Филмскиот фестивал во Кан, којшто деновиве е дефиниција за гламур и мода беше одличен сетинг за претставување на La Vacanza долгочекуваната колекција на Донатела Версаче и Дуа Липа. View this post on Instagram A post shared by Versace (versace) Капсулната колекција на којашто пејачката соработуваше со познатата дизајнерка, е плод на нивно повеќегодишно пријателство и меѓусебната поддршка. Липа во 2018-та се појави во костим за капење од ...

Глас кој одекнуваше и се врежуваше во меморијата, движења кои го запираа здивот од восхит, енергија што внесуваше живот во секого – тоа беше Тина Тарнер. Но, Тина беше и херој, Феникс кој се издигна од пепелта, го допре дното, но ја пронајде светлината пак и блесна како вистинска ѕвезда. Светот жали по музичката легенда која почина вчера на 83 годишна возраст. Велат она што не те убива те прави посилна, а Тина е вистинскиот пример за тоа. ...

Почина Тина Тарнер, Кралицата на рокенролот, во 83-та година во животот, мирно во нејзинот дом во Швајцарија по долго боледување. Со освоени 8 Греми награди, магазинот Rollimg Stone ја стави на листата на Бесмртните – најголеми изведувачи на сите времиња и тоа можеби најдобро го опишува нејзиниот лик и дело – БЕСМРТНА и по смртта. Ѕверка и жив оган на сцена, икона на стилот, борец, музичка легенда и жена со големо Ж кон која животот не секогаш ...

Ова лето нека биде обоено во женственост со сите нејзини перспективи и нијанси... Кога ќе се сплотат сите безвременски симболи на женственоста во една модернистичка и урбана колекција, ја добивате новата ХИТ летна линија на ЕЛЕНА ЛУКА „WannaBe". Сѐ што жената е: моќна и нежна, романтична, сензуална и силна, своја, посебна, секси, самоуверена, величествена во секој поглед – интерпретирано во модерна женствена колекција која сигурно ќе му даде ...

Сlustering е нов микро тренд во внатрешното уредување, а подразбира користење на декорации и елементи коишто веќе ги имате во домот. Самиот назив асоцира на тоа умешно да се наредат повеќе работи на едно место, односно агол од собата, со цел да се постигне индивидуален шарм и да се даде романтична нота. Најдобро место за да го направите тоа се клуб масичките, полиците, фиокарите, а притоа може да користите книги, свеќи, вазни со цвеќе и слично. ...

Снимањето на филмот за Карл Лагерфелд официјално започна. Екипата која што работи на биопикот е моментално во Рим, а се појавија и првите фотографии од Даниел Брул како легендарниот дизајнер. Брул, 44, кој има шпанско-германско потекло е фотографиран во сив костум, виолетова вратоврска, црни очила и секако незаборавното репче, заштитниот знак на Карл. Сцената која што може да се забележи од фотографиите ги отскликува 70-те, времето кога ...

Сезонава гледаме разни трендови, како макси здолништа, карго панталони, комбинезони... Без разлика за каква прилика се работи, дневна или вечерна, секогаш е добродојдено парче со коешто брзо ќе се дотераме. Фустаните се едно решение, но доколку не сте големи љубители, ви предложуваме комбинезони. Во нив ќе се чувствувате и тренди и комотно, а ги има во секакви бои, материјали и модели. За дневна комбинација одберете ленени комбинезони, карго или ...

Постојат жени на кои едноставно треба да им се симне капа. Една од нив е и Џоан Колинс, дама која му пркоси на времето и на 90 години. Токму така, Колинс е родена на денешен ден, далечната 1933 и верувалe или не денес ја започнува 10-та декада. Без разлика на годините оваа актерка останува доследна на нејзиниот луксузен, а истовремено и безвременски изглед. Низ нејзината долга кариера и искуство - животно и професионално, соработувала со бројни ...

На 28. мај младиот прогресивен артист Young Dadi го објавува новиот албум „SCORPIUS“, а песната „Metro“ која веќе е објавена на јутјуб со инвентивен видео запис, е најава за истиот. ....Со овој проект, Young Dadi цели да ја воодушеви публиката со извонреден спој на звук и несекојдневен визуелен приказ. Овој сингл комбинира заразен drum and bass ритам и невообичаено музичко видео што ги поместува границите на креативноста, користејќи технологија ...

Џенифер Лоренс е дама која што секогаш изгледа беспрекорно на црвениот тепих. Дизајнерски тоалети комбинирани со високи потпетици достојни за холивудските ѕвезди. Но, оскаровката реши да направи малку поинаков избор на црвениот тепих во Кан – наместо гламурозни чевли, таа облече црни апостолки. Токму така, Лоренс, 32, црвената елегантна тоалета на Диор, одлучи да ја спои со апостолки. Џенифер одбра комфор наспроти, болки во стапалата. Црвениот ...

Марија Грација Кјури, креативната директорка на Диор прави револуција во модниот свет. Ја користи својата моќ и еден толку влијателен медиум, како што е облеката, да му се обрати на светот во име на културниот диверзитет и да го сврти вниманието кон неговата битност и значење. Преку колекциите што ги создава под капата на Диор, патува низ културите, времето и просторот, сплотувајќи ги заедницата, традицијата, наследството и занаетчиството во ...

Фустаните на риги се едно од омилените парчиња облека на многу жени. Со својата практичност, едноставност и моден момент тие се прилагодливи за речиси секоја прилика, кога времето е топло. Можеме да ги комбинираме со балетанки, патики, еспадрили, високи потпетици и да добиеме тренди изглед за секој период од денот. Ги има во различни модели и бои, од наједноставните црно бели, па сè до мултиколоритните дизајни. Ригите или пругите можат да бидат ...

Кога Доналд Трамп беше претседател на САД, неговата понежна половина, Меланија Трамп, неретко се појавуваше во ултра скапи изданија. Сепак она што можеби најмногу привлече внимание беше палтото со 3Д цветови во разни бои, дело на Долче и Габана, кое што го носеше во 2017 на Г-7 самитот. Ова парче облека чинеше неверојатни 51.500 долари, што беше речиси колку просечна годишна плата на еден државјанин на САД, во 2015 година. Сепак цветното палто ...

Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, годинава, по осми пат го организираше Националниот (квалификациски) натпревар за Меѓународниот натпревар по кинески јазик "Кинески мост". Миа Фиатал, ученичка во Интернационалното училиште Нова, го освои првото место во категоријата основно образование каде учествуваа вкупно 40 деца. Токму ваква убава информација ни е потребна да слушнеме во едно време невреме, кога за жал сè ...

Ферус Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар. По една година воена служба, за време на ...

Скопските улици вчера беа „преплавени" со дотерани моторџии кои земаа учество на најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хапенинг "The Distinguished Gentleman's Ride", кој во Скопје се одржа по 8-ми пат. Пред 8 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести. 150 дотерани моторџии и нивните придружници, вчера беа ...

Холивудската актерка Натали Портман ги сврте сите погледи кога пристигна на премиерата на нејзиниот најнов филм May December во Кан. Портман изгледаше како божица во винтиџ фустан на Диор, кој што за прв пат беше изработен од модната куќа како дел од колекцијата есен/зима 1949-1950. Мала разлика помеѓу двете тоалети е горниот дел, кој што во случајот на Портман е бел, додека кај оригиналниот Junon фустан има светло сина нијанса. Оригиналот е ...

Малите балкони на прв поглед изгледаат како место коешто е тешко да се уреди од причина што секогаш недостасува простор. Но, тоа не е така за оние кои имаат креативни идеи за искористување на секој сантиметар од навидум малиот балкон. Имагинацијата на некои од овие инстаграм профили е навистина за восхит, од малите балкончиња е создаден рај каде што секој би посакал да помине малку време. Можете да додадете разни елементи и детали, од саксиски ...

Потрагата по совршените сандали за ова лето е веќе во тек. Сакаме нешто што ќе одговара со сè, ќе се носи во разни прилики и ќе биде доволно ин и комотно. Сезонава ќе гледаме различни модели, некои безвременски парчиња, но и нови тренди сандали како рибарскиот модел. Дизајни и бои за сечиј вкус, од минималистички, до сандали за похрабрите модни ентузијасти. Што ќе гледаме ова лето? Апостолки Иако долго време се сметаа дека се модел исклучиво за ...

Откако веќе привлече внимание со винтиџ фустанот на Шанел на Мет Гала, Дуа Липа продолжува со модните погодоци. Овој пат пејачката се појави во црн асиметричен фустан со висок шлиц и отвори што суптилно откриваат делови од телото. Елеганција со доза на провокативност е она по што фановите ја препознаваат Липа и токму тоа што за оваа прилика поп ѕвездата го одбра. Црниот фустан на едно рамо, Дуа,27, го комплетираше со црни сандали со потпетица. ...

Пред нас е викенд, време кога сакаме и можеме малку да се опуштиме и да најдеме некоја минута повеќе за себе. Викендот ни дозволува повеќе и да креираме, да создаваме модни комбинации кои што ќе направат да се чувствуваме пријатно, убаво и тренди. Без разлика дали одиме на кафе со пријатели, на прошетка со семејството или пак се посветуваме лично на себе, она што го носиме умее да ни ја даде потребната самодоверба за квалитетно поминат ден. ...

Принцезата Кејт Мидлтон има истенчен моден вкус, но истовремено и многу влијателен. Речиси се што носи, барем на јавни настани, за рекордно време се распродава. Токму затоа важи е за една од модно највлијателните членови на кралското семејство. Нејзиниот стил важи за женствен и елегантен, па многумина жени се пронаоѓаат во тоа што таа го носи. Во пресрет на летната сезона, анализиравме што од комерцијалните летни парчиња Кејт обожува и ...

Брендот Прада во својата нова кампања повторно ја претставува култната чанта Galleria, којашто за прв пат се појави во 2007-ма. Креативен директор на кампањата која што е насловена The Glass age, е уметникот Алекс Да Корте, кој има венецуелско и американско потекло, додека главна ѕведа е популарната актерка Скарлет Јохансон. Според Да Корте The Glass age се однесува на прозорците кои се секаде околу нас, во канцелариите, на нашите компјутерски ...

Таканаречениот терацо (тerrazzo) стил потекнува од Италија. Тој е всушност микс од остатоци од различни материјали. Делови од мермер, гранит, стакло, кварц и останати камења се мешаат со бетон, којшто потоа се полира додека целосно не се измазни и не добие висок сјај. Овој сенаменски, композитен материјал, наменет е за подлога на тераса, но денес терацо се користи во секој сегмент на ентериерот. Го сретнуваме во кујна, бања, претсобје, односно ...

Модниот филм на улиците на Кан деновиве, привлекува исто толку внимание колку и модното дефиле на црвената патека на престижниот Кански филмски фестивал. Градот деновиве е претворен во филм и мода. Убав микс преку кој се прави паралела меѓу формалниот и неформалниот изглед на ѕвездите кои сега тука се присутни во голем број. Интересно е да се види како гостите на фестивалот, преку ден ја претвораат француската ривиера во модна писта која е ...

Поп ѕвездата Мајли Сајрус ја имаше својата прва фотосесија за британскиот Вог. Американската пејачка и актерка на фотографиите изгледа феноменално, со нејзината препознатлива доза на провокативност. Мајли, 30, го краси јунското издание на престижниот магазин, позирајќи во зелена долна облека од Прада, со црна машичка како дополнителен детаљ. На останатите фотографии ја гледаме ѕвездата во црн едноделен костим и мрежеста наметка, а исто така ...

Лето обоено во неон нијанси звучи забавно. А особено кога таквата палета на бои се комбинира со класичното дводелно одело, тогаш ја имате добитната летна комбинација. Доколку сакате да експериментирате со бои и сте доволно храбри на себе да облечете неон розово, зелено или жолто, тогаш веруваме дека ќе уживате во овој спој. Од друга страна, ако сте резервирани во однос на боите во вашиот плакар, размислете уште еднаш? Летото е совршена сезона ...

Оскаровката Анџелина Џоли го најави својот најнов потфат - моден бренд наречен Atelier Jolie. Станува збор за нешто интересно и малку поинакво од она што досега сме го виделе во оваа индустрија. “Започнувам со нешто ново - колектив каде секој ќе може да креира”, - напиша ѕвездата на Инстаграм. Џоли го замислува брендот како место за креативни луѓе каде што ќе можат да соработуваат со кројачи експерти, вешти занаетчии и моделари од целиот свет. ...

Смела и со полна самодоверба, Вера Мештеровиќ вчеравечер ја следеа погледите на роденденската забава на УиЗ, во екстравагантен сет од ЕЛЕНА ЛУКА што не остава простор за рамнодушност. Модата треба да биде и провокативна и гласна, особено кога темата е сцена и јавни личности, а со овој моден избор тоа така и беше илустрирано: впечатливо, екстравагантно, провокативно... Вера на себе носеше сет од транспарентен тантелен комбинезон, припиен на ...

Еден од највпечатливите модни моменти на вчерашната забава на магазинот УиЗ беше новиот хит модел TOKYO од актуелната колекција на нашиот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, што го носеше младата Верица Донев и одлично ѝ прилегаше. Се работи за многу атрактивен дизајн на младешки и смел модел, варијанта на безвременскиот мал црн фустан со отворено деколте и во мини должина. Она што му дава екстравагантна нота на целиот изглед се црните дамски ракавици кои ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
87%
1013
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
73%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
1.72
62%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.99
93%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
99%
1020
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
82%
1019
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
6.17
63%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
94%
1012
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
7.15
90%
1017
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
75%
1018
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
63%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.8779

Currency

34.4261

Currency

37.7302

Currency

66.6082

Currency

7.46044

Currency

0.6526

Currency

0.34161

Currency

0.52439

Currency

1.2541

Currency

0.59877