Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Аргентинскиот фудбалер Николас Отаменди објави дека ја завршува кариерата во националниот тим по настапот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Отаменди (38) одигра 139 натпревари за аргентинската репрезентација од 2009 година, а освои и Светско првенство (2022) и две титули на Копа Америка (2021 и 2024). „Ги пишувам најтешките зборови во мојата кариера. Уште од детството сонував да го носам дресот на Аргентина. Тоа за мене беше ...
Леброн Џејмс ќе ја одигра 24-тата сезона од својата долга НБА-кариера во дресот на Филаделфија 76ерс, потврди самиот кошаркар кој изјави дека ова ќе биде неговиот последен танц во најсилната кошаркарска лига во светот. Тоа ќе биде четвртиот клуб во НБА-кариерата на Џејмс, која трае уште од 2003 година, кога беше избран како прв пик на драфтот. Тој настапуваше за Кливленд во два наврати, како и за Мајами Хит и Лејкерс чиј дрес го носеше од ...
Фудбалерите на Тиквеш имаат убедлива предност од 4-1 на полувреме против Арсими во премиерниот натпревар од 35. сезона во најсилната фудбалска лига во Македонија, ПМФЛ. Првиот гол во новата сезона во елитниот шампионат на Македонија го постигна Тохеб Лавал за водство од 1-0 на домаќинот во 18. минута. Девет минути подоцна домаќините зголеми на 2-0 со погодокот на Нфанли Сила. Гостите успеаја да намалат на 2-1 преку Рамадани во 33. минута. ...
Патрик Виеира е многу блиску до преземање на фудбалската репрезентација на Сенегал. Како што пишува „Фут Меркато“, преговорите меѓу поранешниот француски репрезентативец и Фудбалската федерација на Сенегал се одвиваат во позитивна насока, а 50-годишниот тренер наскоро би можел да го наследи Папе Чоу. Договорот се уште не е официјално склучен бидејќи Федерацијата мора да го реши прашањето за договорот на Чоу и да добие одобрение од ...
По третото последователно Светско првенство што Италија го пропушти, Џенаро Гатузо ја напушти клупата на „аѕурите“, а оттогаш Италија трага по неговиот наследник. Во изминатите денови често се спомнуваше легендарниот Шпанец Пеп Гвардиола, но тој ја одби понудата на Паоло Малдини, техничкиот директор на италијанската репрезентација. Сепак, Италија не губеше време и, како што пренесува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, постигна договор ...
Фудбалската федерација на Сенегал поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, а конечната одлука за тоа кој ќе го освои трофејот на Африканскиот куп на нации ќе биде донесена на 8 октомври. Со тоа се планира да се расчистат нерасчистените прашања што се влечат уште од финалето на континенталното првенство одиграно на 18 јануари во Рабат, каде што титулата накнадно му беше доделена на домаќинот Мароко, иако Сенегал победи по ...
Турскиот гигант Фенербахче би можел да го направи еден од најголемите трансфери во историјата на турскиот фудбал ова лето. Според информации од Турција, клубот од Истанбул сериозно размислува да го доведе португалскиот репрезентативец Рафаел Леао, и наводно е подготвен да плати дури 50 милиони евра за неговиот трансфер. Покрај високата отштета што би му ја понудил на Милан, Фенербахче наводно подготвил исклучително профитабилен договор за ...
Еден од најискусните аргентински фудбалери, Николас Отаменди, официјално стави крај на својата репрезентативна кариера. Искусниот стопер одлучи да се повлече на 38-годишна возраст, а последниот настап во дресот на „гаучосите“ го запиша во финалето на Светското првенство, каде Аргентина по продолженија беше поразена од Шпанија со 1-0. Отаменди влезе во игра како резерва во своето четврто Светско првенство, а по завршувањето на турнирот преку ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте (65), изјави дека неговиот тим сè уште не го достигнал својот врв и дека „најдоброто допрва доаѓа“, и покрај освојувањето на титулата на Светското првенство. Во интервју за шпанскиот весник „Марка“ по триумфот над Аргентина во финалето на Светското првенство, Де ла Фуенте рече дека чувствува „гордост, емоции и наклонетост на обединета земја“. – Овој тим сè уште може да се ...
Сезоната во ПМФЛ официјално започнува денеска, а вицепрвакот Шкендија ќе биде ослабена во првите неколку кола од првенството. Тетовскиот тим ќе биде прз својот прв голман Бабукар Гаје, кој ќе мора да паузира 2-3 недели поради повреда. Тој настапи на првиот меч во Лигата на Конференции против Европа на гости, но потоа беше подложен на лекарски прегледи, кои покажаа дека мора да оди на терапија. Гаје не бранеше на реваншот против Европа, како и ...
Белгиската фудбалска федерација и официјално го именува Марк ван Бомел за нов селектор на националната репрезентација. Поранешниот холандски репрезентативец потпиша договор со важност до завршувањето на Европското првенство во 2028 година и ќе има задача повторно да ја врати Белгија меѓу најсилните европски селекции. Ван Бомел зад себе има богато тренерско искуство, водејќи ги ПСВ Ајндховен, Волфсбург и Ројал Антверпен. Најголемиот успех како ...
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до крајот на сезоната 2026/27, објави шпанскиот гигант. Легендарниот шпански дефанзивец пристигна во Реал уште во 2007 година и помина 20 сезони во дресот на мадридскиот клуб, во кои освои дури 29 трофеи: три Евролиги, еден Интерконтинентален куп, девет титули во шпанското првенство, седум Кралски купови и девет Суперкупови на Шпанија. Љуљ, кој има 38 години, е и ...
Екипата на Струга се враќа во Суперлигата, и ќе го заземе местото на Пролет, кој од финансиски причини се откажа од настап во ракометната „елита“. Пролет донесе одлука за истапување, а Струга, која минатата сезона испадна од Суперлигата, сега се враќа. Стружани во меѓувреме добија ново раководство и веќе е сместена во елитното друштво пред предлог пропозициите што во понеделник ќе бидат усвоени на Конференцијата на клубовите. Крадењето ...
Јирген Клоп и официјално беше претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со договор кој ќе трае до јуни 2030 година. Поранешниот менаџер на Ливерпул пред околу десетина дена постигна договор со Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), а денес беше промовиран на специјална прес-конференција. На почетокот од претставувањето, потпретседателот на ДФБ, Ханс-Јоаким Вацке, упати благодарност до Ред Бул за коректниот однос при ...
Голема акција на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) беше спроведена на подрачјето на Бања Лука и Градишка, а меѓу лицата кои беа приведени се најде и претседателот на Управниот одбор на ФК Борац, и познат фудбалер Звјездан Мисимовиќ. Поранешниот босанско-херцеговски репрезентативец е осомничен за злоупотреба на службената положба и перење пари, по што беше приведен во просториите на СИПА каде што ќе даде исказ во рамки на ...
Челси ефикасно го договори потпишувањето на централниот дефанзивец на Кристал Палас, Максенс Лакроа. Францускиот репрезентативец ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 52 милиони фунти (околу 60 милиони евра) и ќе потпише шестгодишен договор – до 2032 година. Се очекува Лакроа денес да ги помине задолжителните лекарски прегледи пред да го потпише договорот. Лакроа беше клучна фигура во почетниот состав на Кристал Палас минатата сезона, ...
Напаѓачот на Ал-Хилал, Карим Бензема, и раководството на неговиот клуб одржаа состанок пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата на Саудиска Арабија . За време на овој состанок се појавија тензии меѓу двете страни, а францускиот напаѓач изјави дека не сака да игра само во Азиската Лига на шампиони. Според изворот, Французинот смета на важна улога во тимот во текот на претстојната сезона, додека претставниците на Ал-Хилал внимателно го ...
Трофејниот тренер и еден од најдобрите во моментов Пеп Гвардиола, нема да биде селектор на Италија, потврдија неколку извори во земјата. Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Баерн Минхен и Барселона ја одбил понудата од легендарните Паоло Малдини и Леонардо, кои беа на лична средба со него. „Ви благодарам, ова е чест за мене, но во овој момент не го чувствувам тоа“, им рекол наводно Гвардиола на челниците на Италијанската фудбалска ...
Брегалница на само еден ден пред стартот на новата сезона и утрешниот натпревар со шампионот Вардар во Скопје именуваше тренер на клубот. Враќањето во елитното друштво за штипјани ќе биде со искусниот Никола Кузманов, кој е именуван откако Влатко Костов не се согласи да го води тимот под новонастанатата ситуација во Брегалница. 60-годишниот стратег и во минатото ја водеше Брегалница, а минатата сезона беше помошник во стручниот штаб на ...
Јирген Клоп и официјално е нов селектор на германската фудбалска репрезентација. Прославениот стратег, кој во кариерата ги предводеше Борусија Дортмунд и Ливерпул, ја презема функцијата со цел повторно да ја врати Германија во самиот светски врв по разочарувачките настапи на последните три Светски првенства. Клоп на селекторската позиција го наследува Јулијан Нагелсман, кој доби отказ по елиминацијата на Германија од Парагвај во ...
Со натпреварот Тиквеш – Арсими денеска од 17 часот стартува 35-то јубилејно издание на Првата македонска фудбалска лига. Во Кавадарци домашниот тим сака со триумф да ја стартува новата сезона, во која има амбиции за што подобар пласман на прволигашката табела. Кавадарчани со ново раководство, нов стручен штаб и доста промени во играчкиот кадар брка стартни три бода. Не го потценуваат противникот, но од таборот на Тиквеш веруваат дека со помош ...
Арсими новата сезона во Првата македонска фудбалска лига денеска од 17 часот ќе ја започне со гостување кај Тиквеш во Кавадарци. По успешното деби во елитното друштво, тимот во својата втора сезона меѓу најдобрите влегува со јасна цел, пласман во горниот дел од табелата. Во пресрет на првиот натпревар, тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, изрази задоволство од сработеното во подготвителниот период. „По неколку недели интензивни подготовки можам ...
Еден од најдобрите домашни кошаркарски клубови, ТФТ Скопје со голем гест се вклучи во акција за помош на загрозените граѓани по прогласената епидемија во Гостивар. Од ТФТ Скопје, преку својата новоформирана фондација, донираа вода за граѓаните на Гостивар како знак на поддршка и солидарност. „Не секоја победа се освојува со кош. Некои победи се освојуваат со срце. Во текот на вчерашниот ден, Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, преку својата ...
Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, по речиси 100 дена минати во затворски притвор, од денеска е во домашен притвор. Сејдини пред судот депонирал банкарска гаранција во вредност од 1,15 милиони евра, доволно за судењето по обвинението за проневера на повеќе од 700.000 евра поврзани со изградбата на трибината на стадионот во Охрид, како и за финансиски злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, да го очекува од домашен ...
Со натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими денеска од 17 часот стартува јубилејниот 35-ти шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига. Од оваа сезона повторно враќање на 10 екипи во елитното друштво како би се концентрирал квалитетот во најсилната домашна лига, што без сомнение ветува далеку понеизвесна битка и за водечките места и за опстанок. Иако, реалноста говори дека бранителот на трофејот Вардар и тетовска Шкендија ќе бидат водечките две ...
Ливерпул се вклучи во трката за Ник Вилијамс, иако Арсенал во моментов е водечки во обидот за неговиот потпис. Арсенал го обнови контактот со крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, а спортскиот директор Андреа Берта ја истражува можноста за трансфер. Вилијамс има клаузула за обештетување во договорот од околу 90 милиони евра, која Арсенал и другите клубови од Премиерлигата можат да ја активираат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Евролигата ќе влезе во сезоната 2026/27 со голем број нови лица на клупата на пооделните клубови. Дури 10 од 20 клубови во елитното европско натпреварување го сменија својот главен тренер во споредба со почетокот на минатата сезона, што претставува една од најголемите тренерски промени во последните неколку години. Меѓу клубовите што започнуваат нова ера се Барселона, Реал Мадрид, Панатинаикос, Црвена Звезда, Баерн, Асвел, Виртус, Валенсија, ...
Манчестер Сити подготвува понуда од 90 милиони евра за играчот од средниот ред на Лил, Ајуб Буади. Клубот од англиската Премиерлига веќе се договорил за личните услови на договорот со мароканскиот фудбалер. Буади се согласил на договор до 2031 година, па „граѓаните“ сега се обидуваат да постигнат договор со Лил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ ...
Фудбалерите на Вележ на бизарен начин загубија на гостувањето од Дунајска стреда во второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Тимот од БиХ загуби со 1-0 на првиот натпревар, и тоа откако во 59. минута се случи бизарна ситуација која го реши овој дуел. Имено, при изведување гол-аут, Рибиќ му ја додаде топката на Омеровиќ, кој се збуни и ја фати со рака мислејќи дека тој треба да го изведе гол-аутот. Судијата покажа на белата ...
Шкендија загуби со 2-1 од словенечки Браво во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Тетовци поведоа во 11. минута со голот од пенал на Ендрит Красниќи, но домашните успеаја да свртат сè со головите на Копатин и Станковиќ. И покрај поразот, Шкендија создаде неколку добри шанси за гол, додека квалификациите остануваат отворени за реваншот што се игра за една недела во Скопјe. „Им честитав на момците за ...