
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Ким Кардашијан сподели фотографии од божиќната атмосфера во нивниот дом. 44-годишната реалити ѕвезда изгледаше атрактивно во црвен фустан додека позираше со четирите пораснати деца покрај големата новогодишна елка. 11-годишната Норт и 6-годишната Чикаго носеа кратки фустанчиња, додека 9-годишниот Сент и 5-годишниот Псалм позираа во црни панталони и слични јакни. Ким ги има четирите деца од бракот со Кание Вест. Нема слични статии. Види повеќе ...
К-15 направија преработка на нивниот стар хит „Новогодишна општонародна“ за да ни ги честитаат празниците на сите. Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров ја објавија песната, наречена „Новогодишна поопштонародна“, а на социјалните мрежи напишаа: „Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални... Благодарност за целата ...
Едина Муса уживаше во чистиот воздух на Пониква. 33-годишната кошаркарка заедно со сопругот Александар Димитровски-Мачка го посетија популарниот туристички центар на Осоговските Планини. Едина го истакна пораснатото трудничко стомаче во црна облека. Македонската спортистка, која очекува момче, сподели фотографии и напиша: „Ова е мојата последна година сама. Во 2025 година, ќе добијам титула мајка на прекрасно момче. Господе, ти благодарам што ме ...
Калиопи го објави видеозаписот за песната „Дај, дај ми дај“, која е дел од нејзиниот овогодишен албум. Со песната и спотот, таа сака на сите луѓе да им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници. „Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето - никогаш да не престанат да веруваат во себе, во ...
Кристијано Роналдо беше дел од добитниците на награди на „Globe Soccer Awards“ во Дубаи. 39-годишниот фудбалер беше придружуван од атрактивната Џорџина Родригез и најголемиот син Кристијано Џуниор. Славниот спортист носеше костум од Живанши додека ги примаше наградите Најдобар играч во Средниот Исток и Најдобар стрелец на сите времиња. Роналдо и Џорџина споделија фотографии на социјалните мрежи. „Не можеме да бидеме погорди“ - напиша Родригез. ...
На чекор до 2025 година, Антонија Ристовска ја објави невестинската колекција за следната година. Македонската дизајнерка создаде венчаници во кои секоја невеста би се чувствувала женствено и раскошно. „Плетејки нова приказна на љубовта во скулптурални форми на силуети новата муза е спремна за нов почеток, искажувајќи ја својата слобода во женствен и елегантен стил. Во чекор на возвишеност со стегната половина, отворена биста и скулптурална ...
Армани Латимер не дозволи алопецијата да ѝ ја уништи самодовербата. Девојката, која е една од навивачките за Dallas Cowboys, танцуваше без перика за првпат откако јавно откри дека ја изгуби својата коса поради автоимуната болест. Во видеото, Армани зрачи со самодоверба поддржана од останатите девојки од тимот. „Многу сме горди што го правиш ова и си претставник за многу мали девојчиња ширум светот. Тие ќе те гледаат со стравопочит, восхитувајќи ...
Александар Лазиќ ѝ приреди вистинско изненадување на својата сакана. Хрватскиот актер и комичар ѝ предложи брак на својата девојка Наташа Поповиќ додека заедно глумеа во истата театарска претстава. „Ова е најубавиот момент. Глумецот на сцена запроси глумица. Честитки Алекс и Бара на големата љубов, на одличната претстава и на прекрасните реакции на сите присутни во публиката“ – напишаа од театарот Керекеш. „Знаев дека е луд, но ова не го ...
Ева Лонгорија ја покажа одличната фигура на фотографии од нејзиниот празничен одмор со синчето Сантијаго, сопругот Хозе Пепе Бастон и поќерката Наталија. 49-годишната актерка ја замени топлата зимска облека со бикини и уживаше на плажа со најмилите. „Надвор од канцеларијата“ – напиша таа во описот на божиќните фотографии, на кои се забавува со 6-годишното синче, 56-годишниот сопруг и 28-годишната поќерка. Ева и Хозе се верија во декември 2015 ...
Дејвид и Викторија Бекам уживаа во друштвото на сите четири деца на Божиќ. 49-годишниот поранешен фудбалер и 50-годишната дизајнерка се веселеа со 13-годишната Харпер, 19-годишниот Круз, 22-годишниот Ромео, а на овој голем празничен ден ним им се придружи и 25-годишниот Бруклин со сопругата Никола. Славното семејство позираше покрај големата новогодишна елка во нивниот луксузен дом во Мајами. Претходно, Бруклин и Никола го прославија Бадник и до ...
Дуа Липа му кажа „ДА“ на Калум Тарнер. Според извори блиски до парот, 29-годишната пејачка се верила со 34-годишниот актер откако тој клекнал на колено и ја запросил на Божиќ. Тие планирале да ја дочекаат Нова година со семејството и пријателите. На последните фотографии објавени на Instagram, на нејзиниот прст блеска голем дијамантски прстен. „Дома за празниците“ – напиша Дуа, која по потекло е од Косово. Нивните најблиски биле пресреќни, затоа ...
Дарко Чурлинов ќе заплива во брачните води. 24-годишниот македонски фудбалер се вери со саканата Филипа Ксанта. Нашиот репрезентативец ја изненади својата избраничка со романтичен предлог за брак на плажа за време на нивниот одмор на Малдиви. И двајцата објавија фотографии на социјалните мрежи. „Среќни денови“ – напиша тој во описот. Дарко и Филипа дури пред неколку месеци ја открија својата врска пред јавноста. Нема слични статии. Види повеќе ...
Вера Ванг и оваа година направи отмена домашна забава за дочекот на Божиќ. За оваа празнична пригода, 75-годишната дизајнерка избра креација од високата мода на сопствениот моден бренд. Целата забава беше во пурпурна нијанса, како и новогодишните елки. Токму затоа, нејзините ќерки Сесилија и Џозефин носеа складни пурпурни фустани. „Го славам мојот 75-ти Божиќ во Мајами. Едно од моите омилени места во светот“ – напиша Ванг. Сесилија и Џозефин се ...
Зимските празници се најзабавниот период од годината исполнет со прослави и дружење со семејството и пријателите. Но, за дел од луѓето, тоа е време исполнето со тага, себе преиспитување, осаменост и вознемиреност. Што ја предизвикува празничната тага? Тагата е навистина лично чувство. Она што предизвикува тага кај една личност, можеби нема воопшто да влијае на друг. Типични извори на празнична тага може да бидат: Луѓето кои не се сметаат себеси ...
Саша Ковачевиќ не крие дека ќерката на неговата девојка Зорана ја смета и сака како свое сопствено дете. Српскиот пејач со слатко видео ѝ го честиташе роденденот на веселото девојче, кое го нарече негова гордост. „Секогаш вака да се смееме, пееме и сакаме животе мој најубав! Ти си моја гордост и најдобро девојче на светот. Среќен роденден, путеру мој. Те сакам“ – напиша Ковачевиќ во описот на видеото со Искра и Зорана. View this post on ...
Бијонсе се врати на сцената за првпат откако Џеј Зи беше обвинет за силување на 13-годишно девојче. 43-годишната пејачка настапи на полувремето на NFL во стадионот НРГ во Хјустон. За изведбата токму на Божиќ, музичката ѕвезда беше придружувана од својата 12-годишна ќерка Блу Ајви. Облечена во бела комбинација со корсет и шешир, таа танцуваше покрај својата славна мајка. Настапот со Блу Ајви: По настапот, многумина коментираа за висината на Блу ...
Северина сподели фотографии од бадниковата вечер помината со синот Александар и нејзините најблиски. 52-годишната хрватска пејачка блеска во свечен фустан на фотографиите од Бадник и дочекот на Божиќ кои ги објави заедно со видео од подготовките со нејзината мајка Ана на кое напиша: „Мајка ми е најдобра... и најубава“. „Среќен Божиќ на сите, со желби сите, како мене, да имате луѓе кои ќе ви бидат поддршка во добро и во зло... Синоќа ги гледав на ...
Принцезата Кетрин со семејството им се придружи на кралот Чарлс и кралицата Камила на првата божиќна миса по завршувањето на хемотерапиите. На секое појавување по битката со ракот, 42-годишната припадничка на британското кралско семејство блеска со широка насмевка на лицето. За мисата во црквата Св. Марија Магдалена во Сандрингем, принцезата од Велс избра зелено палто дизајнирано од Сара Бартон за Александар Меквин. За рака со Кетрин чекореше ...
Емотивно видео буди позитивни чувства и претпразнично шири позитивност. Во него, маж ѝ подарува документи на својата ќерка со кои ѝ кажува дека легално ја посвојува. Девојката не може да си ги сокрие солзите-радосници. „Те сакам тато“ – му вели таа на татко си на крајот од видеото. „Мојот вујко ја растеше мојата братучеда целиот нејзин живот. Во минатото немаше можност легално да ја посвои. На Бадник, ја изненади со документи за посвојување. ...
Бурак Озчивит зачекори во петтата деценија од животот. Славниот турски актер го прослави својот 40-ти роденден покрај најсаканите личности. Неговата сопруга Фахрие и двете синчиња Каран и Керем го изненадија со роденденска торта за време на вечера во ресторан. Фотографиите и видеата од овој момент ги сподели Фахрие на Instagram. 38-годишната актерка, позната како Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, објави и други заеднички фотографии по повод ...
Синоќа, Божиќ го дочекаа верниците од католичка вероисповед. Славните личности не пропуштија да споделат фотографии и видеа од нивните семејни собири и божиќни авантури. Погледнете дел од нив: Викторија и Дејвид Бекам Мараја Кери Лионел Меси Нејмар View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) Адријана Лима Џенифер Лопез View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Малума Андреа и Вероника ...
Нина Бадриќ освојуваше со шарм и харизма на настан во Загреб организиран од списанието Gloria и Фондацијата Марин Чилиќ. 52-годишната пејачка изгледаше младолико во бела креација која ги истакна нејзините тонирани нозе. Фустанот е дело на дизајнерката Ивана Билиќ. На сцената, Бадриќ ја изведе својата нова песна „Моји људи“, како и „Без тебе“ од Оливер Драгојевиќ. Во неодамнешно интервју, Нина изјавила дека во денешно време привилегија е да ...
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез имаа прекрасна бадникова вечер со своите пет деца. Среќното семејство, кое моментално престојува во Лапонија, позираше во идентични пижами, си разменуваше подароци и се дружеше со Дедо Мраз. 39-годишниот фудбалер и 30-годишниот модел објавија фотографии со Кристијано Џуниор, близнаците Ева и Матео и малите ќеркички Алана Мартина и Бела Есмералда. Роналдо објави и видео во кое на минус 20 степени влегува во ...
Многу Македонци се приклучија кон новата кампања на СОС Детско село. За да им се обезбеди топла атмосфера за време на претстојните празници на децата без родители, меѓународната организација започна со активно собирање на средства. За таа цел, многу познати личности се вклучија во кампањата и споделуваат празнични фотографии со своите деца за да поттикнат да се донираат средства за оние дечиња на кои им се најпотребни. „За жал, некои деца имаат ...
Мила Кунис и Ештон Кучер уживаа на лежерна прошетка во Лос Анџелес. Холивудските актери, кои заедно глумеа во серијата „That 70’s Show“, беа фотографирани со пријателка во Грифит парк. Ова е едно од ретките појавувања во јавност на славниот пар по апсењето на неговиот пријател Пи Диди, кој е обвинет за сексуална трговија и физичко малтретирање на бившата девојка. Мила и Ештон имаат две деца - синот Димитри и ќеркичката Вајат. Нема слични ...
19 хероини, инспиративни жени кои ја добиле или сѐ уште ја водат битката со карциномот храбро зачекорија на модната писта во ексклузивни свечени тоалети на ЕЛЕНА ЛУКА и покажаа дека женската сила и издржливост не познаваат граници. Модната ревија на која ЕЛЕНА ЛУКА беше главен покровител, беше во организација на здружението ХЕМА-ОНКО и Словачката Амбасада во Скопје. Настанот кој предизвика лавина емоции кај публиката беше вистинска прослава на ...
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ги одведоа децата на најмагичното празнично патување. Славното семејство отпатува во северна Финска и го посети Дедо Мраз и ирвасите, се возеше на моторна санка и уживаше во божиќната атмосфера. 39-годишниот фудбалер и 30-годишниот модел споделија фотографии и видеа со пораснатиот Кристијано Џуниор, близнаците Ева и Матео и малите ќеркички Алана Мартина и Бела Есмералда. Нема слични статии. Види повеќе » ...
На 21.12.2024, во студената саботна вечер, се одржа традиционалниот концерт „Виена во Битола“, кој претставува предновогодишен симбол на Битола. Овој децениски културен настан, организиран од Битолскиот Камерен Оркестар ⋮IWConnect во соработка со Центар за култура Битола, уште еднаш ja започна претпразничната магија. На сцената настапија извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова, додека пак извонредните балетски играчи ...
Кога станува збор за подароци, секогаш сакаме да најдеме нешто специјално, нешто што ќе ги воодушеви нашите сакани. Во dm има повеќе од 2.300 парфеми, шминки и подарок сетови со цени кои се СЕКОГАШ ПОВОЛНИ, од кои можете да изберете! Шминката е одличен начин да ја изразите вашата креативност и да им подарите радост на вашите блиски. Од палети со сенки до кармини, изборот е полн со производи кои ќе ја израдуваат секоја жена. Подарок сетовите пак, ...
Марија Килибарда е пресреќна со улогата на мајка. Српската водителка, која го роди првото дете на 44-годишна возраст, го даде првото интервју по породувањето. Нејзината долгоочекувана 2-месечна ќерка Сења сега е нејзин свет и таа ужива во нејзиното растење. „Срцето во моментот ми чука за едно мало девојче. Сè друго е во втор, пет и десетти план“ – вели таа во интервјуто и додава: „Дури е мала, се менува секој ден. Толку брзо расте што не можам ...