Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Сплитски Хајдук триумфираше со 2-0 пред своите навивачи против Пафос во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа. Иако многумина веруваат дека Пафос ја има улогата на фаворит во овој двомеч, екипата на Хајдук покажа дека никој не треба толку лесно да ги отпишува. Мечот го одбележа и феноменалниот слободен удар на Микеле Шего во 56. минута со кој го отвори резултатот. ПОГОДОК КОЈ ВРЕДИ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ...
Екипата на Струга ТЛ на само еден ден пред почетокот на новата сезона, остана без столбот во одбраната, Маудо Ламин Жарже. Високиот дефанзивец се пресели во Азербејџан, и во новата сезона ќе го носи дресот на Шафа од оваа земја. Потпиша двегодишен договор. Жарже една и пол сезона го носеше дресот на Струга ТЛ, и со добрите игри го сврте вниманието кон себе, а азебејџанскиот тим го ангажираше во своите редови. За стружани одигра 34 натпревари ...
Ќе мора Шкендија да брка негатива во Скопје на реваншот против словенечкиот тим Браво, откако вечерва во Љубљана тетовскиот тим беше поразен со 2-1. Иако поведоа, избраниците на Артим Положани мораа да се помират со пораз, и покрај тоа што не искористија добри шанси да дојдат барем до нерешено и поволен резултат пред вториот меч на Националната Арена „Тодор Проески“. А, добро почна тетовскиот тим од мечот во Љубљана. Уште во 10. минута ...
Едно од најголемите изненадувања во Лигата на Конференции денеска го направи екипата на Малишева од Косово, која на свој терен го совлада шкотски Хибернијан со 2-0. Токму победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од двомечот Браво – Шкендија. Малишева, предводен од поранешниот тренер на Шкендија, Томас Брдариќ го изненаду фаворитот, а македонскиот интернационалец Валмир Нафиу беше еден од стрелците. Нафиу влезе во вториот дел и го ...
21-годишното десно крило Костадин Капсаров е нов фудбалер на битолски Пелистер. Левоногиот фудбалер во битолскиот тим доаѓа од редовите на Брегалница. Роден во Струмица, Капсаров потекнува од фудбалската школа на Академија Пандев (подоцна АП Брера), а потоа играше во Беласица и Детонит. Во јануари оваа година се сели во Брегалница. Не доби многу шанса за настап во штипскиот тим, и сега го облече дресот на Пелистер, како засилување за ...
Имаше предност тетовска Шкендија на „Стожице“ во Љубљана во мечот против Браво во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Конференции. Красниќи погоди од белата точка и успеа да донесе предност за тетовските „црвено-црни“, во таа 11. минута. Сепак, Копатин успеа да израмни во 19. минута по додавање на Аринце. Тетовци имаа уште една добра шанса преку Нзенге во финишот, но успеа Рожман со крајни напори да одбрани во корнер. ...
Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ќе отсуствува подолго време. За потсетување, холандскиот играч од средниот ред претрпе повреда на коленото за време на Светското првенство во 2026 година. Барселона објави дека на играчот му е дијагностициран скинат медијален колатерален лигамент на десното колено . Според „Ас“, закрепнувањето на играчот ќе трае 5-6 месеци, што значи дека тој нема да се врати на теренот до јануари 2027 ...
Прескап е Пеп Гвардиола за Италијанците, па веројатно ќе се свртат кон ново решение. Гвардиола бара годишна плата од 20 милиони евра, а Италија е подготвена да му даде 10. Одговорот ќе се чека до вторник, а во меѓувреме Италија преговара со неколку други имиња. Федерацијата призна дека е во преговори и со искусниот Карло Анчелоти, кој во моментов е селектор на Бразил. „Не можам да откријам што се случува. Едно од имињата е она за кое ...
Ал Хилал продолжува со големи планови во преодниот рок, а новата голема цел на саудискиот гигант е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле. Според информациите на новинарот Саша Таволиери, Ал Хилал веќе ги започнал првите разговори со претставниците на францускиот репрезентативец, кого го гледа како приоритетно засилување за продолжението на летниот преоден рок. По ангажирањето на Крисенсио Самервил од Вест Хем, клубот од Ријад сака ...
Англискиот репрезентативец, Елиот Андерсон (23), е нов член на Манчестер Сити, соопшти клубот од „Етихад“. Андерсон потпиша петгодишен договор со Сити, а Форест ќе добие дури 135 милиони евра, што претставува втора најголема отштета платена од некој клуб од Островот. Рекордот се уште го држи Ливерпул, кој минатото лето потроши околу 146 милиони евра за да го доведе шведскиот играч за врска Александар Исак од Њукасл. „Манчестер Сити е еден од ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ потпиша нов едногодишен договор со Милан, соопшти италијанскиот клуб. Модриќ ја продолжи соработката со Милан за уште една година, па така ќе остане член на клубот до следното лето. Еден од најдобрите играчи за врска на 21-от век пристигна во Милан минатото лето како слободен играч, по една цела ера помината во Реал Мадрид. Неговиот договор истече на крајот од минатата сезона, по што тој размислуваше дали сака ...
Судбината на Лука Модриќ се уште е една од главните теми во летниот преоден рок, речиси три недели по елиминацијата на Хрватска од Светското првенство. Поминаа 20 дена откако Хрватска загуби од Португалија во осминафиналето на Светското првенство, но 40-годишниот играч за врска се уште нема донесено одлука за продолжување на кариерата. Тој има три опции: да остане во Милан и да ја активира клаузулата за уште една сезона, да го промени клубот ...
Според британските медиуми, Челси стана главен кандидат за доведување на младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, од Бајер Леверкузен. Станува збор за 18-годишен офанзивен играч за врска, кој го привлече вниманието со своите добри настапи на Светското првенство. Интерес за Алајбеговиќ покажаа и Јувентус, Аталанта и Фиорентина, но Челси моментално е во најдобра позиција да постигне договор со Бајер Леверкузен. Според ...
Во Аргентина владее незадоволство по финалето на Светското првенство, во кое Шпанија победи со 1-0 по продолженијата, поради што беше покрената и петиција. Петицијата на платформата Change.org ја иницираше Аргентинката, Жизела Санчез, убедена дека одлуките на судијата значително влијаеле врз крајниот исход на натпреварот. За само неколку дена, иницијативата привлече големо внимание и собра повеќе од 67.000 потписи. Тие сметаат дека ...
Само неколку дена по рекордниот трансфер на Морган Роџерс во Челси за 117 милиони фунти, Астон Вила и лондонскиот клуб реализираа уште една голема зделка. Алехандро Гарначо попладнево и официјално стана нов фудбалер на Астон Вила. Тој пристигнува на позајмица од Челси, но договорот вклучува и задолжителна откупна клаузула. Вила ќе има обврска во целост да го откупи неговиот договор доколку се исполнат одредени услови во текот на сезоната. Со ...
Христос Цолис и официјално е ново засилување на Арсенал. Лондонскиот клуб објави дека грчкиот репрезентативец потпишал петгодишен договор. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој игра на левото крило, а според медиумите, Клуб Бриж ќе добие 40 милиони евра како обештетување. Тој доаѓа на „Емирати“ како замена за Леандро Тросар, кој беше продаден на Бешикташ за 18 милиони евра. Минатата сезона, Цолис одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, ...
Германскиот репрезентативец Карим Адејеми и официјално е нов фудбалер на Барселона. По четири успешни години во Борусија Дортмунд, брзоногиот офанзивец се сели на „Камп ноу“ како прва голема ѕвезда во летниот преоден рок. Управата на каталонскиот клуб подолго време го следеше неговиот развој и процени дека ова е вистинскиот момент за трансфер. Иако Адејеми летово остана без повик од Јулијан Нагелсман за настап на Светското првенство во ...
Норвешката фудбалска асоцијација ќе поднесе официјална жалба до Етичкиот комитет на ФИФА поради политичко влијание на американскиот претседател Доналд Трамп во случајот со напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун. Претседателката на асоцијацијата, Лизе Клавенес, предупреди дека обидите за „туркање на целиот случај под тепих“ не се прифатливи и дека таков преседан може сериозно да го загрози фудбалот. Случајот привлече големо ...
Тетовска Шкендија денеска од 20:45 часот гостува на словенечкиот Браво во првиот натпревар од двомечот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Позитивна е атмосферата во таборот на тетовци иако се свесни дека ги очекува сериозен предизвик против навистина квалитетен противник кој одлично ја почна сезоната во словенечкиот шампионат. Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Артим Положани, дели дека тетовските „црвено-црни“ се ...
КК Работнички преку официјално соопштение информира дека е извршена промена во раководните структури на клубот, а за нов извршен директор е именуван Бранко Радевски. Радевски на водечката функција во клубот доаѓа на местото на Горан Веселиновски кој ја извршуваше изминативе три години. Тој е истакнат домашен спортски работник кој повеќе од 20 години е во спортот, во минатото како директор во фудбалските клубови на Вардар и Работнички, а ...
Светот на фудбалот до крајност вознемирен по информаците дека на брутален начин е погубен фудбалски новинар кој „можеби бил жив запален“. Изгорените останки на Луиџи „Лука“ Еспозито, добро познат спортски новинар од регионот Салерно во Италија, беа пронајдени по пожар на оддалечено поле Луиџи „Лука“ Еспозито беше пријавен за исчезнат во саботата навечер откако не одговорил на повиците од пријателите. Детективите сега веруваат дека нападот се ...
Комплетирајќи го ростерот за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, КК Кожув денеска официјално го промовираше својето најново засилување – Дамјан Крстевски! Македонскиот бек-шутер, висок 193 см, зад себе има богато прволигашко искуство, настапувајќи за Работнички, Вардар, ТФТ и Пелистер, а сега се сели во Гевгелија. „Со својата борбеност, квалитет, сигурен шут и победнички менталитет, Дамјан ќе претставува големо засилување за ...
Ѕвездата на Сантош, Нејмар, не брза да се врати во својот клуб по настапот на СП 2026. Синоќа Сантош го победи Универзидад Централ од Венецуела со 4-1 во Копа Судамерикана, без првата ѕвезда на тимот, кој, поради одморот по Светското првенство, сè уште не е влезен во посакуванот ритам. Но, Нејмар секако си најде забава за време на паузата од фудбалот. Слободното време го искористи за да го посети турнирот во покер од прва категорија во ...
Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски својата кариера ја продолжува во тимот на Бајангкара од Индонезија. Ристовски денеска и официјално промовиран во дресот на својот нов клуб, првпат во својата кариера реализирајќи трансфер во овој дел од Азија. Во Азија се сели од чешки Бохемианс каде настапуваше изминатава сезона, а претходно во кариерата беше дел и од Работнички на домашната фудбалска сцена, како и хрватска Ријека, словачки Нитро ...
Пеп Гвардиола е се поблиску до одлуката да ја отфрли понудата да ја преземе италијанската репрезентација, пишува „Газета дело Спорт“. Поранешниот тренер на Барселона, Баерн и Манчестер Сити беше прв избор на Италија, но преговорите се попречени од неговата желба за одмор и големата разлика меѓу понудената и побараната плата. Паоло Малдини, новиот технички директор на Италијанската фудбалска асоцијација, и неговиот советник Леонардо отпатуваа ...
Не така одамна Рафаел Леао важеше за еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот, играч проценет на 100 милиони евра од својот клуб Милан. „Росонерите“ одбиваа по 80 милиони без размислување, од Барселона и од Премиер-лигата, а од сегашен аспект сигурно и жалат за таквиот став. Леао има сериозен пад во формата во последните две години, а на почетокот од летово најави дека е подготвен да си замине од „Сан Сиро“ во потрага по нов предизвик во ...
Реал Мадрид ја претстави и втората комбинација на дресови за сезоната 2026/27, па така „кралскиот клуб“ дел од своите гостински натпревари ќе ги игра во опрема со зелена боја. „Ова е темно зелена опрема со бели детали на дресот, враќање на комбинација на бои што беа користени во минатото. Дресот не е со обичен дизајн, туку на него се вметнати и суптилни детали… Се надеваме дека овој дрес ќе ни донесе големи успеси, веќе може да го најдете на ...
Астон Вила го продаде Морган Роџерс во Челси за рекордни 117 милиони фунти (рекорд за англиски фудбалер во Премиер-лигата), по што двата клуба повторно седнаа на преговарачка маса и договорија уште еден трансфер. Алехандро Гарначо ќе биде наследникот на Роџерс во Вила откако двата клуба ги договорија сите детали за Аргентинецот кариерата да ја продолжи во тимот предводен од Унаи Емери. Гарначо минатото лето дојде во Челси од Манчестер ...
Барселона стигна до титулата во Примера дивизион минатата сезона, но Ханси Флик останува да жали за елиминацијата од Лигата на Шампионите. Германскиот стратег има и виновник за тој неуспех – холандскиот ас Френки де Јонг кого тренерот на Барселона веќе го има „прешкртано“ за наредната сезона. До конфликт дојде пред почетокто на реваншот со Атлетико Мадрид, откако лекарскиот тим на Барса даде зелено светло Де Јонг да се врати во стартниот тим, ...
Шкендија ќе биде значително засилена за вечерашниот натпревар од квалификациите за Конференциската лига против словенечки Браво, откако тетовци добија зелено светло за настап на двете најнови засилувања. Напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и дефанзивецот Јован Манев потпишаа за тетовските црвено-црни во текот на минатата седмица, а управата на клубот успеа да ги регистрира навреме за тие да можат да бидат во комбинација за денешниот меч воЉубљана. ...