Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Кошаркарките на Крива Паланка стигнаа до втора победа против Бадел и поведоа во серијата од 2-0, и се најдоа на чекор до титулата во женскиот шампионат. На крајот триумф од 88-76, и сега на 6 мај во Скопје ќе може да ја освојат титулата со „метла“. Крива Палнка доминираше во текот на целиот меч, во еден момент имаше и предност од 20 поени разлика, а на крајот „Баделки“ успеаја да ублажат. Робинсон со 26 поени најефикасна на мечот. Кај Бадел ...
Немаше проблеми Бетис во дуелот со Овиедо во 34. коло во шпанската Ла Лига. На крајот „зелено-белите“ славеа убедлив триумф од 3-0, и се доближија на чекор до пласман во Лигата на Европа идната сезона, додека Овиедо сега има само теоретски шанси да дојде до опстанок. Чучо Хернандез во 22. минута го поведе Бетис кон трите бода, а Езалзули во 45. минута зголеми на 2-0. Во вториот дел во 58. минута Хернандез со уште еден гол стави точка на ...
Донесена е одлука околу иднината на менаџерот на Њукасл, Еди Хау. Сопствениците на клубот имаа состанок на кој се решаваше судбината на менаџерот, со оглед на слабата сезона во Премиерлигата. Доколку не се случи нешто неочекувано, тогаш Хау ќе ја предводи екипата и во следната сезона. 48-годишниот тренер сака да остане на „Сент Џејмс Парк“ и ја задржа поддршката од страна на газдите. Одлуката да се задржи Хау беше донесена по разговорите оваа ...
Јувентус имаше шанса во голема мера да го обезбеди учеството во ЛШ следната сезона, и да го престигне Милан на табелата во Серија „А“, но наместо победа со испадната Верона, одиграа само нерешено 1-1. И тоа тимот од Торино мораше да бара спас, откако имаше негатива. Бови во 34. минута донесе шок на „Алијанц“ стадионот во Торино, и го донесе тимот на Верона во предност. Душан Влаховиќ после долго време во 62. минута израмни. Србинот постигна ...
Борусија Менхенгладбах со гол во претпоследната минута од мечот, дојде до бодовите против Борусија Дортмунд. Овој пораз нема да има никакво влијание врз гостите, со оглед дека претходно го обезбедија учеството во Лигата на шампионите. Двата тима имаа шанси во текот на целиот меч, а потоа домашниот тим искористи една грешка на гостите и дојде до гол. Рајц испрати добра топка до Табаковиќ, кој постигна гол. Првично, голот беше поништен поради ...
Македонскиот тренер Југослав Тренчовски, продолжува да го води Радомље кон успешна сезона во Словенија. Неговиот тим денеска го совлада тимот на Марибор со 2-1. Со тоа Радомље ја скрати можноста на Марибор да се најде на третата позиција на табелата, и да избори место во Лигата на Конференции идната сезона. Во Словенија веќе одамна се знае дека Цеље е шампион, додека Домжале испадна, а најверојатно Приморје ќе игра во бараж. Крадењето ...
Преспа со 0-1 го совлада тимот на Големо Коњари на негов терен во последниот меч од 27. коло во Втората лига. Мечот беше решен во вториот дел, кога ресенчани го постигнаа голот вреден три бода. И двете екипи во следната сезона ќе бидат третолигаши, така што овој меч немаше никакво резултатско значење. Единствениот гол се случи во 56. минута кога Карамачоски успеа да го совлада домашниот голман, и така да донесе три бода. Крадењето авторски ...
Тензиите растат во соблекувалната на Реал Мадрид, а во центарот на незадоволството, според „Ел Мундо“, е Килијан Мбапе. Додека ситуацијата на теренот е во голема мера мирна, настаните надвор од него станаа главна тема на разговор, а сè се врти околу начинот на кој се управува со закрепнувањето на француската ѕвезда од повредата. Претходниот проблем со коленото на Мбапе веќе предизвика внатрешни дискусии и доведе до прилагодувања во рамките на ...
Манчестер Јунјатед и официјално идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, откако успеа да го победи тимот на Ливерпул со 3-2, и така да стигне до 18-тата победа во сезоната, и да се зацврсти на третата позиција на табелата. „Црвените Ѓаволи“ одиграа импресивно прво полувреме во кое водеа со 2-0. Домаќините брзо почнаа да ја „решаваат“ одбраната на противникот. Во шестата минута после еден корнер, Куња најпрво се обиде, беше озблокран од ...
Се одиграа два натпревари од 30. коло во ПМФЛ. Во Кавадарци немаше победник, а во Струга ТЛ славеа гостите од Струмица, тимот на АП Брера. Неверојатно е она што го промаши Струга ТЛ. Домашниот тим имаше најмалку седум прилики за гол, но не го најде патот до мрежата. Во првиот дел се закануваа Малески, Шабани, Зенделоски и Фал, но Диковски запиша три одбрани, а Зенделоски шутираше само крај голот. Во вториот дел најсериозните шанси дојдоа во ...
Фудбалерите на Борнмут го победија Кристал Палас на својот стадион со резултат од 3:0 во 35-то коло од англиската Премиер лига. Андони Ираола ја напушта клупата на популарните „цреши“, и е на добар пат да ги остави со историски резултат и пласман во едно од европските натпреварувања. Домашниот тим ја заврши целата работа во првото полувреме, а поведе во 10-тата минута со несмасен автогол на Лерма, по корнер-шут од левата страна на Скот. Во ...
Наместо да обезбеди место во Лигата на шампионите, Милан се лизна против тим и играчи кои многу пати беа фатални за нив – Сасуоло и Доменико Берарди. Домашните славеа со 2:0, а Берарди го најави триумфот во 5-тата минута со својот 12-ти гол во 21-от натпревар против „росонерите“. Фактот дека тој регистрираше и седум асистенции покажува колку е мотивиран долгогодишниот предводник на Сасуоло против Милан. Фикајо Томори им ја отежна работата на ...
Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, 84-годишниот Сер Алекс Фергусон, заврши болница непосредно пред денешното дерби против Ливерпул и мораше да го напушти стадионот „Олд Трафорд“ дури и пред почетокот на натпреварот, објави „Сан“ . Фергусон беше на стадионот пред натпреварот од Премиер лигата. Кратко пред првиот свиреж на судијата, тој се пожали на здравствена состојба. Му беше укажана медицинска помош од медицинскиот персонал во ...
Од втора лига за само една година до шампионскиот трон во „елитата“. Тоа му успеа на тимот на Тун, кој официјално стана првак на Швајцарија. Така македонскиот интернационалец Елмин Растодер се закити со титулата во оваа земја. Тимот на Растоддер одигра брилијантно во последниот дел од есенската и раната пролетна сезона, забележувајќи 10 победи, 12 нерешени резултати и 13 натпревари, и дојдоа на чекор од освојување на првиот трофеј во ...
На двата натпревари од ПМФЛ денеска, нема никој предност ниту во Кавадарци, ниту во Струга, со тоа што на мечот помеѓу Тиквеш и Арсими има голови, додека на мечот „крај езерото“ мрежите мируваат. Во Струга, домашниот тим имаше повеќе шанси, повеќе од играта, но не успеаја да дојдат до предност. Најдобрите шанси ги имаа Шабани, Зенделоски и Фал, меѓутоа Диковски беше одличен на голот, а Зенделоски шутираше крај голот. На овој меч дојде и до ...
На 40 години Лукас Подолски освои уште еден трофеј во својата кариера. Легендарниот германски напаѓач синоќа го освои Купот на Полска со Горник Забрзе. Подолски потоа најави и крај на кариерата, односно дека нема повеќе да игра фудбал по завршувањето на сезоната. Подолски остави траен белег во германскиот фудбал. Играше за германската репрезентација која во 2014 го освои најблескавиот трофеј – Светското првенство. Беше дел од селекцијата на ...
Дванаесетта победа на Селта во шпанската Ла Лига во 34. коло, и сега тимот од Виго гледа кон излез во Европа. На крајот домашните дојдоа до триумф од 3-1. Алварез го отвори резултатот во 14. минута од средбата. Аспас во 30. минута ја доближи Селта блиску до триумф. Намали Андре Силва од пенал, но печат на трите бода стави Иглесиас во 85. минута од средбата. Елче, пак, е сигурен во опстанокот, додека на Селта му останува да се бори за пласман ...
По само девет минути на теренот во Струга се случи измена. Но, не на играчите, туку на судиите. Благојче Ралевски, кој беше делегиран како главен на овој натпревар, не можеше да го продолжи мечот. Тој во 7. минута побара лекарска помош, но не можеше да продолжи, па две минути подоцна имаше замени на арбитрите. Сега главен судија ќе биде Јован Качевски, кој на овој меч беше четврти судија, а сега ќе ја има улогата на „главен“. Крадењето ...
Реал Мадрид ја губи титулата во Шпанија, а сега е во трка со времето да го оспособи Килијан Мбапе да игра на следното „Ел-Класико“, кое е на програмата на 10. мај. Тогаш Барселона може да слави титула, а на тој меч Мбапе веројатно нема да се најде во составот. Причината е повредата на коленото кој го мачи Французинот. Пред неколку дена се појави информација дека Мбапе наводно не сакал да игра до крајот на сезоната, со цел да биде подготвен за ...
Крилниот напаѓач на Орландо Меџик, Франц Вагнер, официјално нема да игра во решавачкиот, седми натпревар од првото коло од плејофот на НБА против Детроит Пистонс во недела. 24-годишниот германски репрезентативец се повреди во четвртиот натпревар, кога му беше дијагностициран истегнување на листот, поради што мораше да ги пропушти последните два натпревари. Вагнер е мачен од бројни повреди оваа сезона и играше само на 34 натпревари во ...
Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, проговори за крајот на својата кариера по натпреварот во кој го постигна својот 970-ти гол. Португалецот има 41 година, а во кратко интервју наговести дека неговата кариера се ближи кон крајот. „Крајот на мојата кариера е блиску, ајде да уживаме во скоје натпревар. Продолжувам да играм не само за оваа, туку и за претходната генерација, и за онаа што доаѓа. Уживам ден по ден, меч по меч, иако крајот ...
Без шанси, без голови одиграа Болоња и Каљари во меч во кој ниту еден од двата тима немаше посериозни шанси. Најголемите возбудувања се случија на стартот од мечот, кога Болоња постигна гол, а судијата го потврди. Меѓутоа по прегледување на ВАР снимката, се утврди дека е офсајд, па така истиот беше поништен. Двете екипи имаа само по една (полу)шанса, меѓутоа мрежите на крај мируваа, резултат кој на крајот им одговара и на двата тима. ...
Ромелу Лукаку би можел да се врати во Премиер лигата ова лето, бидејќи Наполи е отворен да го продаде во обид да го реконструира својот напад за следната сезона. Белгискиот напаѓач се мачи да го пронајде својот ритам оваа сезона, играјќи само седум натпревари и играјќи нешто повеќе од еден час по натпревар поради постојани повреди. Недостатокот на време за игра го ограничи неговото влијание и се верува дека влијаел врз одлуката на Наполи да ...
Португалецот Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити по девет години. Тој е слободен агент од 1 јули, но со оглед на тоа што е врвен играч, нема да го има тој статус долго. Барселона наводно завршила 80 проценти од работата околу потпишувањето на 32-годишниот играч од средниот ред. Тој се согласил на плата од седум милиони евра годишно, а се чека формализирање на работата. Сепак, турскиот гигант Галатасарај реши да се вклучи. Тие му ...
Кошаркарите на Денвер во следната сезона очигледно сепак ќе бидат предводени од Дејвид Аделман. И покрај катастрофата и елиминацијата во првото коло од плејофот, локалните медиуми објавуваат дека Аделман ќе добие нова шанса. Аделман ги предводеше Нагетсите до 54 победи во регуларната сезона со 28 различни почетни состави поради проблеми со повреди. Експертот од Орегон го презеде тимот по отпуштањето на Мајкл Мелоун пред минатогодишниот ...
Ако ова се оствари, тоа би било голем шок за Барселона и нејзините навивачи. Крилниот напаѓач Рафиња размислува за заминување во ткеот на летото. Според изданието на „Спорт“, 29-годишниот Бразилец минува низ период на двоумење во последните недели. Тој веќе го информирал клубот дека има дилема дали да остане или да замине. Сепак, неговата неизвесност не е поврзана од клубот, туку од лични причини. 29-годишникот беше кандидат за Златната топка ...
Со месеци наназад траат шпекулациите околу тоа каде Јанис Адетокумбо би ја продолжил кареирата. Тој ја има најслабата сезона во дресот на Милвоки, а исто така има и проблеми на релација играч – клуб. Според познатиот НБА инсајдер, Џејк Фишер, Гркот на крајот би можел да заврши на Западот, и тоа во редовите на Портланд Треилблејзерс. Влијанието на познатиот американски бизнисмен Томас Дандон , кој го презеде клубот кон средината на август, но ...
Фудбалот ја покажа уште еднаш својата тажна страна, онаа што оди далеку од резултатот, ривалството и се за што се игра. Трагедија ја потресе Србија за смрт на голман во пониските лиги. На мечот помеѓу Читлук и Горњи Степош се случи трагичен настан кој ја погоди целата земја. Искусниот голман Никола Јовановиќ почина откако се сруши на теренот за време на натпревар. И покрај брзата реакција, почина на пат кон болницата. Сe се случи во рамките ...
Ако сака да се надева на директниот опстанок во ПМФЛ, екипата на АП Брера мора да најде начин да победи на гостувњето во Струга (денеска 16 часот). Доколку тоа не го стори, се поизвесно е дека ќе игра бараж, па дури можеби и директно да испадне ако во последните три кола потоа направи уште некој „кикс“. За разлика од нив, Струга ТЛ е сигурна на третата позиција. Има некои минимални шанси и за второто место, но за такво нешто ќе мора да се ...
Изненадувачки вести доаѓаат од Мадрид. Како што пишува „Марка“, искусниот десен бек на Реал, Дани Карвахал после оваа сезона ќе ја заврши својата богата кариера. Легендарниот фудбалер на „кралевите“ има проблеми со повредите поради кои не игра оваа сезона, а се чини дека не се гледа опоравувањето. Во превод, Карвахал против Атлетик Билбао ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. „Ако неговото присуство веќе изгледаше малку веројатно по ...