
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



Дали Унгарија го отстранува последниот демократски превез под Виктор Орбан? Ова прашање се наметнува деновиве додека го слушаме унгарскиот премиер. Откако Доналд Трамп ја презеде функцијата по втор пат на крајот на јануари, се чини дека го обзеде гневот, исто толку незауздан како неговиот „соборец“, како што го нарече Орбан претседателот на САД. Орбан со невидена жестокост делегитимира секаков вид критика и упатува невидени закани. ...
Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунскии неговиот унгарски колега, Петер Сијарто во Будимпешта потпишаа акциски план кој ќе придонесе за зајакнување на соработката преку пренесување на знаења и експертиза во процесите на ЕУ интеграцијата и економската дипломатија. Тие ја потенцираа блиската соработка меѓу двете земји, поддршката на Унгарија за европскиот пат на Северна Македонија, а изнесоа и заеднички став во ...
Втор македонско- унгарски владин самит денеска и утре (3 - 4 март) ќе се одржи во Република Унгарија. Како што информира Владата, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот унгарски колега, Виктор Орбан, а ќе се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри, по што ќе следи и заедничка седница помеѓу двете влади. „Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна ...
Во еден многу познат келнски шлагер, кој денес го пеат илјадници посетители на уличниот карневал во Келн, се вели дека овој град е чувство, град со срце и душа. Само келнјаните можат постојано, преку шлагери, преку налепници, преку реклами, да му изјавуваат љубов на својот град, а тоа да не биде евтина патетика. Се вели дека вистинскиот келнјанин може да го види целиот свет, да живее насекаде, но срцето секогаш му останува во Келн. Кога се ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не се откажува од барањето за зголемување на минималната плата, но и на останатите плати во Северна Македонија. Со оглед на тоа дека во март треба да се донесе одлуката за раст на минималната плата, синдикатите до Владата, работодавачите и координаторите на пратеничките групи во Собранието, излегоа со предлог за утврдување на минималната плата согласно законот, но и донесување на одлука со која ...
Во Вашингтон нема попуштање, САД инсистираат на својот став. Американскиот државен секретар Марко Рубио го бранеше однесувањето на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс. Володимир Зеленски го пропадна состанокот во петокот во Белата куќа, изјави Рубио на телевизијата Еј-Би-Си. Според Рубио, САД се подготвени да го продолжат разговорот доколку украинската страна е подготвена за мир: „Целта на претседателот Трамп е да ја доведе ...
По скандалот во Белата куќа, Велика Британија и Франција сакаат да постигнат прекин на огнот во Украина. И други земји се подготвени да се приклучат на „коалицијата на волните“, изјави британскиот премиер Кир Стармер. На состанокот на поддржувачите на Украина во Лондон, според британскиот премиер Кир Стармер, голем број земји најавиле дека ќе се приклучат на нова „коалиција на волните". Стармер по самитот најави дека неговата земја ќе обезбеди ...
Европските лидери му искажаа поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неговата конфронтација со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс во Белата куќа. Зеленски отпатува во Вашингтон за да потпише важен договор за ретки минерали со Трамп и да побара континуирана поддршка од САД за борбата на неговата земја против Русија, која започна инвазија на Украина пред нешто повеќе од три години. Но, ...
По невидениот скандал во Белата куќа меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, британскиот премиер Кир Стармер се позиционира како градител на мостови. Тој ги покани европските шефови на држави или влади на самит за Украина во Лондон во недела (2.03), а веќе денеска во Лондон го пречекува украинскиот претседател Зеленски. Стармер вчера разговарал со Зеленски и со Трамп по телефон, соопшти кабинетот ...
Сите се одушевени од успехот на Левица на сојузните избори во 2025 година: Со речиси девет отсто, партијата речиси го удвои својот резултат во споредба со 2021 година. Ова се должи и на возрасната група од 18 до 24 години, во која за нив гласале 25 отсто. Како да се објасни овој глас, прашува политикологот Антониос Сурис од Слободниот универзитет во Берлин. Според него, сѐ уште е рано за конечни одговори, но секако има индиции. „Имаме и ...
Во селото Ѓадер и пристанишниот град Шенѓин во северозападна Албанија сѐ е вратено „во нормала“. Една година по ратификацијата на контроверзниот договор со Италија за мигрантски центар, во објектите во Ѓадер и Шенѓин нема ниту еден мигрант. Договорот потпишан од Италија и Албанија во ноември 2023 година и ратификуван од албанскиот парламент на 22 февруари 2024 година, предвидува Италија да изгради прифатни центри за мигранти во Албанија во кои ...
„1. Март беше нашата судбина и несоодветно, па дури и погрешно е да се прашуваме дали нешто можело да биде поинаку. Немаше да бидеме тоа што сме ако изберевме потчинување во име на сомнителна безбедност“ – зборови на првиот претседател на Претседателството на независна Република Босна и Херцеговина (БиХ) Алија Изетбеговиќ. „Потчинување“ тогаш значеше останување во т.н „скратена“ Југославија, како што многумина ги нарекуваа остатоци од поранешна ...
Забранетата Курдска работничка партија (ПКК) објави прекин на огнот со Турција. Тој почнува да важи од оваа сабота, соопшти ПКК, а пренесува блиската до неа новинска агенција АНФ. „Сѐ додека нема напади врз нас, нашите сили нема да вршат никакви вооружени акции“, се вели во соопштението. ПКК со тоа одговара на апелот за мир на нејзиниот основач Абдула Оџалан. Курдскиот лидер, кој долги години е затворен во Турција, во четвртокот (27.02) ја ...
Вакво нешто немало никогаш: Американски претседател во Овалната соба пред телевизиски камери се кара со претседател на друга земја и на крајот го исфрла од Белата куќа. „Ризикувате трета светска војна. И ова што го правите е големо непочитување кон оваа земја“, рече Доналд Трамп во екот на кавгата. „Вашата земја е во голема неволја“, продолжи Трамп, не давајќи му шанса на Володимир Зеленски да зборува и додавајќи дека Украина не може да победи ...
Дојче Веле: Господине Тилев зошто толку долго трае патот кон ЕУ, дали е само до Македонија или причините лежат и во ЕУ? Драган Тилев: Причините за нашиот предолг, бесконечен пат кон членство во ЕУ од 1996 година наваму, е резултат на сплет на околности и одлуки донесени, недонесени или донесени во погрешно време, во комбинација со отсуство на лидерство кај нас, но и во ЕУ. Причините се од различен карактер, тргнувајќи од личен политички и ...
Нашиот таен агент Ашендeн ни испрати толку доверлив извештај од настаните околу минатонеделната визита на македонската делегација на Вашингтон, кој е толку возбудлив и полн со експлозивни детали, што постоеше голема дилема дали воопшто да објавиме некои детали од него. Извештајот на Ашендeн им дава некако облик на настаните кои ја превртеа македонската надворешна политика и поставија нови параметри во периметрите. Се разбира, новиот македонски ...
Прво дојде до скандал во Белата куќа, жесток вербална пресметка пред камери, а потоа до предвремено заминување на Зеленски. Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот заменик Џеј Ди Венс го укорија украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите со остри зборови. „Ги ставате во опасност животите на милиони луѓе. Ризикувате трета светска војна“, рече Трамп обвинувајќи го Зеленски за непочитување преку залагањето за безбедносни ...
Изградбата на Коридорот 8 ќе биде исклучително важна за НАТО и неговите европски сојузници доколку САД го прекинат своето воено присуство во пристаништето Александрополис, оценуваат безбедносни експерти. Иако САД демантираа такво нешто, ова прашање деновиве интензивно се анализира, што повторно ја става во фокусот неговата реализација во Македонија. Според експерти, во случај на конфликт тој би бил клучен коридор по кој може да се движат војски ...
Северна Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката и стратешкото партнерство преку основање на Совет за соработка на високо ниво. Документот во Истанбул го потпишаа македонскиот премиер Христијан Мицкоски и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. „Ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, изјави Мицкоски по потпишувањето на политичката декларација. Овој Совет, според ...
Само пет дена по парламентарните избори во Германија, денеска во Берлин водечките луѓе од Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и СПД разговараат за можностите за составување црно-црвена коалиција. На средбата на лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, шефот на ЦСУ, Маркус Зедер и првиот човек на СПД, Ларс Клингбајл би требало да се исцртаат груби линии и временски план за натамошни разговори. Мерц повеќепати стави јасно до знаење дека со оглед на големите предизвици не сака ...
Владата во странски когенеративни централи бара спас од аерозагадувањето, но Здружението на инженери на Македонија (ЗИРМ), категорично се спротивставува на ваквите ставови. Тие велат дека овие централи можат да имаат одредени економски придобивки, но нивното промовирање како главно решение за загадувањето е неточно и погрешно насочено. „Сите енергетски капацитети и потенцијали за соларни, ветерни, хидроцентрали, како и сите останати инвестиции ...
Лавина реакции предизвика во јавноста собраниската расправа на којашто дуелот меѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и пратеничката Славјанка Петровска ескалираше со навреди, мизогинија и дискредитации. Петровска најави дека ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација поради тоа што министерката за финансии упатила лични напади кон неа. Таа смета дека намерата била да биде омаловажена затоа што ...
Рускиот претседател Владимир Путин му предложи на американскиот претседател Доналд Трамп заеднички да експлоатираат наоѓалишта на минерали и ретки метали, како во Русија, така и во областите во Украина, окупирани од страна на Русија. „Подготвени сме да соработуваме со нашите тамошни партнери, вклучувајќи ги и американските партнери“, рече Путин во интервју за руската државна телевизија на 24 февруари. Тој додаде дека Русија има „некои од ...
Повеќе тони метали, катализатори, пакувања од хартија и картон, масти и масла, железо и челик, троска и метал завршиле во Северна Македонија од земјите на Европската унија, но и од регионот во текот на минатата година. Со постапката за увоз на неопасен материјал во 2024 година, во земјата пристигнале и повеќе тони пластика, катализатори, олово, стакло, алуминиум, бронза, месинг, маст и масло за јадење. Најголемиот дел од металите се увезени од ...
Изборот на Доналд Трамп да се оддалечи од Украина и да се доближи до Русија со цел набрзина да стави крај на конфликтот, е плод на американската волја да ја откачи Русија од прегратките на Кина, нешто што создаде глобален геополитички земјотрес. Како последица на тој земјотрес, кој наликува и на сеопфатен напад на САД врз ЕУ, Унијата е приморана да се претвори „во една единствена нација“, како што и подолго време предлага поранешниот прв банкар ...
Тоа веќе беше најавено како „историска изјава“ на затворениот лидер на ПКК. Сега Абдула Оџалан повика на распуштање на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и на прекин на насилството. Во изјавата, Оџалан ги повика своите поддржувачи да го положат оружјето по деценискиот крвав конфликт меѓу ПКК и турската држава. Што треба да се знае за турско-курдскиот конфликт: ПКК: Организација во фокус Кратенката ПКК е кратенка за Работничката ...
В петок (28.02.2025) ќе има штрајкови и демонстрации во Грција. Бродовите ќе останат во пристаништата, авионите на аеродромите, возовите на железничките станици. Во бројни градови низ државата продавниците ќе бидат затворени неколку часа. Речиси во секој град и село во Грција луѓето ќе излезат на улица.Дури и Грците кои живеат во странство ќе се приклучат на протестите. Тие организираат комеморативни собири во многу градови во Европа и Америка, ...
Неколку дена откако им порача на своите сонародници и на светот да се подготват за „новото нормално“ кое го носи Доналд Трамп, македонскиот премиер Христијан Мицкоски во четвртокот (27.2) во Собранието реши да му посвети панегирик и на вториот човек во Белата Куќа- Џеј Ди Венс. „Според мене, говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс беше инспиративен историски говор. Сакале ние да признаеме или не, тој говор, а и настаните кои следат, ќе го сменат ...
Кога илјадници танчери во Рио де Жанеиро парадираат низ стадионот „Самбодромо“ за време на карневалските денови, тоа се нарекува „најголемото шоу во светот“. Покрај тоа има и улични забави, таканаречени „Блокос“, на кои милиони луѓе слават заедно. Според градот Рио де Жанеиро, околу седум милиони луѓе се собираат за време на карневалските денови - и трошат многу пари. Карневалот во Рио де Жанеиро не е само културна, туку е и економска вонредна ...
Во првиот одговор на пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој првостепениот суд го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, Народното собрание на Република Српска донесе неколку заклучоци. Во првиот се наведува дека Судот на БиХ со својата одлука извршил државен удар и целосно го урнал уставниот поредок на земјата, бидејќи донел пресуда врз основа на одлуката на неизбраниот странец ...