Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Во семејството на Фахрие Евџен и Бурак Озчивит имаше нов повод за славење. Нивното синче Керем наполни две години. Славните турски актери му организираа роденденска забава на слаткото момче, а истата беше со тема диносауруси. „Мојот КЕРЕМ. Мојот син со мирис на цвеќе, мојот скапоцен... Те сакам многу“ – напиша Фахрие во описот на фотографиите. Ѕвездите од турските серии „Кога лисјата паѓаат“ и „Величествениот“ стапија во брак во 2017 година. ...
Едина Муса му посака добредојде на овој свет на синчето Максим. 33-годишната спортистка на Instagram објави дека стана мајка. Таа го доби своето прво дете со сопругот Александар Димитровски-Мачка. Веднаш почнаа да се редат честитки за среќните родители на социјалните мрежи. Пред неколку дена, Едина и Александар објавија фотографии од трудничка фотосесија на која таа го покажа големото трудничко стомаче. „Ова не се само слики…ова се моменти кои ...
Ејсап Роки беше ослободен од сите обвиненија поднесени против него и нема да ги помине следните 24 години во затвор. По читањето на пресудата, 36-годишниот рапер се фрли во прегратката на својата девојка Ријана со којашто има две деца. 36-годишната пејачка плачеше од среќа во судницата додека го прегрнуваше Роки. Против него беше поднесено обвинение дека во центарот на Лос Анџелес пукал со полуавтоматско огнено оружје во својот поранешен ...
Кортни Кокс ја одведе својата ќерка Коко на одмор во Австралија за заедно да уживаат во убавините на песочните плажи и бистрите океански води. 60-годишната актерка, која ќе остане запаметена по улогата на Моника во „Пријатели“, го покажа своето тонирано тело во црни бикини и освои многу комплименти од обожавателите. 20-годишната Коко, која Кортни ја има од бракот со Дејвид Аркет, носеше колоритни бикини. Дуото мајка-ќерка ги впиваше сончевите ...
Дарко Ангеловски-Шаби го изговори судбоносното „ДА“. Македонскиот одбојкарски репрезентативец стапи во брак со саканата Меги, на која ѝ приреди новогодишно изненадување запросувајќи ја за време на авионски лет Среќните младенци објавија фотографии од денот кога се заколнаа на вечна љубов. „Моментиште“ – напиша Шаби. Погледнете го и моментот на запросувањето: View this post on Instagram A post shared by DarkAngel (@shabskiot) Нема слични ...
Светот се збогува со Франческо Ривела. „Таткото на Nutella“ го напушти овој свет на 97-годишна возраст, на Денот на вљубените, 14 февруари 2025 година. Ривела го помина најголемиот дел од својот живот во експериментирање со состојките и одигра клучна улога во развивање на иконски производи како Kinder и Ferrero Rocher. Франческо студираше броматологија пред да се вработи во Ferrero во 1952 година. На 25-годишна возраст, тој започна да работи во ...
Џејсон Момоа и Адрија Арјона за првпат се појавија како пар на јавен настан. На концерт за 50-годишнината на „Saturday Night Live“ во Њујорк, 45-годишниот актер беше придружуван од 32-годишната Порториканка. Арјона изгледаше атрактивно во краток фустан од Ferragamo. Парот присуствуваше на уште еден настан по повод 50-годишнината на SNL. Овој пат, тие шармираа во елегантни стајлинзи. Момоа претходно 16 години беше во брак со 57-годишната Лиса ...
Селена Гомез и Бени Бланко го создадоа своето прво заедничко авторско дело. Славната пејачка и нејзиниот вереник на објавија песната „Scared Of Loving You“, чиј текст го напишаа заедно. Видеозаписот се состои од нежни моменти помеѓу Селена и Бени. Баладата „Scared Of Loving You“ ќе биде дел од претстојниот албум на Гомез и Бланко насловен „I Said I Love You First“. „Албумот ја слави љубовната приказна на парот - пред да се запознаат, како се ...
Елена Ристеска настапи заедно со Милица Павловиќ на нејзиниот концерт во СЦ Јане Сандански. На музичкото шоу кое се одржа на Денот на вљубените, македонската пејачка настапи облечена во розово од глава до пети. Модерниот сако-фустан Елена го надополни со складни хулахопки и салонки. Нејзиниот стајлинг беше комплетиран со накит од Chapter03. Елена и Милица ја изведоа „Нинанајна“, песната со која Ристеска нè претставуваше на Евровизија во 2006 ...
Милена Радуловиќ им се придружи на светски познатите ѕвезди присутни на овогодишното Берлинале. 30-годишната српска актерка заведуваше во креација од Марија Тарлаќ на црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. На прикажувањето на филмот „A Complete Unknown” со Тимоти Шаламе, таа беше поканета од Армани, чија шминка го разубавуваше нејзиното лице. Милена сними едиторијал за Buro. Србија инспириран од стилот на оперската пејачка ...
Вера Ванг не се откажува од младешките стајлинзи и во осмата деценија од животот. 75-годишната дизајнерка присуствуваше на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон и повторно доби коментари за изгледот. Додека едни коментираа дека не ѝ доликува да се облекува така и дека изгледа уморно и остарено, нејзините следбеници на Instagram ја опсипаа со комплименти. Погледнете ги фотографиите кои таа ги сподели на Instagram. „Колкава разлика прават ...
Кајли Џенер му е силна поддршка на своето момче Тимоти Шаламе. 27-годишната риалити ѕвезда можеби го прескокна појавувањето на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), но затоа седеше до 29-годишниот актер и му ја држеше раката за време на манифестацијата. Кајли носеше секси винтиџ креација со гол грб креирана во 1995 година од британскиот моден дизајнер Џон Галијано. Тимоти ...
Тамара Тодевска и Стефан Лазаров имаат заедничка песна. 39-годишната пејачка и 27-годишниот јутјубер и водител ја објавија песната „Патишта“, заедно со спотот за истата. Текстот за песната е дело на Марко Маринковиќ-Слаткар, кој работеше и на музиката заедно со Лазаров и Васил Ангелов. „Песната ја посветивме на наши драги луѓе кои веќе не се со нас, но исто така се осврнавме и на сите луѓе кои сакаат да живеат во животи туѓи…“ - велат Тамара и ...
Деми Мур не го пропушти доделувањето на наградите БАФТА. На манифестацијата, таа беше номинирана во категоријата Најдобра актерка за улогата во „The Substance“. На црвениот тепих во Лондон, 62-годишната актерка зрачеше со гламур во впечатлива креација со разголен грб. Фустанот кој доаѓа од ателјето на Александар Меквин, Мур го искомбинира со обувки од Кристијан Лобутин и накит од De Beers. За жал, Деми не успеа да ја освои посакуваната награда. ...
Во „Клиника Жан Митрев“ шест прекрасни бебиња донесоа неопислива радост и возбуда. Медицинскиот тим, кој со посветеност и љубов се грижеше за мајките и новороденчињата, не го криеше своето воодушевување. Лекарите, сестрите и акушерките со гордост сведочеа на овие први моменти од животот, исполнети со топлина и надеж. „Особена чест и задоволство ни е што нашиот искусен тим гинеколози акушери, педијатри, анестезиолози и неонатолошки сестри денеска ...
Белодробна емболија претставува болест која се карактеризира со згрутчување на крвта кое го блокира, запира протокот на крв во белодробните артерии кои ги снабдуваат белите дробови. Во повеќето случаи, згрутчувањето на крвта започнува во длабока вена на ногата и патува до белите дробови, и тогаш зборуваме за венски тромбемболизам. Но постои белодробна емболија која настанува ин ситу, без претходна длабока венска тромбоза и тогаш најчесто се ...
Психолог, психијатар или психотерапевт…? Каде треба да се обратам? Кај кој од овие профили треба да го барам решението за мојот проблем? Што доколку погрешам при изборот? Овие дилеми се многу чести кога станува збор за третирање на состојбите со психата и проблемите околу неа… Поимите се слични, но во пракса доста различни. Токму поради тоа, тие треба да се објаснат и да се укаже на разликата помеѓу нив со цел правилен и успешен третман на ...
Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка ги бројат деновите додека да го добијат своето прво заедничко дете. Поранешните македонски кошаркари снимија фотосесија пред нивното малечко чедо да дојде на овој свет. 33-годишната спортистка, која е во 40-тата недела од бременоста, позираше со разголен стомак додека нејзиниот сакан нежно ја галеше. На фотографиите се појавува и нивното куче. Парот очекува синче кое ќе се вика Максим. „Ова не се само ...
Кејт Хадсон зрачеше со сексапил на премиерата на „Running Point“ во Лос Анџелес. 45-годишната актерка заведуваше во металик креација со разголено деколте и шлицеви додека со вереникот Дени позираше пред фоторепортерите. Фустанот во шампањ нијанса доаѓа од Роберто Кавали, а Кејт го искомбинира со сандали од Џими Чу. Парот си разменуваше бакнежи на синиот тепих во Египетскиот театар во Холивуд. Кејт и Дени се верија во септември 2021 година, три ...
Планирате да останете дома со саканиот на Денот на вљубените или пак сакате да се релаксирате сами на каучот? Гледањето романтичен филм е идеален начин за да ја прославите љубовта без разлика дали сте во врска или сте сингл овој 14 февруари. Точно е дека голем е изборот на најдобрите филмови за Свети Валентин, па затоа ви подготвивме листа со која нема да погрешите. Еве кои филмови ќе ви ја покажат моќта на љубовта и вреди да ги гледате денес: ...
Викторија и Дејвид Бекам денес го слават Св. Валентин. За да го одбележат Денот на вљубените, славните партнери споделија романтични фотографии и кратки пораки. 49-годишниот поранешен фудбалер објави фотографија на која со Викторија се облечени во спортска облека. „Среќен Св. Валентин. Те сакам“ – напиша тој. 50-годишната дизајнерка, пак, објави фотографии од заедничка фотосесија снимена од фотографското дуо Инез и Винут. „Те сакам премногу“ – ...
Родители добија изненадување од четирите деца кое ги насмеа до солзи. Тонија Ван Хаутен со нејзините две сестри и братот пресоздадоа смешна фотографија од нивното детство и им ја подарија на родителите за 50-годишнината од нивниот брак. Оригиналната фотографија била направена во фото-студио пред 34 години, а тие сега се обидоа да ја рекреираат во слична облека како пред три децении. „Јас и моите сестри и брат бевме на возраст од 5 9, 14 и 16 ...
Моника Белучи негува блиска соработка со брендот Cartier, па токму затоа не го пропушти најновиот настан на компанијата во Дубаи. 60-годишната актерка изгледаше сензационално во атрактивна креација со чипка, која одлично ги истакна нејзините облини. На свеченоста, Белучи беше придружувана од својот партнер Тим Бартон. Претходно, тие заедно присуствуваа на ревијата на Долче и Габана во Париз. Моника и Тим за првпат беа фотографирани заедно на ...
Владо Георгиев го одбележа 7-миот роденден на ќеркичката Елена со специјална објава. Српскиот пејач, кој речиси никогаш не споделува приватни семејни моменти на социјалните мрежи, сега објави слатки фотографии со неодоливата славеничка. „Мојата Елена денес наполни 7 години. Мој мал живот и една питома татина трошка. Моја љубов“ – напиша тој. Фотографиите се направени на негов концерт во Сава Центарот. Покрај Елена, Владо има уште една ќеркичка ...
Бјанка Балти не ја крие својата ранлива страна и ја споделува својата приказна со целиот свет. Италијанската манекенка, која неодамна заврши со примањето на хемотерапии поради рак на јајниците, сега заблеска во вистинско светло. На фестивалот „Сан Ремо“, Балти се појави во неколку гламурозни креации. 40-годишната ѕвезда од кампањите на Долче и Габана ја покажа својата ќелава глава и лузната од страшната операција на стомакот. Светло сината ...
Шакира ја започна својата нова светска музичка турнеја, насловена „Las Mujeres Ya No Lloran“ според нејзиниот најнов албум. Својот прв концерт, 48-годишната пејачка го одржа во Рио де Жанеиро. На сцената, Шакира изведуваше хитови како „Hips Don't Lie“, „She Wolf“, „Waka Waka“ и „Whenever, Wherever“, а изгледаше фантастично во атрактивни креации од Zuhair Murad, Gaurav Gupta и Jawara Alleyne. Шакира ја изведе и песната „Acróstico“, придружувана ...
Ед Вествик и Ејми Џексон наскоро ќе го добијат своето прво заедничко детенце. Холивудскиот заводник од серијата „Gossip Girl“ присуствуваше на галата British Asian Trust заедно со неговата сопруга која го истакна големото трудничко стомаче во гламурозна креација. 32-годишната актерка и модел моментално е во последниот триместар од бременоста. Ед и Ејми стапија во брак во август минатата година во Италија. Нема слични статии. Види повеќе » ...
Принцезата Софија и принцот Карл Филип ги споделија првите фотографии од новородената ќерка и го објавија нејзиното име. Девојчето, кое се роди на 7 февруари во Стокхолм, го доби името Инес. На првите фотографии од неа објавени од шведскиот кралски пар, Инес мирно спие во прегратката на своите тројца поголеми браќа - принцот Александар, принцот Габриел и принцот Јулијан. „Испадна дека се совршениот мал квартет. Голема и топла благодарност за ...
Зои Салдана имаше слатка придружба на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара. 46-годишната актерка на настанот се појави со трите мали синчиња и сите заедно позираа на црвениот тепих. Многумина коментираат за сличноста меѓу ѕвездата од филмот „Emilia Perez“ и трите мали момчиња. „Дали неговите гени воопшто се обидоа?“, „Изгледаат исто како неа (особено двете поголеми деца)“, „Wow, добра генетика“, „Двете поголеми деца се исти како неа“, ...
Поголемата ќеркичка на Мерјем Узерли наполни 11 години. Познатата турска актерка, која несомнено ја паметите по улогата на Хурем Султан во серијата „Величествениот“, ѝ организираше домашна забава на слатката Лара. На фотографиите, Мерјем и Лара се облечени во дуксерки со куче, а таква е и тортата. Помалата ќеркичка на Узерли изгледа преслатко во колоритно фустанче. „Ох Боже, 11 години. Зборовите не можат да опишат колку те сакам. Ми помогна да ...