Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Трагичен настан во Будва го потресе регионот. 19-годишна тинејџерка почина откако се одврзала од сајлата за време на парасејлинг и паднала од 50 метри во Јадранското море. Тијана Р. од Нови Сад требало да лета 15 минути со падобран прикачен со сајла за чамец, но на висина од 50 метри таа паднала во водата. Веднаш била пренесена на градското пристаниште, каде екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. Истрагата е во тек и сè уште се ...
Татјана „Тања“ Ињушина ги израдува македонските фанови со прекрасна изведба на „Јовано, Јованке“. Атрактивната Русинка, која пее на сите словенски јазици, сними видео во кое ја пее македонската народна песна и доби многу комплименти. Погледнете: @tanya_inyshina Ответ пользователю @+389 Kto ovde iz Македонији? #makedonija #makedonijatiktok #jovanojovanke ♬ оригинальный звук - Tatyna Inyshina Еве дел и од останатите нејзини изведби: ...
Ирина Камилоска ужива во мајчинството. Македонската планинарка и алпинистка сподели фотографии со кои им даде можност на нејзините следбеници да „ѕирнат“ во нејзиниот приватен живот со 2 деца под 2 години. На нив, Ирина и нејзиниот сопруг Павле Камилоски се забавуваат и се грижат за 4-месечната ќерка Лена и за синчето Јосиф, кое следниот месец ќе наполни 2 години. „Животот во последно време. Малку хаотичен, малку магичен, но само мој“ – напиша ...
Македонија има со што да се гордее. Претставничката од нашата земја Лара Станчева победи на изборот за „Top Model International“ во Монако. 15-годишната девојка од Скопје се издвои од останатите 59 натпреварувачки и успеа да ја освои посакуваната титула. Во машка конкуренција победи претставникот на Белгија, Матео Мерњи. На манифестацијата, Лара буквално блескаше во гламурозна креација со пулејки и долги ракави. Лара е модел во модното студио ...
Нина Бадриќ зрачеше со елеганција и софистицираност на доделувањето на наградите од Naxi Radio. На свеченоста во Белград, 52-годишната пејачка се појави во креација создадена специјално за неа. Стајлингот на хрватската ѕвезда се состоеше од црно здолниште со бела кошула, надополнето со ракавици од црна чипка и блескави обувки. „Пејачка на годината за 2025. Благодарна, горда и среќна“ – напиша Нина во описот на мини албум од вечерта. Нема ...
Хајди Клум имаше одлична придружба на синоќешното доделување на Американските музички награди. 51-годишната манекенка пристигна на свеченоста заедно со својот 19-годишен син Хенри Семјуел, кој ги следи нејзините стапки и неодамна ги направи првите чекори во модниот свет. На виолетовиот тепих, познатата Германка носеше црна креација со долга „опашка“ од Стефан Ролан. И Хенри за оваа пригода избра комплетно црн аутфит. Хенри е син на Хајди од ...
Џенифер Лопез влезе во улога на домаќинка на овогодишното доделување на Американските музички награди. 55-годишната пејачка ја отвори манифестацијата со 6-минутен настап на делови од 23 свои хитови. За време на изведбата, Џеј Ло се бакна со еден од танчарите, а потоа и со една од танчарките, за што доби многу критики. „Колку повеќе пари заработуваат луѓето, толку полуди стануваат“, „Никој не сака да го гледа ова! Очајна“, „Очајно се обидува да ...
На 28 мај dm ги реотвора вратите на нивната дрогерија во Охрид, но на нова локација – во Ohrid Mall на ул. 15-ти Корпус бр. 1Б. Официјалното отворање на трговскиот центар ќе биде од 12:30 часот, додека вратите ќе бидат отворени за посетители од 14:30 часот. Од оваа среда, ќе имате можност во уште една дрогерија да уживате во повеќе од 14.000 производи за сѐ што ви треба, од кои повеќе од 3.000 се од нивните сопствени трговски марки кои имаат ...
Видео од шокантен момент меѓу Брижит и Емануел Макрон стана хит онлајн и предизвика жестоки реакции. 72-годишната Прва дама на Франција го удри Претседателот по лицето непосредно по слетувањето во Виетнам. Случката била снимена на камера затоа што токму тогаш, Брижит и Емануел требало да слезат од претседателскиот авион. Macron slapped? Viral video shows the French president's face getting pushed away by hand as he arrives in Vietnam with wife ...
Моментално се одржува 72-рото издание на Мис на светот. Изборот за убавина ќе трае до 31 мај, а сите натпреварувачки секојдневно се обидуваат да блеснат во најубаво светло и најдобро да ја претстават својата татковина. Убавици од стотина држави позираа во свечени фустани во Индија, а меѓу учесничките со највпечатливи креации се вброи и нашата претставничка Чарна Невзати. Погледнете ги стајлинзите кои привлекоа најмногу пофалби: Северна ...
Јелена Томашевиќ одржа феноменален концерт во Сава центарот во Белград. На сцената, српската пејачка пленеше во беспрекорен стајлинг, кој се состоеше од бела креација која ја истакна нејзината фигура, надополнета со голема црна панделка во задниот дел и елегантни долги ракавици. Од публиката, Јелена ја доби поддршката од сопругот Иван Босиљчиќ, кој ги пееше нејзините песни. „Луѓе мои! Немам зборови да опишам што се случи синоќа во Сава центарот! ...
Сања Ристиќ уживаше во Грција. Македонската специјалистка за маркетинг сподели на својот Instagram профил фотографии од авантурата со пријателка. Сања, која има две деца, изгледаше атрактивно во бикини додека се сончаше на плажа. „Перфектен бфф викенд“ – напиша таа. Сања е во врска со поранешниот кошаркар Перо Антиќ. Таа претходно беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски со кого ги има синовите Иан и Део. ФОТО: Instagram / Sanja Ristic ...
Марко Маринковиќ-Слаткар го објави спотот за песната „Магдалена“ за која соработуваше со браќата Мартин и Стефан од Next Time. Музиката и текстот на песната се дело на самиот Слаткар, а се дел од неговиот нов албум „Што сакаш да бидеш која ќе пораснеш?“ кој излезе вчера. „Денес излегува новата соработка со Слаткаристика, реална приказна напишана од страна на Марко Слаткаристика. Ценете ја жената, ценете го животот“ - напишаа од Next Time. ...
Чарна Невзати промени уште една гламурозна креација за настан во рамките на Мис на светот. Македонската претставничка мамеше воздишки во жолта тоалета во која изгледаше како модерна принцеза. Креацијата со елегантен крој и впечатливи детали ја истакна нејзината фигура, додека светкавите елементи додаваа доза на раскош и гламур. Претходно, Чарна дефилираше на сцената во Индија во креација инспирирана од традиционалната индиска облека. Нема ...
Ќерката на Гоца Тржан прослави полнолетство. 50-годишната српска пејачка ѝ организираше голема забава за 18-тиот роденден на Лена, која ја има од бракот со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ. На прославата, музичката ѕвезда повика бројни свои колеги како Саша Ковачевиќ и Тања Савиќ, кои направија вистинска журка. Лена најпрво носеше кратка бела креација со чипка, а потоа се пресоблече во покомфорно црно фустанче. За оваа пригода, Тржан шармираше ...
Тамара Тодевска беше специјална гостинка на концертот на легендарниот Драган Мијалковски во локал во Скопје. 39-годишната македонска пејачка настапи на сцената и ја освојуваше публиката со својата енергија и вокални способности. „Особено задоволство е да се биде гостинка на единствениот Драган Мијалковски, брендот на македонската поп-музика“ – напиша Тодевска. За оваа пригода, Тамара избра црвен миди фустан, кој го искомбинира со црни чизми и ...
Дечињата знаат најискрено да се радуваат. Малата Аби, која се бори со леукемија, блика од среќа кога ќе се обедини со својот поголем брат во болницата по 10-дневна изолација поради лекување. Погледнете го видеото: @majicallynews Aw, you can tell her brother feels like home to her Bless her sweet little heart Abby was diagnosed with B-cell Acute Lymphoblastic Leukemia back in August and has a 2.5 year battle ahead of her, so if you would like to ...
Во светот на родителството, секој ден е нова авантура полна со радости, предизвици и многу прашања. Како што се приближува моментот кога ќе станете родители, важно е да се опремите со знаења и поддршка која ќе ви помогне да се справите со сите аспекти на ова прекрасно патување. Токму затоа, Караванот на мајчинството продолжува да ве едуцира со својата деветта обука, овој пат во Штип! На оваа деветта обука, учесниците ќе имаат привилегија да ...
Принцезата Кетрин доби нова восочна фигура со својот лик во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон. Фигурата е поставена до онаа на принцот Вилијам, а на неа претставен е изгледот на Кетрин од дипломатскиот прием во Бакингемската палата од декември 2023 година. За таа пригода, Кетрин носеше фустан од Џени Пекам и тијарата „Lover's Knot“, која претходно ѝ припаѓаше на покојната принцеза Дијана. Дали ви се допаѓа восочната фигура? Нема слични статии. ...
Тери Хачер покажува дека годините за неа се само бројка. 60-годишната ѕвезда од хит-серијата „Очајни домаќинки“ мамеше воздишки на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. За премиерата на „The History of Sound“, атрактивната актерка избра зелена креација со шлиц и длабоко деколте од ателјето на Ели Сааб и освои само комплименти. Тери ја имаше улогата на Сузан Маер во популарната серија, која ѝ донесе голема слава. Нема слични статии. Види ...
Софија Вергара престојува во Кан, каде се одвива Филмскиот фестивал. 52-годишната актерка беше „уловена“ од папараците во прегратката на згоден маж. Атрактивната Колумбијка се смееше и си разменуваше допири со него додека го напушташе својот хотел „Eden Roc“. Дали станува збор за нова романса или само пријателство меѓу нив останува да покаже времето. Вергара има еден син од првиот брак со Џо Гонзалес, со кого се разведоа во 1993 година. Таа беше ...
Џенифер Лопез знае како да остави впечаток каде и да се појави. 55-годишната актерка и музичарка беше поканета на интимна приватна забава по повод 98-миот роденден на композиторот Џон Кандер. На настанот, Лопез шармираше во бела креација од колекцијата есен 2023 на Стефан Ролан. Претходно, во истиот ден, Лопез настапи на добротворен концерт. Музичката ѕвезда пристигна во комбинација во праска нијанса, а на сцената настапи во гламурозен црн ...
Принцезата Кетрин и принцот Вилијам организираа забава во градината на Бакингемската палата на која присуствуваа заедно. На настанот, 43-годишната претставничка на британското кралско семејство зрачеше со префинетост во жолт стајлинг со впечатлива шапка со голем цвет додека со насмевка ги поздравуваше присутните гости. Креацијата во жолта „путер“ нијанса е дело на дизајнерката Емилија Викстед, додека шапката ја изработил Филип Трејси. Кетрин ја ...
Тамара Калиниќ беше рамо до рамо со холивудските ѕвезди на Канскиот филмски фестивал. На премиерата на новиот филм на Ричард Ланклејтер, „Nouvelle Vague“, српската блогерка се појави во бела креација од Wona Concept и доби само комплименти за својот изглед. Во својот стајлинг, Тамара додаде бисерна огрлица и златни часовник и белегзија. View this post on Instagram A post shared by WONÁ Concept (@wona_concept) Калиниќ присуствуваше и на ...
Дензел Вашингтон имаше инцидент на црвениот тепих во Кан. 70-годишниот актер беше фотографиран додека му викаше на еден од фоторепортерите присутни на премиерата на неговиот филм „Highest 2 Lowest“ на Филмскиот фестивал. Легендарниот оскаровец се вознемирил откако фотографот го потапкал по рамото за да се сврти и да позира за фотографија. „Престани, престани, никогаш не ставај рака на мене уште еднаш“ – му рекол Дензел на фоторепортерот кој со ...
За првпат во државата, во „Клиника Жан Митрев“ беше изведена сложена процедура за поставување на залисток на белодробната артерија, без отворање на градниот кош. Тимот интервентни кардиолози во состав д-р Оливер Бушлетиќ, д-р Вилма Ампова-Соколов, д-р Даниел Униќ – кардиохирург, проктор за ТАВИ заедно со сестрите Сузана Костовска, Соња Русевска, Жанета Богоевска –Митева, Сања Давидов и Стефан Јанески, успешно изведоа транскатетерско вметнување ...
Ријана и Ејсап Роки присуствуваа на премиерата на неговиот филм „Highest 2 Lowest“ на Канскиот филмски фестивал. Кога чекореа на гламурозниот црвен тепих, славните партнери мораа да се заштитат од дождот носејќи чадор, па овој момент резултираше со фотографии кои инстантно станаа хит и фановите на Ријана ги потсетија на нејзината песна „Umbrella“. Музичката ѕвезда, која моментално е бремена со третото дете, избра сина креација од брендот Alaïa. ...
Чарна Невзати дава сè од себе за најдобро да се претстави себеси и нашата држава на Мис на светот во Индија. Македонската претставничка присуствува на многу настани во рамките на изборот за убавина и на секој од нив изгледа фантастично. На најновите фотографии кои денес ги сподели на социјалните мрежи, 20-годишната студентка изгледа како божица во впечатлива „златна“ креација со цветови и ултра долги ракави. Претходно, Чарна заведуваше и во црна ...
По долгогодишна пауза, Анџелина Џоли повторно се врати на Канскиот филмски фестивал. На премиерата на „Eddington“, 49-годишната актерка буквално блескаше во романтична креација од модната куќа Brunello Cucinelli. Нејзиниот стајлинг беше надополнет со елегантен накит од Chopard. Фустанот ги отскри големите тетоважи на грбот на успешната Оскаровка. За време на својот престој во Кан, Џоли присуствуваше и на церемонијата „Trophée Chopard“ на која се ...
Едина Муса се врати во одлична форма по породувањето. Поранешната македонска кошаркарка изгледаше фантастично на свадба со сопругот Александар Димитровски-Мачка и нивното мало синче Максим. На церемонијата на која беа кумови, Муса носеше кратко црно фустанче, додека Александар избра темносин костум и црна кошула. Муса објави и фотографија на која покажува како изгледа нејзиното тело три месеци по раѓањето на првото детенце. Таа вежбаше цела ...