Гевгеличанец и жител од Скопје добија кривични, измамиле брачен пар од Струмица за 3 илјади евра

418

СВР Струмица поднесена кривична пријава против 32-годишниот Б.Н. од Скопје и 24-годишниот З.М. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, извести МВР.

„Пријавените, на почетокот на мај 2023 измамиле сопружници од Струмица на начин што понудиле да им помогнат за брзо аплицирање на кредит во висина од 900.000 денари, по што во неколку наврати им дале вкупно 182.000 денари“, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.