Епитетот херој на денот можеби подеднакво ја засужија и Хари Кејн и Јури Тилеманс. Двајцата постигнаа по два гола во победите на своите селекции, но дефинитивно Хари Кејн е еден и единствен за Англија. Го спаси својот тим од рана елиминација од Конго на Мундијалот. Кога Англија имаше негатива и кога не играше ништо, се разбуди голгетерот и постигна два гола, овозможувајќи и на Англија пласман во следната фаза. И кога Англичаните имаа доста ...
Азедин Унахи беше херојот на Мароко во осминафиналната пресметка со Канада, во која Мароканците во второто полувреме постигнаа три погодоци, два од нив дело токму на Унахи. Маестрални два удари кои канадскиот голман немаше никакви шанси да ги запре, и тоа во меч во кој Мароко се мачеше офанивно по повредата на Сабари, африканската селекција со право го слави асот на Џирона за ова МВП-издание. А со вакви игри, јасно е дека Унахи нема уште ...

