Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција објавија на повеќе информативни портали. Продолжениот викенд поради велигденските празници, голем дел граѓани ќе го поминат надвор границите на државата. Според пограничните служби патниците се пропушатат во повќе колони. Според АМСМ, ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва од утринава. На Табановце, Пелинце, ...

Авиокомпанијата „Визер“ ќе воведе четири нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје од 1 ноември и ќе ги има три пати неделно. Компанијата „Визер“ ќе добие субвенции за летовите до Љубљана, Штутгарт, Луксембург и Салцбург. Од 23 април, пак, авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе лета за Франкфурт десет пати во неделата. Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје. Договорите со авиокомпаниите ...

Спасе Манев ја промовираше својата прва книга ,,Патувања низ Македонија“ во која преку слика и текст ги опишува сите места и локации кои заслужуваат посети но и акцент за развој на туризмот. Тој тврди дека Македонија изобилува со многу природни убавини, културно историски места и знаменитости но и населени места богати со историја и убавини кои не се доволно афирмирани. Според него за нив никој не знае освен локалното население . Тој во кусо ...

Со свечена седница беше одбележан Денот на Општина Босилово на која беа доделени плакети на поединци здруженија и фирми кои дале придонес за афирмација на општината во повеќе области. Во присуство на граѓани, советници и поранешни градоначалници на седницата се обрати актуелниот градоначалник на општината Ристо Манчев кој подвлече дека развојот на Општина Босилово зависи од секој жител на ова локална самоуправа кој треба да даде свој ангажман за ...

На 11.04.2023 околу 21.20 часот во дворното место на Т.Ј. во село Дедино, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва. Притоа, во координација со Шумска полиција Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното ...

На Струмичкиот плоштад спортски риболовци и активисти со уметничка инсталација побараа да се стопира рибокрадството со користење струја но и да не се купува илегално уловена и непроверена риба. На тој начин сакаат да ги разбудат надлежните институции да превземат реакција и посериозно да се зафатат со контрола и спречување на илегалниот риболов во струмичкиот регион ,,Идејата за оваа акција потекнува од група еколози и спортски риболовци кои ...

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес, на лице место во населеното место Васока Маала го следеше финализирањето на активности на двете улици чија изградба започна пред само неколку денови. „Денес ги асфалтираме двете улици чија изградба ја започнавме викендов. Работејќи во континуите, улиците се завршени во експресно краток рок. Жителите од Висока Маала кои ги користат овие улици, од денес ќе ги користат благодетите на оваа ...

На 10.04.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Струмица, Џ.Ф.(52) од Струмица пријавил дека околу 12.30 часот во село Градско Балдовци бил физички нападнат од едно лице. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 10.04.2023 во 20.20 часот во Полициската станица Струмица, Т.К.(65) од село Владевци, струмичко, пријавил дека на 09.04.2023 околу 15.00 часот во село Владевци бил физички нападнат од М.К.. Се ...

Викендов во Скопје во организација на Македонската Традиционална Карате федерација се одржа ИТКФ Балкански шампионат во традиционално карате каде настапија и млади членови од КК „Шихан“ од Струмица во дресот на македонската репрезентација. На шампионатот учествуваа каратисти од сите балкански држави кој беше поделен за сениори, млади, јуниори, кадети и деца. Младите каратисти од Струмица повторно се покажаа во одлично светло. На Балканскиот ...

Жителите на општина Ново Село пред Претседателот на државата, Стево Пендаровски дебатираа и одлучуваа кои проекти имаат приоритетно значење и треба да се реализираат во нивната локална заедница. Пендаровски заедно со Швајцарската амбасадорка, Вероник Улман и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, присуствуваше на третата сесија на Форумот во заедницата, кој се спроведува како дел од програмата „Зајакнување на општинските совети“. ...

Вчера на 09.04.2023 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 53 пречекорување на брзината, од кои 21 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Радовиш, 11 на подрачје на Валандово и 1 на подрачје на Гевгелија. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани. Крадењето ...

Одбојкарите на Струмица Никоб немаа проблеми со Работнички од Скопје кој ги доби во два меча и обезбеди ново финале за титула..Синоќа во Скопје избраниците на Кире Ричлиев и Атанас Милев славеа со 3:1 во сетови доволно да ја почнат трката за освојување и на годинашниот Шампионат каде противник ќе го имаат подобриот меѓу велешки Борец и тетовска Шкендија. ,,Вечерва ОК Струмица Никоб триумфираше над Работнички 71&22 и се пласиравме во ...

Фолк пејачот Јордан Митев објави дека го заокружи снимањето на новиот сингл насловен како „Среќо моја, среќа си ми ти“ за кој во Швајцарија ќе сними видео запис. Станува збор за песна која ќе се најде во новиот албум со осум песни кој како што ни изјави Митев ќе излезе годинава. ,,Среќо моја, среќа си ми ти“ е весела песна во која пренесувам позитивни емоции и убаво расположение. За големиот христијански празник Велигден ќе има своја официјална ...

Одбојкарките на Наковски Волеј целосно го надиграа тимот на Јанта Волеј со 3:0 во сетови и ги задржаа шансите на пласман во големото финале за освојување на Шампионска титула. Тие се реваншираа за поразот во Скопје и за втората победа ќе се одлучува во мајсторката закажана во Скопје. Двата тима имаат по една победа пред клучниот меч на кој Јанта ќе бидат домаќинки ќе заради подобриот учинок во регуларниот дел од првенството Со прикажата борбена ...

Струмичанецот кој работи и живее во Швајцарија – Николчо Ѓоргиев во соработка со ВК „Актив“ од Струмица и фамилијата Истатови утре ќе го реализираат настанот ,,Трчаме со Николчо“ во чест на фудбалската легенда на Македонија – Благој Истатов. Станува збор за делница од Струмица преку Радовиш, Неготино, Гевгелија, Удово, Валандово па се до Дојран во вкупна должина од 190 километри која Ѓорѓиев со подржувачите велсипедисти и други тркачи ќе ја трча ...

Вработени од Општина Конче и Јавното комунално претпријатие Лакавица денеска пошумуваа локации каде има свлечишта покрај патот Конче-Радовиш. Како што не информираше градоначалникот Златко Ристов засеани се околу 500 парчиња багреми кои во иднина треба да го намалат ризикот од појава на свлечишта покрај патот. Целата акција е со поддршка на МЗШВ и Боров Дол посочи градоначалникот Ристов кој најави и други акции на пошумување. ,,Денес на овој ...

Во недела на 9-ти Април Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица го организира 24-тиот по ред планинарски меморијален марш ,,Ванчо Атанасов 2023“. Станува збор за планинарски марш кој ќе почне од населеното место Костурино до споменикот на петте струмички студенти па до планинарската куќа Дедо Кољо Муртински која се наоѓа на 1160 метри надморска височина а од таму се спушта до населеното место Свидовица. До Костурино организаторот ПК ...

Трговците на големо со овошје и зеленчук кои увезувале од земјите од регионот, со години приложувале лажни фактури во царината за да плаќаат поевтини давачки, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. По средбата со увозниците тој рече дека било откриено оти неколку месеци по ред, па дури и години, се пријавуваат лажни фактури и оти поради тоа од следната недела ќе има корекции на „замрзнатите“ цени. Тоа значи дека дел од 11 ...

На 06.04.2023 во 16.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода малолетник од Струмица затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.04.2023 во 21.45 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.С.(35) од село Радово, струмичко, пријавила дека околу 17.00 ...

Четири македонски компании, годинава, учествуваа на седмиот BALKAN ECOMMERCE SUMMIT кој деновиве се одржа во Софија, Бугарија. Два дена, во организација на eCommerce Academy, компании и институции од 10 земји од Балканот и пошироко ги претставија своите активности. На саемот се презентираше и регионалната групација СЕБ Глобал, претставувана од Македонците Александар Ѓорѓиевски, магистер по меѓународна економија, долгогодишен ревизор и ...

Соочени со најразлични општествени предизвици, како што е вештачката интелигенција, на што општeството допрва треба да даде одговор за да се зачува човечкото достоинство, обидите да се испишува нова антропологија во која нема место за Бог, опасноста од нуклеарна војна, како и многу други закани, сепак Воскреснатиот Господ од празниот гроб како на Марија Магдалена, така и нам ни упатува зрак светлина, која гласи: Никогаш да не западнеме во ...

Општина Босилово ја реализираше акцијата ,,Овошно дрвце за пластични шишиња“ Во сите населени места од ова општина беа поделени 1 200 дрвца сливи, круши, праски и цреши на домакинства кои донесоа минимум 30 пластични шишиња. Ова е втора по ред акција во Општината која парите за новогодишен репрезентативен матријал ги насочува за овошни садници. Акцијата има за цел да ги потикне граѓаните за селекција на отпад но и да се засадат и овошки во ...

Неверојатна двојна одбрана на незапирливиот Васил Гогов. Вака напиша официјалниот Youtube каналот на Сеха Газпром лигата откако Вардар вечерва славеше против Војводина со 38:25 и најави пласман на завршниот Ф4-турнир во ова регионалното натпреварување. Младиот струмички голман Васил Гогов кој неколку сезони го носи дресот на Вардар на мечот против Војводина имаше пет интервенции но сепак официјалниот Youtube канал на ова ракометно натпреварување ...

Општина Босилово и ова година ќе ја реализира акцијата ,,Овошно дрвце за пластични шишиња. Акцијата ќе се реализира во училишните дворовои на сите населените места во Општината и тоа во периодот од 10 часот и 30 минути до 12 часот а во населените места Босилово и Моноспитово ќе има и на други локации. ,,Сите граѓани кои ќе соберат минимум 30 пласитчни шишиња ќе добијат овошна садница по избор. Овошните садници ќе се делат, односно пластичните ...

Општина Босилово и ова година ќе ја реализира акцијата ,,Овошно дрвце за пластични шишиња. Акцијата утре ќе биде во општинскиот центар Босилово и населеното место Моноспитово од 10 часот и 30 минути до 12 часот. ,,Сите граѓани кои ќе соберат минимум 30 пласитчни шишиња ќе добијат овошна садница по избор. Овошните садници ќе се делат, односно пластичните шишиња ќе се собираат во училишнниот двор на секое населено место. Покрај училиштата садници ...

Општина Конче склучи договор со фирмата Валаски Градба од Злеово општина Радовиш за адаптација на дел од Домот на Културата во Конче во Туристичко Информативен центар. Вкупната вредност на договорот изнесува 31,5 илјади евра и работите според склучениот договор, треба да бидат готов во рок од еден месец. На распишната јавна набавка за реализација на овој проект се јавиле вкупно 5 фирми, но фирмата Валаски доставила најдобра понуда која треба да ...

Гевгелиски Комуналец почна да ја реализира и втората фаза од проектот за селекција на отпадот во општината. За таа цели се дистрибуираа 2 096 жолти канти и околу 56 контејнери во кои гевгелиските физички и правни лица може да одлагаат пластика, лименки и сува хартија. Ова е надополнување на минатогодишната прва фаза кога беа доделени жолти канти за дел од домакинствата ,,Минатата година, заедно со ЈПКД „Комуналец“ започнавме со селектирано ...

На површина од околу 120 метри квадратни метри деновиве се монтира детско игралиште во турското маало во Струмица или 8 месна заедница. Како што подвлече градоначалникот Костадин Костадинов на гумената платформа поставена е . Целиот проект е во висина од 1,6 милиони денари. Игралиштето како што кажа Костадинов иницијативата за изградба на детско игралиште е на советникот Абдуљ Амедов кој доаѓа токму од ова маало кое ќе може да го користат не ...

Управата за јавни приходи ги потврди информации дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница – https: ujp-gov.mk/potvrda. Од оваа институција апелираат никако да не се отвора оваа лажна веб-страница, бидејќи се бара откривање на многу важни лични податоци. -Никако не ја отворајте оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, ...

Македонските репрезентативци во еспорт и годинава ќе учествуваат на Светското првенство, кое ќе се одржи во август во Романија. Оваа година МЕСФ учествува со 16 репрезентативци на меѓунанордни натпревари во организација на Меѓународната Еспорт Федерација. „Очекуваме солидни резултати и оваа година и се надеваме дека повторно ќе освоиме медал на Светското првенство. Овие победи се од големо значење за развој на еспортот кај нас и придонесуваат за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1011
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
58%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 18ᴼ
1.54
41%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.52
44%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
76%
1010
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
41%
1012
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
50%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
4.63
60%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
7.2
47%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484