
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



На 13.03.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во с.Ума, гевгелиско, сопственост на М.П.(67) и Б.П.(60), двајцата од ...
Одбојкарите на „Струмица Никоб“ славеа кај тетовска „Шкендија“ и го потврдија првото место пред разигрувањето за Шампионската титула. Ова беше дуел на најдобрите два тима во првенството, но струмичани без поголеми проблеми остварија победа од 3:1 во сетови (18:25, 19:25, 25:23, 13:25) со што остануваат најсериозни кандидати за освојување на уште една титула. Ова е 16 та победа за струмичани и до крајот на ова фаза од првенството се недостижни. ...
Екипа на градежната фирма Пешо Инженеринг од Струмица ја отпочна постапката за реконструкција на Домот на Култура во населеното место Лубница во општина Конче. Станува збор за објект со површина од околу 150 квадратни метри кои според условите на тендерската документација треба да добие нов лик и функционалност. Станува збор за проект кој го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со средства од Бирото за регионален развој. ...
Во организација на ППК Астраион Мега Спин а во соработка со Пинг понгарската федерација на Македонија викендов во Струмица се одржа вториот меморијален турнир во чест на Кире Велков долгогодишен пингпонгарски работник. На турнирот поделен во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција учествуваа стотина пингпонгари од земјава но и од Србија и Бугарија кои поделени во категории ги одмеруваа силите за наградниот фонд што организаторите го ...
Минималната плата веќе со мартовската исплата на платите ќе изнесува 20.175 денари, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Зголемување на минималната плата во Македонија за 2.175 денари е договорено на денешниот состанок на Економско социјалниот совет во Владата. „Граѓаните ќе добијат за 2.175 денари повисока минимална плата веќе со мартовската исплата на плати. Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари. Во моментов тече ...
Струмичката фирма „Контрол Хардвер“ го доби тендерот за изведба на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија во ОУ “Крсте Петков Мисирков” и спортската сала СРЦ “25-ти Мај” во општина Радовиш. Ова фирма достави најниска цена за реализација на работите според техничката спецификација по распишаната јавна набавка од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на која учествуваа шест фирми. Контрол Хардвер од Струмица ...
Со многу забава и богата лотарија – ЛД „Фазан“ од Василево ја заврши последната ловна сезона при што членовите и си посакаа здравје и унапредување на ловството и во наредните годинни на терените со кои стопанисува ова ловно друштво. На традиционалната ловечка вечер што се одржа во „Мис Стон“ присуствуваше и Влатко Алексовски претседател на Ловечката федерација на Македонија кој посочи дека ЛД „Фазан“од Василево е едно од најактивните во земјава ...
На 11.03.2023 во 20.00 часот на регионалниот пат с.Куклиш-с.Банско-с.Мокрино, на делницата помеѓу с.Свидовица и с.Куклиш, патничко моторно возило „ланчија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ц.Ц.(61) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.Ц. кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Крадењето ...
Струмичка Беласица ja оствари и 9 тата победа во првенството откако денес на свој терен славеше против против Саса од Македонска Каменица. Стрелци на головите беа Даниел Радојчиќ и Јордан Серафимовски во второто полувреме. Струмичани со ова победа се на шестата позиција и во обид да го нападне и петото место каде се наоѓа Детонит Плачковица Еве ги головите на Радојчиќ и Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање ...
Четири натпревари четири победи. Ова е епилогот за одбојкарките на Наковски волеј во мини лигата откако вечерва славеа над тимот на Јанта волеј со 3:2 во сетови. Ова е 14 победа за струмичанки и се израмнија со скопскиот состав по број на победи и со одличен ритам влегуваат во завршницата од Шампионатот. Борбен меч во салата при СОУ,,Димитар Влахов“ во Струмица каде избраничките на Александар Митев и Хари Наковски сепак го добија натпреварот на ...
Деновиве почна реконструкцијата на постоечките но и изградба на нови патеки до Колешинскиот водопад и Мокринските извори локалитети на кои ќе биде поставена и нова урбана опрема вклучувајки летниковци, излетнички маси, платформи. Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Ново Село во висина од 63 илјади евра. На Колешинскиот ...
За проблемот на раноградинарите од струмичко Банско ќе интервенира и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Од Министерството за земјоделство соопштија дека ќе иницираат средба со Министерствата за животна средина и екологија за да се најде решенија – земјоделците да ја користат геотермалната вода за загревање и наводнување на пластениците. „ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е запознато со ...
Комисијата за натпревари на ФФМ неодиграниот меч од 19 тото коло од Втората фдубалска лига мегу Локомотива Пехчево и Беласица да го регистрира со 3:0 за домаќините. Струмичани во средата не излегоа на терен бидејки во соблекувална беа физички нападнати за што остро реагираа во јавноста. Беа удрени членови на стручниот штаб а кон фудбалеруте биле упатени и закани со оружје. Беласица одби да го одигра овој натпревар, а според надлежните сепак ...
Одбојкарките на Наковски Волеј утре го играат клучниот натпревар во мини лигата за подобра стартна позиција пред мечевите од плеј офф завршницата за Шампионска титула. На свој терен во СОУ „Димитар Влахов“ со почеток во 18 часот го пречекуваат тимот Јанта Волеј кој го добија пред неполни три недели во Скопје. Со победа струмичанки ќе бидат втори но и Јанта која е поискусна има свои математики и ќе се потруди да направи изненадување во Струмица. ...
На 26 март 2023 година, со почеток во 10 часот, екоакцијата „Чисти ридови за сите“ повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и на Ново Село. Во акцијата се вклучени и поддршка ќе дадат сите општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци. Комуналните претпријатија на општините ќе им помогнат на учесниците при успешна реализација на оваа акција. „Ќе се чисти на ...
И годинава ќе се одржи “GetExitEd“ настан во Струмица. Така најави првиот човек на Струмица Костадин Костадинов на својот ФБ профил, откако денеска со основачот на “Exit“, Душан Ковачевиќ разговарале за потенцијалот и можностите за унапредување и развој на овој настан. ,,На 7 ми Септември, нашиот град повторно ќе биде домаќин на фестивалската програма која ќе понуди регионални и светски познати музички ѕвезди и имиња. Како предводник на Општина ...
Бранко Глигоров – пица мајстор од „Концепт“ Струмица беше единствениот претставник од регионот на Шампионатот на светските пица мајстори што се одржа во Римини Италија. Станува збор за еден од најпрестижните натпревари со повеќе од 30 години традиција каде доаѓаат пица мајстори од сите страни на светот кои мора да знаат да направат пица тесто според италијанската традиција. Како што објави порталот ,,Биди свој“ – Глигоров се преставил со солена ...
Почна да се гради фекална канализација во Василево. Станува збор за крак од 753 метри на потегот од Домот на Културата кон излезот на селото по што се планира да се продолжи со канализациона линија и кон гробиштата. Целата инвестиција за овој крак чини околу 53 илјади евра а тендерот како што објавивме го доби фирмата Портланд од Струмица. Според склучениот договор овој проект треба се заврши за околу 3 месеци а паралелно Општина Василево ...
На 09.03.2023 во 15.50 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на ...
Елеуса Фондација и оваа година започна голема хуманитарна акција под мотото „Сподели дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Во поголемиот број маркети низ Струмица поставени се корпи во кои граѓаните може да оставаат прехранбени продукти, кои потоа ќе бидат доставени до најсиромашните наши сограѓани. Корпите со препознатливото лого на Елеуса Фондација и мотото „Сподели дел од својата трпеза – нахрани гладен“ поставени се низ маркетите на ...
Беласица преку социјалните мрежи се пожали за непримерно однесување во пресрет на натпреварот од вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, на гостински терен кај Локомотива Скопје. Како што информираат од ФК Беласица, тренерот и тренерот на голмани на Беласица биле нападнати со тупаници и шлаканици во соблекувалната од страна на засега неидентификувани лица, а притоа немало обезбедување и полициски службеници. Паралелно како што ...
Академија Пандев славеше против прилепска Победа со 3:0 и освои важни бодови за остварување на целта – да се избегне дното од прволигашката табела. Избраниците на Александар Васоски беа далеку поубедливи на теренот а победата ја најави Мартин Ѓеорѓиевски а во листата на стрелци се запишаа и Кристијан Велиновски и Марио Врдољак. Ова е петта победа за струмичани втора во пролетниот дел во кој немаат пораз. Со новите три бода на своето салдо имаат ...
Се зголемува бројот на лица со хронично бубрежно заболување, предупредуваат од Центарот за дијализа Диаверум Македонија по повод Светскиот ден на бубрегот, кој се одбележува секој втор четврток во март. Димитар Клисаровски, директор на Центарот за дијализа Диаверум Македонија, посочува дека бројот на пациенти на дијализа во моментот е во пораст за 4% на годишно ниво во Диаверум Македонија, кој тренд веројатно се случува и во останатите центри во ...
Над 50 хектари со зеленчук под пластеници во струмичко Банско ќе останат без вода за загревање и наводнување откако Министерството за животна средина забрани земјоделците да користат електрична енергија за испомпување на геотермалната вода од Банско. Земјоделците се револтирани бидејки ЕВН почна да не им ги продолжува договорите за користење струја и бара потврда дека се корисници на водното право од овој реон кои градинарите го немаат. Кај нив ...
Улицата која води кон црквата Св. Илија во Радичево Општина Василево е асфалтирана со што се реши едно од барањата на жителите од оваа село кои имаа проблем со пристапот до Црквата и селските гробишта. Овој проект општина Василево го реализраше во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од чија страна беше обезбеден Буџетот и спроведена комплетната тендерска постапка за избор на компанија изведувач на градежните работи на ...
На автопатот Гевгелија – Скопје после клучка Смоквица, утринава во 2 часот полицајци запреле лесно товарно возило, односно комби, и во него нашле 20 мигранти. Од нив 18 биле од Конго, едно лице од Камерун и едно од Авганистан, извести МВР. „На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со ...
Одбојкарките на Наковски Волеј со одлична и борбена игра забележаа победа против актуелниот шампион Работнички од Скопје со 3:1 во сетови (18:25, 25:17,26:24, 25:23) Струмичанки со исклучок на првиот сет во останатите три беа неприкосновени во салата при СОУ ,,Димитар Влахов“ и го нанесоа третиот пораз за избраничките на Деспотовски. Ова е прва победа на одбојкарките на Александар Митев и Хари Наковски против Работнички од Скопје кој се смета за ...
На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 38 прекршувања на брзината биле констатирани во ...
Почна изградбата на фекалниот и атмосферски канализационен систем за домакинствата од населното место Градско Балдовци во општина Струмица. Станува збор за проект од 376 илјади евра финансиран од Министерството за транспорт и врски кој треба да ги реши поплавите но и септички јами во ова населено место. Согласно проектот се планира изведба на околу 6,8 километри фекална но и околу 2,6 километри атмосферска канализациона мрежа кој треба да биде ...
Маската ,,Струмичка корида“ на ООУ ,,Видое Подгорец“ од Струмица доби најмногу поени на онлајн гласањето што и ова година го воведе организациониот одбор на Струмичкиот карневал. Тие добија диплома за најмногу освоено гласови од публиката која им беше врачена на доделувањето на наградите на најдобрите маски од годинашново издание. Паралелно ова маска доби и втора награда во категоријата групни маски од 30 до 50 учесници. Карневалската група ...