Бутел од Скопје го промовираше искусниот македонски голман Градимир Чаневски како свое ново засилување за престојната сезона во Суперлигата. Чаневски по четири сезони повторно се враќа во Бутел каде претходно мина една година. „Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот наш тренер Стојанче Стоилов“, порачаа од Бутел Скопје. ...
Голманот Градимир Чаневски ја промени својата средината и во новата сезона ќе настапува одново во дресот на Бутел Скопје, откако ја заврши соработката со Охрид. Се работи за искусне голман, кој по четири години се враќа во скопскиот суперлигаш, односно последно дресот на Бутел го носеше во сезона 2021/2022, а сега во Бутел Скопје ќе работи со Стојанче Стоилов. Чаневски потекнува од школата на Металург, беше дел и од Вардар и Вардар Јуниор, ...

