Аргентинските интернационалци Лионел Меси и Родриго де Пол нема да настапат на претстојниот натпревар на ѕвездите во МЛС лигата (Ол-стар), но овојпат ќе избегнат суспензија, соопшти раководството на лигата. Според официјалното соопштение, пред почетокот на сезоната 2026 година, МЛС и Здружението на играчи постигнале договор со кој на фудбалерите им се овозможува соодветен одмор по настапот на Светското првенство. Меси и Де Пол на 19 јули ...

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар утре ќе и гостува на летонска Рига во реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во најслабото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА. Тренерот на Летонците Адриан Гула на денешната официјална прес-конференција говореше за утрешниот натпревар… „Гледаме кон мечот затоа што играме дома на нашиот стадион. Се надевам дека ќе добиеме поддршка. Првиот меч беше прво полувреме, тоа ...

Новиот менаџер на Челси, Чаби Алонсо, изјави дека има план за тоа како Морган Роџерс и Кол Палмер ќе играат заедно. Роџерс пристигна на „Стемфорд бриџ“ од Астон Вила за 117 милиони фунти пред само неколку дена. „Ни требаше важен играч на таа позиција и сигурен сум дека немаше многу подобри опции од Роџерс. Потребни ви се играчи кои можат да имаат речиси моментално влијание, а сигурен сум дека нема да му треба многу време на Морган да се ...

По пропаднатите преговори со Андреа Пирло, Италијанската фудбалска федерација повторно е во потрага по нов селектор, а според информациите на новинарот Николо Скира, во игра се дури пет звучни имиња. Техничкиот директор Паоло Малдини, заедно со својот советник Леонардо, ги фаворизира помладите тренери Рафаеле Паладино и Тијаго Мота, додека како поискусна опција го предлагаат Стефано Пиоли, кој зад себе има богато искуство во Серија А. Од ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално беше промовиран како нов играч на полскиот суперлигаш Погон Шчечин. Чурлинов се врати во Полска, откако во сезоната 2024/25 беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток, но овој пат во дресот на Погон. Чурлинов во кариерата играше за Штутгарт, Шалке 04, ФК Барнли, а во полска доаѓа од редовите на турски Коџаелиспор. На своето конто има и 42 настапи за репрезентацијата на ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски ќе биде нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот гигант Олимпија Љубљана. Струмичанецот седнува на клупата на популарните „змајчеки“ како замена за Мишо Бречко, кој денеска и официјално доби отказ по серијата променливи резултати на стартот од новата сезона. Тренчовски минатата сезона остави одличен впечаток предводејќи го тимот на Радомље, кој под негова палка стана вистински хит во словенечкото ...

Иако ќе биде еден од домаќините на Европското првенство во 2028 година, Англија нема автоматски обезбедено место на завршниот турнир. Според правилата на УЕФА, „Гордиот Албион“ ќе мора да ги мине квалификациите за да избори настап, што предизвика бројни реакции во фудбалската јавност. Контроверзиите дополнително се зголемија поради споредбата со Светското првенство во 2030 година. Имено, Аргентина веќе доби директен пласман на Мундијалот, ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство 2026. По реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, како и двата контролни натпревари против селекцијата на Грција во Скопје, нашите кадети денеска во хотел „Русија“ ги реализираат последните подготовки пред заминувањето за Белград. Репрезентацијата утре патува за Србија, каде во рамките на групната фаза ќе ...

На денешната конференција на клубовите од машката Супер-лига беше официјално потврдена голема промена во системот на натпреварување, која ќе стапи на сила од сезоната 2027/28. Клучната модификација ќе се имплементира во фазата на разигрување (плеј-оф), со цел да се зголеми динамиката и квалитетот на домашниот шампионат. Иако бројот на учесници во елитната конкуренција останува непроменет и во неа ќе се натпреваруваат 12 екипи, формат на ...

Олимпик Марсеј е сериозно заинтересиран за ангажман на младиот стопер на Реал Мадрид, Раул Асенсио, пренесува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Францускиот клуб сака да го доведе 23-годишниот дефанзивец на едногодишна позајмица, со вклучена опција за откуп во висина од 15 милиони евра. Од таборот на Реал Мадрид се подготвени да ја разгледаат понудата, но доколку трансферот стане траен, инсистираат да задржат процент од идната продажба на ...

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и Милан Андреа Пирло, нема да биде нов тренер на „аѕурите“, откако неговиот ангажман беше прекинат поради скандал поврзан со рекламирање за руска платформа за обложување. Состаноците меѓу претставниците на Пирло и Италијанската фудбалска федерација (FIGC) во Рим закажани за понеделник, 27 јули, се откажани, а сите формални процедури што требаше да претходат на неговото назначување се исто така ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостува едно од најголемите македонски фудбалски имиња во историјата, Вујадин Станојковиќ, еден од само тројцата Македонци кои во историјата настапиле на светско првенство. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор за „ПРЕСИНГ“, Станојковиќ меѓу другото се осврна и на онаа славна македонска фудбалска генерација која го имаше првиот настап во квалификации за пласман на ...

Неверојатен инцидент го одбележа натпреварот од женската футсал лига во Бразил, каде наместо спортски потези, во центарот на вниманието се најде брутално насилство на теренот. Скандалот се случи на дуелот меѓу RDJ Esport Feminino Project и Ас Ресенхас во рамките на Спортската лига Еузебио, што се игра во метрополитенската област на Форталеза. Инцидентот избувна веднаш по почетокот на второто полувреме, во моментите кога RDJ имаше водство од ...

Откако станува јасно дека Јан Диоманде наместо во Париз, ќе заврши во Мадрид, во дресот на Реал, ПСЖ подготвува понуда за херојот на штотуку завршениот Мундијал. Феран Торес веќе некое време се поврзува со трансфер во ПСЖ, но сега после ова што се случи со интернационалецот на Брегот на Слоновата Коска, европскиот првак ќе ги интензивира преговорите со Барселона за ангажман на шпанскиот репрезентативец. Освен него, ПСЖ го сака и Магнес Аклиуш ...

Реал Мадрид оваа недела ќе ги интензивира преговорите со Винисиус Жуниор во обид да постигне договор за продолжување на соработката. Бразилецот бара нето плата од околу 30 милиони евра годишно, со што би се израмнил со Килијан Мбапе, а засега двете страни не успеваат да најдат заеднички јазик. Дополнителна неизвесност носи и најавениот трансфер на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, за кого Реал е подготвен да плати околу 120 милиони евра. Иако ...

КК Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона и го промовираше второто ново име во ростерот за натпреварувачката 2026/27. По ангажманот на Благој Димитриев, битолскиот клуб потпиша договор и со Алонзо Едвард Денинг. Станува збор за кошаркар кој е роден во Соединетите Американски Држави, но има македонско потекло и поседува македонско државјанство. Тоа значи дека во домашното првенство ќе има статус на домашен играч, што претставува ...

Рома пронајде напаѓач околу кого ќе изгради нова офанзивна линија, Сантијаго Кастро ја напушта Болоња и се сели на „Олимпико“. Клубовите постигнаа договор за трансфер вреден вкупно 35 милиони евра, а и аргентинскиот фудбалер и неговиот иден тренер Џан Пјеро Гасперини дадоа согласност. Останува само Кастро да отпатува за Рим во наредните денови, да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор, по што зделката ќе биде официјално ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ стави крај на својата богата судиска кариера, само неколку недели откако го судеше финалето на Светското првенство, во кое Шпанија по продолженија ја совлада Аргентина со 1-0. Неговото пензионирање го потврди Фудбалскиот сојуз на Словенија, кој му се заблагодари за долгогодишниот придонес и му посака успех во идните предизвици. По финалето, Винчиќ и неговите помошници ги примија признанијата од Џани Инфантино ...

Андреа Пирло се огласи за прв пат откако неговото име беше споменато како можно решение за клупата на италијанската репрезентација и остро одговори на обидите неговата кандидатура да се претвори во политичко прашање. Легендарниот италијански играч од средниот ред изјави дека почитувањето на законот и професионалните договори не претставува никаква политичка или идеолошка позиција. Почнаа контроверзии поради неговиот ангажман како глобален ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, првпат се огласи по завршувањето на Мундијалот 2026 одлучувајќи да возврати на критичарите на штотукузвршеното светско првенство. Во долг пост по турнирот, тој ги обвини сите критичари дека се „изедени од омраза“ и им порача дека треба да „размислуваат, медитираат, се молат или да гледаат фудбалски натпревар“. Инфантино ја бранеше организацијата на првенството и тврдеше дека критичарите, наместо да го ...

Составот на Реал Мадрид за новата сезона сè уште се договара, па се очекуваат пристигнувања и заминувања. „Кралевите“ веќе се на добар пат да го договорат трансферот на крилниот напаѓач Јан Диоманде, со што би бил петтото ново засилување за тимот на Жозе Мурињо, но веројатно не и последното што ќе пристигне на крајот од преодниот рок. Но, и неколку ѕвезди на тимот ќе мора да заминат. Освен Диоманде, во последните денови се споменува и можното ...

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е пред промоција во дресот на полскиот суперлигаш Погон Шчечин. Како што пренесуваат полските медиуми, Чурлинов и дефинитивно се враќа во Полска, откако во сезоната 2024/25 беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток, но овој пат во дресот на Погон. Според пишувањата на Полјаците, двете страни веќе се договорени а деновиве се очекува само официјализација на соработката и промоција пред јавноста. 🚨 ...

Ливерпул се обидува да го договори трансферот на Бредли Баркола од Пари Сен Жермен. 23-годишниот француски репрезентативец стави до знаење дека не сака да го продолжи договорот со европскиот шампион и е отворен за преселба на „Енфилд“. Ливерпул го следи долго време, но цената што ја постави ПСЖ е многу висока. ПСЖ е подготвен да го продаде играчот, но Баркола има уште две години од договорот. Затоа, парискиот клуб верува дека обештетувањето ...

Крилниот напаѓач на Лајпциг, Јан Диоманде, ги договори личните услови со Реал Мадрид откако Пари Сен Жермен одлучи да се повлече од трката за еден од најбараните млади фудбалери во Европа. 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска беше мета на неколку европски гиганти ова лето. Меѓу заинтересираните беше и Ливерпул, чија почетна понуда од 69 милиони фунти беше одбиена уште во јуни, додека ПСЖ исто така беше сериозен кандидат. ...

Шкендија сo победа од 3-0 над Скопје го комплетираше првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Стрелци на головите за тетовци беа Фад Нзенгуе, Фабрис Тамба и Рафа Силва. Тренерот на Шкендија, Артим Положани, вели дека е задоволен од триумфот, но не и од ритамот со кој неговиот тим го одигра натпреварот. „Задоволен сум од резултатот, но не и од прикажаната игра. Мора да играме во повисок ритам. Свесен сум дека ова е ...

Македонскиот интернационален судија Игор Стојчевски, ќе ја дели правдата на реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции помеѓу Пјуник и Дебрецен кој ќе се одигра во Ереван. Негови помошници ќе бидат Филип Ицковски и Дарко Јовчевски, додека чегврти судија ќе биде Бенјамин Ќерими. Влатко Илиоски, кој го судеше натпреварот помеѓу Вардар и Брегалница, ќе ја дели правдата во Вилнус, на мечот помеѓу Жалгирис и Динамо ...

Новиот менаџер на Манчестер Сити, Енцо Мареска, е уверен дека клубот ќе остане на победничките патеки и по заминувањето на Пеп Гвардиола, отфрлајќи ги споредбите со Манчестер Јунајтед по ерата на Сер Алекс Фергусон. Италијанецот го наследува Гвардиола, кој за десет години на „Етихад“ освои 20 трофеи и остави длабока трага во историјата на клубот. Многумина стравуваат дека Сити би можел да се соочи со сличен пад како Јунајтед, кој по ...

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, потврди дека италијанскиот шампион сериозно работи на трансферот на капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро. Аргентинскиот репрезентативец има договор со Тотенхем до 2029 година, но наводно сака повторно да настапува во Серија А, каде претходно го носеше дресот на Џенова и Аталанта. „Дефинитивно се обидуваме да постигнеме договор со играчот и со клубот. Таквите преговори бараат време, но нашиот ...

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Дани Олмо, порача дека не го прифаќа извинувањето од селекторот на Аргентина, Роберто Ајала, по инцидентот што се случи по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина ја совлада Шпанија со 1-0. По последниот судиски свиреж дојде до мешаница меѓу членовите на двата табора, а во еден момент Ајала го удри Олмо во лицето. Неколку дена подоцна аргентинскиот селектор јавно се ...

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на македонските тимови на вторите натпревари во второто коло во Лигата на Конференции. На Вардар на гостувањето во Рига ќе му судат арбитри од Грузија, додека на Шкендија во Скопје, правда ќе делат Унгарци. Гога Кикачиешвили од Грузија ќе биде главен судија на мечот Рига – Вардар. Помошнци се Давит Акеладиани и Давид Габисонија. Четврти судија Бакари Брегадзе. Кај Шкендија, пак, Мартон Руш ќе дел ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58