Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Откако привлекоа многу погледи кон себе на свадбата на Лорен Санчез и Џеф Безос, сестрите Џенер отпатуваа во Сен Тропе. Кајли и Кендал беа фотографирани додека се забавуваа со пријатели на песочната плажа. 27-годишната бизнисменка носеше бел костим за капење кој ѝ ја истакна фигурата на песочен часовник, додека нејзината 29-годишна сестра ги прекри бикините со проѕирно фустанче. Во изминатиот период, со својата тенка половина, Кајли поттикна ...
Филип Кузмановски го прослави својот 29-ти роденден уживајќи во убавините на Охридското езеро. Капитенот на македонската ракометна репрезентација дувна свеќичка на роденденската торта додека во прегратка го држеше своето мало синче Матијан. Неговата сопруга Моника сподели видео од слаткиот момент. Семејството беше во друштво на пријатели кои исто така му го честитаа роденденот на Филип. Филип и Моника стапија во брак во октомври 2019 година, а ...
„Мама Вероника моли за помош за предвреме родено бебе во 28 гестациска недела“ – стои во апелот на Ecrowd за спас на бебенце поставено на респиратор во критична состојба. Бебенцето има сепса предизвикана од бактерија Klebsiella pneumoniae, а било донесено на свет од мајка со тешка бременост со постојани крварења. Тоа се лекува на интензивна нега во Систина и сите собрани средства ќе бидат наменети за таа цел. За жал, родителите не можат да имаат ...
Софија Вергара уште повеќе ги засили гласините дека е во врска со бизнисменот Даглас Шабот. 52-годишната актерка, која минатата година се разведе со сопругот Џо Манганиело, беше „уловена“ од папараците во прегратката на Даглас. Ѕвездата од „Modern Family“ со широка насмевка се прегрнуваше со него во ресторан во Рим, Италија. Софија шармираше во фустан со цветен принт на вечерата, по која заедно со Даглас се упати кон хотелот во кој престојува. ...
Македон Димитровски повторно докажа дека е математички генијалец. Надареното момче, кое е нарекувано „чудо од дете“, освои пехар и медали на два интернационални турнири во Несебар, Бугарија, каде учествуваа 14 земји со 875 натпреварувачи. За учеството на интернационалниот турнир „Математика без граници“ и турнирот по алгебра „Лодовико Ферари“, неговиот татко Владимир напиша: Македон уште еднаш го прослави името на Македонија и го виореше ...
Одекна трагична вест во светот на спортот. Фудбалерот Диого Жота почина во сообраќајна несреќа во Шпанија. Спортистот од ФК Ливерпул го изгуби својот живот само две недели по свадбата со саканата Руте. Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), кој исто така е професионален фудбалер, кога излетале од автопатот А-52 на 65-тиот километар во близина на општината Паласиос де Санабрија. За жал, двајцата починаа. Диого и Руте стапија во брак на ...
Славеничка атмосфера владееше вчера во домот на Никола Мишковски. Неговата ќеркичка Калиа наполни 4 години. Популарниот шеф од „Брза кујна“ и неговата сопруга Стефанија организираа роденденска прослава за преслаткото девојче, кое оваа година си ја избра темата „Stich“. „Нашето мало чудо денес полни 4! Ти си нашата среќа во најслатка форма!“ – напишаа среќните родители. Минатиот месец, Никола привлече големо внимание со својата фитнес ...
Моника Милков, која Весна Петрушевска ја прими во домот како свое трето дете, вчера прослави роденден. По тој повод, македонската актерка и водителка сподели заеднички фотографии и емотивна порака. Драга Моника, Среќен роденден, моја најголема радост! Ти си светлината во мојот живот и најубавиот подарок што можев да го добијам. Ти посакувам здравје, среќа и успех во секој твој чекор. Биди секогаш насмеана и верувај во себе, бидејќи ти си посебна ...
Краткотрајното губење на свест познато како вазовагална или рефлексна синкопа е состојба која се случува заради невролошки индуциран пад на артерискиот крвен притисок или екстремно успорување на срцевата акција. Непосредно пред загубата на свест се јавува потење, промени во видот и зуење во ушите. Многу ретко, во тек на синкопата може да се јават неволни движења на скелетните мускули. Постојат неколку вида рефлексна синкопа и тоа: За време на ...
Никол Шерцингер наполни 47 години. Атрактивната пејачка, која во минатото беше дел од женската група Pussycat Dolls, сподели видеа во бикини и фотографии од роденденската прослава, па доби бројни комплименти од своите фанови. На видеото снимено на плажа, Никол напиша: „Луѓето родени во 2000 година полнат 25... Така и јас“, по што веднаш почнаа да се редат коментари: „Дефинитивно изгледаш помлада од 25 години“, „Со тоа тело изгледаш како 25 ...
Елена Ристеска викендов беше во Битола. 39-годишната пејачка изненади невеста на нејзината свадба и беше позитивно изненадена од атмосферата. За прославата на Ива и Иван, Елена се појави во шармантно издание со црно здолниште и розов топ кој наликуваше на голема панделка. „Во саботата бев изненадување за невестата на една прекрасна свадба во Битола. Млади и убави и двајцата, имињата им се Ива и Иван, атмосферата беше над очекувањата, се ...
Дуа Липа и Калум Тарнер уживаат на јахта во Италија. Парот, кој се вери изминатиот декември, беше фотографиран од папараците додека си разменуваше нежности на брегот на Амалфи. 29-годишната пејачка страсно го бакнуваше 35-годишниот актер само неколку недели откако ја потврдија свршувачката. Дуа го истакна атрактивното тело во црни бикини со точкест принт. Парот започна да се состанува во јануари 2024 година, а се вери на Божиќ истата година. ...
Ријана не запира со експериментирање со трудничкиот стил дури ни во третата бременост. 37-годишната пејачка беше магнет за погледи во црн фустан со исечоци на ревија во рамките на Париската машка модна недела. На модното шоу, Ријана го истакна трудничкото стомаче во креација од дизајнерот Рик Овенс. Музичката ѕвезда го придружуваше својот партнер Ејсап Роки. Во Градот на светлината и љубовта, ѕвездата од Барбадос беше фотографирана и во уште два ...
Јули ни носи вистински космички огномет, бидејќи планетите подготвуваат сцена за големи промени. Додека Сонцето плови низ нежните, сентиментални води на ракот до 22 јули, нашиот фокус е на домот, семејството и емоционалната сигурност. Сепак, под оваа мирна површина, се подготвува револуција. Месецот започнува со преминот на Венера, планетата на љубовта и задоволствата, во разговорливиот близнаци, внесувајќи повеќе флерт, леснотија и љубов преку ...
Ева Лонгорија ужива во летните денови заедно со своето семејство. 50-годишната актерка беше фотографирана во секси бикини на плажа во Марбеља, Шпанија. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ уживаше покрај синчето Сантијаго и сопругот Хозе Пепе Бастон, со кого си разменуваше нежности. Ева беше „уловена“ од папараците додека му помагаше на Бастон да си ја намести лонгетата на раката. Две недели претходно, брачните партнери беа фотографирани додека се ...
Мартија Станојковиќ шармираше на свадбена прослава. 21-годишната пејачка избра креација со мониста совршена за летните свечености која го истакна нејзиниот сексапил и ѝ ги откри тетоважите на грбот и рацете. Фустанот со длабоко деколте и гол грб доаѓа од Aries Aries кои објавија и видео од Мартија. View this post on Instagram A post shared by Aries Aries (@aries.official.2025) Станојковиќ беше дел од свадбената прослава на Марко и Ангела ...
Марко Маринковиќ-Слаткар не крие дека песната „Да полетам“ е приказна за неговото семејство и дека ја изведува со огромна љубов во чест на покојниот татко. Македонскиот рапер настапи со овој хит на концертот во Кисела Вода и не успеа да ги задржи солзите. Тој со емоции ги изведуваше стиховите и едвај ја заврши својата изведба. Погледнете видео: View this post on Instagram A post shared (@backstage_macedonia) Нема слични статии. Види повеќе » ...
Видео ја покажува човечноста и моќта на малите гестови, докажувајќи ни дека љубовта понекогаш доаѓа на најнеочекуваниот начин. Студент лееше солзи кога ги виде колегите на неговиот покоен татко на дипломирањето. Сите тие пристигнаа на свеченоста за да го испратат момчето затоа што неговиот татко не можел да биде таму во еден од најважните моменти. Една интернет корисничка го објасни овој момент во коментарите: „Неговиот татко беше војник во ...
Борис Бекер повторно ќе стане татко. 57-годишната тениска легенда објави дека го очекува ПЕТТОТО дете со 22 години помладата сопруга Лилијан. Во видеото споделено на социјалните мрежи, 35-годишната трудница гордо го покажува и гали пораснатото стомаче. „Мало чудо е на пат... најдоброто допрва доаѓа“ – напиша тој. Ова е прво дете на Бекер и неговата нова сопруга, со која стапи во брак минатиот септември. Поранешниот тенисер има четири други деца ...
Ријана и Ејсап Роки отпатуваа во Брисел за премиерата на нејзиниот најнов филм „Smurfs“, во кој го позајмува својот глас за Штрумфета. На филмскиот настан, 37-годишната пејачка се појави во сина модна комбинација од под која суптилно наѕираше нејзиното трудничко стомаче. Креацијата била создадена специјално за Ријана до модната куќа Шанел, а биле потребни 840 часа за нејзина изработка. Ријана и Ејсап го очекуваат нивното трето детенце. Нема ...
Ева Заева го прослави својот роденден под ѕвездите. Младата девојка се забавуваше со околу 100 гости на отворено, а според фотографиите споделени на Instagram, вечерта беше исполнета со насмевки, здравици и незаборавни моменти. Облечена во елегантен долг црн фустан, кој со совршена прецизност ѝ ја следеше силуетата, славеничката зрачеше со женственост и елеганција. Гламурозната веселба вклучуваше скулптури од мраз и впечатлива црвена торта на ...
Во Венеција во тек се големите прослави за стапувањето во брак на Џеф Безос и Лорен Санчез. Основачот на Amazon и американската новинарка организираа предсвадбена забава на која беа поканети бројни славни личности. За оваа пригода, 55-годишната невеста избра креација со ултра тесен корсет од пролетната колекција од високата мода на брендот Schiaparelli. Меѓу славните гости беа Ким и Клои Кардашијан, Крис, Кендал и Кајли Џенер, Леонардо Дикаприо, ...
Директниот преден пристап не е само хируршка техника – тоа е филозофија на живот и движење без болка и ограничувања. Овој пристап датира уште од почетокот на XX век. Денес, директниот преден пристап е синоним за минимално инвазивна хирургија со посебна грижа кон мускулите на колкот. За разлика од традиционалните пристапи латерален (страничен) и заден, предниот пристап го користи природниот интервал меѓу мускулите, без да ги сече и оштетува. Што ...
Во светот на современите предизвици, жените често се соочуваат со многу стрес и напнатост, особено пред менструалниот циклус. Овие денови можат да бидат исполнети со физички и емоционални предизвици, кои понекогаш се чини дека ги надминуваат нашите способности. Болките, промените во расположението и општата нерасположеност можат да создадат чувство на беспомошност. Но, во овие моменти на непредвидливост, постои една практика која може да донесе ...
Адријана Лима за првпат застана пред фото-објективот со сите пет деца. Атрактивната манекенка, која ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, сними фотосесија за „Вог“ Кина и имаше неодолива придружба. 44-годишната Бразилка позираше со двете ќеркички кои ги има со Марко Јариќ, синот и ќерката на нејзиниот сопруг Андре Лемерс и нивното единствено заедничко дете – синчето Сајен. Адријана и Андре објавија дека стапија во брак во декември ...
Ако барате ефективен тренинг што можете да го направите дома, без опрема, без врева и без скокање, тогаш Меди, позната како MadFit, има идеално решение. 30-минутен тренинг за целото тело, специјално дизајниран за жени кои живеат динамично, но сепак сакаат да си посветат време себеси и да ја обликуваат силуетата. Вежбите не се повторуваат, што значи дека нема да ви биде здодевно и не ви е потребна посебна опрема само удобна облека. Движењата не ...
Ненад Ѓорѓиевски го прослави својот 44-ти роденден во Грција. Македонскиот водител ги дувна свеќичките на роденденската торта во бистрите морски води покрај сопругата Горана и нивните две деца Иво и Љупка. Ненад објави неколку фотографии на социјалните мрежи од овие убави семејни моменти. Ненад и Горана оваа година ќе слават 15-годишнина од стапувањето во брак. Нивните близначиња се родија во 2015 година. View this post on Instagram A post ...
Петар Ристов е неутешен по смртта на својата сакана Фросина Кулакова. Младата девојка, која беше прегазена на пешачки во Скопје, доколку беше жива, денес ќе го прославеше својот 23-ти роденден. Нејзиното момче полно со емоции објави фотографија од минатогодишниот роденден и напиша: „Денес требаше да дуваме за 23, ангелу мој. Нека ми ти е светол патот кон вечноста“. Во чест на младата дизајнерка, на која ѝ претстоеше светла иднина во модната ...
Катарина Ивановска не крие колку е заљубена. Македонската манекенка со специјални постови му го честиташе роденденот на својот партнер Стефан Ханџиски. На Instagram, 36-годишната убавица објави низа фотографии со саканиот и напиша: „И во лошо и во добро“. На фотографиите може да се забележи нивната блискост, искрените насмевки и моментите исполнети со љубов од заедничките патувања, семејните пригоди и секојдневието. Нема слични статии. Види ...
Скарлет Јохансон во бел летен стајлинг шармираше на њујоршката премиера на нејзиниот најнов филм „Jurassic World Rebirth“. На свеченоста во Големото јаболко, атрактивната ѕвезда се појави во бела креација од Живанши. Пред многуте фоторепортери, 40-годишната филмска дива позираше и со сопругот Колин Џост, кој со белото одело стилски ѝ беше комплиментарен. Популарната актерка и 42-годишниот комичар се во врска од мај 2027 година, а во 2020 година ...