Кејт Кесиди тагува по саканиот Лиам Пејн. 25-годишната девојка беше фотографирана во Лондон за првпат по погребот на пејачот од One Direction. На фотографиите, Кејт плаче додека седи во кафетерија, а потоа пешачи низ улиците на Лондон со кафето во рацете. Кејт и Лиам беа во врска две години и планираа да стапат во брак, но ненадејната смрт на пејачот ги уништи нивните планови. Пејн беше пронајден мртов на 31-годишна возраст по пад од балкон во ...

Брус Вилис го помина Денот на благодарноста со своите најмили. Неговите ќерки Скаут и Талула споделија ретки фотографии од актерот додека тој води битка со деменцијата, а неговото здравје се влошува. 33-годишната Скаут и 30-годишната Талула нежно му се смеат, го галат и прегрнуваат 69-годишниот легендарен актер, а тој им возвраќа со насмевка. Во рацете, Брус држи плакета со натпис: „Најдобриот татко“. „Благодарни“ – стои во описот на ...

Анџелина Џоли е ѕвездата која ја краси корицата на декемвриското издание на „Вог“ Мексико. 49-годишната актерка сними едиторијал за списанието и изгледаше фантастично додека позираше пред објективот на фотографот Дан Мартенсен. На една од фотографиите, холивудската убавица покажува дел од големата тетоважа на својот грб. Џоли моментално го промовира филмот „Maria“, во кој ја портретира легендарната оперска пејачка Марија Калас. Видео интервјуто ...

Многумина од вас сигурно се сеќаваат на Руби. Злобната заводничка од истоимената теленовела нè држеше пред екраните пред околу 20 години, а сега сними фотосесија за Harper’s Bazaar Мексико. Актерката Барбара Мори заводливо позираше пред објективот на Иван Агуиире во модели од врвни модни куќи како Ferragamo, Prada, Jacquemus и Louis Vuitton. „Никогаш не сум носела брендови и работи кои се во тренд. Кога станува збор за облекувањето, сакам да ми ...

Сè е добро кога добро ќе заврши. Мајка, која беше клинички мртва цели 45 минути, се разбуди со веста дека роди тројка. Мариса Кристи воопшто не помнела дека ги роди трите ќеркички кога се разбуди една недела по породувањето. Таа помина низ многу ретка состојба наречена емболија на плодовата вода, која за малку не ѝ го одзеде животот. За среќа, нејзината состојба сега се подобрува и таа полека се адаптира на животот со четири мали деца. „Мојот ...

Ричард Гир ужива во брачниот живот со сопругата Алехандра Силва. 75-годишниот актер и неговата 41-годишна избраничка изгледаа вљубено на црвениот тепих во Мадрид. На доделувањето на наградите „Elle for Future“, елегантниот пар нежно си го галеше лицето и се смешкаше пред фоторепортерите. Алехандра носеше фустан извезен со рози додека Ричард избра класичен црн костум. Ова е прво нивно појавување на свеченост по преселбата во Мадрид. Парот ја доби ...

На Меѓународниот аеродром во Скопје деновиве има специјален гостин - терапевтското куче Дино. Доколку се плашите од летање, златниот ретривер ќе ве релаксира пред вашиот лет и ќе го направи вашето патување помалку стресно. Бројните посетители го галат Дино и си играат со него, а фотографии од овие моменти се објавени на социјалните мрежи на скопскиот аеродром. Драги патници, запознајте го Дино, нашиот нов дружељубив крзнен пријател, а во исто ...

Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина присуствуваа на премиерата на долгоочекуваниот филм „Воља синовљева“, кој се снимаше седум години. Познатиот српски пар пристигна на црвениот тепих во комплетно црни стајлинзи. Шармантната актерка ја истакна својата витка фигура во фустан со пердуви во делот кај градите, додека нејзиниот сопруг избра кадифено сако. Тамара и Петар, кои заедно глумеа во филмот „Тома“, пред речиси пет месеци го добија нивното трето ...

Ед Ширан има нова божиќна песна. На прагот од празничната сезона, 33-годишниот пејач го објави спотот за „Under the Tree“ којашто е снимена за новиот анимиран филм на Netflix, „That Christmas“. Во него, Ед се надева дека ќе си ја врати старата љубов. Прикажани се моменти во кои тој е сам vs. моменти од заеднички спомени со неговата сакана. „Оваа песна е напишана за лик од филмот кој сака да го помине Божиќ со татко му, но не може. Тоа е ...

Во Њуборн Клиника во Скопје секојдневно се нижат нови успешни приказни за раѓање на нов живот со помош на вештачко оплодување. Деновиве, од скопската клиника објавија фотографии од бебенце зачнато со инвитро постапка, кое одлично напредува. На фотографиите, докторката Татјана Гуржанова го прегрнува и бакнува малото девојче, а на една од нив прикажано е бебенцето опкружено со сите шприцови од инјекциите кои мајката морала да ги прими за да има ...

Јелена Томашевиќ беше специјална гостинка на вториот по ред Црногорски бал во Подгорица. На свеченоста, 41-годишната српска пејачка пленеше со шарм и елеганција во црна креација со долга наметка. Фустанот доаѓа од колекцијата висока мода есен/зима 2024 на дизајнерот Стефан Ѓоковиќ. „Овој прекрасен фустан од Стефан Ѓоковиќ совршено се вклопи во атмосферата на Црногорскиот бал во Подгорица. Ви благодарам на поканата да бидам дел од ваков културен ...

Меган Фокс ужива и во четвртата бременост. 38-годишната актерка, која го очекува првото дете со Машин Ган Кели, го истакна пораснатото трудничко стомаче на отворањето на празничната продавница на FWRD и REVOLVE во Лос Анџелес. Ова е прво појавување во јавност на ѕвездата од „Transformers“ по откривањето на веста дека е бремена. Меган нежно си го прегрнуваше стомачето додека позираше во продавницата. Таа носеше потполно проѕирен фустан во ...

Шеста година по ред, во dm дрогериите наместо посебни попусти за светски познатиот Black Friday, тие организираат Giving Friday - донираат 5% од вкупниот промет од сите dm дрогерии остварен на 29.11.2024 во хуманитарни цели! Black Friday во dm има сосема друг карактер! Наместо да се фокусира на специјални попусти и акции, dm шеста година ја менува традицијата и го насочува нашето внимание кон оние кои навистина имаат потреба. Овој петок, тие ...

Северина е вистинска суперѕвезда во „Суперстар“. 52-годишната пејачка, која е дел од жирито во музичкото шоу, изгледаше атрактивно во најновото издание од хрватското шоу. Таа носеше сина проѕирна креација со пердуви од модната дизајнерка Паула Миховиловиќ, којашто креира за Александар Меквин. За целосниот изглед на Северина се погрижила стилистката Катија Шимундиќ. Северина сподели фотографии од уште осум свои стилски изданија во популарното ...

Северна Македонија постигна голем напредок во однос на политиката поврзана со намалување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Но, треба да се направи уште за да се обезбеди ефективна имплементација на овие политики, а и за промена на општественото однесување. Ова беше заклучокот од дискусијата што беше организирана вчера на почетокот на годинешната заедничка кампања за 16-те дена активизам за елиминирање на насилството насочено ...

„Повеќе не постојат граници во медицината“ – ова е дел од изјавата на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев, која ја објави веста дека жена од Македонија го роди своето прво дете на 61-годишна возраст. Според информации од ГАК, пациентката имала 10 ин витро интервенции и 10 спонтани абортуси, пред да го добие своето мало чудо. Бебето Петар по раѓањето тежел 2,350 килограми бил долг 48 сантиметри, а ...

Кристина Стрезоска одушеви со својот најнов настап на „IDJ Show“. На сцената на регионалното шоу, младата Македонка ја изведе евровизиската песна „Proud“ од Тамара Тодевска. Кристина доби голем аплауз и пофалби од членовите на жирито. Погледнете го настапот: „Жал ми е што моравме да чекаме толку долго за ваков твој настап, но ми е драго што го дочекавме. Ова ти е сигурно најдобриот настап досега. Имаш голем распон на гласот, денес покажа ...

Лепа Брена однесе гламур на црвениот тепих во Палата Србија. На свеченоста „Elle Style Awards“ во Белград, организирана од списанието Elle, 64-годишната легендарна пејачка беше прогласена за Југословенска музичка икона. Брена во гламурозна темнозелена креација ја подигна наградата. Во својот стајлинг, музичката ѕвезда додаде и бела бунда. Српската пејачка објави фотографии и напиша: „Благодарна сум што го следите мојот пат“. Nagrada za ...

Ако честопати возраста ви е изговор за да не пробате нешто ново или за да не го правите она што го сакате, дозволете Дона Џин Вајлд да ви докаже дека годините се само обична бројка. 59-годишната мајка на 5 деца, која е баба на 12 внуци, го сруши Гинисовиот рекорд за најмногу склекови за 60 минути. Дона направи вкупно 1.575 склека, што е за 368 повеќе од претходниот рекорд. Ова е втор Гинисов рекорд срушен од неа. „Мојата порака е да верувате. ...

Каролина Гочева ја започна својата турнеја низ Германија. 44-годишната македонска пејачка го одржа својот прв концерт во Штутгарт и објави фотографии на социјалните мрежи за да им ја долови атмосферата на своите обожаватели. На сцената, Каролина шармираше во црна креација која го истакна нејзиното витко тело. „Не се враќаш“, „За година две“ и „Немир“ беа дел од песните со кои Каролина ја освојуваше публиката. Нема слични статии. Види повеќе » ...

Никола Перевски-Пере се радува на своето големо богатство. Пејачот од Нокаут позираше со своите четири ќерки и сопругата на роденденската забава на ќеркичката Софи. „Со моите 5 женски“ – напиша тој на фотографијата со сопругата Јована и ќерките Миа, Каја, Софи и Ирис. „Ти внесуваш сонце во моите денови и ме потсетуваш да го ценам секој момент. Твојата насмевка ја осветлува секоја просторија во која што си ти, а твоите прегратки го топлат моето ...

Александра Пријовиќ ја размрда македонската публика на концерот во Скопје, а имаше и специјална гостинка. Во арената „Јане Сандански“, на сцената со српската пејачка настапи и нашата музичка ѕвезда Тамара Тодевска. „Благодарам за почитта и поканата, моја драга Александра Пријовиќ. Преубаво искуство и вечер исполнета со многу љубов“ – напиша Тамара во описот на објавените фотографии на Instagram. Пријовиќ блесна во гламурозна златна креација, ...

Во светот на брзата храна, често се чини дека е тешко да се најдат здрави и органски опции кои не го оптеретуваат нашиот буџет. Но, со dmBio производитеод dm, можете да уживате во вкусни и хранливи оброци без да се грижите за цената бидејќи таа е СЕКОГАШ ПОВОЛНА! Замислете го следниот оброк: свежа салата со dmBio тофу, кое е богато со протеини и идеално е за вегетаријанци и вегани. Ова тофу не само што е органско, туку има УШТЕ ПОПОВОЛНА цена ...

Анџелина Џоли постојано нижи успеси и освојува фанови со улогата во новиот филм „Maria“ за кој научи да пее на чекор до шестата деценија од животот. 49-годишната актерка зборуваше за часовите по оперско пеење кои ги имала да потребите на филмот, а се отвори и за мајчинството во интервју за Good Morning America. Таа носеше креација од Ели Сааб. „Во филмот, Марија вели дека не постои живот надвор од сцената. Дали има нешто во твојот живот кое се ...

Ана де Армас е во нова љубовна врска. Славната актерка беше фотографирана во Мадрид со Мануел Анидо Куеста, кој му е посинок на претседателот на Куба. Парот си разменуваше бакнежи и се шеташе со нејзиното кученце Салса. 36-годишната филмска ѕвезда носи бело зимско палто, црни чизмички и чанта и шал од Луј Витон. Таа е родена во Хавана, Куба, а се преселила во Шпанија на 18-годишна возраст. Ана претходно беше во врска со Бен Афлек, со кого се ...

Девојче со церебрална парализа, кое мора да се движи со инвалидска количка, не можеше да си сокрие среќата кога виде дека постои барбика како него. Во видеото, 11-годишната Далас се радува кога мајка ѝ ќе ѝ покаже дека во продавницата се продава Барби во инвалидска количка со службено куче (куче за помош). Ова била прва таква кукла која тие ја пронашле во продажба. Погледнете: @discoverwithdallas Representation matters so much.. This was the ...

Во време кога дигиталниот свет ги потиснува традициите, а заборавот станува наша секојдневна реалност, македонскиот јазик добива нова форма на изразување преку уникатната колекција накит на Сташа Божиновска – ДУМА. Оваа колекција, создадена како дел од проектот „Азбучен споменар“, ги оживува архаизмите – подзаборавените македонски зборови – претворајќи ги во современа уметност. „ДУМА е посвета на македонскиот збор – неговата сила, убавина и ...

Љубовната приказна на Мичел и Џена слободно може да се најде на филмското платно. Парот стапи во брак во 2020 година откако тој добил потрес на мозокот и не се сеќавал дека раскинале еден ден претходно. Имено, пред четири години, во февруари, Џена одлучила да стави крај на врската Мичел. Следниот ден, тој бил на скијање, спорт кој го обожава. За жал, при скок со скиите, паднал на главата и имал потрес на мозокот поради кој изгубил дел од ...

Удобноста стана еден од најважните фактори при изборот на мебел, особено кога се во прашање гарнитурите. Со брзиот начин на живот нашиот дом станува место каде што бараме мир за да ги наполниме батериите за новиот ден, а гарнитурата го зазема централното место во тој процес. Но, како да изберете гарнитура која совршено одговара на вашите потреби за одмор? Опуштете се, процесот е всушност многу едноставен кога знаете што барате. Затоа, составивме ...

Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ однесоа гламур и елеганција на црвениот тепих во Белград. На свеченост организирана од три познати српски списанија, шармантниот пар позираше пред бројните фоторепортери и даде неколку изјави. Роквиќ, кој неодамна изоди 1.060 километри пешки за хумана цел, носеше комплетно црн стајлинг. Додека Бојана блескаше во светкава златна креација со висок шлиц. View this post on Instagram A post shared by Bojana Barovic ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1021
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
73%
1018
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.07
98%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
94%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.45
83%
1022
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -5ᴼ
1.54
77%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
2.57
70%
1018
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
87%
1024
Currency

61.535

Currency

58.7578

Currency

74.1765

Currency

37.2135

Currency

41.1889

Currency

65.5322

Currency

8.10475

Currency

0.68069

Currency

0.39247

Currency

0.5249

Currency

1.61105

Currency

0.67361

Алуминиум

2.64

Кобалт

30.86

Никел

15146.50

Рутениум

16171.83

Калај

33.27

Сребро

1020.85

Злато

93728.29

Бакар

9.01

Паладиум

29385.78

Платина

31183.74

Родиум

150304.74

Цинк

2.78