Панатинаикос ќе го комплетира трансферот на македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, а „зелените“ од Атина во меѓувреме договорија уште едно засилување, овојпат за одбранбената линија. Холандскиот ветеран Штефан де Фрај ќе биде нов член на ПАО откако ги прифатил понудените услови да се пресели во Атина. Тој до лани го носеше дресот на Интер, но минатата сезона беше со значително намалена минутажа, јасен предзнак дека италијанскиот клуб ...
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер во новата сезона ќе го носи дресот на грчкиот тим Панатинаикос, тврди експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо. Растодер денеска ги поминал лекарските прегледи за комплетирање на трансферот од Тун во гигантот од Атина. Голгетерот имаше одлична ланска сезона, кога во дресот на швајцарски Тун испиша историја. Екипата која влезе од втора лига, уште во првата сезона направи чудо и ја освои ...

