
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на ...
Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани. Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во споредба со септември е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 ...
Одлуката на ДИК во четвртокот да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување, Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува Управниот суд денеска реши да ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино што значи дека таму ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Блерим Сејди, кандидат на Беса. ...
Пратеничката Ангелинка Петкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се наоѓа во изолација, бидејќи е позитивна на Ковид 19, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“. Изолацијата ќе и трае и во четврток, за кога е закажано гласањето недоверба на Владата во Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека „со задоволство“ ќе пристапат кон гласање во скафандер, со оглед на тоа што Комисијата за заразни болести објави протокол ...
Опозицијата денеска во Собранието ја достави иницијативата за гласање доверба на Влада. Во прилог на образложението по повод барањето за покренување прашање за доверба на Владата се достави и списокот со потписи на пратениците кои го поднесуваат барањето за гласање на Доверба на Владата. „Слободен печат“ дојде до текстот на образложението во кој се нагласува дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ, не донесе значајни резултати ...
Пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи во изјава за ТВ 21 рече дека дал потпис за изгласување недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ, но не знаел дека ќе седнат на иста маса со Левица која, вели, има антиалбански и анти – НАТО ставови. Без неговиот потпис групацијата на партии собрани околу ВМРО-ДПМНЕ не би можела да побара седница за гласање доверба на Владата доколку списокот во меѓувреме не е проширен со барем уште еден пратеник од ...
Власта врши притисок Судскиот совет денеска да го назначи досегашниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев за ВД претседател само заради исполнување на политички агенди, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред седницата на Советот на којашто прва точка на дневен ред е одлуката за определување на ВД претседател на Основен кривичен суд Скопје. –ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните на Република Македонија бара Членовите на судскиот ...
Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани. Претходно АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека заради дефект во котелот на Блок 1, целиот бпок е исклучен синоќа во 3 часот наутро. Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ...
Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола, и на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините. „Пожарот почна на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот беше изгаснат. Не се дозволија дополнителни хавариски оштетувања. Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за ...
Министерството за здравство информира дека утрово на УК за Неврохирургија, се воведе нова метода во лекување на пациенти со мозочно крварење. Операцијата е извршена со новиот иновативен уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност. Овој систем веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји ...
Вчерашната оставка на премиерот Зоран Заев всушност значи оставка на цела Влада. Според член 93 од Уставот, сега Заев за ова треба и писмено да го извести претседателот на Собранието, по што следува процедурата за избор на нова влада. Во членот 93 од македонскиот Устав пишува дека „…оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата… Владата на ...
Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во неделата поднесе оставка откако неговата партија загуби во вториот круг од изборите за градоначалник во неколку градови во земјата, вклучително и во главниот град Скопје, јави новинската агенција Ројтерс, која ја пренесува неговата изјава дека ја презема одговорноста за овие случувања. Заев поднесува оставка од местото премиер и претседател на СДСМ Ројтерс додава дека Заев останува на ставот дека е ...
Во управувањето со градот го очекуваат проблеми врзани со заживување на економијата по кризата предизвикана од ковид-пандемијата, економската и социјална нееднаквост, недостатокот на евтини станови и тешкотиите во јавното образование. Демократот Ерик Адамс, кој е поранешен полицаец и борец против расната дискриминација, победи на изборите за градоначалник на Њујорк. Во кампањата 61-годишниот демократ го победи републиканскиот ривар Куртис Силв ...
По учеството на БНТ, синоќа приведен е кандидатот за претседател на Бугарија Бојан Расате. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Расате е приведен во првата регионална управа на МВР во Софија. Претходно во текот на денот, обвинителството во Софија објасни дека претседателскиот кандидат не бил пронајден на ниту една од адресите познати на истражителите. Во понеделникот, главниот бугарски обвинител, Иван Гешев, побара да му се укине ...
Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години. Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола ...
Состојбата со коронавирусот во Бугарија им задава вистинска главоболка на властите. Вчера, медиумите објавија дека само две области во целата држава не биле класифицирани како „темно-црвена зона“, со стапка на инфекција над 500 инфекции на 100.000 луѓе. Монтана има највисока стапка од 1.425 случаи на 100.000 луѓе, а главниот град Софија е на второ место. Воедно, денеска оваа држава го собори рекордот по бројот на починати од ...
Се затвори одделот за детски болести во охридската болница. Нема специјалисти кои можат да лекуваат пациенти. Сега се вршат само амбулантски прегледи со работни време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња ќе се упатуваат во струшката општа болница. Хоспитализирање нема. -Останавме само двајца педијатри во цела болница практично неиздржливо е, ние пробавме да работиме еден месец секој втор ден по 24 часа меѓутоа стварно ...
Цената на струјата за домаќинствата по Нова Година ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто. Освен цената, проблем е и недостигот на струја и доколку итно не почнат со производство ТЕЦ „Неготино“ и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. И покрај предупредувањата на експертите, власта со смирувачки пораки до граѓаните дека нема потреба за прогласување на енергетска криза, ...
Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска прогласи победа и рече дека победата е огромна. „Голема благодарност што ми ја дадовте довербата. Не можам да ја изразам мојата радост и колку ми значи што сите вие скопјани ги поддржавте мојата ивизија и моите проекти и што ми ја дадовте вашата дoверба да го водам Град Скопје во наредните четири години“, изјави Арсовска вечерва по вториот ...
Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа. Актуелниот градоначалник Димитривески на својот фејсбук-профил објави видео од штабот во кој веќе се слави. Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ прогласи победа во Карпош, против неговиот противкандидат Душко Весковски од редовите на СДСМ. Тој на прес-конференцијата на која прогласи победа истакна дека и покрај целата црна кампања, која се водела против него, ...
Едно лице загина денеска при пад на кабината на жичарницата на северот на Чешка, соопштија властите. Една од двете кабини на жичарницата попладнево паднала, ,а внатре имало само едно лице кое е дел од персоналот и кое за жал не ја преживеало несреќата. Причината за несреќата во кабината не е позната. Во другата кабина имало 15 лица и нема повредени. Денешниот инцидент е прва несреќа на најстарата чешка жичарница, отворена во 1933 година. ...
Верувам дека успеавме да го оствариме своето лично право да го дадеме својот глас за каква сакаме да биде иднината на Скопје, во првиот круг водев со 8.000 гласови, а во вториот ќе биде поголема бројката на оние лица, кои ќе ја поддржат визијата за модерно Скопје, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, откако го оствари своето право на глас во избирачкото место во општина Ѓорче Петров. Арсовска ...
Ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот. Специфика за земјава е што промената на времето случуva во предвечерието на вториот круг од локалните избори. Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Зимското сметање на ...
Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција во седмичниот извештај за мутациите во земјата, соопштуваат дека два од делта случаите се однесуваат на варијантата ΑΥ.4.2 и се ...
Голем број на познати хотели во популарниот ски центар Банско, соседна Бугарија, отворија сопствени мобилни лаборатории, каде гостите можат да направат Ковид – 19 тест. Со цел да им се удоволи на туристите и да бидат поштедени од барање на лаборатории и закажување на тестирање, повеќето хотели се решиле самите да ја обезбедат оваа услуга, за која се наплаќа по 15 лева, односно околу 500 денари. -За ваше задоволство е осигурана мобилна ...
Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека не е прогласена кризна состојба во делот на енергетиката во државава. Министерот уверува дека струја ќе има до Нова година, и дека до тогаш нема да се покачи ниту цената за граѓаните. Но, не гарантира за од 1 јануари. Вели – тоа никој не знае. Само се надева дека нема да има вонредно покачување на цената на струјата за домаќинствата. “Зборуваме за светска криза. И нашиот енергетски ...
Ноќните клубови, баровите и угостителските објекти за свадби и други прослави ќе можат да работат со 50 отсто од капацитетот на објектите, одлучи Владата на синоќешната седница. Дополнително, од Владата соопштија дека од 15 ноември за влез во угостителски објекти, хотели, трговски центри, бензински станици, казина и обложувалници, или за посетување настани ќе биде задолжително да се покаже сертификат за две примени дози од вакцината против ...
Во меѓународна полициска операција во повеќе земји од светот уапсени се 150 осомничени лица за купување или продажба на нелегална стока преку Интернет, како дел од една од најголемите операции насочени кон темната мрежа, соопшти Европол, цитиран од француските медиуми. -Оваа операција, позната како Dark HunTOR, се состои од низа одвоени, но меѓусебно поврзани акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, ...
Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени. Командантот на скопската Пожарна бригада Владимир Симоновски вели дека во моментов, на терен интервенираат пет возила и во секој момент се чека да стигне дополнителна помош за да се стави ...
Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи. Потсетуваме дека не е прв ...