Со убедлив триумф од 3-0, тетовска Шкендија ги најави шампионските амбиции во новата сезона. Скопје не беше вечерва достоен ривал за фаворитот, па тимот од Тетово како „домаќин“ во Скопје лесно дојде до трите бода. Уште од самиот старт тетовската екипа го наметна темпото, ја имаше иницијативата, па Нзенге во 17. минута успеа да погоди во мрежата, и најдобро да се снајде во мешаницата, и со помош на еден од одбранбените играчи на Скопје, да ...

Реал Мадрид е на чекор до реализирање на еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигна принципиелен договор со Лајпциг за ангажманот на Јан Диоманде. Според повеќе реномирани европски медиуми, двете страни веќе постигнале усмен договор, а во текот на понеделникот се очекува шпанскиот гигант да ја испрати и официјалната понуда. Таа ќе изнесува 120 милиони евра, заедно со бонусите може да достигне 140 милиони, сума што германскиот ...

Македонскиот интернационалец Георг Стојановски, го постигна вториот гол во второто коло во бугарскиот шампионат за својот тим Спартак Варна, кој успеа да го совлада тимот на Черно Море на гостински терен со 0-3. Стојановски го постигна вториот гол, откако го надмудри својот чувар, и рутински стрелаше во мрежата на противникот. За Стојановски ова беше вториот гол, после оној во првото коло кога погоди од половина терен против софиска ЦСКА 1948 ...

Барселона почнува да се помирува со фактот дека Атлетико Мадрид не сака да го продаде Хулијан Алварез. Поточно, дека може да си оди, но во кој било друг клуб освен Барселона. Каталонски извори денес пишуваат дека Барселона ќе го промени својот план во летниот преоден рок и дека ако не го доведат Хулијан, нема да потрошат многу пари за друг напаѓач. Очигледно, Ханси Флик и Деко се согласиле дека во тој случај Феран Торес ќе биде единствениот ...

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ќе остане член на Шалке и по завршувањето на тековната сезона. Фудбалерот на БиХ веќе постигнал договор со германскиот тим за продолжување на соработката до летото 2027 година. Со тоа ќе ја продолижи приказната во Бундеслигата. Џеко исто така одбил неколку добри понуди, за да остане во Гелзенкирхен, особено од клуботи од Серија „А“ и од МЛС, како и од други германски ...

Џејми Варди откри интересна анегдота од времето кога ја делел соблекувалната со Н’Голо Канте во Лестер Сити. Според поранешниот англиски репрезентативец, францускиот играч од средниот ред првично не планирал да игра за Франција, туку сакал да го претставува Мали, татковината на неговиот покоен татко. Варди тврди дека Канте бил многу блиску до одлуката да игра за африканската репрезентација, но неговите соиграчи од Лестер се обиделе да го ...

После првото коло од ПМФЛ, екипата на Башкими се наметнува како најсериозен кандидат за испаѓање од ПМФЛ. Сосема нова екипа имаат кумановци, со млади играчи, тенка клупа и многу проблеми, а дека се најсериозни кандидати за напуштање на „елитата“ говори податокот дека денеска шест гола од Силекс, а можеа да бидат и повеќе да беа реализирани шансите на освојувачот на Купот. Дарко Илиески уште во третата минута со глава го отвори резултатот по ...

Јувентус има план најпрво да го позајми Елиф Елмас од Лајпциг, потоа со можен откуп на крајот на сезоната. Поради тоа тимот од Торино е подготвен да ја плати позајмицата од една сезона 10 милиони евра, објавува „Тутоспорт“. Веќе некое време се шпекулира дека Јувентус ќе трне по услугите на македонскиот интернационалец, кој на почетокот на сезоната се врати во таборот на Лајпциг, откако му истече позајмицата со Наполи, кој се реши да не го ...

Милан ја засилува потрагата по дефанзивецот на Барселона, Жерар Мартин, но во битката за неговиот потпис ќе има силна конкуренција од Челзи. Според шпанскиот „Ел Национал“, „росонерите“ ја зголемиле понудата за 23-годишниот Шпанец. Откако првично понудија 20 милиони евра, сега се подготвени да издвојат до 35 милиони евра за да го убедат каталонскиот клуб да го продаде. Во Милан сметаат дека засилување во одбраната е неопходно, особено по ...

Неизвесноста околу иднината на Бруно Гимараеш продолжува да биде една од главните теми во Њукасл. Иако клубот сака да го задржи својот капитен, менаџерот Еди Хау призна дека во моментов не може да гарантира дека бразилскиот репрезентативец ќе остане на „Сент Џејмс Парк“. Во изминатите денови британските медиуми објавија дека Арсенал сериозно работи на трансферот на 27-годишниот играч за врска и дека веќе постигнал договор со фудбалерот околу ...

Екипата на Е.Пелистер ги почна денеска подготовките за новата сезона. Со нов тренер во името на искусниот Лино Червар, пелистерци имаат големи очекувања во престојната сезона, и враќање на старите шампионски патеки, односно враќање на приматот најдобар клуб во Македонија. Капитенот Филип Кузмановски ги искажа своите очекувања од новата сезона, и верува дека доаѓањето на Лино Червар е дополнителна мотивација за ракометарите да дадат максимум и ...

Феран Торес и натаму е актуелна тема во шпанските медиуми, но според последните информации од „Мундо Депортиво“, Барселона нема намера да се раздели со шпанскиот репрезентативец во текот на летниот преоден рок. Иако во изминатите денови се појавија шпекулации дека Пари Сен Жермен внимателно ја следи ситуацијата околу 26-годишниот напаѓач, од „Камп Ноу“ засега не пристигнала ниту една официјална понуда. Исто така, во клубот немаат добиено ...

Иднината на Емилијано Мартинез повторно е една од главните теми на летниот преоден рок. Аргентинскиот голман, кој беше еден од клучните играчи на Астон Вила во последните неколку сезони, наводно донел одлука да ја промени средината и да започне ново поглавје во својата кариера. Според информациите од италијанските медиуми, најсериозен кандидат за неговиот потпис е Јувентус. Клубот од Торино внимателно ја следи ситуацијата и веќе воспоставил ...

Баерн Минхен продолжува со реконструкцијата на тимот, а спортскиот директор на клубот, Кристоф Фројнд, потврди дека Саша Бој и Жоао Паљиња не се дел од плановите за новата сезона. Двајцата фудбалери пристигнаа на „Алијанц Арена“ со големи очекувања и за значителни суми, но не успеаја да се наметнат во составот на германскиот шампион. Францускиот десен бек Саша Бој беше ангажиран од Галатасарај во 2024 година во трансфер вреден околу 30 ...

Летниот преоден рок во Турција донесе големи трансфер-зделки и бројни звучни имиња, но додека клубовите инвестираат милиони евра во засилувања, од Галатасарај пристигнуваат информации кои фрлаат сенка врз амбициозните планови на шампионот. Во моментите кога клубот работи на ангажманот на Брахим Дијаз од Реал Мадрид, најголемата ѕвезда на тимот, Виктор Осимен, јавно го изрази своето незадоволство од односот на раководството, обвинувајќи го ...

Новиот тренер на Е.Пелистер, Лино Червар, со големи амбиции ја започнува својата мисија во Битола. Пред првиот тренинг и официјалниот старт на подготовките за сезоната 2026/27, легендарниот хрватски стратег зборуваше за очекувањата од подготвителниот период, целите на тимот и визијата што сака да ја изгради во клубот. Червар истакна дека за него претставува голема чест што во финишот од својата богата тренерска кариера ќе го предводи ...

Крилниот фудбалер на ПСЖ и на француската репрезентација, Бредли Баркола нема да го продолжи договорот со ПСЖ. Оваа одлука е конечна, со што фудбалерот е подготвен за нов предизвик во кариерата. Баркола би можел да се пресели во Ливерпул уште оваа сезона. „Црвените“ бараат замена за Мохамед Салах, а во игра влегува и името на Французинот. Актуелниот договор на францускиот репрезентативец со европскиот првак е до 2028 година, и според ...

Интер продолжува да ја гради иднината на тимот, а следен на листата за продолжување на соработката е дефанзивецот Јан Бисек. Според информациите, италијанскиот шампион постигнал усмен договор со германскиот стопер за нов договор кој ќе важи до јуни 2031 година. Иако сите клучни детали меѓу двете страни се договорени, официјалното потпишување нема да се реализира веднаш. Се очекува во наредните денови да започнат формалните процедури, по што ...

Со денешниот состанок и првиот собир, ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за новата сезона. Со нов тренер во името на легендарниот Лино Червар, битолчани имаат цел да ја вратат титулата во Битола, и поуспешни настапи на меѓународна сцена. Екипата денеска ќе има заедничка вечера, а во текот на следните два дена ракометарите ќе бидат подложени на медицински тестови. Е.Пелистер првата недела ќе ја одработи во Битола, а потоа ...

Екипата на Силекс денеска ја отвора новата сезона со дуел против Башкими на свој терен. Актуелниот освојувач на Купот откако доживеа несреќна елиминација од Лигата на Конференции од Динамо Минск, сега се фокусира кон почетокот на новата сезона. Според тренерот Александар Васоски, целта е иста како минатата сезона – да се освои барем еден трофеј и во овој шампионат. „Целта е иста како и минататa сезона – да се освои барем еден трофеј и тимот ...

Новиот прволигаш ФК Скопје ја отвора сезоната со гостински натпревар против вицепрвакот Шкендија. Мечот ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија со почеток во 19 часот. Новиот шеф на стручниот штаб на клубот од Автокоманда, Муарем Муарем, верува дека неговиот тим може да му парира на фаворитот. „Нема сомнение дека Шкендија фаворит по неколку основи, и квалитативно, но и се наоѓа веќе во натпреварувачка форма, со ...

Со оглед дека има потреба од уште засилувања во одбраната, особено по европските настапи, Вардар е во потрага по ново име како стопер. Според информациите до кои дојде „Екипа“, прв пик е поранешниот црногорски репрезентативец, Душан Лагатор кој е пред потпист со македонскиот шампион. Лагатор има 32 години, и во моментов настапува во Првата лига на Индонезија во тимот на Макасар. Лагатор во минатото беше дел од Дебрецен, Висла Плок, играше и ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостува едно од најголемите македонски фудбалски имиња во историјата, Вујадин Станојковиќ, еден од само тројцата Македонци кои во историјата настапиле на светско првенство. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор за „ПРЕСИНГ“, Станојковиќ во анализата на штотукузавршеното Светско првенство 2026, се осврнува и на најголемите ѕвезди на денешницата Кристијано Роналдо и ...

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, останува дел од Коњаспор и во следната сезона. И покрај тоа што имаше шпекулации дека турскиот тим би можел да го продаде на една година од истекот на договорот, сепак, тоа нема да се случи. Играчот од средниот ред и дефинитивно останува дел од Коњаспор и следната сезона, а од јануари веќе ќе може да преговара со други клубови, со оглед на фактот дека во јуни 2027 година му истекува ...

Екипата на Башкими ќе ја започне новата сезона на гостински терен, каде што ќе се соочи со тимот на Силекс во Кратово. Кумановскиот тим се соочи со одредени потешкотии и доцна ги започна подготовките, но тоа не го намалува оптимизмот кај фудбалерите за уште една успешна сезона во домашната елита. Од таборот на кумановскиот тим велат дека ја почнале сезоната со голем ентузијазам, и покрај тоа што се почнати подготовките со задоцнување. „И ...

По првиот европски предизвик против Браво во Словенија, вицешампионот во Првата лига, Шкендија од Тетово, вечерва во 19:00 часот како домаќин ќе се соочи со екипата на Скопје, со јасна цел да ги потврди своите шампионски амбиции. Дефанзивецот на тетовскиот тим Имран Фетаи, посакува со три бода да биде отворена новата сезона, во која Шкендија влегува со амбиција да ја врати титулата во своите редови. „Секако, ова е нова сезона и нов шампионат. ...

Турските клубови се исклучително активни на пазарот ова лето и привлекуваат големи фудбалски имиња со огромни суми пари. Фенербахче веќе го засили својот состав, Бешикташ е блиску до доведување на Мо Салах и Дарвин Нуњез, а го брка и Душан Влаховиќ, па затоа е ред на шампионот Галатасарај да реагира и да направи потег на трансфер пазарот. Турските медиуми објавуваат дека Галатасарај направил потег за офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, ...

Дебито на Андони Ираола на клупата на Ливерпул донесе победа од 4:2 против Сандерленд во пријателски натпревар, но и прва сериозна причина за загриженост пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Веќе во осмата минута од средбата во Нешвил се повреди стоперот Џо Гомез, што дополнително ги разоткри проблемите на „црвените“ во последната линија на тимот. За време на презентацијата, Ираола нагласи дека Ливерпул мора да се засили ова ...

Кристијано Роналдо наводно има јасен план да го направи Ал-Наср поконкурентен следната сезона, а еден од главните услови што ги поставил е целосна контрола врз трансферната политика на клубот. Според медиумите, португалската ѕвезда сака и тој да има влијание врз трансферите, со цел тимот да напредува. Идејата негова е сите трансфер ида се вршат врз основа на спортски критериуми, без спортски критериуми, за да може Ал-Наср да има тим кој ќе ...

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза е на чекор од потпишување за Партизан. Веста што изгледаше речиси незамислива до пред само неколку месеци, сега стана реалност, а доколку трансферот се официјализира, тоа ќе биде еден од најконтроверзните и најгласните потези во овој преоден рок. Според европските медиуми, црно-белите успеале да го убедат аргентинскиот плејмејкер да го носи „црно-белиот“ дрес. Вилдоза остави длабока трага во дресот на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54