Неделава во училишниот двор на СОУ„Таки Даскало„ во Битола, се одржа Отворен ден, со цел презентација на гимназиското образование, билингвалните паралелки и сите струки кои ги нуди училиштето. Концерт, радиодрама, модна ревија, мултиетничка кујна, штандови на кои сите струки имаа можност да ги изложат своите дела изработени во текот на оваа учебна година, беа дел од програмата на Отворениот ден. Учениците од текстилната струка ...

Диверзитет, карактерност, природни и насмеани млади луѓе... Фотографиите на култниот сплитски фотограф и репортер Фјодор Феѓа Клариќ направени низ улиците на Сплит во 80-те, документираат што во својата суштина значи улична мода. И тогаш постоеле популарни трендови, но секој ги интерпретирал на свој начин без нималку да наликува на друг. Индивидуалноста е изразена, секој личи на себе и тоа е тоа што ја прави уличната мода, социјално и културно ...

Има некоја посебна магија на црвената патека на француската ривиера... Канскиот филмски фестивал секогаш бил класа, од секој, па и од моден аспект. Затоа секогаш очекувањата од фестивалската мода се големи. И за волја на вистината и годинешното издание на фестивалот не разочара и е во својот полн сјај на црвениот килим. Сѐ што досега продефилира се вклопува во сликата на елегантен, но ни малку досаден гламур. Белите тоалети оваа година му ...

На инстаграм профилот на Анин Бинг секогаш ќе се информирате за актуелните стилски тенденции со минималистичка естетика. Таа е поранешен модел, мајка и бизнис жена која креираше своја модна империја, во која токму едноставната и минималистичка естетика е есенцијална. А таа е најдобриот промотор на својот бренд, па сè што носи на себе е всушност нејзин дизајн. Концептот на нејзините колекции секогаш е рационално осмислен, со идеја ...

Возраста не е бариера, духот и внатрешната состојба на човекот се најбитни... На ова нè потсети харизматичниот брачен пар од Тајланд, Ван-Ји (84 години) и неговата сопруга Шо-Ер (85 години) кои преку ноќ станаа интернет сензација благодарение на нивните симпатични модни едиторијали полни со младешка енергија и ентузијазам. За приказната да биде уште позабавна, брачниот пар е сопственик на продавница за хемиско чистење, па облеката што ...

Со внимателно осмислениот и до детаљ стилизиран изглед зад кој се потпиша етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, Вера Мештеровиќ беше ѕвездата во модниот фокус на Виенскиот бал, што по 21-ви пат се одржа во Скопје минатиот викенд. ЕЛЕНА ЛУКА направила ремек дело од тоалета која преку една современа естетика го интерпретира духот на Виенскиот бал и австриската култура, со целата нивна екстравагантност. За да се постигне таквиот впечаток, потребни ...

Познатиот грчки музичар, продуцент и композитор Евангелис Папатанасију - Вангелис, почина во вторникот во 80 година од животот, пренесуваат грчките медиуми. Вангелис во 1981 година освои Оскар за најдобра оргинална музика за филмот „Charitos of Fire“, а се потпишува како композитор на музиката за познати филмски остварувања меѓу кои „Blade Runner“ (1982), The Bounty (1984), Antarctica (1983), 1492: Conquest of Paradise ...

Канскиот филмски фестивал е уживање не само за љубителите на седмата уметност, туку и на модата. На црвениот килим можат да се видат префинети креации, софистицирани и уметнички. Голем број познати дами се потрудија да го привлечат вниманието на медиумите со својот изглед, а тоа ѝ успеа и на Џулија Робертс. Таа вчера зачекори на црвениот килим во комбинезон-фрак, во кој сосема издоминира и покажа дека не се фустаните единствениот избор со кој ...

На европската премиера на „Топ Ган: Маверик" на Канскиот филмски фестивал, покрај главните ѕвезди Том Круз и Џенифер Конели, на црвениот килим продефилираа и многу познати гости меѓу кои и принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Иако имаше навистина силна стилска конкуренција, Кејт беше една од најдобро облечените гостинки вечерта. Во безвременски елегантна црна тоалета, дизајн на Ролан Муре, го донесе сјајот на ...

Се породи поп ѕвездата Ријана. Таа и нејзиниот партнер, Ејсап Роки за прв пат станаа родители и му посакаа добредојде на нивното прво дете, пренесува Вог. Како пишуваат светските медиуми, Ријана на свет донела здраво машко бебе на 13 мај во една од болниците во Лос Анџелес, но се до денеска информацијата не беше официјализирана. Инаку Ријана речиси целата бременост ја држеше во тајност. Светот дозна дека е во блажена состојба во последните ...

Времето е скапо. Затоа, секогаш кога може да се заштеди на време, добро е да се искористи опцијата. Во модна смисла, ако во одредена прилика немате време да осмислувате комбинации, ова лето одберете флорален фустан. Така ќе се дотерате во еден потег. Одберете дезен што ќе биде складен на вашиот имиџ и имајте ги при рака омилените чевли. Дополнително, флоралните фустани може да ги комбинирате со лесен блејзер, џинс јакна или елек, сламен шешир ...

Долгоочекуваното продолжение на блокбастерот од 80-те, „Топ Ган Маверик", по две години одложување поради пандемијата, својата европска премиера ја имаше вчера на 75-то издание на Канскиот филмски фестивал. Тоа беше поводот Том Круз по цели три децении да се појави на црвениот килим на француската ривиера, во придружба на неговата колешка, прекрсната Џенифер Конели која ја толкува главната женска улога. Овации и аплаузи ги поздравија ...

На 28 мај (сабота), со почеток во 11 часот, во просториите на Јавна Соба (Public Room) во Скопје, ќе се одржи Нихон-Џи Фестивалот - првиот, наедно и најголемиот фестивал за јапонска култура од овој тип досега организиран на нашите простори. Нихон-Џи, во организација на Јапан.нет.мк (japan@mk), ќе прикаже повеќе аспекти од јапонската култура, вклучително литература, хаику поезија, кинематографија, музика, архитектура, боречки вештини, ...

Ја запеа „Билбил пее" и никого не остави рамнодушен. Нејзината чиста емоција директно од планинската шир, како ехо одекна на градскиот асфалт. Таму каде што луѓето постојано некаде брзаат и заборавиле колку е величествена музиката кога ти пее грло – славеј. Но, Зарина Првасевда нѐ потсети и со својот раскошен глас нѐ прегрна. Нѐ поведе сите на нејзиното патување низ традиционалната балканска музика. И како што ќе каже и самата, ...

Ја запеа „Билбил пее" и никого не остави рамнодушен. Нејзината чиста емоција директно од планинската шир, како ехо одекна на градскиот асфалт. Таму каде што луѓето постојано некаде брзаат и заборавиле колку е величествена музиката кога ти пее грло – славеј. Но, Зарина Првасевда нѐ потсети и со својот раскошен глас нѐ прегрна. Нѐ поведе сите на нејзиното патување низ традиционалната балканска музика. И како што ќе каже и самата, ...

Ја запеа „Билбил пее" и никого не остави рамнодушен. Нејзината чиста емоција директно од планинската шир, како ехо одекна на градскиот асфалт. Таму каде што луѓето постојано некаде брзаат и заборавиле колку е величествена музиката кога ти пее грло – славеј. Но, Зарина Првасевда нѐ потсети и со својот раскошен глас нѐ прегрна. Нѐ поведе сите на нејзиното патување низ традиционалната балканска музика. И како што ќе каже и самата, ...

Ја запеа „Билбил пее" и никого не остави рамнодушен. Нејзината чиста емоција директно од планинската шир, како ехо одекна на градскиот асфалт. Таму каде што луѓето постојано некаде брзаат и заборавиле колку е величествена музиката кога ти пее грло – славеј. Но, Зарина Првасевда нѐ потсети и со својот раскошен глас нѐ прегрна. Нѐ поведе сите на нејзиното патување низ традиционалната балканска музика. И како што ќе каже и самата, ...

Брендот „Луј Витон“ неодамна ја претстави кампањата за пролет/лето 22, за новата чанта „Dauphine“. Заштитни лица се американската актерка Ема Стоун, Индијката Дипика Падуконе и кинеската актерка Џоу Донгју. Модниот бренд ја ангажираше Дипика за да биде нов амбасадор на брендот, со што станува и првата индиска актерка која остварила соработка со „Луј Витон“. Зад фотографиите се потпишува Итан Џејмс Грин, а од ...

„Го живеам својот живот и се чувствувам фантастично", ќе изјави Меј Маск, мајката на Илон Маск, која на 74. години позира во костим за капење за насловната на новото издание на престижниот магазин Sports Illustrated. Веќе 50 години присутна на модната писта, вели дека никогаш не планира да се пензионира од оваа работа. Дури и кога на 60 години решила дека ќе ја остави природната, седа боја на косата и кога ја убедувале дека со тој ...

Мерилин Монро е една од најпопуларните личности во 2022 година, барем досега. Таа секогаш привлекувала огромно медиумско внимание, но годинава сите светла се повторно свртени накај нејзиниот живот. Една од главните причини е што токму годинава се одбележуваат 60 години од нејзината смрт. Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес на петти август, 1962 година. Од друга страна, да не беше така, на 1 јуни ќе го прославеше 96 ...

Со новите современи професии и полибералниот пристап генерално, деловниот свет станува порастеретен во однос на дрес-кодот на работното место. Иако во одредени работни средини важат стандарди кои наметнуваат униформираност или пак стриктни опции, сепак генералната слика дозволува многу повеќе индивидуалност во деловниот имиџ. Тоа секако не подразбира „било како" да се појавите на работа, одредени етички и естетски правила важат дури и ...

Македонската книжевна понуда од неодамна е побогата за уште едно дело насловено „Музеј на детството“, од авторката Алма Растодер. Тоа што можеби ви доаѓа како асоцијација од насловот, веруваме сосема ќе се смени откако ќе ја прочитате книгата, која патем е наменета за тинејџерската публика, но би рекле и нивните родители. Храбро и специфично одбрани теми кои се сеприсутни, но не толку често и отворено зборуваани, се во фокусот на ова ...

Сигурни сме дека не постои жена која за време на менструалниот циклус не посакала да има можност макар еден ден да остане дома. Е таа желба е многу блиску да им се оствари на Шпанките. Имено, доколку помине законот предложен од левоориентираната партија на власт во Шпанија, таа би можела да стане првата земја во Европа која воведува законска можност за менструално отсуство. Така, жените би имале можност да земат еден до три слободни дена, а за ...

Обична бела маичка е моето омилено парче, затоа што истовремено изгледа свежо, а заводливо. Секоја жена изгледа добро во бела маичка – ќе изјави во една прилика една од најуспешните модни дизајнерки Каролина Ерера која од својата истоимена модна куќа создаде светски моден бренд што веќе четири децении има сериозен удел во модниот бизнис. Таа е дамата која успеа класичната бела кошула да ја редефинира ѝ да даде една сосема нова димензија ...

Последното, 66 издание на „Евровизија“ заврши викендов. Се' уште се зборува за гласањата, пласманите, победниците, но она на што ние ќе обрнеме внимание овој пат е стилот на пејачката Лаура Паусини, која годинава беше во улога на водителка на музичкиот фестивал, a која токму денеска го прославува 48 роденден. Модните магазини ги проследија нејзините изданија, во кои доминираше сјај и боја. И додека едни имаа пофални зборови, други ...

Вчера во Лас Вегас беа доделени „Билборд музичките награди". Големиот победник на вечерта беше Оливија Родриго, која освои награди во седум категории, меѓу кои и за најдобар Албум за „SOUR", за најдобар Нов артист, како и за најдобар Глобален артист. Меѓу најнаградуваните артисти беше и Дрејк кој беше прогласен и за Топ артист, Рап артист, а неговиот албум "Certified Lover Boy" го доби признанието за Топ рап ...

Новиот победник на „Евровизија“ е Украина. После драматичното гласање и трката помеѓу нив и Велика Британија, победата сепак им припадна на Украинците „Клауш оркестра“ и песната „Стефаниа“. Гласовите на жири-комисијата од 40 земји и оние од публиката не беа баш компатибилни, но сепак гласовите на публиката пресудија. Од Италија, музичкиот фестивал се сели во Украина. Водителите испратија порака за мир, ...

После две години пауза предизвикана од пандемијата, вечерва во хотелот „Александар Палас“ повторно се одржа Виенскиот бал. Ова е 21 издание на манифестацијата и токму толку долго Скопје е дел од мапата на светски метрополи кои ја негуваат оваа вековна австриска традиција Балот започна со традиционалниот коктел и фотографирање на црвениот килим, по што присутните одбрани гости - од дипломатскиот кор и јавниот живот во Македонија, се ...

Моден блесок на Вера Мештеровиќ во фантастична тоалета, дизајн на ЕЛЕНА ЛУКА, на Виенскиот бал што вечерва во Скопје со одржа по 21-ви пат. По пауза од две години, Скопје вечерва повторно танцуваше во ритамот на Виенскиот валцер и на звуците на најубавите класици во изведба на оркестарот „Јохан Штраус" под диригенство на Бисера Чадловска, а Вера Мештеровиќ и годинава беше домаќин и водител на настанот. И со својата улога и со ...

Моден блесок на Вера Мештеровиќ во фантастична тоалета, дизајн на ЕЛЕНА ЛУКА, на Виенскиот бал што вечерва во Скопје со одржа по 21-ви пат. По пауза од две години, Скопје вечерва повторно танцуваше во ритамот на Виенскиот валцер и на звуците на најубавите класици во изведба на оркестарот „Јохан Штраус" под диригенство на Бисера Чадловска, а Вера Мештеровиќ и годинава беше домаќин и водител на настанот. И со својата улога и со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
76%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
72%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
62%
1014
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.77
92%
1017
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
89%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.47
77%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
86%
1018
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
84%
1016
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
63%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.47635

Currency

0.65544

Currency

0.34162

Currency

0.5252

Currency

1.25539

Currency

0.60035