Меѓу населените места Ангелци и Водоча во струмичко, во нива засеана со грашок беа поставени две плашила. На дрвени колци беше поставена облека за да изгледа дека навидум има луѓе на нивата. Сопственикот ги поставил за да го заштити семето од птици и други животни. Во отсуство на активни земјоделци по струмичкото поле, плашилата повторно се актуелни да го чуват засеаното, кажаа минувачите кои ги фотографираа. ( фото Дрнка.МК )
НАЈПОПУЛАРНИ
СЛУЧАЕН ИЗБОР
Кривична за градоначалник, осомничен дека вршел исплати за еднократна помош во...
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...