Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко утринава соопшти дека руските сили го гранатирале Плоштадот на слободата во центарот на Харков. Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека едно лице загинало, а три се повредени во денешното гранатирање на Харков, пренесува Интерфакс Украина. Службата за вонредни ситуации објави видео на кое се гледа експлозијата на централниот плоштад во Харков, каде се наоѓа ...

Мартин Протуѓер алтернативна осуда 2 години затвор а нема да се извси доколу не го повтори делото за 5 години , Миле Јанакиески 4г и 6 месеци, Катерина Веловска условна 2 години , Гордана Јанкулоска 2г и 6 месеци , Мунир Пепиќ 1 година , Билјана Бришковска-Бошкоски условна 2години, Кирил Тодоровски условна казна и Коста Митроски 3 години – се казните за дело за кое признаа вина и од судот побараа, при изрекувањето на пресудата, да ги ...

Европската унија почнува со испорака на оружје на Украина, што е прв ваков чекор во нејзината историјата. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, најави и нови санкции против Русија и Белорусија, вклучително и затворање на воздушнио протстор за сите руски авиокомпании. Лајен додаде дека ќе следуваат „забрани за медиумската машина на Кремљ во ЕУ“. – Државните Russia Today и Sputnik и нивните филијали ...

Руски банки ќе бидат исклучени од главниот меѓународен платежниот систем Свифт, одлучија ЕУ, САД и сојузниците, пренесуваат светските агенции. Свифт е глобален платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите и поврзува 11.000 банки и институции во повеќе од 200 земји. Овој систем овозможува безбедно и брзо прекугранично плаќање, овозможувајќи ја меѓународната трговија. Забраната за Русија да го користи системот ...

Во тешките борби во текот на ноќта во Киев загинаа 35 лица, меѓу кои и две деца, тврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица. Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери. Според досега познатите информации, нема загинати во станбената зграда која беше погодена од проектил. Дел од автопат во близина на центарот на ...

Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето како резултат на воената инвазија во Украина. Ова следува само ден откако ЕБУ кажа дека Русија сигурно ќе учествува, опишувајќи ја Евровизија како неполитички културен настан. „Ние остануваме посветени на заштитата на вредностите на ова културно натпреварување кое промовира меѓународна размена и ...

ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс”. Министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево планираат да одобрат нов пакет санкции, заедно со низата мерки против руските банки и индустрија. На Путин и на Лавров нема да им се забрани да патуваат, пишува ФТ, нагласувајќи ја ...

„Анонимус официјално е во сајбер-војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер. Хакерските активисти собрани во колективот Анонимус немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат ...

“Ги прашав – дали сте со нас?“, рече Зеленски. „Тие ни одговорија дека се со нас, но не сакаат да нѐ земат во алијансата. Ги прашав 27-те лидери на Европа, дали Украина ќе биде во НАТО, директно ги прашав – сите се плашат и не одговорија.“ „Оставени сме сами да ја браниме нашата држава“, рече Володимир Зеленски во емотивното видеообраќање до нацијата по полноќ. „Кој е спремен да се бори ...

„Руската војска ја проби државната граница во Киевската област. Непријателите влегоа преку преминот Вилч, а нашите граничари заедно со војската се спремни за борба“, соопшти министерството за внатрешни работи на Украина. Дописникот на Си-ен-ен од Киев објави на Твитер снимка на која наводно се гледа голема јуришна операција со хеликоптери на меѓународниот аеродром Антонов. Како што наведе Кристофер Милер, станува збор за ...

Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа – вели претседателот на Македонија Стево Пендаровски во официјално соопштение. Како НАТО членка, вели шефот на државата, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените ...

„Воената инфраструктура, објектите за противвоздушна одбрана, воените аеродроми и воената авијација на украинските безбедносни сили се онеспособени со многу прецизно оружје“, цитира руската агенција Тас извори во руското Министерство за одбрана. Украинската армија, пак, според сопствени наводи, соборила пет руски авиони и еден хеликоптер во регионот Луганск. Русија, според руската агенција РИА, ги демантира ваквите информации. ...

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 96,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,22 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 114,65 на 115,05 јени. Но, американската валута ослабна во однос на европската, па цената ...

На денешниот состанок е одлучено до Владата да се препорача укинување на мерките за излез од државата односно неопходниот негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација или прележан вирус. Според неделниот извештај на ИЈЗ минатата недела бројката на нови случаи е намалена за 30 отсто СКОПЈЕ – Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да и препорача на Владата укинување на задолжителниот ПЦР тест какои сертификат за ...

Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“. Кацарска вели дека во ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. – Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше ситуацијата во Украина. „Загрижен сум. Нашата позиција не е лесна. Политичкиот притисок врз Србија поради одлуката на Путин ќе се зголемува. Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови“, рече Вучиќ. „Претстои тежок период за Србија. Денеска по седницата како врховен командант издадов наредба до армијата во секое време да биде на најдобар ...

Aмериканскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за самит за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон, како можен излез од кризата околу Украина, соопштено е рано утринава. Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“. Белата куќа во соопштението наведе ...

Социјалната мрежа на Доналд Трамп Truth Social, достапна на онлајн продавницата на Епл од понеделникот, е новиот медиумски канал на екс републикански претседател на САД откако минатата година му беше забранет пристапот до други онлајн платформи. Апликацијата стана достапна за преземање кратко по полноќ по американско време и автоматски се инсталираше на уредите на Епл на претходно регистрираните корисници. Интерфејсот на апликацијата, која се ...

Веруваме дека во следните денови или недели, Русија ќе ја нападне Украина, што вклучува и напад на Киев, главниот град на Украина кој има повеќе од 2 милиони жители. Ова го кажа претседателот на САД, Џо Бајден за време на вчерашното обраќање. Новинарите го прашале дали смета дека Владимир Путин донел одлука дека ќе ја нападне Украина. „Во овој момент мислам дека донел одлука. Уверен сум дека одлуката е да ја нападне Украина“, рече ...

Со оглед на тежината на кривичното дело за кое се товари, јавниот обвинител оцени дека сè уште постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор Момчето кое на пешачки премин со автомобил ја удри 24 годишната Викторија Николова, која им подлегна на повредите на лице место, се здоби со обвинение за кривично ...

Пожарот избувнал на брод под италијанско знаме во Јонско Море со 237 патници и 51 член на екипажот на релацијата меѓу грчкото пристаниште Игуменица на северозапад и Бриндизи во источна Италија, извести утринава грчката пристанишна полиција. Сите патници се безбедни и се качени во чамци за спасување, изјави грчкиот државен секретар за трговската морнарица, Костас Кацафадос, за грчкото радио „Скаи“. „Капетанот на бродот ...

Матичните лекари денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите „мој термин“ нема да функционира. Тие се незадоволни поради неисполнетите барања околу малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите. Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци. Претседателката на здружението на приватни лекари, ...

Алина Паш пред неколку дена победи на украинскиот избор Видбир 2022. Требаше да ја претставува Украина на Евровизија со песната „Tini Zabutykh Predkiv“, но не повеќе. Во соопштение објавено на Инстаграм, таа го најави своето повлекување од Евросонг и јасно стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година е премногу за неа. „Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна,“ напиша ...

„Една може ве поканува да учествувате и да го поддржите протестниот марш на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”. Мирниот маршот ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика. Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското ...

Град Скопје поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања против ексградоначалникот Петре Шилегов и поранешната претседателка на Советот, Љубица Јанчева од СДСМ, информира денеска Данијел Апостолоски од прес-службата на Данела Арсовска. Тој тврди дека Шилегов и Јанчева незаконски трошеле пари од градскиот буџет за организирање предновогодишна прослава во кафеана во 2019 година. Поранешната претседателка, тврди ...

Русија соопшти дека повлекла дел од трупите кои учествувале во воените вежби на границата со Украина и ги вратила во касарните, во потег кој се толкува како прв чекор кон можна деескалација на кризата во регионот. Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека иако воените вежби на границата продолжуваат, дел од војниците во јужното и западното крило го завршиле своето учество и почнале да се враќаат во касарните. Ваквиот развој е ...

Во експлозија што се случи синоќа во 1.30 часот во зграда во малото гратче ССен Лоран-де-ла-Саланк во Франција, загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и деца. Според локалните медиуми, евакуирани се 25 лица. По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради. Локалната радио станица France Bleu наведува дека експлозијата се случила во приземјето на зградата, во продавница за храна Во близина на зградата каде што се случила ...

Три лица се заразени со новата подваријанта на омикрон позната како „стелт” од кои две се од Скопје, а едно од Струмица, информираа за МИА од Министерството за здравство согласно податоците од лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје. Извршено е секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3, Кочани ...

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1 000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира ...

weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
0.0
80%
1027
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
80%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
78%
1019
weather icon

Софија

-4ᴼ / -7ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
1.19
77%
1024
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -4ᴼ
3.6
89%
1022
weather icon

Атина

6ᴼ / 3ᴼ
1.34
39%
1025
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
69%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
64%
1028
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -9ᴼ
1.03
86%
1024
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
3.6
88%
1018
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
74%
1024
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Бакар

12.08

Иридиум

169549.30

Платина

75300.49

Кобалт

59.52

Калај

44.71

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.14

Родиум

313469.78

Злато

147759.41

Сребро

2703.41

Паладиум

59575.33