
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Министерството за економија го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2023 година. Финансиска поддршка се однесува на домаќинствата чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на месечно ниво на членовите на домаќинството во 2022 година не го надминувал износот од: – 19.000,00 денари за самец; ...
На 15.02.2023 во 15.40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(38) од Струмица, соопшти МВР. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот одзел паричник, во кој имало пари и други лични предмети од женска чанта во козметичко студио во Струмица. Кај него биле пронајдени парите и предметите, кои биле вратени на оштетената. Ѓ.А. бил задржан во Полициска станица Струмица, за случајот бил ...
Иако постојат варијaции на темата каде е поголемо руското влијание при последната ескалација на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, сосема е извесно дека повеќе сериозни извори се согласни дека тоа постои. Несомнено се присутни и голем број информации и дезинформации околу ова прашање и тие се во функција на таа ескалација, со веројатно крајна цел да се држи прашањето отворено и да се ослабнат шансите за постигнување решение за спорот ...
Едно место напредок, на 72 место од 167 земји, но сепак на дното од списокот земји со „нецелосна демократија“. Вака е рангирана Северна Македонија во најновиот „Индекс на демократијата“ за 2022 година, што секоја година го објавува британската компанија за деловни истражувања, The Economist Intelligence Unit (EIU) Пишува: Весна Коловска И натаму главен проблем е партиската култура,како област со најниска оценка од само 3.13, додека Владата и ...
Кремљ со засилена брзина го проширува кругот на „нацистите“. Прво започна од украинските власти, а сега продолжи да го етикетира целото население и секој што ја поддржува Украина. И додека Украина продолжува да ги ослободува окупираните територии, реториката на руската страна во контекст на нацизмот се зацврстува и станува сè поекстремна Автор: Мери Јордановска Дефинирачка карактеристика, како што најчесто се тврди во странските медиуми и кај ...
„Не во ЕУ по секоја цена“ поради „тектонски геополитички промени“ и поради „губење на интегритет и суверенитетот на земјата“ со сите договори досега. Така вели членката на Президиумот на Левица Јована Мојсоска. Ако во исто време не се кажува јасно алтернативата, која, нели, „секогаш ја има“, Левица ја извртува вистината дека е само анти НАТО, а не и анти ЕУ партија. Зашто, лажна е тезата дека „таа алтернатива“ не носи никакви опасности по мирот ...
Се пропушта контекстот кога се тврди дека Русија го прогласила доларот за невалидно платежно средство.Во Русија има недостаток на долари во кеш, поради што го има ограничено лимитот на долари коишто може да се вадат од банките. Инаку, во Русија и пред воената инвазија платежната валута што можеше да биде користена во платниот промет беше рубљата, односно во менувачници може да се заменат доларите за рубљи и потоа да се купува Рецензираме пост ...
На 14.02.2023 во 10.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Ј.(19) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 11.02.2023 околу 01.15 часот во Радовиш физички нападнал женско лице и се обидел да ѝ ја одземе чантата, соопшти МВР Во службен разговор тој го признал делото, а при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. ...
Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на национални спортски федерации, спортски клубови и активни спортисти кои ќе добијат ваучери. Согласно објавените резултати ваучери ќе добијат 45 национални спортски федерации и асоцијации, 602 спортски клубови во машка и женска конкуренција но и 285 активни спортисти. На листата се и спортски клубови од Југоистокот во машка и женска конкуренција а износот на ваучерите е различен во зависност од ...
Ќе се гради фекален и атмосферски канализационен систем во во населеното место Градско Балдовци во Општина Струмица откако министерството за транспрот и врски склучи договор со струмичката фирма „Жикол“ во вредност од милион и 376 илјади евра или околу 84,6 милиони денари со ДДВ. Договорот е склучен месецов и се чека градежната фирма во наредниот период да ги обезбеди потребните документации и да ги отпочне работите за изведба на системот кои ...
Очи во очи со торнадо. Првично вчудоневиденост, а потоа паника и особено страв му го спасија живототот на кавадаречкиот музичар Мемет Дивјачев, на 16 август, 2022 година кога на патот Неготино – Штип, кај местото Лакавица се соочи со дотогаш невидена глетка. Дивјачев, за прв пат, јавно сведочи за случката. И не сокри дека не ни знаел што гледа во критичните неколку минути. Соочен со чудо од една и страв од друга страна Дивјачев успеал за кратко ...
Струмичките пожарникари кои беа дел од спасувачката мисија во Турција ќе добијат парична награда во износ од една просечна а ќе бидат ослободени од обврската за плаќање паркинг во текот на нивниот работен век. Вака објави првиот човек на Струмица Костадин Костадинов на својата ФБ страна информирајки ја јавноста дека за за паричната награда веќе донел решение а од март сите девет спасители кои беа во Турција ќе бидат ослободени од плаќање ...
Струмичките пожарникари се вратија од Турција каде изминатава недела беа во спасувачката мисија за пронаоѓање и спасување на преживеани лица од големиот земјотрес. Тие беа распоредени во градот Адијамен каде работеа заедно со 70 тимови од целиот свет. Водачот на тимот Вернер Стоилов вели дека се враќаат со помешани чувства, тажни од глетката и пустошот што го оставил земјотресот позади себе, но од друга страна и горди што успеале да помогнат во ...
Хуманитарното здружение „ДОСТ ЕЛИ“ од Банско – Струмица организира акција за собирање помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.Граѓаните можат да донираат и во Џамијата во селото Банско. Апелираат до сите граѓани и фирми во рамките на своите можности да уплатат пари на Хуманитарно здружение „ДОСТ ЕЛИ“ Струмица, жиро сметка: 270-0672914201-41 Халк Банка, со назнака: За помош на настраданите во Турција и Сирија. Контакт: 075 303 ...
Денеска (11.02.2023) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при одделот за униформирана полиција спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 37 за возење без возачка дозвола, 17 за непрописно вградени ...
Царинските службеници на царинска испостава Богородица вчера на излез од државава при контрола на автобус открија 200 парчиња боци, од кои 100 боци од 9,8 кг фреон R404A и 100 боци од 13,6 кг фреон R134a со вкупна вредност од два милиони денари, соопшти Царинската управа ,,Стоката и автобусот се привремено одземени, а против возачот кој е со македонско државјанство ќе биде поведена кривичка постапка за криумчарење стока,, стои во информацијата ...
На 09.02 и 10.02.2023 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.З. (32) од село Муртино, струмичко, В.К. (37) од Струмица, М.К. (20) од Радовиш и К.М. (25) од село Пирава, валандовско, соопштија од СВР Струмица која беше вклучена во координираната акција на МВР ,,При претреси, по претходно издадени судски наредби, во нивни домови со помошни простории, еден деловен објект и едно возило биле ...
Центарот за истражување и анализа НОВУС започна со имплементација на нов проект “Нова генерација на силни и гласни млади!” финансиски поддржан од Агенција за млади и спорт. Како што наведуваат од Центарот вкупната вредност на проектот изнесува 299,360.00 денари (4850 ЕУР). Главна цел на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните младински структури и зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и ...
Трите средни и десетте основни општински училишта во Струмица ги покажаа првите позитивни резултати по склучените договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас, соопштија од општината. ,,Првите анализи се направени за месец декември минатата година, а споредбата со истиот месец во 2021 година покажала дека скоро сите училишта платиле помалку за потрошена електрична енергија. Највисок ...
Брера Холдинг во чиј борд на директори е и Горан Пандев се појави на берзата Насдк во Њујорк каде ја почнаа продажбата на акции со што ќе се официјализира и купопродажбата на струмичкиот прволигаш ФК Академија Пандев. Освен струмичкиот прволигаш ќе бидат купени и други клубов од Мозамбик, Гана, Аргентина за да се изгради цела мрежа од клубови од која најголемите таленти преку струмичкиот прволигаш потоа би се пласирале во клубови на стариот ...
На 07.02.2023 во 18.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (20) од Радовиш. Во извршениот службен разговор тој признал дека во текот на месец февруари, заедно со М.Ш. (18) и уште едно малолетно лице од Штип, на подрачјето на Радовиш извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“. На 09.02.2023 во Полициска станица Радовиш бил повикан и М.Ш. (18) кој ги признал ...
До крајот на мај треба да биде реконструирано спортското игралиште при ООУ „Гоце Делчев“ во Василево откако фирмата Евроградба Инженеринг од Владевци која го доби тендерот ги почна изведбените работи. Активностите започнаа со расчистување на теренот, отстранување на постојниот асфалт, оградната мрежа и спортските реквизити односно стативи и кошеви а увид изврши и првиот човек на општината Славе Андонов. Согласно Договорот со изведувачот, на ...
На 08.02.2023 во 20.55 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле Б.В.(61) од село Колешино, општина Ново Село, затоа што на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава Крадењето авторски текстови е ...
Општина Радовиш ги избра најдобрите спортисти и спортски работници за минатата година кои со своите успеси и постигнати резултати ја промовираа општината како на домашен така и на меѓународен план. Изборот го изврши соодветна комисија согласно критериумите за избор откако клубовите номинираа свои преставници врз основа на постигнатите резултати во 2022 година. На присутните спортисти и спортски работници им се обрати првиот човек на Радовиш Ацо ...
Струмичките пожарникари ја почнаа својата мисија за пронаоѓање и спасување на лица под урнатините од разорниот земјотрес во Турција. Тие се лоцирани во Адана и според нивната објава на социјалните мрежи, од вчера во попладневите часови и во текот на ноќта работеле на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе . Тимот од осум пожарникари и еден преведувач се дел од Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и ...
Од март годинава минималната плата би требало да биде околу 20.500 денари и поради тоа сите вработени во државната администрација ќе добијат линеарно покачување на платата од над 2.000 денари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши. Тој додаде дека средствата за ова покачување се обезбедени во буџетот за 2023 година. „Ние воведовме законско решение во делот на утврдување на минималната плата. Не со административна одлука на одредена плата ...
Струмичанецот Дени Илиев потпиша договор на една година со најтрофејниот клуб во Финска – Хелсинки, со опција соработката меѓу двете страни да биде продолжена на уште 12 месеци, објави порталот Спорт 1 Македонскиот голмна Илиев дете на струмичка Беласица во минатото беше дел од лондонски Арсенал, но не доби шанса да настапи за првиот тим на „топчиите“, по што го носеше дресот на Серед, Јагелонија, Шрусбери, Орион и Тренчин. „Возбуден сум и ...
Ликовниот уметник Александар Филев и неговата сопруга Ана од Струмица продадоа две уметнички дела масло на платно за 60 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција и Србија. Тие делата ги понудија на социјалните мрежи под услов купувачите парите да ги уплатат во Фондот за солидарност на Црвениот крст за помош на населението од критичните делови во овие две држави. Станува збор за дела со димензии мета 100×80 сантиметри кои брачниот ...
На 07.02.2023 во 20.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(38) од село Зрновци, општина Зрновци. Тој баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и 7 месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“. Лицето било предадено во установата ...
Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 од Богданци го спроведува проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ . Проектот ќе го реализираат до март 2024 и истиот има за цел да промовира одржливо и совесно управување со електричен и електронски отпад и минимизирање на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето ...