Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                Портпаролот на Кремљ, Песков, однапред најави долг и содржински говор на Путин - и тој навистина беше долг: рускиот претседател зборуваше еден час, но притоа одржа само уште еден говор за солидната економска состојба и можностите и предизвиците со кои се соочува руската економија. Дури подоцна, во сесија со прашања и одговори пред гостите на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател Владимир Путин се осврна на ...
Според анкетата на независниот московски институт за истражување на јавното мислење Левада, Германија во моментов е земјата која Русите ја сметаат за најнепријателска кон Русија, пишува германската новинска агенција дпа. На прашањето за земјите со најнепријателски став, 55 проценти од испитаниците ја навеле Германија како прва - што е зголемување од 40 процентни поени во споредба со мај 2020 година, соопшти центарот Левада во Москва. Влијанието ...
Ставот на 21 држава од Блискиот Исток и од Африка е јасен: во заедничка изјава, објавена на почетокот на неделата, тие го изразуваат своето „категорично отфрлање и осуда за најновите напади на Израел врз Исламската Република Иран од 13 јуни 2025 година“. Израел мора да го прекине своето „непријателство“ кон Иран, се вели во соопштението. Покрај тоа, овие држави изразија „голема загриженост од оваа опасна ескалација, која се заканува да има ...
Оружјето со кое биле убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски било преземено од вработен во Народната банка со иницијали З.Д. откри на денешното рочиште обвинетиот Велибор Манев. Според информации на порталот сдк.мк лицето З.Д. е веќе уапсено од страна на полицијата. Пред крајот на судењето на обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, пред судот во Скопје се изнесуваат нови детали, докази и ...
Многумина аналитичари се прашуваат зошто Израел се одлучи на речиси тотална војна, после 20 години (а можеби и од Јом Кипур во 1973-та) одржување на воена доктрина за воздржани или органичени судири со своите непријатели? Одговорот мислам дека е доста едноставен, Израел овој пат одлучи да го собори режимот на ајатоласите во Иран. Само на тој начин, Израел би можел да прогласи и победа во војната која од 7 октомври ја води против арапските ...
Дали Скопје конечно ќе добие современ градски превоз, којшто ќе ги реши проблемите со коишто секодневно се соочуваат граѓаните поради преоптоварениот сообраќај низ градот? Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски вели дека градски воз, замена на автобусите со еколошки и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на главниот град за значително подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот. „На помалата верзија за проектот ...
Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови доведоа до шпекулации за тоа дали и кога САД ќе интервенираат во вооружениот судир на Израел против Иран. Во четврток, тој зборуваше за одлука во рок од две недели. Новинар на прес-конференцијата во Белата куќа го постави прашањето што им беше на ум на многумина: „Во врска со Русија, претседателот постојано даваше двонеделни рокови. Како можеме да бидеме сигурни дека тој ќе ...
Случајот со првостепената условна казна за Љупчо Георгиевски, претседател на поранешниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, да биде вклучен во извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот Македонија кон ЕУ - побарале бугарските европратеници. Извештајот треба да се гласа во Комитетот за надворешни работи на ЕП на 24-ти јуни. Еднаш веќе беше одложен, откако бугарските европратеници кренаа тензии околу спомнувањето формулации „многувековен ...
Пред Министерството за надворешни работи во Берлин има демонстранти кои копнеат по монархијата. Неколку десетици луѓе одговорија на повикот на Алиреза Сина за демонстрации. Тие на транспарентите имаат испишано барање за „максимален притисок врз иранскиот режим“ и држат фотографии од Реза Пахлави, најстариот син на последниот шах и ирански престолонаследник. Сина носи порака до германската влада. Тој смета дека преговорите со Иран планирани за ...
Ормускиот теснец е клучен морски премин лоциран помеѓу Оман и Иран, кој го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и Арапското Море. Американската администрација за енергетски информации (ЕИА) го опишува како „најважната светска транзитна точка на нафта“. На најтесниот дел, Ормускиот мореуз е широк само 33 километри, додека бродската лента е широка само два километри во секоја насока, што го прави преполн и опасен. Големи количества сурова ...
Израелските воздухопловни сили со денови вршат еден напад по друг врз Иран. Посебно во визир им се иранските нуклеарни постројки. Израел се сомнева дека режимот во Техеран се обидува да развие нуклеарна бомба. Иранските власти го негираат тоа. Сепак, во последните години и децении, тие ги проширија нуклеарните постројки низ целата земја. Се претпоставува дека има неколку нуклеарни истражувачки комплекси, како и големи подземни објекти каде што ...
Обвинителите коишто работат на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во четвртокот (19.06) зад затворени врати во салата на Културнот центар во Кочани на роднините на починатите им изнесоа детали околу постапката којашто се води за осомничените, но и за оние за коишто неодамна беше поднесено обвинение. Средбата следи на барање на родителите на починатите, кои сметаа дека како директно засегнати од трагедијата во Северна Македонија, треба ...
Жените живеат подолго од мажите во Северна Македонија. Најчеста причина за смртност се болестите на циркулаторниот систем, покажуваат статистички податоци на Државниот завод за статистика. Според нив, бројот на починати лица во земјата лани е зголемен за 0,1 процент. Поголема е бројката на починати мажи, кои во просек живеат речиси пет години помалку од спротивниот пол. Причина за смртност кај една третина од случаите се толму болестите на ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека има сомневања за саботажа во РЕК Битола, каде веќе два дена е исклучен блокот 2. Тој ги повика вработените во АД ЕСМ итно да го санираат проблемот. „Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во ...
Софија ги мобилизира сите ресурси за заштита на бугарскиот интерес, додека Скопје бара поддршка за заштита на македонскиот јазик и идентитет во пресрет на извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Северна Македонија. Дека Бугарија нема да седи со скрстени раце потврди министерот за надворешни работи Георг Георгиев како одговор на пратеничко прашање од Елисавета Белобрадова (ПП-ДБ). Бугарските медиуми ја пренесуваат неговата изјава ...
Промоција на централниот штаб на ВЛЕН и на неговата структура за утревечер на плоштадот Скендербег, најави Изет Меџити, еден од лидерите во таа коалиција, со порака „Ќе се видиме каде што сè започна!“ На местото каде што ВЛЕН ја започна битката за промени, денес има еден партнер помалку - Арбен Таравари, кој го предводи едното крило на Алијанса за Албанците (АА). Но, според вицепремиерот Арбен Фетаи кој е од редовите на АА, доминантното членство ...
Откако Израел ги започна своите напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран, рускиот претседател Владимир Путин е во контакт со светските лидери во врска со конфликтот. Веднаш по почетокот на нападите на Израел минатиот петок (13.06), Путин разговараше и со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти Кремљ. Во соопштение на веб-страницата на Кремљ се вели дека рускиот лидер „изрази сочувство до ...
Израелската армија продолжвуа со нападите командните центри на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), како и ирански воени центри во Техеран, додека најновата израелско-иранска криза во меѓувреме влегува во својот шести ден. Од минатиот петок, Израел спроведува воздушни напади низ Иран, убивајќи високи воени функционери и нуклеарни научници, како и цивили и напаѓајќи воени бази и нуклеарни постројки. Се наведува дека нивната главна цел е да го ...
Молк по алармот на невладините организации дека на повеќе локации во Охрид незаконски се гради. Во пресрет на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој за помалку од еден месец ќе пресече дали Охридскиот Регион ќе биде впишан на Листата на светски наследства во опасност, од Фронт 21/42 порачуваат дека надлежните институции не покажуваат свест за вредностите на светското наследство, ниту одговорност кон идните генерации. ...
Три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните. За ова алармираше в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски кој поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба. На прес-конференција пред Обвинителството, Крстевски рече дека „на угостителите ...
Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, во вторникот во вечерните часови (17.06) безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица, четири деца и четворица возрасни, кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје. Министерот за надворешни работи и ...
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското ВМРО. Ако нешто е ова ВМРО-ДПМНЕ, тоа е континуитет на врховизмот кој ја уништи македонската идеја. Со вакви оценки СДСМ ја „честиташе“ 35 -годишнината од основањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, која синоќа свечено беше одбележана во античкиот локалитет Хераклеја крај Битола. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во синоќешното обраќање порача дека тој ден не е само празник, туку повик на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Иран на „безусловно предавање“. САД точно знаат каде е врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, напиша Трамп на својот онлајн сервис Truth Social. „Тој е лесна цел, но таму е безбеден - нема да го исклучиме (убиеме!), барем не во моментов“, напиша Трамп. Тој додава и дека воздушниот простор над Иран е целосно под контрола. Трамп, исто така, го предупреди Иран да не испукува ракети кон ...
Оценката на германскиот канцелар за вториот ден од самитот на Г7 звучеше доста охрабрувачки. Според Фридрих Мерц, самитот во Кананаскис, Канада, бил далеку поуспешен отколку што првично мислел - и покрај предвременото заминување на американскиот претседател поради ситуацијата на Блискиот Исток. А кога станува збор за построги западни санкции против Русија, Мерц смета и на наредните денови: „Се враќам во Германија со претпазлив оптимизам дека во ...
Седум години по неговото потпишување, Преспанскиот договор стана дел од системот во Македонија. За некои предавство, а за некои успех, овој Договор може да се гледа од две страни, едната успешна а другата неуспешна. Неуспешната е што тој не доведе до исчекор во евроинтеграциите, но не по вина на Македонија, а успешната е што нашата земја стана членка на најголемата и најмоќната алијанса во историјата на светот – НАТО. Преспанскиот договор доведе ...
Германската економија слабее, а сепак, квалификувани работници се очајно потребни во многу сектори: во медицинските професии, особено медицински сестри, во ИТ-браншата, градежништвото и занаетчиството. Исто така, има недостиг од воспитувачи во градинки, готвачи и професионални возачи на камиони и автобуси. На крајот на 2024 година, во германските компании имало околу 1,4 милиони непополнети работни места. Во исто време, во Германија работат сè ...
Бугарија го критикува македонското правосудство, по изречената условна казна на претседателот на веќе згаснатото здружение Културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски. „Антибугарските изјави на раководни фигури во Северна Македонија се апсолутно недозволиви. Држава што гласно тврди дека ги исполнува сите критериуми за членство во ЕУ спроведува судски прогон на етничка основа“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев по средбата ...
Девет држави поседуваат нуклеарно оружје - САД, Обединетото Кралство, Франција, Израел, Русија, Кина, Северна Кореја, Индија и Пакистан - и речиси сите во 2024 продолжиле со интензивни програми за модернизација, унапредувајќи го постоечкото оружје и додавајќи понови верзии. Тоа е едно од клучните сознанија од Извештајот за 2025 година на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања СИПРИ. Деведесет проценти од нуклеарниот потенцијал ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Софијада ја прифати понудената рака за средба на претстојниот состанок на НАТОво Хаг и ги повика бугарските европратеници да ги повлечат амандманите за јазикот во Европскиот парламент во пресрет на гласањето за предлог-извештајот за Северна Македонија на известувачот Томас Вајц, откако Комитетот за надворешни работи на ЕП - АФЕТ го одложи гласањето за 24 јуни. „Помалку слушај што зборуваат повеќе гледај што ...
Седум години по потпишувањето на договорот во Преспа, со кој се стави крај на спорот за името меѓу Грција и Северна Македонија, сè уште неисполнети ветувања и надежи надвиснуваат над европската иднина на македонските граѓани. Потпишувањето на договорот којшто требаше да значи историски пресврт и компромис за европска иднина, ја смири топката меѓу двете соседни земји, но не ги исполни до крај очекувањата за забрзан влез на Македонија во ЕУ. ...