Минималистичкиот стил што го практикува Анџелина Џоли, многу често е пример во кој се препознаваат жени од различни генерации, токму поради неговата универзалната естетика. Деновиве беше фотографирана во Њујорк, во модно издание кое ги спојува преференциите и вкусовите независно од возраста. Се работи за макси плисиран фустан во бела боја, во лежерен крој, модел флексибилен во однос на прашањето за комбинирање со другите парчиња од ...

Канскиот филмски фестивал викендов го заокружи своето двонеделно модно, филмско и културно дефиле. Годинешново, 76-то издание по ред, прикажа некои од најдобрите филмови, од најеминентните режисери, но и врвни модни изданија од генијалните модни дизајнери. Можеше да се забележи речиси сè, од малиот црн фустан, до екстравагантни светкави тоалети. Црвениот тепих за време на завршната церемонија ја одбележаа неколку одлични изданија. Една од ...

Пред нас е јуни, месецот кој ни го носи летото календарски и естетски. Месец богат со многу боја, па токму таква е и неговата мода – колоритна. Свежи и вибрантни тонови и дезени, го обојуваат летниот моден пејсаж на јуни, а со тоа добиваме и една исклучително атрактивна улична мода во која владее слободата, индивидуалноста и женственоста. Силни бои, апстрактни принтови, кратки топови и кратки здолништа, свилени кошули, ленени макси фустани, ...

Комфорен, со рационален распоред, со имплементација на најквалитетни материјали според светски стандарди – есенцијалните перформанси што го парават еден дом атрактивен и добар избор за една од најзначајните животни инвестиции. Сите овие карактеристики го одликуваат Gama, модерен и беспрекорно уреден стан сместен во новиот станбено-деловен објект DOMINIUM, според предлог идејното решение на ELENA LUKA HOME. За да се постигне безвременски изглед ...

Она што е секогаш добродојдено во дворовите е зеленилото, цвеќињата и мало катче каде што ќе можете да се релаксирате сами или со друштво. Доколку просторот (и буџетот) дозволува вашиот двор може да биде место од соништата. Потребни ви се само неколку добри идеи, од типот интересни декорации, коишто можат да варираат од камчиња и светилки, па сè до перници за седење и лулашки. Дворот може да биде место за романтична вечера, одличен простор за ...

Она што е секогаш добродојдено во дворовите е зеленилото, цвеќињата и мало катче каде што ќе можете да се релаксирате сами или со друштво. Доколку просторот (и буџетот) дозволува вашиот двор може да биде место од соништата. Потребни ви се само неколку добри идеи, од типот интересни декорации, коишто можат да варираат од камчиња и светилки, па сè до перници за седење и лулашки. Дворот може да биде место за романтична вечера, одличен простор за ...

Традиционалната хуманитарна гала AmfAR за време на Канскиот филмски фестивал е уште еден повод да се изнагледаме фантастична мода. Покрај есенцијатната хуманитарна нота на настанот, со цел собирање средства наменети за Американската фондација за истражување на сидата, модниот аспект е исклучително значаен. Така секоја година очекувањата од она што може да се види тука на синиот тепих, се огромни. И годинава, на сината патека продефилираа ...

Кога времето се стоплува, сакаме да си поиграме со маникирот и расположени сме за шарени идеи. Трендови може да се каже и дека нема, односно истите се менуваат многу брзо. Сепак разиграните, односно виножито нокти се оние што ни го привлекоа вниманието. На социјалните мрежи ќе ги најдете под името rainbow или skittle, а станува збор за нокти лакирани во различни бои. Овој навидум детинест тренд, изгледа слатко и нè потсетува дека треба да ...

Од сезона во сезона кошулата-фустан редовно се враќа, дури и кога ќе помислите дека трендот е заборавен. Така е и ова лето, а парчето е прилагодено на актуелните трендови и подеднакво одговара за секоја прилика. Кошула-фустан е дел од деловниот стил, се истакнува и како аутфит за летни забави, а го има во разни големини, модели и бои. Минималистите ќе ги одберат безвременската беж, бела или црна, додека модните ентузијасти ќе си поиграат со ...

Со нетрпение го чекаме летото кога конечно ќе можеме да ја оставиме кожата слободно да дише и да уживаме во благодетите на сонцето.. Плажа, море и освежителни пијалоци е она што сите го сакаме од сезоната пред нас. И штом размислуваме во таа насока, костимите за капење се уште еден моден момент на којшто се радуваме. Летото е период кога можеме да експериментираме малку повеќе, па затоа ќе ви предложиме како да го носите костимот за капење кога ...

Кога помисливме дека 3Д фустаните од откачената пролетна колекција на Viktor & Rolf нема да најдат некоја практична примена, шведскиот модел Елса Хоск не увери во спротивното. Дизајнерското дуо привлече големо внимание кога ја претстави колекција пролет 2023, до тој степен што некои од превртените фустани беа споредувани со метла. Сепак Елса, 34 на црвениот тепих во Кан одбра да носи токму еден од тие фустани и му даде смисла на дизајнот. ...

Хајди Клум од секогаш се гордеела со својата совршена фигура. И мора да признаеме дека екс супермоделот, која за неколку дена полни 50 години, изгледа беспрекорно. Сите присутни вчеравечер на црвениот тепих во Кан уште еднаш посведочија на убавината на Хајди, овојпат во жолта тоалета, дело на Зухаир Мурад. Клум присуствуваше на премиерата на францускиот филм The Pot-au-Feu во кој што се зборува за животот на наградуваниот готвач Пјер Гание. Во ...

Морнарските пруги асоцираат на лето исто како и пријатните, тенки и полутранспарентни плетенини, па нивниот микс неминовно е дел од модниот летен пејсаж, секоја сезона без исклучок. Но, забележуваме дека особено ова лето, плетенините во пруги се во позиција на доминантен тренд, особено кога се во прашање летните фустани. Пријатни за носење, како рефлексија на летната лежерност, плетените фустани во пруги оваа сезона добиваат една широка лепеза ...

Филмскиот фестивал во Кан, којшто деновиве е дефиниција за гламур и мода беше одличен сетинг за претставување на La Vacanza долгочекуваната колекција на Донатела Версаче и Дуа Липа. View this post on Instagram A post shared by Versace (versace) Капсулната колекција на којашто пејачката соработуваше со познатата дизајнерка, е плод на нивно повеќегодишно пријателство и меѓусебната поддршка. Липа во 2018-та се појави во костим за капење од ...

Глас кој одекнуваше и се врежуваше во меморијата, движења кои го запираа здивот од восхит, енергија што внесуваше живот во секого – тоа беше Тина Тарнер. Но, Тина беше и херој, Феникс кој се издигна од пепелта, го допре дното, но ја пронајде светлината пак и блесна како вистинска ѕвезда. Светот жали по музичката легенда која почина вчера на 83 годишна возраст. Велат она што не те убива те прави посилна, а Тина е вистинскиот пример за тоа. ...

Почина Тина Тарнер, Кралицата на рокенролот, во 83-та година во животот, мирно во нејзинот дом во Швајцарија по долго боледување. Со освоени 8 Греми награди, магазинот Rollimg Stone ја стави на листата на Бесмртните – најголеми изведувачи на сите времиња и тоа можеби најдобро го опишува нејзиниот лик и дело – БЕСМРТНА и по смртта. Ѕверка и жив оган на сцена, икона на стилот, борец, музичка легенда и жена со големо Ж кон која животот не секогаш ...

Ова лето нека биде обоено во женственост со сите нејзини перспективи и нијанси... Кога ќе се сплотат сите безвременски симболи на женственоста во една модернистичка и урбана колекција, ја добивате новата ХИТ летна линија на ЕЛЕНА ЛУКА „WannaBe". Сѐ што жената е: моќна и нежна, романтична, сензуална и силна, своја, посебна, секси, самоуверена, величествена во секој поглед – интерпретирано во модерна женствена колекција која сигурно ќе му даде ...

Сlustering е нов микро тренд во внатрешното уредување, а подразбира користење на декорации и елементи коишто веќе ги имате во домот. Самиот назив асоцира на тоа умешно да се наредат повеќе работи на едно место, односно агол од собата, со цел да се постигне индивидуален шарм и да се даде романтична нота. Најдобро место за да го направите тоа се клуб масичките, полиците, фиокарите, а притоа може да користите книги, свеќи, вазни со цвеќе и слично. ...

Снимањето на филмот за Карл Лагерфелд официјално започна. Екипата која што работи на биопикот е моментално во Рим, а се појавија и првите фотографии од Даниел Брул како легендарниот дизајнер. Брул, 44, кој има шпанско-германско потекло е фотографиран во сив костум, виолетова вратоврска, црни очила и секако незаборавното репче, заштитниот знак на Карл. Сцената која што може да се забележи од фотографиите ги отскликува 70-те, времето кога ...

Сезонава гледаме разни трендови, како макси здолништа, карго панталони, комбинезони... Без разлика за каква прилика се работи, дневна или вечерна, секогаш е добродојдено парче со коешто брзо ќе се дотераме. Фустаните се едно решение, но доколку не сте големи љубители, ви предложуваме комбинезони. Во нив ќе се чувствувате и тренди и комотно, а ги има во секакви бои, материјали и модели. За дневна комбинација одберете ленени комбинезони, карго или ...

Постојат жени на кои едноставно треба да им се симне капа. Една од нив е и Џоан Колинс, дама која му пркоси на времето и на 90 години. Токму така, Колинс е родена на денешен ден, далечната 1933 и верувалe или не денес ја започнува 10-та декада. Без разлика на годините оваа актерка останува доследна на нејзиниот луксузен, а истовремено и безвременски изглед. Низ нејзината долга кариера и искуство - животно и професионално, соработувала со бројни ...

На 28. мај младиот прогресивен артист Young Dadi го објавува новиот албум „SCORPIUS“, а песната „Metro“ која веќе е објавена на јутјуб со инвентивен видео запис, е најава за истиот. ....Со овој проект, Young Dadi цели да ја воодушеви публиката со извонреден спој на звук и несекојдневен визуелен приказ. Овој сингл комбинира заразен drum and bass ритам и невообичаено музичко видео што ги поместува границите на креативноста, користејќи технологија ...

Џенифер Лоренс е дама која што секогаш изгледа беспрекорно на црвениот тепих. Дизајнерски тоалети комбинирани со високи потпетици достојни за холивудските ѕвезди. Но, оскаровката реши да направи малку поинаков избор на црвениот тепих во Кан – наместо гламурозни чевли, таа облече црни апостолки. Токму така, Лоренс, 32, црвената елегантна тоалета на Диор, одлучи да ја спои со апостолки. Џенифер одбра комфор наспроти, болки во стапалата. Црвениот ...

Марија Грација Кјури, креативната директорка на Диор прави револуција во модниот свет. Ја користи својата моќ и еден толку влијателен медиум, како што е облеката, да му се обрати на светот во име на културниот диверзитет и да го сврти вниманието кон неговата битност и значење. Преку колекциите што ги создава под капата на Диор, патува низ културите, времето и просторот, сплотувајќи ги заедницата, традицијата, наследството и занаетчиството во ...

Фустаните на риги се едно од омилените парчиња облека на многу жени. Со својата практичност, едноставност и моден момент тие се прилагодливи за речиси секоја прилика, кога времето е топло. Можеме да ги комбинираме со балетанки, патики, еспадрили, високи потпетици и да добиеме тренди изглед за секој период од денот. Ги има во различни модели и бои, од наједноставните црно бели, па сè до мултиколоритните дизајни. Ригите или пругите можат да бидат ...

Кога Доналд Трамп беше претседател на САД, неговата понежна половина, Меланија Трамп, неретко се појавуваше во ултра скапи изданија. Сепак она што можеби најмногу привлече внимание беше палтото со 3Д цветови во разни бои, дело на Долче и Габана, кое што го носеше во 2017 на Г-7 самитот. Ова парче облека чинеше неверојатни 51.500 долари, што беше речиси колку просечна годишна плата на еден државјанин на САД, во 2015 година. Сепак цветното палто ...

Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, годинава, по осми пат го организираше Националниот (квалификациски) натпревар за Меѓународниот натпревар по кинески јазик "Кинески мост". Миа Фиатал, ученичка во Интернационалното училиште Нова, го освои првото место во категоријата основно образование каде учествуваа вкупно 40 деца. Токму ваква убава информација ни е потребна да слушнеме во едно време невреме, кога за жал сè ...

Ферус Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар. По една година воена служба, за време на ...

Скопските улици вчера беа „преплавени" со дотерани моторџии кои земаа учество на најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хапенинг "The Distinguished Gentleman's Ride", кој во Скопје се одржа по 8-ми пат. Пред 8 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести. 150 дотерани моторџии и нивните придружници, вчера беа ...

Холивудската актерка Натали Портман ги сврте сите погледи кога пристигна на премиерата на нејзиниот најнов филм May December во Кан. Портман изгледаше како божица во винтиџ фустан на Диор, кој што за прв пат беше изработен од модната куќа како дел од колекцијата есен/зима 1949-1950. Мала разлика помеѓу двете тоалети е горниот дел, кој што во случајот на Портман е бел, додека кај оригиналниот Junon фустан има светло сина нијанса. Оригиналот е ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
36%
1015
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.32
25%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.61
59%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
4.02
34%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
40%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
37%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
43%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 28ᴼ
8.23
100%
1013
Currency

61.525

Currency

52.6172

Currency

71.0159

Currency

34.5931

Currency

38.4564

Currency

66.0651

Currency

7.33176

Currency

0.67447

Currency

0.35703

Currency

0.52532

Currency

1.30951

Currency

0.61305

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1235.37

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74