Шпанија се бори со последиците од ужасните поплави кои во вторникот вечерта ја зафатија земјата и одзедоа најмалку 95 животи. Од невремето, кое ги претвори улиците во реки, најтешко беше погоден регионот на Валенсија од каде постојано се споделуваат ужасни фотографии и видеа. Ова е моментот кога спасувачите успеаја да одведат жена и нејзиното куче на безбедно место откако нивниот дом бил поплавен. Во видеото, маж врзува опрема за спасување околу ...

Ева Лонгорија беше гостинка во новата епизода од „Good Morning America“ за да ја промовира својата нова книга со рецепти „My Mexican Kitchen: 100 Recipes Rich with Tradition, Flavor, and Spice“. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ беше фотографирана кога го напушташе студиото во Њујорк. Таа изгледаше модерно во комплетно бел стајлинг. Креацијата со широки ракави е дело на дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски, чии дизајнерски дела често се ...

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 30.10.2024година ...

Понекогаш, светот го обиколуваат приказни кои нè инспирираат да бидеме истрајни и ни покажуваат дека не постојат граници. Таква е приказната на Сара де Легарде, која ги изгуби раката и ногата откако беше прегазена од две метроа, но не дозволи тоа да ѝ го уништи животот. Две години подоцна, користејќи протези за екстремитетите таа се искачи на планината Килиманџаро, докажувајќи дека сè е возможно. „Имав достап до целата таа нега, но многу луѓе ...

Нина Добрев и Шон Вајт се верија. 34-годишната актерка доби романтичен предлог за брак од 36-годишниот сноубордер кој има освоено три олимписки злата. Парот се вери во Њујорк откако Шон смислил „лукав“ план за да ја намами Нина во ресторанот без таа да се посомнева што ѝ приготвува. Тој ѝ испратил лажна покана за интимна вечера со Ана Винтур, уредничката на „Вог“. Но, кога Нина стигнала во ресторанот облечена во фустан од Chanel, таму биле само ...

Во изминатиот период, развојот на е-трговијата значително ги трансформираше куповните навики во регионот. Под влијание на глобалните трендови за онлајн купување и потрошувачите во Македонија почнаа сè повеќе да се вртат кон дигиталните платформи во потрага по уникатно корисничко искуство, голем избор и едноставен процес на плаќање. Во сферата на онлајн купувањето, досега ниту еден играч на пазарот не се истакна онака како Ananas - најголемиот ...

Ријана ги вклучи своите две деца во новата рекламна кампања за својот бренд Savage X Fenty. 36-годишната пејачка презентираше облека во која изгледа складно со своите синчиња. 2-годишниот Риза и 14-месечниот Рајот изгледаат преслатко покрај својата славна мајка. View this post on Instagram A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty) Ријана сподели и забавно видео за да покаже како изгледа реалноста да се снима кампања со две мали ...

Ханде Ерчел доби почесна награда на настанот организиран од American Turkish Society во Њујорк. За оваа специјална прилика, убавата турска актерка избра креација од Версаче во која изгледаше фантастично. На својот Instagram профил таа сподели фотографии и напиша: „Се чувствував како Медуза во Версаче“. Убавата актерка е позната по улогите во повеќе турски серии, меѓу кои и „Немирно лето“ и „Чукни ми на врата“. Нема слични статии. Види повеќе » ...

Изабела Страхан несомнено е смела девојка со непоколеблив дух. 20-годишната девојка во јуни означи победа врз ракот, а сега сними фотосесија со својот татко, водителот Мајкл Страхан. Изабела позираше во креации од познати модни брендови како Balmain, Carolina Herrera и Louis Vuitton. Во интервјуто, инспиративната студентка зборуваше за лекциите кои ги научи од битката со болеста и зошто повеќе не одложува ништо за „следната недела“. „Среќна сум ...

Моник Лулие се инспирираше од викторијанската ера при создавањето на најновата невестинска колекција. Венчаниците се надополнети со 3Д цветови, ефектни везови и деликатна чипка, а се презентирани од атрактивни модели со фотосесија снимена покрај Езерото Комо. „Колекцијата има викторијански влијанија, богата е со цветни детали, каскадни 3Д везови и извајани корсети. Принтот на сезоната се состои од див букет од градинарски рози, божури, ...

Лени Кравиц мами женски погледи во спотот за „Honey“. Славниот музичар ги покажа дефинираните стомачни мускули и доби огромен број комплименти за својот фит изглед на 60-годишна возраст. „Овој маж старее како добро вино“, „Најсекси видео и најсекси маж на светот“, „Лени изгледа неверојатно на 60 години“ и „Мислам дека не можам да работам денес“ – се дел од коментарите за спотот на неговиот Instagram профил. Нема слични статии. Види повеќе » ...

Перо Антиќ не крие колку се гордее со своите деца. 42-годишниот поранешен кошаркар, кој во моментов е претседател на Кошаркарската федерација, сподели фотографии од најголемиот син Лука и напиша: „Мое првороденче, мојата прва вистинска љубов! Тато те сака и се гордее со големото момче коешто стана“. Фотографиите се од 2017 година, кога Антиќ ја освои европската титула со Фенербахче. Лука во февруари оваа година наполни 17 години. Тој ги следи ...

Пенелопе Круз и Салма Хајек заедно присуствуваа на доделувањето на наградите на списанието WSJ. На свеченоста, која се одржа во Њујорк, славните пријателки позираа фатени за раце и прегрнати. 50-годишната Пенелопе буквално блескаше во сјајна креација со шлиц и отворено деколте од Долче и Габана, додека 58-годишната Салма избра црвен фустан, кој ги оцрта нејзините облини. Списанието WSJ на Хајек ѝ ја додели наградата „Innovator Award for ...

Ченинг Тејтум и Зои Кравиц не се повеќе заедно. 44-годишниот актер и 35-годишната актерка се разделија по 3 години заедно. Холивудскиот пар, кој се вери минатата година, ја раскина свршувачката. Веста за разделбата први ја објавија од списанието People потпирајќи се на извори блиски до парот. Ченинг и Зои првпат поттикнаа гласини дека се состануваат на почетокот од 2021 година откако таа го избра него да биде дел од нејзиниот филм „Blink Twice“. ...

Помина една година од смртта на Метју Пери. Неговите колешки од хит-серијата „Пријатели“ не останаа рамнодушни на овој тежок за нив ден. Џенифер Анистон и Кортни Кокс споделија фотографии со актерот за да му оддадат почит. 55-годишната актерка, која ја имаше улогата на Рејчел во серијата, објави албум на Instagram и напиша: „1 година“ со емотикон рането срце. 60-годишната Кокс, која ја глумеше Моника, напиша: „Ми недостигаш денес и засекогаш“. ...

Во семејството на Емра Куртишова и Петар Стојанов имаше добар повод за славење. Нивната ќеркичка наполни една година. Македонските актери организираа прослава со најблиските на која малата Лена изгледаше неодоливо во црно-бело фустанче на кое пишуваше „Принцеза“. Ѕвездата од серијата „Преспав“, која ја глуми Исаура, објави фотографии од роденденската забава. „Среќа до небо и назад. Гордост наша, среќен роденден“ – напиша таа. Емра и Петар се ...

Жизел Бундшен е бремена. 44-годишниот супермодел го очекува првото дете со Хоаким Валенте, со кого започна да се состанува месеци по разводот од Том Брејди. Ова е трето дете на Жизел. Извор близок до парот ја потврдил оваа вест за странските медиуми, истакнувајќи дека Бундшен е во шестиот или седмиот месец од бременоста. „Жизел и Хоаким се среќни за ова ново животно поглавје и со нетрпение очекуваат да создадат мирна средина полна со љубов за ...

Марија Атанасова во уникатна креација настапи на „Макфест“. На Фестивалот на забавни мелодии, младата пејачка се претстави со песната „Ти си ми сè“, а на сцената запеа во невестински фустан исцртан од детски рачиња, кој ќе биде искористен за хумана цел. Креацијата, која доаѓа од модното студио „Бела“, ќе биде ставена на продажба, а собраните средства ќе бидат донирани за децата со попреченост од Штип. Видео од настапот на Марија: Фотографии: ...

Адел имаше емотивен момент во Лас Вегас. За време на еден од нејзините концерти, 36-годишната пејачка ја виде легендарната Селин Дион во публиката и веднаш започна да плаче. Таа ја прегрна 56-годишната музичарка која претходно, исто како неа, одржуваше концерти во салата. И Селин со насолзени очи ја дочека средбата со Адел. Потоа, Адел побара публиката да ја награди Селин со аплауз, бидејќи ѝ е една од омилените личности на сите времиња. View ...

„Во срцето млад засекогаш“ – запеа Дарио на макфестовската сцена во Штип. Македонскиот пејач по 26 години се врати на познатиот Фестивал со динамичната „Засекогаш млад“. На свечениот тепих пред манифестацијата, 61-годишниот музички уметник гордо зачекори со неговата ќерка Андреа. Дарио последен пат настапи на „Макфест“ во 1998 година со „Камен на срце“. Првото издание на Макфест во 1986 година започна со песната „Старо купувам“ на неговата група ...

Емотивен свадбен момент ќе ви ги насолзи очите. Грејс Миксон го изненади татко си, носејќи ја венчаницата на својата покојна мајка на најважниот ден од нејзиниот живот. Првиот поглед на таткото кон ќерката беше овековечен со видео кое стана хит на социјалните мрежи. Во него, Чед Миксон се врти и ја гледа Грејс во фустанот во кој тој стапи во брак со покојната сопруга во 1997 година. „Ти реков дека нема за што да се грижиш“ – вели невестата во ...

Македонија ќе прескокне уште едно издание на Евровизија. Нашата земја нема да учествува на европскиот музички натпревар и следната 2025 година. Националната телевизија МРТВ го објави буџетот за 2025 година и таму не се предвидени средства за учество на Евровизија. Ова е трета година по ред да не испратиме наш претставник. МРТВ продолжува да обезбедува учество на нашата земја на детската Евровизија, бидејќи за ова натпреварување не се потребни ...

Павле Камилоски за првпат се претстави на Макфест. Талентираниот пејач, кој е нарекуван и македонскиот Френк Синатра, настапи на сцената со песната „Дали можам“. На ревијалната вечер од манифестацијата, тој беше придружуван од сопругата Ирина Дишовска, која е бремена со нивното второ дете. Шармантната планинарка носеше црн припиен фустан и сако со пулејки. Видео од настапот на Павле со „Дали можам“: Фото: Ивона Кочов / Femina.mk Нема слични ...

Антониа Гиговска со моќна балада допира до многу фанови. 23-годишната пејачка го објави спотот за песната „Жена“ со која се претстави синоќа на Макфест и за која доби многу аплаузи. Музиката и аранжманот ги потпишува Лазар Цветкоски, а за текстот на песната тој соработуваше со неговата сестра Магдалена Цветкоска. Во видеозаписот Гиговска се појавува со нов имиџ со кратка коса и заведува во смела црвена креација. Нема слични статии. Види повеќе ...

„Музиката има силно влијание, може да нè смири, да ни ја врати силата и да нè расположи. А Уметничкиот совет за ова 39-то издание избра музика која ќе ви ја исполни душата со радост, топлина и една убава полетна енергија“ – со овие зборови синоќа беше најавена ревијалната вечер на 39-тото издание на „Макфест“. Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ечеа нови песни со голем потенцијал да станат нови музички хитови. Имено, на финалето на ...

Елена Ристеска за првпат во 22-годишната кариера се претстави на „Макфест“ во улога на пејачка. 38-годишната македонска ѕвезда дебитираше со „Ме боли за сè“, а изведбата на сцената ја започна седејќи на фотелја. Несекојдневна фризура, кул очила за сонце, масивен златен накит... Талентираната артистка изгледаше модерно во стајлинг со виолетов костум и краток топ. За „Ме боли за сè“, Ристеска подготвува и спот. Фото: Ивона Кочов / Femina.mk Нема ...

Не стивнуваат комплиментите за Антониа Гиговска по нејзиниот настап на „Макфест“. На популарниот Фестивал на забавни мелодии, 23-годишната пејачка се појави во впечатлив стајлинг со креација од Era Angela која го истакна нејзиното витко тело. За уште позапаметлив изглед, таа додаде ефектно ланче и ракавици споени со марама тип качулка. Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, Антониа се претстави со моќната балада „Жена“, која деновиве ја ...

Како искусни „домаќини“, Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски и годинава ја предводеа манифестацијата „Макфест“. Водителското дуо глатко ѝ помагаше на публиката да навигира од песна до песна и да дознае кои се најдобрите кои ќе ги видиме и вечерва заедно со повеќе истакнати македонски артисти. Марјана шармираше на сцената во црвено-бежова креација која асоцираше на фасцинантни корали додека Димитар носеше отмено сино одело со суптилен ...

Во рамките на Сениор Фест, во Подгорица се одржа една поразлична модна ревија. На модното шоу дефилираа пензионери од дом за стари лица и освојуваа симпатии додека самоуверено чекореа на пистата. Презентирани беа модели од колекцијата „Јованка Броз“ на познатата модна дизајнерка Сека Мартиновиќ, а најстариот „манекен“ имаше 93 години. „Имав малку трема со оглед на тоа што ме боли ногата, па се плашев да не потклекнам. Но, мислам дека сè беше во ...

Претстојната 2025 година ќе ни донесе помалку продолжени викенди од годината којашто изминува. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои викенди ќе бидат продолжени за да можете однапред да ги испланирате вашите патувања, авантури, семејни или пријателски дружби... (Кликнете на сликата за да ја видите во зголемена верзија) (Забелешка - Неработните денови одбележани со задебелени букви всушност се и продолжени викенди.) За сите граѓани на ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
75%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
76%
1025
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.31
90%
1025
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.84
67%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
100%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
72%
1025
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
71%
1027
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
91%
1024
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
93%
1025
Currency

61.535

Currency

59.0629

Currency

73.4764

Currency

36.8193

Currency

40.9769

Currency

64.9615

Currency

8.22229

Currency

0.60111

Currency

0.38204

Currency

0.52331

Currency

1.64873

Currency

0.68308

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73