Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Вест Хем беше поразен од Вулверхемптон со 3-0 во дербито по ред во 20-то коло од Премиер лигата. Бидејќи се претпоследни на табелата, а загубија од последнопласираната екипа, Англичаните известуваат дека се очекува Нуно Еспириту Санто да добие отказ. Хрватскиот тренер Славен Билиќ е главен кандидат за клупата на „чеканите“. Тој веќе работеше во лондонскиот тим во периодот од 2015 до 2017 година, па би можел повторно да си ја проба среќата и ...
Тренерот на Јувентус, Лучијано Сплаети го пофали својот тим и покрај разочарувачките 1-1 против Лече. Тој цврсто ги поддржа своите играчи и покрај промашениот дел во финишот од мечот. Искусниот стручњак го откри проблемот на својот тим, и коментираше околу тоа кој играч ги изведува пеналите. „Треба да го подобриме нашето донесување одлуки во шеснаесетникот. Постојано ја додававме топката во опасни области, и во првото и во второто полувреме, ...
Бостон Селтикс ги декласираа Лос Анџелес Клиперс со 146:115, и со тоа ја прекинаа сеирјата на Клиперси од шест последователни победи во НБА Лигата. Од првата минута гостите диктираа темпо и се прашуваа за победникот од овој дуел. Селтикс имаа голема предност од 14 поени во првата четвртина. Тројките во следниот период успеаја да ги доближат Клиперси до водство, па на полувреме заминаа со резултат 63:71. Во третата четвртина, домашните се ...
Мали е вториот четвртфиналист на Купот на Африкански Нации откако по голема борба оваа селекција успеа да триумфира над Тунис, и тоа по подобро изведување на пеналите. Подвигот е уште поголем ако се знае дека Мали од 27. минута беше со играч помалку по исклучувањето на Кулибали. Тунис напаѓаше и во 88. минута успеа да стигне до водство од 1-0, се чинеше дека патникот во следната рунда е познат, но Мали со пеналот на Синајоко во 97. минута ...
Рома се повеќе губи здив во трката за скудетото откако „волчицата“ вечерва загуби од Аталанта со 1-0, четврти пораз на последните шест калчолигашки натпревари. Гасперини за противник вечерва го имаше својот поранешен клуб, но искусниот стратег немаше одговор за фуриозниот старт на Аталанта и водечкиот погодок што го постигна Скалвини во 12. минута. Домаќините нешто подоцна постигнаа и втор гол преку Скамака, но тој беше поништен по долга ...
Барселона ја продолжи победничката серија во Ла Лига со триумфот на градското дерби против Еспањол од 0-2, во драматичен меч што го реши Дани Олмо со гол постигнат во самата завршница. Во главна улога сепак беше голманот на Барселона, Џоан Гарсија, поранешниот чувар на мрежата на Еспањол кој вечерва беше исвиркуван при секој допир со топката поради „предавството“ од минатото лето. Гарсија одговори на свирежите на најдобар можен начин, со пет ...
Селекторот Кире Лазаров е задоволен од текот на подготовките на десетина дена пред официјалниот старт на ЕП 2026 и премиерниот дуел со селекцијата на Данска закажан за 16 јануари. Македонија ќе тренира уште неколку дена во Скопје по што нашата експедиција ќе замине на турнир во Швајцарија, од каде директно ќе патува за Данска. „Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, не треба да брзаме со конечниот список на патници на ...
Вест Хем претпе убедлив пораз од 3-0 од Вулверхемптон, прв триумф на „волците“ сезонава во Премиер-лигата, со што повторно Нуњо Еспирито Санто се најде на удар на јавноста и на фановите на лондонскиот клуб. Челниците на „чеканите“ како да го загубија трпението со португалскиот стратег, па веќе почна потрагата по негов наследник, со што Санто ќе испише неславна историја во Премиер-лигата. Имено, Португалецот во случај на отказ ќе стане прв ...
Лучијано Спалети беше видно нервозен на прес-конференцијата по дуелот со Лече во кој неговиот Јувентус одигра само 1-1 на домашен терен. Главна тема беше промашениот пенал на Џонатан Дејвид, конкретно прашањето зошто Дејвид воопшто го изведе пеналот во ситуација кога и Јилдиз беше на теренот. „Факт е дека ние имаме повеќе изведувачи на пенали, а тие меѓусебе се договараат во одредена ситуација. Не знам зошто се прави толкава драма, можеби е ...
Серхио Рамос нема да се врати назад во францускиот шампионат откако искусниот дефанзивец ја одби понудата на новиот прволигаш Париз, кој сакаше да потпише договор на 18 месеци со легендата на Реал Мадрид. Рамос живееше во Париз од 2021 до 2023 година додека ги бранеше боите на ПСЖ, но на крајот одлучи да не се врати назад во „градот на светлината“, туку да почека други понуди каде би ја продолжил кариерата. Шпанецот е без ангажман откако ...
Арсенал дополнително ја зголеми предноста во однос на Астон Вила и Манчестер сити откако „топчиите“ вечерва славеа на незгодното гостување против Борнмут со резултат 2-3. „Топчиите“ неочекувано се најдоа во негатива во раната фаза од мечот по катастрофалната грешка на Габриел, но истиот фудбалер неколку минути подоцна стрелаше прецизно на спротивната страна и донесе израмнување од 1-1. Во главна улога во второто полувреме беше Деклан Рајс, ...
Славен Билиќ одлично се снаоѓа во улогата на водител на емисијата „(Не)успех на шампионите“ на Арена Спорт, во која гостин во најновата епизода му е Златан Ибрахимовиќ. Легендарниот голгетер кој моментно е директор на Милан е осврна на почетоците на кариерата и сподели анегдота од периодот кога го потпишал првиот професионален договор со Ајакс. „Кога за првпат потпишав за Ајакс, мојата слика се појави на телевизија, а мајка ми помислила дека ...
Јувентус не успеа да стигне до цел плен на домашниот натпревар со Лече, ремизирајќи 1-1 против еден од најслабите тимови во Серија А. Лучијано Спалети и неговите избраници имаат за што да жалат ако се знае дека имаа целосна доминација, промашија бројни шанси во првиот дел, по што Лече во самиот финиш поведе со 0-1. Јуве израмни во раната фаза од вториот дел преку Мекени, а потоа доби и стопроцентна шанса за пресврт, но Џонатан Дејвид ...
Во таборот на Панатинаикос не можат да се помират со поразот на дербито со Олимпијакос, десетти неуспех по ред за „зелените“ во пресметки со вечниот ривал. Тренерот Атаман јавно ги критикуваше крилните центри Хернангомез и Митоглу за загубената битка со Саша Везенков, додека првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос обелодени дека дел од кошаркарите биле пијани рано наутро помалку од 48 часа пред дербито со Олимпијакос. „Почитувајте го ...
Сенегал е првиот четвртфиналист на Купот на Африкански Нации откако оваа селекција славеше во осминафиналната пресметка со Судан со резултат 3-1. Сенегалците се најдоа во неочекувана ситуација откако противникот како аутсајдер прв поведе со голот на Абдалах во 6. минута. Судан не реализираше и шанса за втор гол, по што фаворитот ја презеде контролата над мечот и веќе до крајот на полувремето го сврте резултатот во своја полза. Папе Геј беше ...
ЕХФ традиционално избира најубав гол за секоја календарска година во Лигата на Шампионите, признание што за 2025 завршува во рацете на македонскиот ракометар Дејан Манасков. Апсолутно заслужено, за ремек-делото на левото крило на Е. Пелистер на дуелот против Барселона, кога Митревски фрли цепелин од сопствените шест метри, а Манасков маестрално го матираше голманот Нилсен. Голот на годината во ЛШ во целосно македонска продукција, двајца ...
Арсенал се најде во негатива од еден гол на самиот почеток од гостувањето против Борнмут, и тоа по катастрофалната грешка што ја направи Габриел. Бразилецот важи за најдобар дефанзивец во Премиер-лигата сезонава, но вечерва прописно се посрамоти, при една акција на сопствената половина му ја подари топката во нозе на Еванилсон, кој немаше тешка задача да ја смести во мрежата крај истрчаниот Раја. Неверојатниот „кикс на Габриел и водечкиот гол ...
Столе Димитриевски мина фрустрирачки сезона и половина во Валенсија, се најавуваше дека македонскиот голман во јануарскиот преоден рок конечно ќе си замине и ќе се пресели во клуб каде што ќе може да ги покаже своите квалитети, но последните информации говорат дека – Столе сепак ќе остане на „Месталја“ до крајот на сезонава. Се очекува Македонецот конечно да добие шанса да ги покаже своите квалитети, откако првиот голман на Валенсија, Хулен ...
Вулверхемптон чекаше и конечно дочека, „волците“ во дваесеттото премиерлигашко коло конечно се израдуваа на првата победа, славејќи на домашен терен над Вест Хем со 3-0. Охрабрени по ремито на „Олд Трафорд“ во минатото коло, фудбалерите на Вулверхемптон одиграа фуриозно прво полувреме во кое постигнаа три гола преку Аријас, Хи Чан и Мане, на крајот радувајќи се на премиерната овосезонска победа. Брајтон ја оправда фаворитската улога на ...
Лајпциг попладнево објави дека ја прекинува соработката со Кевин Кампл, 35-годишниот словенечки фудбалер кој со години наназад беше дел од овој бундеслигаш. Кампл сезонава воопшто не настапуваше за Лајпциг поради семејни причини, најпрвин почина неговиот брат, а сега и неговиот татко е тешко болен, па Словенецот самиот побарал раскин на договорот за да може да се посвети на семејството. Лајпциг планира да му организира збогување на дуелот ...
Флорентино Перез речиси секоја година покажува каков мајстор за трансфери е, а како што стојат работите, сака да го стори истото и во 2026 година. Па, веќе има извонредна „мета“ кој е пред доаѓање во Реал Мадрид. Имено, играчот од средниот ред на АЗ Алкмар, Кис Смит, е подготвен да се приклучи на Реал Мадрид следното лето и со тоа би станал четвртото засилување на овој тим во 2026 година. Она што веќе е познато е дека Реал Мадрид ќе биде ...
Една од најголемите музички ѕвезди на Турција, Дагра Солмез, или популарната рап-легенда Сабил како што е препознатлив, предизвика вистинска еуфорија откако на својот голем предновогодишен концерт на бината се појави во оригиналниот дрес на Дарко Панчев кој го носеше во Бари во финалето од Купот на европските шампиони во 1991 година кога Црвена Звезда го освои европскиот трофеј. Голем дел од фановите на Сабил, па и самите негови фанови, беа ...
Валенсија на Столе Димитриевски доживеа нов дебакл во Ла Лига, овој пат со убедлив пораз од 4-1 на гостувањето против Селта. А Валенсија добро почна откако домашните постигнаа автогол по само седум минути игра. Но, уште во првото полувреме Селта со два гола дојде до пресврт. А, потоа во вториот дел Иглесијас беше стрелец и во 59. минута, додека Ел Абдалуи и Алварез во самиот финиш ги поставија конечните 4-1. Македонскиот голман Столе ...
Кристоф Нкунку нема да си замине од редовите на Милан и покрај слабиот старт на авантурата на францускиот голгетер во таборот на италијанскиот фудбалски гигант. Нкунку се мачеше во првите месеци меѓу „росонерите“ првите голови постигнувајќи ги дури во последниот меч од 2025 година, а медиумите веќе почнаа со шпекулации дека тој ќе биде продаден во јануари за да го отстапи своето место на Никлас Фулкруг. Германецот пристигна на позајмица од ...
Астон Вила ја продолжува трката со Арсенал за шампионската титула во Премиерлигата, откако во 20. коло триумфираше со 3-1 против Нотингем Форест. Домашните дојдоа до предност со прекрасниот гол на Воткинс во последната минута од судиското продолжение на првото полувреме. Во вториот дел, МекГин во 49.минута зголеми на 2-0, а откако гостите намали на 2-1, потоа следеше еден „луд“ гол на домашните за конечни 3-1. Погреши гостинскиот голман при ...
Ренџерс го доби големото дерби на Глазгов против Селтик во шкотската Премиерлига, триумфирајќи со 1-3 во 20. коло и на тој начин бодовно се израмни со најголемиот свој ривал. Во натпревар со многу возбудувања, Селтик поведе со голот на Јанг Хјун-Јун во 19.минута од средбата. Но, во второто полувреме следеше целосен пресврт. Чермити со головите во 50. и во 59.минута донесе водство од 1-2 за Ренџерс, а Мур во 71.минута ги постави конечните 1-3. ...
Самоил Ристевски ја остави зад себе тешката повреда заработена пред крајот на ланската сезона, па младиот пивот прикажа добри игри во изминатите месеци што беа препорака да добие повик од селекторот Кире Лазаров за претстојното Европско првенство. Битолчанецот не ја крие гордоста што е дел од сениорскиот национален тим, јасно става до знаење дека е подготвен за борба во секоја минута што ќе ја добие на теренот во наредниот период. „Да се ...
Барселона ќе стори се за да ја продолжи победничката серија и на почетокот од новата година, а голем плус за Ханси Флик е што двајца клучни фудбалери повторно ќе му бидат на располагање на тренерот на каталонскиот гигант. Педри ги надмина проблемите со повредата и се најде на списокот на Флик за вечерашното дерби, а заедно со него во тимот ќе биде и Дани Олмо. Двајцата шпански репрезентативци во последните денови тренираа со остатокот од ...
Манчестер Сити излезе како победник од трката по Антоан Семењо, за крилниот офанзивец се интересираа речиси сите англиски гиганти, но тој на крајот реши да ја прифати понудата на „граѓаните“ и веќе во јануари да му се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола. Клаузулата од 65 милиони фунти ќе биде активирана, англиските медиуми тврдат дека преговорите намерно се одолговлечени од страна на Сити – за Семењо да може да настапи за Борнмут на денешниот ...
Партизан по долга потрага конечно најде нов центар што ќе биде потпишан во следните 48 часа, Тони Џекири ќе биде новото име во таборот на „црно-белите“ што ќе треба да го замени Тајрик Џонс во редовите на АБА-шампионот. За интересот на Партизан за Џекири се шпекулираше пред десетина дена, но преговорите во изминатиот период добија на интензитет. Центарот утрово доби раскин на договорот со ЦСКА, по што веќе нема никаква пречка за тој да ...