Егзодусот на странски кошаркари од Партизан продолжува откако по Стерлинг Браун и Двејн Вашингтон, одлука да ги напушти „црно-белите“ донесе и Дилан Осетковски. Крилниот центар беше доведен од управата минатото лето, Жељко Обрадовиќ по своето заминување обелодени дека тој никогаш не го барал Осетковски во Партизан, но Дилан заигра далеку подобро по тренерската смена и доаѓањето на Пењароја. Тој ја заврши сезоната со просек од 7,2 поени и 2,9 ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин легендата на Вардар и македонскиот фудбал, членот на шампионската вардарова генерација од 2002 година, а во моментов еден од најпознатите македонски фудбалски агенти – Александар Бајевски. Поранешниот македонски репрезентативец, меѓу другото се потсети и на дел од својата богата кариера кога во 2007 година беше дел од катарскиот Ал Ахли заедно со, сега, еден од најдобрите тренери на ...

Англија се пласираше во осминафиналето од СП 2026, каде ќе се сретне со ко-домаќинот Мексико. „Гордиот албион“ тој натпревар ќе го игра во еден часот по полноќ по англиско време, а Томас Тухел од САД испрати апел до „островот“ – родителите да ги остават децата да го гледаат тој историски меч дури и доколку тоа значи да не одат во училиште наредниот ден. „Децата треба да се пред ТВ и да гледаат. Напишете им оправдание, нека не одат во ...

Португалија и Хрватска вечерва ќе ги одмерат силите во мегадуелот од 1/16 финалето на СП 2026, меч што според многумина ќе биде решен на средината од теренот. Хрватите со години го имаат Лука Модриќ за свој „командант“ во екипата, но легендарниот плејмејкер овојпат ќе има силни ривали на спротивната страна, тандемот Витиња – Жоао Невеш кој две години по ред стигнува до трофејот во ЛШ со екипата на ПСЖ. Витиња во пресрет на овој натпревар ...

Фијаското на СП 2026 и елиминацијата од Парагвај ќе го означат крајот на ерата на Јулијан Нагелсман откако младиот стратег не ги оправда очекувањата на јавноста и беше елиминиран уште во 1/16 финалето од овој мундијал. Федерацијата веќе го има избрано и новиот селектор – легендарниот Јирген Клоп е подготвен да го преземе кормилото на националниот тим, но останува да се реши проблемот – Нагелсман има уште две години од акутелниот договор и не ...

Ненад Димитријевиќ вчера го комплетираше трансферот во редовите на Арис, потпишувајќи двогодишен договор со тимот од Солун. Одличниот плејмејкер доаѓа на инсистирање на спортскиот директор Никос Зизис, со кого на почетокот од кариерата имаше одлична соработка во Хувентуд. Димитријевиќ во првата изјава не крие дека огромно влијание врз одлуката од неколкуте понуди да го избере токму Арис е фактот дека тренер на оваа екипа е легендата на ...

Манчестер Сити попладнево и официјално го потврди мегатрансферот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест, кој се сели на „Етихад“ за сума од огромни 116 милиони фунти. Овој трансфер е за нијанса понизок од оној рекордниот на Исак од Њукасл во Ливерпул минатото лето, но Андерсон станува најскап британски фудбалер во историјата, откако го урна досегашниот рекорд на Деклан Рајс, кој од Вест Хем се пресели во Арсенал за сума од 95 милиони фунти. ...

Уште една прекрасна фудбалска приказна завршува летово, откако Санти Казорла објави дека става крај на својата професионална кариера. Шпанскиот ас реши на 41-годишна возраст да ги закачи копачките на клин откако му се исполни големата желба, да се врати назад во својот Овиедо и да настапува за овој тим во Примера. Казорла даде значаен придонес во влезот на Овиедо во Ла Лига, ланската сезона настапуваше за својот тим од детството, по што ...

‘Селекцијата на БиХ го заврши настапот на СП 2026 со пораз во 1/16 финалето од ко-домаќинот САД, мундијал на кој самиот пласман на босанските фудбалери беше своевидно чудо по елиминациите на Велс и на Италија преку баражот во Лигата на Нации. Селекторот Барбарез и неговите избраници воопшто не се посрамотија, цело првенство го одиграа на максимумот од своите можности, што за жал беше доволно само до првата нокаут фаза од шампионатот. Самото ...

Поранешниот кошаркар на Бостон, Џејлен Браун, се пресели во Филаделфија, објави денес ESPN. За возврат, Селтиксите го добија Пол Џорџ, два пика од првата рунда и два пика од втората рунда на НБА драфтот од „Севентисиксерс“. Пиковите од првата рунда се од драфтовите 2028 и 2031 година, додека пиковите од втората рунда се од драфтовите 2028 и 2030 година. Браун беше избран од Бостон како трет пик на драфтот во 2016 година, а 29-годишниот бек ...

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со одличните партии во подготвителниот период пред почетокот на Европското првенство. По двата триумфи над Саудиска Арабија, нашите надежи денеска ги совладаа и своите врсници од Грција со 29-25. Избраниците на селекторот Игор Илиевски прикажаа квалитетна игра на теренот, потврдувајќи ја добрата форма во која се наоѓаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Канадската национална метеоролошка служба издаде портокалово предупредување за областа на Торонто. Португалија и Хрватска вечерва во 1 часот по полноќ во Торонто, ќе го одиграат мечот од шеснаесеттина финалето, но екстремни временски услови сериозно го загрозуваат одржувањето на натпреварот. Канадската национална метеоролошка служба („Environment Canada“) издаде портокалово предупредување за областа на Торонто. Стадионот „БМО Филд“ ќе биде ...

Серџо Скариоло повеќе не е шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, откако денеска и официјално беше прекината соработката меѓу двете страни. Клубот соопшти дека разделбата е спогодбена, со што завршија неколкудневните преговори околу предвремениот прекин на договорот кој имаше важност уште три сезони. Главната пречка во разговорите беше висината на отштетата, прашање кое раководството на „кралевите“ и италијанскиот стратег конечно успеаја да го ...

Теодор Тодески ја продолжи соработката со ракометниот клуб Бутел Скопје за уште две дополнителни сезони. Со новиот потпишан договор, левиот бек се обврза на верност кон скопскиот тим најмалку до летото 2028 година. Тодески е важен дел од тимот, а овој потег ја потврдува амбицијата на Бутел Скопје да го задржи костурот на екипата и да се потпре на квалитетни домашни играчи за предизвиците кои следуваат во домашниот шампионат. Крадењето ...

Иако беше објавено дека Фарук Мемиќ заминува од битолскиот Е. Пелистер 2, сепак се случи пресврт. Стратегот кој одлично работи со младите категории ќе остане во вториот тим на битолчани и ќе ја преземе функцијата помошник на тренерот Бранислав Ангеловски. „Еурофарм Пелистер и Фарук Мемиќ е приказна која трае повеќе од деценија, приказна која продолжува и понатаму. Му посакуваме многу среќа на Фарук и уште многу нови генерации да излезат под ...

Хрватскиот стручњак на клупата на Вардар, Иван Чупиќ, би можел на фантастичен начин да ја заокружи својата прва сезона како предводник на скопскиот клуб. По освојувањето на двојната круна на домашната сцена и враќањето на Вардар во Лигата на шампионите, Чупиќ сега се најде во потесниот круг на кандидати за престижното признание „Тренер на сезоната“ во Европската лига на ЕХФ. Под водство на младиот стратег, „црвено-црните“ стигнаа до ...

Тотенхем е исклучително активен во летниот преоден рок, па веќе договори неколку играчи кои ќе бидат дел од тимот за следната сезона. Веќе некое време е познато дека Ендрју Робертсон, Маркос Сенеси и Јан Пол ван Хеке ќе играат за „Спурси“, а во последните денови Тотенхем договори и засилувања во средниот ред. Пред неколку дена, Фабрицио Романо објави дека играчот за врска Матеуш Фернандеш ќе стане нов член на „Спурси“. Вредноста на трансферот ...

Капитенот Војдан Стојановски вечерва повторно ќе ја предводи македонската сениорска репрезентација во натпревар кој може да го потврди пласманот во квалификациите за Евробаскет 2029. Македонија од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска во натпревар од 5. коло од претквалификациите, а евентуалната победа ќе значи и официјална потврда на местото во следната фаза. Иако Македонија славеше на првиот меѓусебен ...

Сенегал го пропушти осминафиналето на Светското првенство. Оваа селекција имаше водство од 2:0 против Белгија до 86-тата минута, но потоа противникот постигна два гола за три минути и го однесе натпреварот во продолжение, каде што потоа славеше триумф од 3:2. Сенегалците останаа во неверица. Беа на чекор од голем успех, но сега мора да си одат дома. По натпреварот, се појави уште еден проблем. Играчот од средниот ред на Виљареал, Папе Геје, ...

Епитетот херој на денот можеби подеднакво ја засужија и Хари Кејн и Јури Тилеманс. Двајцата постигнаа по два гола во победите на своите селекции, но дефинитивно Хари Кејн е еден и единствен за Англија. Го спаси својот тим од рана елиминација од Конго на Мундијалот. Кога Англија имаше негатива и кога не играше ништо, се разбуди голгетерот и постигна два гола, овозможувајќи и на Англија пласман во следната фаза. И кога Англичаните имаа доста ...

ГРК Охрид успеа да го ангажира јапонскиот ракометар Косуке Јасухира во својот ростер, меѓутоа не од оваа сезона. Ова е исходот од преговорите, па така Јапонецот кој играше и во Вардар, ќе му пристапи на тимот на Охрид дури од сезоната 2027/28. Од раководството на Охрид напоменуваат дека сториле се да го задржат и оваа сезона, меѓутоа не успеале, па така од следната сезона тој ќе биде достапен на тимот, и ќе потпише договор до 2029 година. ...

Селекторот на американската репрезентација, Маурисио Покетино, одговори на исклучувањето на напаѓачот на репрезентацијата, Фоларин Балогун, во натпреварот од осминафиналето на Светското првенство во 2026 година против Босна и Херцеговина (2:0). Напаѓачот доби директен црвен картон по ВАР-техниката затоа што стапна на глуждот на Тарик Мухаремовиќ. „Според мене, ова не е црвен картон. Немаше намера да се згази ногата на противникот. Ако имаше ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Флоарин Балогун е четвртиот играч кој постигна гол и доби црвен картон во нокаут фаза на СП. Претходно тоа биле Зидан (2006 финале), Роналдињо (2002 1/4 финале) и Гаринча (1962 полуфинале). Екипата на Арсенал има најмногу асистенти на овој Мундијал. Леандро Тросар е шестиот играч на „топчиите“ кој ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе ја пречекаат селекцијата на Ирска во натпревар од петтото коло во групата „А“. Македонија влегува во дуелот со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари, меѓу кои е и убедливиот ...

Белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс, кој постигна гол во 124-тата минута и 43-тата секунда на мечот со Сенегал, го постигна најдоцниот гол во историјата на Светските првенства. Претходниот рекорд го држеше Абделмалек Жабу од Алжир, кој постигна гол во 120 минута и 49-тата секунда на Мундијалот во 2014 година против Бразил. Тилемас го постигна и голот со кој Белгијците израмнија на 2-2, откако претходно имаа негатива од 0-2 до 86-тата ...

Легендарниот поранешен германски репрезентативец Тони Крос е најновиот од низата легенди на Германија кои ја критикуваат катастрофалната игра на Бундестимот и драматичната елиминација од Парагвај по изведувањето на пенали во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година. Екс играчот на Реал Мадрид смета дека Германија во моментов нема играч од светска класа кој може да направи разлика. „Во моментов немаме ниту еден играч од светска ...

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастијан Десабре, дозна за смртта на својот татко за време на прес-конференцијата по натпреварот против Англија во 1/16 финалето на Светското првенство . Африканскиот тим загуби со 1:2 по двата гола на Хари Кејн и не можеше да ја испорача најголемата сензација од почетокот на Светското првенство во 2026 година. За време на прес-конференцијата по натпреварот, претставник на фудбалската федерација ...

Пораз од САД со 2-0 и елиминација од Светското првенство доживеа селекцијата на Босна и Херцеговина, која имаше историски Мундијал со пласман во нокаут фазата. После елиминацијата и поразот, селекторот Сергеј Барбарез не ги криеше своите емоции, па дури имаше и солзи. „Ти благодарам татковино. Овие солзи по мечот не беа солзи на тага, туку солзи на радост, среќа и гордост. Солзи на благодарност што имам можност да го правам она кое го сакам, ...

По поразот и елиминацијата на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина од Светското првенство, камерите забележаа емотивен момент во кој капитенот на репрезентацијата Един Џеко ја тешеше својата ќерка Уна. Кога играчите го напуштија теренот, видливо разочарани од пропуштената можност да го продолжат натпреварувањето, Џеко се упати кон трибините каде што беше неговото семејство. Неговата ќерка не можеше да ги скрие емоциите, а ...

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, смета дека одлуката на Сенегал да ја задржи предноста од два гола на крајот била клучната причина за големиот пресврт на неговиот тим и победата од 3:2 по продолженијата во осминафиналето на Светското првенство. Сенегалците ја имаа играта под контрола до самиот крај. Со головите на Хабиб Дијар и Исмаила Сара, тие остварија предност од 2:0, доминираа во поголемиот дел од натпреварот и речиси целосно го ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53