После првото коло од ПМФЛ, екипата на Башкими се наметнува како најсериозен кандидат за испаѓање од ПМФЛ. Сосема нова екипа имаат кумановци, со млади играчи, тенка клупа и многу проблеми, а дека се најсериозни кандидати за напуштање на „елитата“ говори податокот дека денеска шест гола од Силекс, а можеа да бидат и повеќе да беа реализирани шансите на освојувачот на Купот. Дарко Илиески уште во третата минута со глава го отвори резултатот по ...
Неделната програма во Првата македонската фудбалска лига понуди два натпревари, а на првиот видовме апсолутна доминација на тимот кој несреќно испадна од Конференциската лига. Силекс покажа моќ и квалитет против екипата на Башкими и ги испрати кумановци со „сет“ голови во својата мрежа, најава која ветува доста тешка сезона за зелено-црните. Башкими не можеше да парира во ниту еден момент и прими шест парчиња во својата мрежа, а поразот од ...
Ако по утрото денот се познава, а во принцип е така, тогаш тимот на Башкими од Куманово ќе биде вистински херој ако до крај ја одигра тукушто започнатата ПМФЛ сезона. Ваков впечаток остави тимот од Куманово денеска на гостувањето кај Силекс во Кратово, каде што настапи со шест младинци, и каде што домаќинот обезбеди стартна победа во новото првенство од 6:0. Што да се напише за меч во кој што едниот од учесниците изгледаше како да е дел од ...
И петтиот натпревар од новата сезона во првата македонска фудбалска лига, заврши со победа на домашниот тим. Во Кратово, фудбалерите на Силекс апсолутно ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Башкими. Kратовци противникот за Куманово го пратија со шест голови во нивната мрежа. Уште воведниот половина час домашниот тим го најави триумфот. Веќе во третата минута Дарко Илиевски го отвори резултатот. Во осмата минута Габриел Танпел си ...

