Скопје
                                    9ᴼ /
                                    9ᴼ
                                
                                Обидот за создавање нова македонска модерна нација и нов македонски модерен (современ) јазик, потврдува дека не е проблем промената на Уставот, туку идентитетот и јазикот, оцени премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го вчерашното гласање во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент. Таму вчера не помина обидот на бугарски европратеници да внесат амандман со кој во Извештајот за напредокот на Македонија пред формулациите ...
Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за Северна Македонија во кој се повикуваат властите во Скопје да воведат уставни измени и да го зајакнат владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во извештајот усвоен во средата, со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, има пофалби за посветеноста на Северна Македонија кон европската интеграција, но и критики поради високото ниво на корупција и ниската доверба во ...
Значи, тој е тука - со недели се шпекулираше дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на самитот во Хаг. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, интензивно водеше кампања, ја прилагоди програмата на Трамп и кратко пред почетокот на самитот се обиде да ги смири загриженостите, особено меѓу европските земји-членки на НАТО. „Мојот совет до нашите европски колеги е: престанете да се грижите толку многу.“ Наместо тоа, државите ...
Владата ја одбележа годишнината од својата работа со голема помпа и нагласени „радосни" вести за граѓаните. Во својот говор премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата успеала во првата година да ја стабилизира и подигне економијата, ги зголемила платите и пензиите, изградила неколку патишта а на политички план како успех го истакна договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. На листата на успеси го додаде и податокот дека во три ...
Кремљ презентираше бројни причини за својата „специјална операција“ во Украина, како што Москва еуфемистички ја нарече својата агресивна војна против својот јужен сосед од самиот почеток. Проруските дезинформациски кампањи шират секакви неосновани и лажни тврдења.И, барем на почетокот на војната - водена воено и информативно - тие наидуваа на разбирање кај голем број луѓе. Меѓу најпознатите се наводното нацистичко владеење во Киев и недокажаното ...
Премиерот Христијан Мицкоски по усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент е задоволен што е помината „првата препрека“ и најавува жестока битка во наредните две недели, со оглед на тоа дека извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули. „Знаеме дека беше жестока борбата за да се помине оваа прва пречка, која што не би требала да постои, ако ги слушате ...
Северна Македонија треба да го одржи моментот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција. Потребно е брзо напредување на пристапните преговори, при што е важно да се усвојат уставните измени за коишто е постигната согласност. Европскиот совет и државите членки треба јавно и недвосмислено да ѝ изразат поддршка на Македонија, изразувајќи јасна намера да донесат позитивна одлука за преминување во следната фаза на пристапни преговори ...
Пратениците во Европскиот парламент во вторникот побараа забрана за наплатување на мал рачен багаж од страна на авиокомпаниите – предлог кој наиде на остро противење од воздухопловниот сектор. Транспортниот комитет на Европскиот парламент усвои предлог со кој на патниците би им било дозволено да понесат еден личен предмет во кабината – како чанта или ранец – и еден рачен багаж со тежина до седум килограми, без дополнителна наплата. Целта на ...
За Марк Руте, самитот е тест. Генералниот секретар на НАТО не сакаше ништо да остави на случајот; тој работеше кон исходот со месеци и преговараше за секој детаљ со 32-те членки на Алијансата. Кратко пред големиот состанок на Алијансата во Хаг, успехот изгледаше сигурен: договорот дека секоја земја во иднина ќе инвестира пет проценти од својата економска моќ во одбраната. Руте обврската ја нарекува „квантен скок“ - амбициозен, секако, но ...
Оваа година беше само почеток - почеток на стабилизација и консолидација после седум години на проблеми и уништувања, на разочарувања, изневерени очекувања и изгубена надеж. Чекор по чекор ги поставуваме темелите и времето на Македонија допрва доаѓа. Ова беше пораката на премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по првата година од мандатот на Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“. „Ги поставивме ...
Четири збора беа доволни за Трамп минатиот петок да ја демонстрира немоќта на неговите европски партнери: „Тоа не донесе ништо“, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на разговорите во Женева меѓу министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија и нивниот ирански колега. „Иран не сака да разговара со Европа. Тие сакаат да разговараат со нас. Европа нема никаква улога во ова“, коментираше тој на пат кон вечера за ...
Зголемувањето на издатоците за одбрана во Европа е главното барање на американскиот претседател Доналд Трамп уште од првиот ден. Оваа цел стана потенцијално прифатлива за речиси сите земји-членки на НАТО благодарение на моќта на убедување на генералниот секретар Марк Руте, особено откако Германија, најголемата европска економија, застана зад таквата цел. Функционери на НАТО за ДВ наведуваат дека Трамп треба да постигне победа, но и „да се ...
Северна Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените норми, а се провлекува и проблемот со недостиг на опрема и возила. „Во моментот во земјата имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800“, вели извршната директорка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Душица Перишиќ. Според неа, законот е јасен - на 1.500 жители во ...
Дејството во еден дистописки роман, кој порано се нарекуваше и „антиутопија”, обично се одигрува во иднината и најчесто укажува на загрозеноста на човекот и на сето човештво од катастрофи, во морална или во материјална, технолошка смисла. Литературната дистопија како жанр е антипод на литературната утопија, која, исто така, се одигрува во иднината, но ги опишува можности за најидеалната замислива состојба на човекот и на човештвото. Накусо, ...
Најотворено до сега го изговори тоа Бенјамин Нетанјаху кој во интервју за американскиот радиодифузер Фокс Њуз рече дека „секако операцијата на Израел може да заврши и со смена на режимот“, бидејќи владата во Техеран е „многу слаба“. Американскиот претседател Доналд Трамп испрати контрадикторни сигнали. „Знаеме точно каде се крие т.н. ,врховен лидер’”, објави тој на својата социјална мрежа Социјална вистина. „Тој е лесна мета, но е безбеден таму ...
Под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“ во 20 часот ќе се одржи настан по повод една година од Владата, на којшто отчет за сработеното ќе даде премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на отчетот, премиерот најави дека е сработено многу, но дека „најдоброто допрва доаѓа“. Опозицискиот СДСМ, пак, за време на викендот организираше трибина наречена „Македонија понижена – една година Влада“, на којашто партиски ...
Една недела по започнувањето на нападите врз Иран, Израел има постигнато многу од своите цели: водечки офицери од војската и нуклеарни научници се убиени, а ракетни бази и атомски постројки се оштетени. Но, подземниот објект за збогатување на ураниум во Фордо беше надвор од дофат на израелските воздухопловни сили. „Трамп очигледно поаѓа од тоа дека Израел сам не може значително да ја ослабне иранската нуклеарна програма“, оценува во разговор со ...
Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ во пресрет на есенските локални избори во Северна Македонија. Ваква одлука донел Централниот одбор на партијата на седница којашто се одржала на 21 јуни. „Донесени се три важни одлуки коишто ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност. Со чувство на обврска кон сите граѓани и граѓанки кои веруваат во зелена, ...
Македонија и регионот може да се соочат со економски последици ако се затвори Ормускиот теснец, кој е клучен за премин за глобалната трговија со нафта. Низ тој теснец помеѓу Иран и Оманскиот Залив, поминува околу 20% од светската поморска трговија со нафта и една петтина од трговијата со течен природен гас (LNG). И земји кои не увезуваат нафта од држави во Заливот би силно биле погодени, бидејќи падот на понудата ќе ја крене цената на глобалниот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ги „уништил“ главните нуклеарни објекти на Иран во воздушни напади извршени во текот на ноќта, во нова голема ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, додека Техеран се закани со користење на сите опции за одбрана. Во Израел, кој ја предизвика кризата со напад врз ирански нуклеарни и воени локации на 13 јуни, иранската ракетна одмазда во текот на ноќта беше поинтензивна од претходните денови, а ...
Американците се исто така длабоко поделени по прашањето дали претседателот Доналд Трамп донел правилна одлука со воената интервенција во Иран. „Тој е наш претседател и мислам дека сè што прави е правилно“, вели Џефри. Други предупредуваат против ваков начин на дејствување и изразуваат загриженост за последиците од нападот, како што е Лорен: „Не треба да се вклучуваме во војна. Оваа интервенција се случи без одобрение од Конгресот. Тоа е во ...
Потрошувачите во Германија се уште поскептични во врска со нивната економска состојба отколку што беа пред една година. Во анкета спроведена од Boston Consulting Group (BCG), 62 проценти од луѓето во Германија рекле дека ја гледаат економската состојба како негативна. Тоа е десет проценти повеќе од минатата година. Уште поскептични проценки имаше во Европа, на пример во Франција и Велика Британија - со над 70 проценти во секоја од овие две ...
Воените напади на САД извршени во текот на ноќта, за кои претседателот Доналд Трамп изјави дека ги „уништиле“ главните ирански нуклеарни објекти, ќе ја стават на испит широко прифатената теза дека ваквите напади можат да ја одложат, но не и да ја сопрат решеноста на една земја да развие нуклеарно оружје. Како што иранската нуклеарна програма се прошируваше и усовршуваше во последните две децении, многу функционери и нуклеарни експерти ...
Хиерархијата на моќ во Иран е позната по својата сложеност. Постојат неизбрани совети и функции кои имаат огромна моќ, но тие се назначени или се под надзор на избрани или полуизбрани тела. Еве водич за клучните фигури на врвот на политичката и воената хиерархија на Иран и за тоа како се спроведува владеењето во Техеран. Врховен лидер - Ајатолах Али Хамнеи Именуван доживотно во 1989 година од страна на Собранието на експерти Најголемиот ...
На крајот на 2024 година, во Германија живееле речиси 83,6 милиони луѓе - повеќе од кога било досега. Во споредба со претходната година, населението се зголемило за 121.000 луѓе, или за 0,1 процент, според соопштението за медиумите на Германскиот завод за статистика Дестатис. Сепак, растот се забавил - годината пред тоа изнесуваше уште 338.000 луѓе, или 0,4 проценти. Иако бројката од 84 милиони жители веќе беше објавена во 2022 година , пописот ...
На крајот на 2024 година, во Германија живееле речиси 83,6 милиони луѓе - повеќе од кога било досега. Во споредба со претходната година, населението се зголемило за 121.000 луѓе, или за 0,1 процент, според соопштението за медиумите на Германскиот завод за статистика Дестатис. Сепак, растот се забавил - годината пред тоа изнесуваше уште 338.000 луѓе, или 0,4 проценти. Иако бројката од 84 милиони жители веќе беше објавена во 2022 година , пописот ...
Односот на Грција со нејзините турски соседи долго време е комплициран, а понекогаш и амбивалентен. Како по правило, Турција се перцепира како неразумен и агресивен сосед - од кој Грција мора да се брани. И затоа Атина троши повеќе од три проценти од својот БДП за вооружување. Во исто време, Турците како туристи и инвеститори се (претежно) добредојдени во речиси цела Грција. Особено кога ги трошат своите пари на островите во источниот дел на ...
Во вооружениот судир меѓу Израел и Иран, дипломатското решение изгледа сè понеизвесно. Заколнатите непријатели разменија обновени напади преку ноќта. И покрај растечкиот притисок, вклучително и во светлината на можното влегување на САД во судирот на страната на Израел, Иран, според министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одбива да преговара сè додека продолжуваат израелските напади. Раководството на Израел пак не покажува знаци дека ќе ја ...
Портпаролот на Кремљ, Песков, однапред најави долг и содржински говор на Путин - и тој навистина беше долг: рускиот претседател зборуваше еден час, но притоа одржа само уште еден говор за солидната економска состојба и можностите и предизвиците со кои се соочува руската економија. Дури подоцна, во сесија со прашања и одговори пред гостите на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател Владимир Путин се осврна на ...
Според анкетата на независниот московски институт за истражување на јавното мислење Левада, Германија во моментов е земјата која Русите ја сметаат за најнепријателска кон Русија, пишува германската новинска агенција дпа. На прашањето за земјите со најнепријателски став, 55 проценти од испитаниците ја навеле Германија како прва - што е зголемување од 40 процентни поени во споредба со мај 2020 година, соопшти центарот Левада во Москва. Влијанието ...