Хју Џекман веќе не ја крие врската со Сатон Фостер. 56-годишниот актер и 49-годишната актерка беа „уловени“ од папараците додека се држеа за раце за време на вечерно излегување. Веќе два месеци се зборуваше дека Хју и Сатон се заедно, но тие јавно ја немаа потврдено нивната романса. Хју и Сатон беа колеги во мјузиклот „The Music Man“ и заедно настапуваа една година, што доведе до нивно зближување. И двајцата беа во брак на почетокот на нивните ...

Зендаја никогаш не се асоцира со стилски грешки. Младата актерка непрекинато импресионира со модните избори за време на промотивните турнеи за ТВ и филмските проекти, како и за појавувањата на големите свечености. Имено, на 82-рото доделување на Златен глобус, Зендаја изгледаше беспрекорно во бронзен фустан од Луј Витон и накит од луксузниот бренд Bulgari. Нејзините два нови филма „Challengers“ и „Dune 2“ беа номинирани за награди во различни ...

Неколку дена по финализирањето на разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли се врати пред медиумските рефлектори со широка насмевка. Холивудската ѕвезда зачекори на црвениот тепих на Златен глобус заедно со порасната ќерка Захара. 49-годишната актерка носеше блескава креација од Александар МекКвин додека позираше со 19-годишната ќерка која беше облечена во бел фустан со впечатливи флорални детали. Џоли беше номинирана во категоријата Најдобра актерка ...

Меган Маркл ќе има свое лајфстајл шоу на Netflix, кое ќе содржи доза кулинарство. 43-годишната војвотка од Сасекс во трејлер го најави шоуто кое го снима во изнајмена куќа од 5 милиони фунти во нивното соседство во Монтесито, Калифорнија. Шоуто насловено „With Love, Meghan“ ќе се состои од осум епизоди кои ќе бидат достапни од 15 јануари. Минди Колинг, Алис Вотерс и Рој Чој ќе бидат дел од нејзините специјални гости, кои ќе ги засукаат ракавите ...

Меланија Трамп мамеше воздишки на новогодишната гала вечер, која нејзиниот сопруг Доналд Трамп традиционално ја организира во нивниот ресорт Mar-a-Lago во Флорида. 54-годишната идна прва дама на САД изгледаше атрактивно во црна креација со шлиц од модната куќа Версаче. Меланија чекореше покрај Доналд кога беа пресретнати од бројните фоторепортери додека се упатуваа на свеченоста. Доналд победи во претседателската трка и повторно ќе стане ...

Џенифер Анистон го покажа тонираното тело во фотосесија за People. Во интервјуто за популарното списание, 55-годишната актерка откри какви вежби практикува за да го одржува своето тело во завидна форма. Ѕвездата од „Пријатели“ признава дека топ приоритет ѝ е грижата за себе, правилната исхрана и менталното и физичкото здравје. Откако случајно ја открила, Анистон не се откажува од програмата за вежбање Pvolve која соединува функционални тренинзи ...

Постојат различни теории за влијанието на Месечината врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината може да влијае и на телесната тежина. Месечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Што претставува месечевата диета? ...

Со првите зраци на јануарското сонце, новата година носи со себе ветување за промена и нови можности. Veganuary е момент на самооткривање, време кога нашето срце и ум се отвoраат за нови навики и здрави избори. Замислете го ова како патување кон нова, поубава верзија на вас самите! Во dm, вашиот верен сојузник во оваа авантура, ќе најдете богатство од вегански производи од марката dmBio. Овие производи не се само храна; тие се инспирација за нов ...

Некој во домашна атмосфера, некој во кафич... македонските славни личности се забавуваа секој во свој стил за Новата година. Тамара Тодевска, Дарио, Антониа Гиговска, Александар Белов, Таско... нашите ѕвезди објавија новогодишни фотографии со саканите личности. Погледнете ги: Дарио Панковски Антониа Гиговска Таско Тамара Тодевска Калиопи Ламбе Алабаковски Мартин Филиповски од Next Time и Андреа Белевска Мартин и Андреа споделија ретки фотографии ...

Новогодишен предлог за брак се случи во ски центарот „Стрежево“. Битолчанецот Борис ја запроси саканата Николина на планина токму на новогодишната ноќ. Тој постави голем транспарент на кој пишуваше „Омажи се за мене“ украсен со балони. Потоа, тој ја доведе својата девојка и ѝ го постави судбоносното прашање. Фотографии споделија од ски центарот „Стрежево“ и напишаа: Нема правило за нови почетоци... Нова година, нов почеток, нека е полн со среќа, ...

За дочекот на новата година, Натали Грубовиќ со семејството уживаше во Црна Гора. Атрактивната поранешна водителка на „Бинго“ со сопругот Дрен Глушац и ќеркичката го посетија луксузниот туристички град на полуостровот Луштица, кој се наоѓа на почетокот од Которскиот залив. На својот профил на Instagram, Натали објави фотографии со ќеркичката која го носи нејзиното име. „Благодарам 2024, беше добра. Добредојде 2025, биди подобра“ – напиша таа. ...

Џоселин Вилденштајн, позната и како „Жената-мачка“ поради бројните пластични операции, почина на 84 години. Силно озборуваната Швајцарка издишала за последен пат за време на дремка во палата во Париз каде престојувала со долгогодишниот партнер Лојд Клајн. Често беше под лупата на медиумите поради изгледот, но и поради големата парична сума која ја доби по разводот од трговецот на уметност Алек Вилденштајн. Џоселин започнала со козметичките ...

Јануари започнува со свежи енергии, отворајќи ја портата кон 2025 година со амбиција и нова надеж. Ова е месец кога космосот носи комбинација на ретроградни движења и млада месечина, што ве поттикнува да ги ревидирате старите планови и да поставите основа за идните успеси. Венера во риби внесува нежност и романса во нашите животи, додека Сонцето во водолија инспирира креативност и иновативни решенија. Марс со ретроградното движење носи шанса да ...

Новата 2025 година е на прагот. Новогодишните пораки се прекрасен начин да ги изразите вашите најубави желби и да им посакате на блиските година исполнета со радост и топлина во срцата. Доколку сте во потрага по најубавите пораки за да им честитате на саканите личности, тогаш сте на вистинското место. „Секој нов ден е како празно платно, а ти си уметникот. Овој пат, нека сликата што ја создаваш биде исполнета со љубов, радост и бескрајни ...

Анџелина Џоли и Бред Пит конечно ги потпишаа документите за развод. По долги осум години судска битка, холивудските актери официјално ставија крај на нивниот брак. Џоли и Пит ги разрешија сите несогласувања околу поделбата на имотот, освен борбата за француската винарија Miraval, која ќе продолжи и понатаму. Анџелина поднесе документи за развод од Бред пред повеќе од осум години, откако имаа инцидент во авион. Според информации до кои дојдоа ...

Ед Вествик и Ејми Џексон со нетрпение го очекуваат првото заедничко дете. Згодниот шармер од серијата „Gossip Girl“ и убавата актерка споделија фотографии од празничната атмосфера во нивниот дом. Ејми го истакна големото трудничко стомаче во бел свилен фустан. На дел од фотографиите е и нејзиниот син Андреас кој го има со претходниот вереник. „Божиќ 2024 беше класика. Му благодарам на моето семејство за сè што е. Длабоко сме благодарни за сè што ...

Генералниот директор и Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа Bloomberg Adria. Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина. Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, ...

Со 24 часовна достапност, брза и прецизна дијагностика и амбулантни возила за бесплатен медицински транспорт работи Ургентниот центар на Клиника Жан Митрев. Освен што е отворен секој ден 24/7, на пациентите кои ќе се обратат во овој центар на располагање им е дежурен мултидисциплинарен тим составен од лекари од сите области кои ќе се погрижат за брза и прецизна дијагностика. Во склоп на центарот, за пациенти кои ќе се хоспитализираат во ...

Ким Кардашијан сподели фотографии од божиќната атмосфера во нивниот дом. 44-годишната реалити ѕвезда изгледаше атрактивно во црвен фустан додека позираше со четирите пораснати деца покрај големата новогодишна елка. 11-годишната Норт и 6-годишната Чикаго носеа кратки фустанчиња, додека 9-годишниот Сент и 5-годишниот Псалм позираа во црни панталони и слични јакни. Ким ги има четирите деца од бракот со Кание Вест. Нема слични статии. Види повеќе ...

К-15 направија преработка на нивниот стар хит „Новогодишна општонародна“ за да ни ги честитаат празниците на сите. Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров ја објавија песната, наречена „Новогодишна поопштонародна“, а на социјалните мрежи напишаа: „Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални... Благодарност за целата ...

Едина Муса уживаше во чистиот воздух на Пониква. 33-годишната кошаркарка заедно со сопругот Александар Димитровски-Мачка го посетија популарниот туристички центар на Осоговските Планини. Едина го истакна пораснатото трудничко стомаче во црна облека. Македонската спортистка, која очекува момче, сподели фотографии и напиша: „Ова е мојата последна година сама. Во 2025 година, ќе добијам титула мајка на прекрасно момче. Господе, ти благодарам што ме ...

Калиопи го објави видеозаписот за песната „Дај, дај ми дај“, која е дел од нејзиниот овогодишен албум. Со песната и спотот, таа сака на сите луѓе да им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници. „Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето - никогаш да не престанат да веруваат во себе, во ...

Кристијано Роналдо беше дел од добитниците на награди на „Globe Soccer Awards“ во Дубаи. 39-годишниот фудбалер беше придружуван од атрактивната Џорџина Родригез и најголемиот син Кристијано Џуниор. Славниот спортист носеше костум од Живанши додека ги примаше наградите Најдобар играч во Средниот Исток и Најдобар стрелец на сите времиња. Роналдо и Џорџина споделија фотографии на социјалните мрежи. „Не можеме да бидеме погорди“ - напиша Родригез. ...

На чекор до 2025 година, Антонија Ристовска ја објави невестинската колекција за следната година. Македонската дизајнерка создаде венчаници во кои секоја невеста би се чувствувала женствено и раскошно. „Плетејки нова приказна на љубовта во скулптурални форми на силуети новата муза е спремна за нов почеток, искажувајќи ја својата слобода во женствен и елегантен стил. Во чекор на возвишеност со стегната половина, отворена биста и скулптурална ...

Армани Латимер не дозволи алопецијата да ѝ ја уништи самодовербата. Девојката, која е една од навивачките за Dallas Cowboys, танцуваше без перика за првпат откако јавно откри дека ја изгуби својата коса поради автоимуната болест. Во видеото, Армани зрачи со самодоверба поддржана од останатите девојки од тимот. „Многу сме горди што го правиш ова и си претставник за многу мали девојчиња ширум светот. Тие ќе те гледаат со стравопочит, восхитувајќи ...

Александар Лазиќ ѝ приреди вистинско изненадување на својата сакана. Хрватскиот актер и комичар ѝ предложи брак на својата девојка Наташа Поповиќ додека заедно глумеа во истата театарска претстава. „Ова е најубавиот момент. Глумецот на сцена запроси глумица. Честитки Алекс и Бара на големата љубов, на одличната претстава и на прекрасните реакции на сите присутни во публиката“ – напишаа од театарот Керекеш. „Знаев дека е луд, но ова не го ...

Ева Лонгорија ја покажа одличната фигура на фотографии од нејзиниот празничен одмор со синчето Сантијаго, сопругот Хозе Пепе Бастон и поќерката Наталија. 49-годишната актерка ја замени топлата зимска облека со бикини и уживаше на плажа со најмилите. „Надвор од канцеларијата“ – напиша таа во описот на божиќните фотографии, на кои се забавува со 6-годишното синче, 56-годишниот сопруг и 28-годишната поќерка. Ева и Хозе се верија во декември 2015 ...

Дејвид и Викторија Бекам уживаа во друштвото на сите четири деца на Божиќ. 49-годишниот поранешен фудбалер и 50-годишната дизајнерка се веселеа со 13-годишната Харпер, 19-годишниот Круз, 22-годишниот Ромео, а на овој голем празничен ден ним им се придружи и 25-годишниот Бруклин со сопругата Никола. Славното семејство позираше покрај големата новогодишна елка во нивниот луксузен дом во Мајами. Претходно, Бруклин и Никола го прославија Бадник и до ...

Дуа Липа му кажа „ДА“ на Калум Тарнер. Според извори блиски до парот, 29-годишната пејачка се верила со 34-годишниот актер откако тој клекнал на колено и ја запросил на Божиќ. Тие планирале да ја дочекаат Нова година со семејството и пријателите. На последните фотографии објавени на Instagram, на нејзиниот прст блеска голем дијамантски прстен. „Дома за празниците“ – напиша Дуа, која по потекло е од Косово. Нивните најблиски биле пресреќни, затоа ...

Дарко Чурлинов ќе заплива во брачните води. 24-годишниот македонски фудбалер се вери со саканата Филипа Ксанта. Нашиот репрезентативец ја изненади својата избраничка со романтичен предлог за брак на плажа за време на нивниот одмор на Малдиви. И двајцата објавија фотографии на социјалните мрежи. „Среќни денови“ – напиша тој во описот. Дарко и Филипа дури пред неколку месеци ја открија својата врска пред јавноста. Нема слични статии. Види повеќе ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
80%
1017
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
86%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
61%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.42
92%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
81%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
91%
1020
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
0.89
76%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
94%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793