Со голема прослава во Белград беше одбележана 35-годишнината од постоењето на Melos Estrada. На забавата се собраа многу славни личности, меѓу кои беше и Јелена Томашевиќ. 41-годишната српска пејачка изгледаше занесно во долг цветен фустан, кој го надополни со розова јакна. Таа објави фотографии и му честиташе на директорот на „Melos“, Бане Обрадовиќ. „Драг Бане, среќен да ти биде овој голем јубилеј и нека е на здравје“ - напиша музичката ...

Видео од детенце, кое се расправа со мајка си бидејќи таа не му дава повеќе маслинки, ќе ве насмее. Во него, малото момче ѝ се „заканува“ дека ќе си купи нова мајка и дека ќе повика полицаец доколку не му дозволи да јаде уште маслинки. Погледнете ја снимката која стана хит: По распространувањето на видеото, беше објавена уште една снимка во која истото момче ѝ се умилкува на мајка си, велејќи ѝ дека не е лоша, туку умна мајка, која го гушка и го ...

Настанот по повод 35-годишнината од постоењето на Melos еstrada ги собра најпознатите имиња од српската естрада во Белград. Саша Ковачевиќ и неговата девојка Зорана им се придружија на бројните славни личности на црвениот тепих. 39-годишниот пејач изгледаше елегантно во модерен костум додека чекореше рака под рака со својата партнерка. @sashakovacevic Veliko nam je zadovoljstvo što smo bili deo ove divne proslave! Mom dragom Banetu, kao i Melos ...

Деми Мур направи вистински моден погодок на балот МЕТ. Во склоп со овогодишната тема и дрес-кодот „Tailored for You“ (Скроено за тебе), кој ја слави машката облека и класичните костуми, славната актерка избра мошне невообичаена креација. Фустанот, кој е дело на модната куќа Thom Browne е инспириран од машката вратоврска и претставува вистинско ремек-дело на високата мода. За неговата изработка биле потребни дури 7.600 часа рачна работа, а ...

Жељко и Јована Јоксимовиќ беа дел од познатите српски парови на настан по повод 35-годишнината од постоењето на Melos Estrada. На прославата организирана од најуспешната фирма за менаџирање и организирање на настани во Белград, 44-годишната водителка и 53-годишниот пејач се појавија во елегантно издание. Јована изгледаше атрактивно во мини фустан кој ѝ ги истакна долгите тонирани нозе. Таа сподели фотографии од настанот на Instagram. Јована и ...

Дуа Липа и Калум Тарнер за првпат заедно се појавија на балот МЕТ. Пред Музејот на уметностите „Метрополитен“, 29-годишната пејачка и 35-годишниот актер зачекорија во елегантно издание и изгледаа заљубено и среќно. На раката на Дуа блескаше вереничкиот прстен со кој Тарнер ја запроси на Божиќ. Популарната музичка ѕвезда со косовско потекло носеше делумно проѕирна креација од Шанел и складни ракавици. Липа и Тарнер започнаа да се состануваат во ...

Во Лондон започна одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна. По повод Денот на победата во Европа, се одржа воена поворка со 1.300 припадници на вооружените сили и НАТО сојузниците. Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со трите деца им се придружија на кралот Чарлс и кралицата Камила на настанот пред Бакингемската палата. Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи седеа покрај своите родители ...

Ева Лонгорија шармираше на роденденската забава за Дејвид Бекам. 50-годишната актерка зрачеше со харизма во сина креација додека за рака со сопругот Хозе Пепе Бастон пристигнуваа на гламурозната прослава во Нотинг Хил, Лондон. Елегантниот фустан на Ева доаѓа од ателјето на нејзината добра пријателка Викторија Бекам. Ева има многу блиски односи со семејството Бекам. Таа е кума на Харпер - најмалото дете на Дејвид и Викторија. Нема слични ...

Доколку се имате породено со Царски рез, треба однапред да бидете подготвени дека ќе ви биде потребна помош да се грижите за себе и за вашето новороденче. Разговарајте за ова со вашиот партнер, родителите или пријателите. Што да очекувате по напуштањето на родилиштето? Нега на раната Физичка активност Станувањето и шетањето во домашни услови ќе ви помогнат да заздравите побрзо и може да помогне да се спречи згрутчување на крвта. По 4 до 8 ...

Дејвид Бекам зачекори во шестата деценија од својот живот. По повод својот 50-ти роденден, згодниот поранешен фудбалер направи голема забава за семејството и пријателите во Кенсингтон, Лондон. На неа присуствуваа неговата сопруга Викторија и три од неговите четири деца. Синот Бруклин не беше присутен на прославата, што дополнително ги засили шпекулациите дека има несогласувања помеѓу нив. Синовите на Девид и Викторија, Ромео и Круз, изгледаа ...

По долги години пауза, повторно ќе имаме наша претставничка на изборот за Мис на светот. Чарна Навзати беше избрана да ја претставува нашата земја на манифестацијата која годинава ќе се одржи во Телангана, Индија. „Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна ...

Принцезата Шарлот зачекори во втората деценија од својот живот. Единствената ќерка на принцезата Кетрин и принцот Вилијам го прослави 10-тиот роденден. Британскиот кралски пар го одбележа овој специјален ден со објавување фотографија направена во „Lake District“ од страна на принцезата Кетрин. „Среќен 10-ти роденден на принцезата Шарлот“ – стои во описот. Речиси секогаш, Кетрин ги потпишува роденденските портрети на нејзините деца. Покрај ...

Калвин Харис и Вик Хоуп наскоро ќе станат родители. 41-годишниот диџеј и неговата 35-годишна сопруга го очекуваат нивното прво дете, а убавата вест беше откриена откако Вик ја водеше својата радио емисија со пораснато трудничко стомаче. Потоа, Вик сподели и фотографии на Instagram на кои се гледа дека е во блажена состојба. Калвин и Вик започнаа да се состануваат во јануари 2022 година, а на 9 септември 2023 година стапија во брак. Парот сè уште ...

Ќерката на Тамара Тодевска наполни 9 години. По тој повод, македонската пејачка ѝ организираше роденденска забава со другарчиња на славеничката Хана која беше облечена со шарена блуза складна со тортата и здолниште со тул. Хана одлично се забавуваше со поканетите деца на музиката на диџеј Боно. Тамара сподели фотографии и видеа на својот профил и напиша: „Среќна да си мајкина. Те сакам“. View this post on Instagram A post shared by Tamara ...

Мај пристигнува како месец на значајни контрасти и длабоки промени за сите знаци. Започнуваме под стабилното, сензуално влијание на бик, при што фокусот е на градење сигурност, вреднување на она што го имаме и уживање во опипливите задоволства на животот. Сепак, под површината врие интензитет. Почетокот на ретроградното движење на Плутон во водолија на 4 мај нè повикува на длабоко преиспитување на моќта, контролата и трансформативните процеси во ...

Викторија Бекам со забава прослави за својата соработка со брендот OUNASS, за кој создаде ексклузивна капсулна колекција. На свеченоста во Дубаи, 51-годишната дизајнерка ја имаше покрај себе 13-годишната ќерка Харпер. Двете дами блескаа во стилски координирани стајлинзи со креации од ателјето на Викторија. Поранешната членка на Spice Girls сподели и видео со својата наследничка. @victoriabeckham Getting ready for my @Ounass dinner in Dubai with ...

Велигденски десерт кој изгледа како вистинско мало гнездо е совршен додаток за празничната трпеза. Направен од крцкаво лиснато тесто, наполнето со чоколаден крем и украсено со чоколаден шлаг и мини јајца… ова слатко задоволство инстантно ќе стане хит кај вашите гости. Постапката е лесна и едноставна. Премачкајте го лиснатото тесто со чоколаден крем и одгоре поставете уште еден слој лиснато тесто. Исечете го на долги ленти и истите вртете ги и ...

Велигден е на прагот. Во домовите веќе се прават подготовки за бојадисување на велигденските јајца, а многумина од нас сакаат секоја година да внесуваат нова свежина и интересна декорација. Во продолжение погледнете интересни идеи за бојадисување на јајцата на поприроден начин. Со златни детали Сварете бели јајца и истите премачкајте ги со белка од јајце. Земете златна фолија и истата разнесете ја по рацете, а потоа поминете врз целото јајце. ...

Април доаѓа со свежина што се чувствува длабоко – не само во воздухот, туку и во срцето. Планетарната сцена се смирува, а универзумот ни шепоти: време е да се ослободиме од застои и да зачекориме со самодоверба кон новите можности. На 7 април Меркур го прекинува своето ретроградно движење во риби, носејќи ментална јасност, подобра комуникација и емоционална интелигенција. Ситуации кои ни беа конфузни сега добиваат нов тек. Интуицијата ни се ...

Трагедијата во Кочани ја потресе целата земја и регионот, а особено ги засегна родителите. Од Министерството за образование и наука испратија насоки до мајките и татковците за соодветно реагирање во вакви ситуации. Како родител, природно е да се чувствувате вознемирени и несигурни како да разговарате со вашето дете за кризната состојба на која моментално сме сведоци. Важно е да знаете дека децата се вртат кон своите родители/негуватели за ...

Родители цела бременост криеле од најблиските дека очекуваат близнаци и ги изненадиле по нивното раѓање. Лу Мороз и нејзиниот сопруг Алекс ја снимија реакцијата на една од бабите на близнаците и таа стана вистински хит. „Нашата ГОЛЕМА ТАЈНА е откриена. Тајната која ни било најтешко да ја чуваме за да ја видиме реакцијата на нашето семејство. Сè вредеше“ – напишаа тие. @majicallynews Not sure how they pulled this surprise off, but grandma’s face ...

Започнува сезона на ретроградни движења и еклипси. Март носи динамична астролошка сценографија, исполнета со огнена енергија, ретроградни пресврти и судбоносни промени. Со ретроградното патување на Венера и Меркур, ова е време за љубовни преиспитувања, враќање на недовршени разговори и бивши љубовници и анализирање на стари емоции. Полната месечина во девица на 14 март, заедно со тоталната лунарна еклипса, ќе осветли области во нашиот живот каде ...

„La fea más bella“, или кај нас позната како „Грдата Лети“, беше дел од многуте мексикански теленовели кои пред две децении се емитуваа на нашите телевизиски канали. Доколку ја гледавте оваа серија, сигурно се сеќавате на главната актерка која влезе во улогата на Лети. Протагонистката беше актерката Анхелика Вале. 49-годишната Мексиканка синоќа присуствуваше на доделувањето на наградите „Premio Lo Nuestro“. На розовиот тепих во Мајами, таа се ...

Јана Серафимова и нејзиниот сопруг Горан Петровски од првиот ред го следеа доделувањето на наградите Златна бубамара на популарноста. Во арената „Борис Трајковски“, убавата водителка изгледаше одлично во кратко црно фустанче, кое го надополни со впечатлив накит, бунда и обувки со леопардски принт. На сцената, Јана им ги врачи двете награди на членовите од групата Меморија, кои и настапија на сцената. ТВ снимка од манифестацијата ќе се емитува на ...

Талија Соди заведуваше на розовиот тепих на доделувањето на наградите „Premio Lo Nuestro“ во Мајами. 53-годишната мексиканска пејачка и актерка, кај нас позната по улогата на Росалинда во истоимената мексиканска теленовела, го истакна својот сексапил во блескава креација од високата мода на брендот JoliPoli. Талија влезе во улога на презентерка на една од наградите, а на сцената настапи со две песни, од кои на една заедно со Вил Смит и Диџеј ...

Казухиро Котецу повторно ја посети Македонија. Јапонскиот оперски пејач пристигна во нашата земја за да присуствува на најновото издание на Златна бубамара на популарноста. На синоќешната манифестација, Котецу, кој редовно изведува врвни македонски песни, беше прогласен за Амбасадор на македонската култура за 2024 година. Наградата нему му беше врачена од Игор Џамбазов. Како голем љубител на делата на Јонче Христовски, Котецу ја отпеа „Ако умрам ...

Синоќа, Калиопи Букле беше најголемиот победник на 28-мото издание на Златна бубамара на популарноста. 58-годишната музичка дива доби три награди и со својот моќен глас отпеа повеќе свои хитови. Нашата музичарка се закити со Златна бубамара за најдобра Пејачка, Албум и Поп концерт за 2024 година. На сцената во преполната арена „Борис Трајковски“, Калиопи се појави во зелен костум и ја одушеви публиката со изведба на „Бато“, „Остани мој“, „Дона“, ...

Сузана Спасовска беше дел од специјалните гости на синоќешното 28-мо издание на Златна бубамара на популарноста. 60-годишната фолк пејачка од првиот ред го проследи забавното шоу и се закити со награда за Трајни музички вредности. Спасовска настапи на сцената и беше наградена со громогласен аплауз од публиката за изведбата на песната „Судбо моја“. Таа носеше елегантна црвена креација со наметка. Фотографии: Благоја Цоканов / Femina.mk Нема ...

Дарио Панковски синоќа се закити со специјална награда. Македонскиот пејач, кој неодамна ја прослави 40-годишнината од започнувањето на музичката кариера, сега беше награден со Златна бубамара за трајни вредности. На манифестацијата во „Борис Трајковски“, 62-годишниот музичар настапи на сцената облечен во стајлинг со впечатливо црвено сако. Неговите хитови „Дупла вотка“, „Дај да заспијам“ и „Косоока“ ечеа во преполната сала и ги размрдаа сите ...

Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка вчера го добија првото заедничко бебенце. Поранешната македонска кошаркарка ја сподели првата фотографија со новороденото синче Максим за да се заблагодари на многуте честитки кои ги прими. „Дечки фала ви за честитките, со Максим сме супер фала му на Бога. Фала ви на сите што одвоивте време да ми пишите/јавите. Ми значи“ – напиша Муса. Ова е прво дете за Муса, додека Александар има уште две деца од ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
80%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
61%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.53
92%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
85%
1017
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
79%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
93%
1020
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 8ᴼ
0.45
72%
1017
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
94%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793