Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген повторно се повреди за време на тренингот на тимот во Саудиска Арабија, кој се подготвува за полуфиналниот натпревар од Супер-Купот на Шпанија против Атлетик Билбао, кој е на програмата денеска. Тежината на повредата ќе биде оценета оваа недела, а со оглед дека чуварот на мрежата го напушти тренинг кампот и се врати во Барселона, веројатно станува збор за нешто посериозно, кое може да влијае врз ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар, и официјално го продолжи договорот со бразилскиот тим Сантос, според кој ќе остане во својот матичен клуб од крајот на 2026 година. Бразилецот се реши на ваков потег за подобро да се подготви за евентуален настап за Бразил на Светското првенство 2026 година. Потписот на новиот договор го објави на социјалните мрежи. „2025 година беше посебна и предизвикувачка година за мене – време на радост и надминување на ...

Голманот на Милан, Мајк Мањан е блиску да го продолжи договорот со Милан, и се очекува новата соработка да биде до 2031 година. „Росонерите“ му предложија плата од 5,7 милиони евра по сезона, што е идентична како најскапоплатениот Рафаел Леао, со што се очекува францускиот чувар на мрежата да го стави потписот. Според италијанские медиуми, договорот се очекува да биде потпишан во следните денови. Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри неколку ...

Во понеделникот Виктор Осимен ги постигна своите први два гола во историјата на настапи на Африканскиот куп на нации, а Нигерија рутински го совлада Мозамбик со 4:0 во осминафиналето. Сепак, натпреварот што требаше да биде прослава заврши доста горчливо за првата ѕвезда на „Супер орлите“. Осимен го напушти теренот бесен по жестоката расправија со Адемоло Лукман, незадоволен затоа што неговиот соиграч не му ја подаде топката во ветувачка ...

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ зборуваше за разни животни теми во гостувањето во поткастот „Неуспех со шампионите“ со Славен Билиќ. Покрај неговата кариера и искуства во фудбалот, Ибрахимовиќ отворено зборуваше за воспитувањето на своите синови – Максимилијан (19), кој игра фудбал во Милано, и помладиот Винсент (17). Ибрахимовиќ истакна дека ги воспитува своите деца поинаку од мнозинството, свесен за фактот дека материјалните услови можат да ...

Лос Анџелес Лејкерс ја оправдаа улогата на фаворити против Њу Орлеанс Пеликанс со победа на гостински терен од 111:103, и покрај тоа што воопшто не им беше лесно против „фенерџиите“. Лејкерси, предводени од Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, лесно го надминаа дефицитот од минус девет во третата четвртина, стекнат со слободните фрлања на Карл Матковиќ и експлозивната игра на Треј Марфи во тој период. Со одличен финиш, Лејкерси го решија победникот. ...

Вест Хем продолжува со очајните партии во Премиерлигата, откако на домашен терен вечерва беа поразени од Нотингем Форест со 1-2 во рамките од 21. коло во најсилната лига во Англија. Со тоа тимот од Лондон загуби во директната пресметка за опстанок, и сега заостанува неверојатни седум бодови од својот денешен ривал. Нотингем до победата стигна со пресврт и со гол во финишот. Автоголот на Мурило му донесе предност на Вест Хем во 13. минута. ...

Селекцијата на Брегот на Слоновата коска е последниот патник во 1/4 финалето на Купот на Африкански Нации. Селекцијата на „слоновите“ лесно ја совладаа репрезентацијата на Буркина Фасо, и си закажаа дуел со Египет меѓу најдобрите осум. Диало во 20. минута и Диоманде во 32. минута донесоа предност од 2-0, која беше актуелна на полувремето. На три минути пред крајот на средбата, Туре дефинитивно стави точка на победата. Со ова се комплетирани ...

Екипата на Јувентус лесно стигна до победата на гостувањето кај Сасусоло со убедливи 0-3, покажувајќи одлична форма, и покрај киксот минатото коло против Лече кога одигра нерешено 1-1. „Бјанконерите“ дојдоа до десетата победа и влегоа во топ 4 екипите во Серија „А“. До предност четата на Лучијано Спалети стигна со автогол на Мухаремовиќ во 16. минута. Печат на победата беше ставен во вториот дел, кога Мирети во 62. минута и Дејвид во 63. ...

Нема крај на проблемите за ракометарите на Словенија пред настапот на Европското првенство. Селекторот Урош Зорман остана без Алекс Влах, кој ќе го пропушти настапот на собирот на најдобрите европски селекции. Со тоа се зголеми списокот на отсуства кај Словенците, кој станува неверојатен. Пред вечерашниот „тест“ натпревар против Кувајт, без ЕП останаа Нејц Цехте, Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја ...

Лидерот на табелата во Евролигата екипата на Валенсија, лесно стигна до триумф над Црвена Звезда во салата „Александар Николиќ“ во Белград со 106-87. Српскиот тим беше немоќен против екипата која е на чело на табелата, кој во голема мера уште по првиот дел го реши победникот, откако на одмор замина со +17 поени. Првата четвртина гостите од Шпанија ја добија со 34-20, а потоа во втората беа нешто „помеки“, па ја добија и таа со 20-17. Црвена ...

Кошаркарите на Партизан со нов пораз во Евролигата од Монако 101-84, со што српските „црно-бели“ останаа заковано на дното на табелата со 14 порази и шест победи, и немаат можност да се помрднат од последната позиција во моментов. Тие го претрпеа петиот пораз по ред, откако загубија од Виртус Болоња, Жалгирис, Макаби, Валенсија и сега од Монако. Само на почетокот тимот од Белград се држеше, а откако Монако го презеде водството 11:10, не го ...

Поранешниот тренер на Ајакс, Манчестер Јунајтед и Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, стана технички директор на холандскиот клуб Твенте. Тен Хаг е слободен агент откако доби отказ од Леверкузен, по само два меча во Бундеслигата. Иако се надеваше дека ќе ја оживее кариерата во Германија, сепак, управата на клубот не беше задоволна од неговата работа. Инаку Тен Хаг е поранешен играч на Твенте, и навивач на овој клуб од детството. Тој помина во ...

Ленарт Карл, младиот 17-годишен фудбалер на Баерн Минхен пред неколку дена влезе во скандал, откако во интервју кажа дека неговиот сон е да заигра за Реал Мадрид. Сега се огласи и спортскиот директор на гигантот од Минхен, Макс Еберл, и не гледа проблем со коментарот на играчот од средниот ред. „Тоа се млади момчиња и прават грешки. Следниот ден дојде кај нас и ни рече: Мислам дека реков нешто не убаво. За нас тоа прашање е затворено. Тоа ...

Со погодок во последната минута од продолженијата, селекцијата на Алжир го совлада Конго се пласираше во 1/4 финалето во Купот на Африкански нации. Долго време Алжирците не можеа да го најат патот до голот, а та му успеа на Булбина во 119 минута од мечот. Алжир имаше повеќе од играта, беше подобар противник, меѓутоа не успеа во регуларниот дел да дојде до посакуваниот триумф. Сепак, почеоткот на мечот му припадна на Конго, кој имаше две добри ...

Екипата на Рома дојде до 12-тата победа во Серија А сезонава, откако лесно со 0-2 го совлада тимот на Лече на гостински терен. Фергусон уште во 14. минута го донесе гостинскиот тим во предност. На „печат“ на победата се чекаше до 71. минута од средбата, кога Довбик успеа да ја однесе „волчицата“ до +2, што беше и конечен резултат. Интересно е тоа што Рома и натаму нема ниту еден нерешен резултат сезонава, и е со скор од 12 победи и седум ...

Стразбур веќе го избра наследникот на својот претходен тренер Лиам Розениор, кој беше назначен за менаџер на Челси претходно денес. Станува збор за Гери О’Нил, кој се договорил со францускиот клуб. Договорот на Англчанецот ќе биде до летото 2028 година. Станува збор за поранешен менаџер на Борнмут и Вулверхемптон, а последен пат работел на крајот од 2024 година. Го презема Стразбур на седмото место во Лига 1, екипа која има 24 бода со седум ...

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, е пред заминување од УТА Арад, поради наводни несогласувања со тренерот на екипата. Иако има договор до 2027 година, сепак, би можел во јануарскиот преоден рок да ја смени средината. Според најновите информации, високиот чувар на мрежата и поранешен член на лондонски Арсенал, би можел да остане во Романија. Екипата на Херманштад е заинтересирана за чуварот на мрежата. Илиев го загуби местото ...

Македонскиот интернационалец Езѓан Алиоски, после пауза од 2,5 месеци се враќа на терените. Левокрилниот фудбалер се повреди на 30 октомври, и пропушти девет натпревари од швајцарскиот шампионат. Тој играше на вчерашниот меч против Келн, кога влезе во игра во вториот дел, и се очекува во пролетната полусезона да биде целосно ставен на располагање на стручниот штаб. Враќањето на Алиоски е добра вест и за новиот селектор Гоце Седлоски, и ако ...

Раководството на Манчестер Јунајтед почна разговори со кандидатите за нов тренер, кој ќе треба да ја води екипата до крајот на сезоната. Меѓу фаворитите се и тројца поранешни играчи на тимот од „Олд Трафорд“. Станува збор за Мајкл Керик, Оле Гунар Солскјер, додека третата варијанта е Дарен Влечер, кој во моментов е дел од стручниот штаб на екипата. Во меѓувреме, челниците на Манчестер наводно одлучиле дека ќе назначат тренер до крајот на ...

Проблемите на селекторите со повредени ракометари се зголемуваат како што се приближува почетокот на ракометниот европски шампионат закажан за 15 јануари. Така, ко-домаќинот со Шведска од денеска се соочи со нов проблем откако левото крило Џери Толбринг поради повреда мораше да се повече од настап на претстојниот европски шампионат. Ракометарот на Есбјерг имаше проблеми со мускулот на ногата, препорачаната пауза изнесуваше најмалу три ...

Фенербахче заостанува зад Галатасај во турскиот шампионат, но „сино-жолтите“ од Истанбул немаат намера да се откажат од трката за титулата. Напротив, Фенер веќе тргна во офанзива по нови засилувања, а фокусот на вниманието на турскиот гигант е италијанската Серија А. Французинот Гвендузи би требало да биде прво засилување откако преговорите со Лацио влегоа во завршна фаза. Римскиот клуб се соочува со сериозни финансиски проблеми, поради што ...

Струга ТЛ доведе уште едно квалитетно засилување во обид со уште посилен тим да се носи со Вардар во трката за титулата во ПМФЛ. Ново име во таборот на стружани од денеска е Васко Василев, 21-годишен чувар на мрежата кој воедно е и младински репрезентативец на Македонија. Тој доаѓа во Струга ТЛ од редовите на Работнички, откако претходно има настапувано и за младинските екипи на Црвена Звезда во Србија и на Рио Аве во Португалија. Екипата на ...

Отказот на Рубен Аморим создаде лавина од шпекулации околу тоа кој стратег би можел да го наследи Португалецот на кормилото на „Олд Трафорд“. Меѓу првите имиња кои беа споменати во јавноста беше Еди Хау, но овој стручњак јасно стави до знаење дека нема намера да се сели во Манчестер, потврдувајќи ја лојалноста кон Њукасл. Хау е на чело на Њукасл од ноември 2021 и сите планови за иднината му се поврзани со продолжување на оваа авантура. „Јас ...

Роберт Левандовски ја затвори вратата за заминување од Барселона во текот на јануарскиот преоден рок, без оглед на загубениот статус на стандарден првотимец кај каталонскиот гигант. Тренерот Флик се почесто му дава шанса на Феран Торес како „деветка“ и шпанскиот репрезентативец максимално ја оправдува довербата, поради што Левандовски минува повеќе време на клупата отколку на теренот. Полјакот не е среќен, се шпекулираше дури и дека бил ...

Енцо Мареска не ја пропушти можноста да го „пецне“ раководството на Челси во писмото со кое италијанскиот стратег се збогуваше од лондонскиот клуб, јавно заблагодарувајќи им се на фановите за поддршката што ја добиваше од нив во целиот свој мандат на „Стемфорд бриџ“. Челси под водство на Мареска минатото лето стана светски клупски шампион, но слабите игри во последниот месец придонесоа да дојде до тензија во односот меѓу тренерот и управата, ...

Македонската репрезентација денеска го минува последниот ден во Скопје пред вечерва да отпатува на турнир за Швајцарија, по што директно оттаму ќе следи и лет за Данска, за настап на ЕП 2026. Атмосферата во националниот тим е на највисоко ниво, а по серијата тренинзи од стартот на годинава ракометарите со нетрпение ги очекуваат претстојните дуели со Бахреин, Украина и со Швајцарија, кои ќе послужат за темпирање на формата до стартот на ЕП ...

Охрид не планира да застане со засилувањата, се со цел да се направи ростер со кој „сино-белите“ би ја нападнале дури и шампионската титула во Супер-лигата. Амбициозниот проект од крај езерото е многу блиску до потпис со уште еден голман, и тоа Дино Славиќ кој настапува во францускиот тим Лимож. Славиќ блесна на пријателскиот меч меѓу Хрватска и Македонија одигран во Пореч пред десетина дена, на кој овој голман со 16 интервенции ги откажа ...

Олимпијакос ќе биде сериозно ослабен за вечерашниот дуел од Евролигата во кој грчкиот гигант ќе му гостува на актуелниот европски првак Фенербахче. Никола Милутинов, кој е најдобар според просекот на индексни поени во грчкиот тим, поради повреда нема да може да му биде на располагање на тренерот Барцокас. Стратегот на Олимпијакос вчера обелодени дека српскиот центар е повреден, за денеска да биде објавено дека Милутинов дефинитивно нема да ...

Манчестер Сити се соочува со сериозна криза во одбранбената линија откако Пеп Гвардиола во второто полувреме од дербито со Челси остана без двајцата најдобри дефанзивци. Јошко Гвардиол има скршеница на ногата и најверојатно нема да може да се врати на терените сезонава, а главоболките на Гвардиола се уште поголеми откако беше обелоденето дека и повредата на Рубен Дијаз е од посериозна повреда. Португалецот има проблем со задната ложа, а ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
75%
1025
weather icon

Загреб

9ᴼ / 3ᴼ
0.0
69%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 1ᴼ
1.03
63%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.73
75%
1024
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
76%
1022
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
50%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1023
Currency

61.6317

Currency

52.9798

Currency

70.8395

Currency

37.5035

Currency

38.8416

Currency

68.0086

Currency

7.68142

Currency

0.68029

Currency

0.33738

Currency

0.5248

Currency

1.20469

Currency

0.57513

Родиум

368126.05

Алуминиум

3.35

Цинк

3.28

Сребро

2704.52

Бакар

11.80

Калај

51.64

Кобалт

66.14

Платина

69606.37

Злато

166049.28

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Паладиум

52823.68