
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Безбедносните власти, според германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, прават сѐ за да го фатат напаѓачот кој во Солинген со нож уби три лица и рани најмалку осуммина. Полицијата во покраината Северна Рајна-Вестфалија (НРВ) ја има сета поддршка од страна на сојузот, напиша Фезер на платформата Х. Таа, како што вели, е во постојан контакт со покраинскиот министер за внатрешни работи на НРВ, Херберт Ројл и безбедносните институции. ...
Министерката Ненси Фезер (СПД) во Росток претстави загрижувачки бројки: минатата година Сојузната полиција забележала највисоко ниво на криминал од 2012 година, односно во последните единаесет години. Регистрирани се речиси 800.000 кривични дела, што е за 12,5 отсто повеќе од претходната година. Тоа е сигурно и една од последиците на војните во Украина и на Блискиот Исток, како и на жестоката поларизација во самата земја. Посебно големо ...
Најмалку три лица се убиени, а осум се повредени, во напад со нож во Солинген, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Нападот се случи вчеравечер (23.08), на прославата на 650-годишнината од градот. Според полицијата, петмина од повредените имаат потешки повреди. Сторителот е во бегство, изјави портпаролка на полицијата. По него има „голема потрага“. „Во моментов немаме индикации каде се наоѓа“, велат од полицијата. Нема сигурни ...
Проблеми со нехигиената и јавниот превоз во Скопје, нови директори, раст на цените, проблеми во судството, бегства од затвори, мотиви за улични престрелки, учебници за претстојната учебна година... Локалната агенда околу која се врти македонското секојдневие, ја остави надвор од фокусот важната посета на директорот на ЦИА, Вилијам Брнс на Сараево, Белград и Приштина. Иако под превоз на тајноста, земјите од регионот со интерес ја следат рутата на ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави беспоштедна борба со криминалот во сите пори на општеството. Вели дека Македонија мора да се исчисти од криминал, ако сака да оди напред. „Мора криминалот да биде неисплатлива професија ако сакаме да одиме напред. Во спротивно ќе продолжиме да тонеме во ова политичко мочуриште. Како Влада сме жестоко посветени по која било цена се исчистиме од криминалот од секоја пора на општеството - дали на улиците, дали во ...
Слободата, онаа вистинската, е да се одлучува како да се живее сопствената егзистенција, со почит кон законите и без државата да се меша во личните избори. Визија за иднината која ги вклучува сите во „американскиот сон“, наместо да се инвестира во бесот, стравот и незадоволствата, само со цел да се подели Америка и со неа да се доминира. Тоа е„The New Way Forward”, новиот пат напред, слоганот со кој потпретседателката на Демократската партија, ...
Струмичани не само што за првпат ќе добијат јавен превоз, туку наскоро ќе се возат во електрични автобуси. Првиот месец возењето во градскиот превоз ќе биде бесплатно, додека трае тест периодот. Во сообраќај ќе бидат пуштени 10 електрични автобуси, набавени на лизинг, за коишто општината ќе плати седум милиони евра. „Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор“, вели ...
Кога почнува новата сезона во Бундеслигата? Сезоната 2024/25 започнува денеска, 23 август, со шампионот Бајер Леверкузен кој гостува кај Борусија Менхенгладбах. Првиот натпревар на Бајерн Минхен е во гости против Волфсбург, додека Борусија Дортмунд е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт. Женската лига, каде ќе има само еден испаднат тим, започнува на 30 август. 14 екипи ќе се борат за пехарот во наредната сезона. Како што во Германија е вообичаено, ...
Во пресрет на денешната средба со координаторите на советничките групи на која треба да го презентира планот за излез од кризата во главниот град, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во јавен настап прстот го впери во општини со кои раководат коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е принципот кој што треба да го знаат граѓаните. Ова се Тетово и Гостивар", рече Арсовска покажувајќи фотографии од преполни контејнери со смет. „Не смеат да ...
Кандидатката на Демократите за претседателските избори во САД, Камала Харис, има уште 75 дена да ги придобие американските гласачи. На завршетокот од партискиот конгрес во Чикаго таа ги скицираше плановите и програмата за Белата куќа и официјално ја прифати номинацијата. „Знам дека вечерва ме гледаат луѓе со различни ставови и сакам да знаете дека ветувам оти ќе бидам претседателка на сите Американци“, рече актуелната потпретседателка на САД. ...
Голем е колку авокадо и важи за еден од најголемите дијаманти во светот - во рудник на канадската компанија Лукара Дајмонд Корп во Боцвана е пронајден огромен дијамант од 2.492 карати. За квалитетот на дијамантот сѐ уште нема точни информации, но се вели дека тој е со „висок квалитет“. Во Боцвана, во 2021 година, компанијата Лукара пронајде дијамант од 1174,76 карати, кој досега се сметаше за трет најголем во светот. Најголемиот дијамант за кој ...
Индискиот премиер Нарендра Моди ќе допатува во Киев денеска, 23 август, во пресрет на Денот на независноста на Украина, и само еден месец по неговата посета во Москва. Посетата сигурно ќе предизвика мешани чувства кај домаќините. Индија опстојува на одржување блиски врски со Русија и покрај инвазијата од февруари 2022 година, и по цена на значително иритирање на Киев и на неговите сојузници. Моди повикува на мир, но и одбива директно вината за ...
Индискиот премиер Нарендра Моди ќе допатува во Киев денеска, 23 август, во пресрет на Денот на независноста на Украина, и само еден месец по неговата посета во Москва. Посетата сигурно ќе предизвика мешани чувства кај домаќините. Индија опстојува на одржување блиски врски со Русија и покрај инвазијата од февруари 2022 година, и по цена на значително иритирање на Киев и на неговите сојузници. Моди повикува на мир, но и одбива директно вината за ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе добие поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои најавија дека ќе гласаат за програмите коишто ќе ги предложи на седницата на 29 август. Целта е да се решат проблемите со коишто се соочува главниот град во пресрет на септември, а најгорливи се недостигот на автобуси во јавниот превоз и сметот во којшто е затрупан главниот град. Волја за средувањето на состојбите во главниот град има, но ...
Македонските граѓани се поретко одат во „минус“ на тековните сметки и кредитните картички, ама затоа „удрија“ на кредити за станови и купување автомобили. Најновите статистички податоци на Народната банка покажуваат дека само за една година е забележан раст на автомобилските кредити за 23,6 проценти. Па така, во јули автомобилските кредити се повисоки за 2,5% на месечно ниво, односно 23,6%, на годишна основа. Слична е состојбата и со ...
Тим Волц, 60 годишен ветеран и поранешен наставник по географија, неодамна се стекна со слава на национално ниво откако кандидатката на Демократите во трката за претседател на САД, Камала Харис, го избра за нејзин заменик, во случај да победи на изборите во ноември годинава. Пред тоа Волц беше познат само во сојузната држава Минесота каде што е на функцијата гувернер. Волц беше критичар на поранешниот претседател Доналд Трамп, особено во однос ...
Гејмском (Gamescom) требаше да биде неговиот голем момент: како шеф на германското студио Suspicious Games, Денис Квазиер сакаше да го претстави својот Проект Валдкауц (Projekt Waldkauz), авантуристичка игра со чудовишта и херои. Неговиот тим работеше на тоа три години, а Баварскиот филмски и телевизиски фонд за него обезбеди речиси 100.000 евра стимулации. Сепак, набрзо следеше горчливо сознание. „Парите беа потрошени, а почетокот на продажбата ...
„Драги обожувачи, драга фудбалска Германијо, мораше некогаш да дојде и овој ден" – со овие зборови голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Нојер ја започнува неговата порака со која на Инстаграм го најави повлекувањето. „Секој кој ме познава знае дека одлуката не ми падна лесно", рече тој. „Се чувствувам физички во добра форма и секако ќе беше предизвик да се игра и на светското првенство во САД, Мексико и Канада во 2026 година", ...
Амбасадорот и постојан претставник на Северна Македонија во ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски поднесе оставка, откако неодамна беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи поради наводни финансиски нерегуларности во работењето. Оставката е поднесена до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и известено е МНР. Фрчкоски не смета дека оставката на каков било начин ќе се одрази на функционирање во техничка смисла на Мисијата, но ...
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не е единствениот соговорник на владата околу идеите за реформи кои треба да ја вратат довербата во правосудството. Премиерот најави дека тој процес на разговори ќе продолжи и во наредниот период ќе се чекаат и други идеи и предлози за реформи во правосудство. Христијан Мицкоски дел од проблемите ги лоцира во институциите што го вршат „кастингот“ на кадри во судството и обвинителство. Од тие ...
Прв пример: Албанецот ја кодоши власта кај Бугарите. Премиерот го прими Бугаринот во проштална посета. Воведот е пресек на начинот на кој македонските медиуми го покриваа истиот тематски настан (проштални посети на амбасадорот на Бугарија), но со спин-зачин. Втор пример: Сиљановска одлуката ја донесе согласно Уставот. Сиљановска има човеково право да користи какво сака име за земјата. Вториот пример, поврзан со именувањето на контроверзен и ...
Понекогаш настаните се одвиваат како да се нарачани. Овој вторник, 20 август, канцеларот Олаф Шолц (СПД) присуствуваше на симболичниот почеток на изградбата на фабриката за чипови во Дрезден. Таа треба да обезбеди снабдување со чипови за Германија и Европа, а субвенционирана е од германската влада со милијарди евра. Шолц го нарекува чипсот „нафта на 21 век“ и не ја пропушти можноста лично да присуствува на настанот. Како да порачува: „Криза, ...
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Неготино упати само пофални зборови за работата на Гаши, истакнувајќи дека тој е подобар од неговиот претходник, Талат Џафери. „Начинот на кој тој се однесува како спикер во парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот ...
Пред почетокот на учебната година, сѐ уште е неизвесно дали ќе се решат проблемите со јавниот превоз и дали ќе ги има сите учебници неопходни за одвивање на наставата. Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека освен за странските јазици, по сите други предмети ќе има учебници на почетокот на учебната година. „Сите учебници кои оваа влада ги вети, оваа година ќе стигнат до почетокот на школската година. Веќе објавивме дека е почната ...
Неколку инциденти изминатиот период и го загорчија „медениот месец“ на владината коалиција. Бонусот од првите 100 дена од новата Влада, покрај ветувањата на премиерот Христијан Мицкоски за економски инвестииции, неколку големи проекти и реформи во судството, полека се „троши“ со надмудрување со опозицијата и препукнувања со ДУИ, кои преку политичка платформа бараат заштита на легитимитетот. Но, и со гаснење на пожарот во владината коалиција, ...
Членовите на Долниот дом на рускиот парламент предложија Дојче веле и британската фондација Британски совет да се стават на листата на „непожелни организации“. Соодветното барање беше проследено до руското Генерално обвинителство. Ова во вторникот (20.08) го соопшти претседателот на Комисијата за безбедност и борба против корупција, Василиј Пискарјов. Според Пискарјов, се предлага на ДВ и на Британскиот совет да им се забрани каква било ...
Неименуван функционер на Владата на САД вели дека причината за посетата на директорот на ЦИА (Централната разузнавачка агенција) Вилијам Брнс на Сараево е „да се разговара за загрижувачката сецесионистичка реторика и постапките на претседателот на ентитетот Република Српска (РС) Милорад Додик и Владата на РС“. „Остварени се средби со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството и министерот за надворешни работи. Тие разговараа ...
Состојбите во правосудството се економски и безбедносен проблем, оцени премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во вторникот, и рече дека останува на ставот дека и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да се распуштат. „Нормално, ние си стоиме на ставот за распуштање на тие институции, за кои зборуваме целиот овој период, не очекуваме брзи резултати, но очекуваме напредок“, рече ...
Поранешниот американски претседател Барак Обама ја повика Демократската партија да се сплоти зад нејзината претседателска кандидатка Камала Харис. Таа е „подготвена за работата“, рече тој на конвенцијата на Демократската партија во Чикаго, а потоа дури и го извика својот поранешен повик „Да, таа може!“, алудирајќи на неговиот претходен, светски познат слоган на кампањата „Да, ние можеме!“. „Имаме шанса да избереме некој што го поминал целиот ...
Само еден ден откако Светската здравствена организација прогласи највисоко ниво на тревога поради појава на мпокс во африканските земји по вторпат во две години, првиот случај се појави и во Европа.Лицето било заразено за време на престој во африкански регион каде имало голема епидемија на болеста, изјави на прес-конференција генералниот директор на шведската здравствена служба. Овие актуелни случувања резултираа, меѓу другото, со зголемен број ...