медиуми, 43-годишната актерка и 45-годишниот продуцент сè уште немаат поднесено документи за официјален судски развод, но планираат да го направат тоа. Алба и Ворен се запознаа во 2004 година на снимањето на филмот „Fantastic Four“. Тие стапија во брак во 2008 година и заедно имаат три деца. Пред само пет дена, Алба објави фотографии со ...
Бредли Купер зачекори во шестата деценија од животот. На 5 јануари, холивудскиот заводник го прослави својот 50-ти роденден во најубавото друштво. Тој ја одведе својата 7-годишна ќеркичка Леа на спортски натпревар каде ги привлекоа објективите на фотографите. Слатката Леа со широка насмевка го следеше мечот покрај својот славен татко. Од вчера, во Лос Анџелес се шири страшен пожар, а домот на Бредли е само еден од многуте во оваа област кои се ...
Помалата ќерка на Сузана Турунџиева наполни 16 години. 55-годишната македонска пејачка сподели стари и понови фотографии и слатка порака за да ѝ посака среќен роденден на Матеа. „Денес моето Божилаче полни 16че. Кога беше малечка, ми велеше: „Мамо, ти не си стара, само ти се големи годините“. Сè што можам да посакам на овој Божиќ е да дочека гоолеми, мнооогу поголеми години од моите во здравје и љубов, а јас да бидам до неа и со неа уште минимум ...
Џенифер Лопез блеска по финализирањето на разводот од Бен Афлек. 55-годишната музичка дива изгледаше занесно во две креации на свечени настани. На забавата на Vanity Fair по повод Златен глобус, Џеј Ло го истакна својот сексапил во бел фустан со голем 3D цвет во делот кај стомакот. Својот моден избор, таа го надополни со бела бунда и чантичка од Шанел. На настан во рамките на Palm Springs International Film Festival, Лопез шармираше во креација ...
Прекрасна вест одекна на Бадник. Токму пред големиот христијански празник Божиќ, мајка роди тројка во битолската болница „Плодност“. Од реномираната болница за гинекологија и акушерство објавија фотографија од двете момчиња и едното девојче, направена токму по нивното раѓање. ЗА БАДНИК – МАЈКА РОДИ ТРОЈКА: Две братчиња и сестричка родени во Болница Плодност Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој ...
Сања Николиќ и Слаткар ги поминаа божиќните празници во Струмица. 38-годишниот пејач и неговата 42-годишна сопруга споделија фотографии со синчето Моша. На една од нив, парот се гушка со 4-годишното момче додека заедно лежат на кревет. „Среќни празници“ – напишаа тие. Сања сподели уште две фотографии од празничната традиција на кршење на лепче со паричка и од прошетка низ Струмица. „Ако не сме дома, традицијата не смее да трпи. Струмичка паричка ...