Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Вчера во просториите на ЕУРМ, осносно во големата хала на поранешната печатница, беше отворена традиционалната Годишна изложба на студентите од графички, моден и ентериерен дизајн при Факултетот за арт и дизајн од акадамеската 2021/2022 година. „Изложбата насловена „Имагинариум" е портал кон умствениот простор во кој царува бесконечната имагинација на нашите студенти. По две изданија на Годишната изложба кои се реализираа во дигитална форма ...
Една тенденција која можеби е најприсутна и најзабелжителна оваа сезона се бермудите. Многу често комбинирани како алтернатива на дводелниот костум, со сако или блејзер, што ги отвора можностите да ги носите и на работа, доколку работната позиција и амбиентот на работното место ви го дозволува тоа. Со висок струк, најчесто во поширок крој, со должина малку над или до колена – во основа обезбедуваат пријатно чувство додека ги носите, а притоа се ...
Покрај малиот црн фустан, уште едно класично модно парче во кое вреди да се инвестира е романтичниот бел фустан. Неговата безвременост ги анулира границите на трендовите и сезоните, па токму затоа секогаш е корисно во плакарот да имате едно вакво женствено парче. Секако топлите денови се идеални за бел фустан, а едиствено што ви треба за да го комбинирате, се добар пар чевли: лесни сандали за преку ден или високи потпетици за некоја коктел ...
Во пресрет на престојното лето, Сергеј Четковиќ одлучи да ги израдува своите фанови со нова песна, односно втор сингл од седмиот студиски албум „Кофер", кој се очекува да излезе на есен. По истоимената водечка нумера од албумот кој ја објави минатата година, со нешто поинаков музички и авторски израз, Сергеј овојпат се претставува со нова љубовна балада со наслов „Не долазиш", која дефинитивно спаѓа меѓу неговите најубави песни, со оглед на тоа ...
Шпанската кралица Летиција, истовремено е и кралица на елеганцијата. Оваа дама речиси и да нема модна утка. Елегантните женствени фустани станаа заштитен печат на нејзиниот имиџ, што знае да ги носи со некоја посебна грациозност. Така беше и неодамна кога на еден формален настан се појави во прекрасен фустан со точки. Во нежна сина боја, со нагласен струк и суптилни карнери – едноставно овој модел на неа изгледа беспрекорно. За почит е тоа што ...
Откако лани италијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали дебитираше со венчална колекција, деновиве ја промовираше и втората линија венчаници, односно вториот дел од колекцијата „Love". Како што ќе посочи и самиот дизајнер, продолжението на колекцијата го карактеризира подраматична нота во однос на првиот дел, затоа што едноставно неговиоте клиенти тоа и го очекувале од него. „Во првата колекција играв на сигурно, на некој начин. Но, моите клиенти ...
Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав ПЕРИЈА, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури ДОБРИЛА & ДОРИАН ДУО, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф" (SJF ...
До каде може да оди креативноста... Веројатно до одново освојување на нови светови и нови димензии. Инстаграм е преплавен со интересни креативни идеи кои светот го прават убав. И шарен. И забавен. Наидовме на еден таков профил што нѐ инспирираше да погледнеме од една друга перспектива кога размислуваме за уредување и декор на ентериерот. Се работи за шпански бренд за мебел и декор за домот, @bdbarcelonadesign каде ќе наидете на сѐ, само не на ...
Таа е деловна жена, која остава впечаток на врвен стил постигнат без многу напор. Вроденото чувство и за бизнис и за естетика, ја издвои турската блогерка Нур Билен Јавузер како една од највлијателните дами од својата генерација и во двата света. Ако треба да посочиме пример како идеално функционира едноставноста, таа е веројатно првиот кој ќе ни падне на памет. И ова лето не е исклучок. Нејзините летни комбинации се толку едноставни и ...
Можеби времето викендов во Скопје не беше добро, но музичката прогноза беше одлична! Deep Purple згрмеа во салата Борис Трајковски, стишувајќи ги и грмотевиците надвор. И нема потреба од формалности за тоа со што го отвориле концертот, како се случувале нештата линеарно, бидејќи она што е најважно е емоцијата. Кога ќе видите генерации од кои и не очекувате да ги знаат Deep Purple, кога гледате генерации на вашите родители, дедо и внук заедно, ...
Пред нас е јуни. А заедно со него и долгото, топло лето. Високите температури и топлото летно сонце, наметнуваат потреба за лесна, лелеава и пријатна облека, што не ги исклучува стилскиот шмек и романтичниот изглед, како есенција на актуелната улична мода. Многу боја, принтови, романтика, а не е на одмет и малку егзотика. Такво е јунското модно расположение. Овој јуни очекуваме во уличната мода да видиме женствени макси фустани со карнери, ...
Традиционално и годинава како дел од програмата на фестивалските денови во Кан, беше одржана хуманитарната гала вечер amfAR чија основна кауза е собирање средства што ќе бидат инвестирани за едукација, истражувања и подигање на свеста во однос на сидата. Но, покрај хуманитарниот карактер на оваа гала вечер, уште еден значаен сегмент е модниот. И оваа година не изостануваше препознатливиот гламур, што овојпат на црвениот килим го донесоа Ева ...
Лето е кога во вашиот омилен викенд аутфит додавате сламена торба или чанта. Дури и кога не сте на плажа, ова е моден додаток кој ви дава чувства како да сте. Кога се почесто гледаме сламени чанти во уличната мода, веќе знаеме дека е лето... Едноставно, сезоната на сламени чанти е отворена и ние обожуваме да ги комбинираме во сите наши летни комбинации. Викендот е совршено време за лежерен изглед и сламена чанта како главен акцент. Ленени ...
По 36 години ABBA повторно заедно на црвениот килим. Поводот беше нивното виртуелно шоу – концертот насловен „Abba Voyage" на кој настапија нивните дигитални аватари, во спортскиот комплекс „ Queen Elizabeth Olympic Park" во Лондон. Бени (75), Агнета (72), Ани-Фирд (76) и Бјорн (77) беа во публиката од каде го проследија спектакуларното дигитално шоу на сцена, за на крај да се појават пред завесата и да добијат ...
Со затворањето на театарската сезона 2021-2022 година, жирито на Јени Тијатро Дергиси (Yeni Tiyatro Dergisi), во селекција на повеќе од 200 театарски претстави, го објави првиот дел од Меѓународните награди за достигнувања на најдобри актери, продукции и претстави во Истанбул. Жирито, кое внимателно ги следи сите светски театарски трендови и вклучува значајни имиња и ветерани со големо мајсторство во својата област, едногласно ја додели ...
Трендовите се менуваат, но црниот фустан останува вечен. ЕЛЕНА ЛУКА ја стилизираше Вера Мештеровиќ токму во еден таков безвременски модел на елегантен коктел црн фустан, ексклузивно парче од новиот свечен програм на брендот. Изглед што несомнено ги освојува сите погледи. Ако се подготвувате за свечена пригода или едноставно овој викенд сакате на себе да облечете елеганција со која ќе покажете стилска доминација, следете го примерот на ЕЛЕНА ...
Филмското небо остана без уште една ѕвезда. Вчера на 67-годишна возраст почина легендарниот актер Реј Лиота. Како што пренесе „Индепендент", актерот починал во сон во Доминиканската Република каде периодов снимал нов филм. Во својата четиридецениска филмска кариера остварил повеќе од 120 филмски и телевизиски улоги, но остана најпрепознатлив по главната улога во криминалистичката класика на Мартин Скорсезе „Goodfellas" ...
Во еден напис денеска, појавувањето на Шерон Стоун на црвениот килим во Кан, беше опишано како: половина жена половина харизма на Канскиот филмски фестивал. И ќе се согласиме дека навистина е така. Модно брилираше на црвениот килим на француската ривиера на 75-то издание на фестивалот. До сега неколкупати се појави и со секое појавување е различна, посебна и секако атрактивна за јавноста. Не само поради тоа што го носи (а носи перфектни и за ...
Успешниот деловен стил во лето, подразбира естетика и практичност што меѓусебе идеално се надополнуваат. Од една страна, летниот деловен имиџ треба да одговори на амбиентот и функцијата на вашето работно место, од друга треба да го задржи вашиот автентичен стилски печат, а од трета страна треба да се чувствувате пријатно во тоа што го носите за беспрекорно да ги извршувате работните задачи и покрај високите температури. Фустанот е совршеното ...
Канје Вест деновиве е мета на Твитер заедницата откако на модното шоу на Баленсијага во Њујорк, се појави во ултра волумензони чизми. Кога ќе ја видите фотографијата ќе ви стане јасно за што зборуваме. Црни војнички чизми кои изгледаат нескладно, односно диспропорционално, барем во случајот на Канје. Тоа беше повод досетливата Твитер заедница да му даде фокус на моментот и да се надмине во креирањето смешни мемиња. Инаку, очекувано се работи за ...
На 27 мај (петок) од 20 часот во културно-социјалниот простор „Центар – Јадро" ќе се претстави еднодневна уметничка интервенција под наслов "Терански фрагменти" на Кумјана Новакова во соработка со „Лудус". На настанот ќе биде прикажан експерименталниот филм на филмската авторка Кумјана Новакова базиран на серијата колекции на „Лудус" насловени како Пост-родовост, надополнети со 4 канална видео ...
Мини и макси – две крајности споени во еден тренд ова лето. Комбинацијата од мини топ и макси здолниште е атрактивен моден избор за ова лето и чест спој во летните колекции на влијателните дизајнерски брендови како Пако Рабан и Баленсијага на пример. Пако Рабан Особено овој микс на мини и макси ќе го сретнете во уличната мода, каде е и најдоминантен со својата ноншалантна и забавна естетика. Интересно е што комбинацијата добива различни ...
Веројатно за многумина е сон или мисија која никогаш нема да биде исполнета, но за младото семејство Тапшанов е секојдневие. Драган, со сопругата Едит и синот Марк, со камп приколка патуваат низ Европа и живеат авантуристички живот во дом на тркала. Драган е фоторепортер од Скопје, кој пред многу години го напуштил домот и кој со години преку својот блог ни го испорачува светот на дланка, сликан од перспективи кои откриваат емоција и душа. ...
Канскиот филмски фестивал го врати вистинскиот гламур на црвениот килим. Деновиве, додека трае неговото 75-то издание, уживаме покрај другото и во содржината на црвениот килим. Барем од дистанца. Дефиле на раскош, традиција, гламур, елеганција каква што му доликува на едно вакво престижно случување. Од сребрената тоалета на Луј Витон што ја носеше Џенифер Конели на европската премиера на „Топ Ган: Маверик", до плеадата фантастични ...
Колку изврши влијание стилот на Џулија Робертс како Вивијан во „Pretty woman" (1990), се гледа и во последните написи за стајлингот на Меган Маркл со кој го предизвика вниманието на јавноста откако викендов присуствуваше на поло натправар на кој му даде поддршка на тимот на нејзиниот сопруг, принцот Хари. Имено, Меган на спортскиот настан се појави во елегантно издание со кошула со точки, широки бермуди со висок струк и елегантна ...
Бохо естетиката во уредувањето на домот, карактеризира топли тонови и пријатни чувства. Лежерна и опуштена естетика која истовремено доловува моменти на хармонија во просторот. Таквата смиреност е постигната со изборот на природни материјали кои домонираат во просторот, како дрво, плетива, камен, памук, како и смирената палета на бои претежно во бели, беж, земјени тонови, но прошарана со дезенирани детали и принтови аплицирани како акцент. Во ...
Зендаја се најде на насловната на престижниот „Time" магазин, како една од највлијателните личности за 2022 година. Традиционално магазинот ја објави својата годишна листа на 100 највлијателни личности во сферата на јавниот и општествениот живот. Покрај младата успешна актерка и икона на стилот Зендаја, свое место на листата имаат и Зое Кравиц, Мила Кунис, Сара Џесика Паркер, Опра Винфри, Крис Џенер, Ендрју Гарфилд... Зендаја е ...
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер уживаат во својата љубовна врска, но исто толку уживаат и во вниманието на јавноста. Парот веќе два пати ја официјализираше својата врска: првото ДА Кортни го кажа во Лас Вегас, а потоа во Калифорнија направија и официјална свадбена свеченост. Викендов пак, тие организираа уште една, трета по ред, а воедно и најскапа и најлуксузна до сега свадбена церемонија. Во присуство на семејството Кардашијан, поширокиот ...
За тоа колку Грејс Кели била безвременска во секоја, па и во модна смисла, говори и фактот тоа што таа го носела средината на минатиот век, апсолутно е модно функционално и денес. Зборуваме за безвременска модна икона чие влијание во филмскиот, но и во модниот свет, е силно присутно и по децении. Белиот фустан со набори, нагласен на струк, што го носи во „High Society" е само еден пример како принцезата од Монако би била подеднакво ...
Вчерашниот ден на 75-то издание на Канскиот филмски фестивал, црвениот килим беше во знакот на Шерон Стоун. 64-годишната актерка присуствуваше на премиерата на филмот „Forever Young" и притоа го „украде" шоуто на црвениот килим. Се појави во маркантна, двослојна тоалета со порцелански дезен, дизајн на модното дуо Долче и Габана. Додека позираше, со асистенција го извади горниот волуменозен дел и тоалетата доби сосема ...