
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



По вчерашното сведочење на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за случајот „Плацеви на Водно“ на Фејсбук се огласи поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така е еден од обвинетите во овој случај. “Во судот имало повторно обид за изнудување лажни изјави против мене за случајот за наводни купувања земјишта. Не планирав да објавувам било што денес, доколку медиумите под контрола на власта не се обидеа тоа ...
Македонскиот народен театар информира дека нивниот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје. -Не’ остави збунети, во болка и во ...
Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, во вечерашното гостување на ТВ21, одговарајќи на прашањето дали автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија е регистриран, рече дека регистарската табличка на автобусот не постои во евиденцијата на транспортните власти. Јас добив 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата се ...
За 30.000 евра од документ, странски државјани со тешко криминално досие, добивале оригинални грчки пасоши или лични карти или било каков друг документ преку „услугите“ на криминалната организација што денеска ја разби грчката полиција, а била активна најмалку осум години и уапсени се 20 лица меѓу кои и полицајци, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција, според истрагата ...
Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои патот на Албанија и Северна Македонија за пристап во ЕУ, што ќе и овозможи на Албанија да напредува. Патот на Албанија кон ЕУ е поврзан со оној на Северна Македонија. Ова значеше дека ветото на Бугарија поврзано со човековите права, историските и јазичните прашања резултираше со тоа што Албанија не успеа да напредува кон формалниот почеток на преговорите, и покрај ...
Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили. Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Република Северна Македонија излета и се запали. Вчера, со указ на јавниот ...
„Инфинум“ една од најголемите хрватски компании, со интернационално искуство за развој на дигитални производи, која работи на глобалниот пазар ја презема македонската компанија „3П Девелопмент“, за развој на софтвер. Компанијата е присутна на повеќе од 15 пазари во светот, а свои канцеларии има и во Хрватска, Словенија, САД, а отсега и во Велика Британија, Црна Гора и Македонија. Со влегувањето на македонскиот пазар, ...
Компанијата Салцбург Шоколаде од Гродиг, Австрија, најпозната по производството на слатки „Моцарт топки“, поднесе барање за стечај. По стечајот на компанијата, рано изутринава се воделе разговори меѓу раководството и претставниците на синдикатот, на кои од Салцбург школоладе рекле дека не се во можност да им ги исплатат ноемвриските плати на работниците. „Компанијата е тешко погодена од пандемијата од 2020 година“, рече ...
Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата. Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид ...
Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни. Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе. – Во овој реон и покрај заштитната ограда тие успеале да влезат ...
Бизнисменот Орце Камчев и понатаму ќе остане во притвор, одреден за случајот „Плацевите на Водно“, вели шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. -Одбраната го исполитизира случајот со тоа што викаше меѓународни набљудувачи. Јас лично сум немала притисок од било кого. Зборував во обвинителката за случајот и таа е апсолутно сигурно дека ако се пушти Камчев од притвор би избегал, рече шефицата на ...
Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години се вратиле дома здрави и живи откако во саботата исчезнале од нивниот дом во Велес. Децата за исчезнати биле пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39). На полицискитте иследници тој им појаснил дека братчињата излегле од дома околу 19.30 часот и не се вратиле назад. – Во добра состојба се, на родителите им кажале дека излегле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое ...
Телата на 45 загинати во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, која се случи на 23 ноември, во петок ќе бидат префрлени во Скопје. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, имал разговор со заменик-главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, кој му кажал дека телата ќе бидат достапни за пренесување во четврток. Летот со кој ќе се изврши транспортот ќе биде во петок. Преносот ќе се изврши со авион на Република ...
Од Турција тргнале 4 автобуси. Во различен период ја минале границата со Бугарија бидејќи дел до патниците инсистирале да одат на шопинг. Ова е причината зошто конвојот се раздвоил и патувал со задоцнување од 20-тина минути и немало кој да му пружи помош на несреќниот со реден број 3, автобус кој изгоре до пепел. Деталите на обвинителите за кобното патување им ги открил сопственикот на „Беса Транс“ кој бил еден до возачите на вториот ...
Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот профил на Фејсбук реагира дека при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ која минува низ Дебар Маало во скопски Центар, на бандерите се прикачени видео-камери кои, според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, се насочени во интимниот простор на граѓаните. „Пред неколку дена, во духот на заложбите за „безбеден и мирен град“, дваесеттината истопорени светлосиви стапови, ...
Ризикот од новооткриената Омикрон варијанта е голем објави Светската здравствена организација. СЗО исто така предупредува дека би можело да дојде до сериозни последици во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, кои уште се истражуваат. „Омикрон има огоромен број мутации од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание на текот на пандемијата“ – велат од СЗО. СЗО исто така предупрдува на можноста на ...
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија им се обрати на своите колеги од Комисијата за заразни болести, предлагајќи неколку мерки: -Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, УКИНЕТЕ ЈА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ во 2022 година на СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ. (слично како што е за крводарителите). -Ако сакате да се намали антиваксерското расположение издвојте ги ...
Изминативе денови, по настанот, телефоните постојано ни ѕвонат, се јавија голем број на адвокати од целата земја, кои се понудија да ја застапуваат Пале без надомест, бидејќи сметаат дека правдата е на нејзина страна и како убиството се случило во самоодбрана – за „Фокус” раскажува блиска роднина на 23-годишната Пале И. од Велес, по случајот кој ја вознемири целата јавноста. Идентитетот на роднината е познат на редакцијата ...
Портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева рече дека при нејзиниот разговор со еден од преживеаните, рекол дека се спасени 8 лица, а не 7. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Затоа, истражителите ја тестираат хипотезата дали има уште еден преживеан и каде е тој. -Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, ...
Бугарските медиуми доцна синоќа објавија дека е разоткриена мистеријата зошто има несовпаѓање меѓу списокот на повредени во несреќата во „Пирогов“ и списокот на патници на македонската туристичка компанија. Во редакцијата на БНТ се јавил Шади Салех чие име се споменуваше како патник меѓу преживеаните. Тој објаснил дека тоа нема никаква врска со несреќата. Салех бил бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот ...
Во опожарениот автобус на Струма е пронајдено 45-то тело. Ова се случило при повторен преглед на возилото. Веста за НОВА.бг ја потврди заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Вчера инспекторите рекоа дека се сомневаат дека е исчезнат член на групата. Веста за НОВА ја потврди и портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева. „За жал, мистеријата е решена. Пронајдено 45-то тело. На увид се ...
Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица. Шест починати лица се од Скопје на возраст од 52 години, 66 години, 78 години, 79 години, 88 години и 91 година, пет починати лица од Битола на 59 години, 69 години, 79 години, 80 години и 86 години, две починати лица од Велес на 38 и 72 години и по едно починато лице од Штип на 71 година, Пробиштип на 89 години, Кавадарци на 32 години, ...
Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал оставката. Ова тој вечерва го изјави за ТВ Телма. Заев вели дека ќе остане премиер додека не ги заврши преговорите со Алтернатива и да види што ќе биде со Бугарија Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал ...
Од среда се забранува употребата на пластични кеси во земјава – тие веќе нема да се произведуваат, додека биоразградливите кеси кои се продаваат во маркетите, ќе чинат по 15 денари. Со ваквиот потег, на кој му претходеа законски изменаи од септември, треба да се обесхрабрат граѓаните да ги купуваат кесите, кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а ...
Здравствената служба на ЕУ смета дека новата варијанта на ковид која се појави во Јужна Африка може да се прошири низ Европа. Забрзано се испитува ефикасноста на постојните вакцини против Омикрон. Б.1.1.529 е ковид-варијанта кај која постои досега најголемо отстапување кое е откриено во текот на пандемијата, соопшти синоќа ЕЦДЦ, Европската служба за здравство со седиште во Стокхолм, во првата проценка на степенот на закана кој произлегува од ...
Одмазда е мотивот за трагедијата што се случи вечерва кај Глоѓане на Косово во која загинаа најмалку четири лица. Како што јавува српски Курир, пукањето кон автобусот со ученици се случило, откако возачот и кондуктерот го исфрлиле еден од патниците бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа момчето земало калашников и го чекал автобусот по што пукал. Досега се идентификувани три убиени лица и тоа возачот Гани Ѓокај и учениците од селото Глоѓане ...
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврдил дека не се повлекува од напуштање на лидерското место во СДСМ и од премиерската позиција. Истовремено , според извори од партијата, споменал дека треба да се одржат внатрепартиски избори за негов наследник и го споменал и Димитар Ковачевски како еден од можните наследници на лидерското место во СДСМ . Инаку во тек е ЦО на СДСМ на кој треба да се потврди одлуката на ИО за одржување внатрепартиски избори ...
“Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Ако не се лажам сигурно беа 2-3 метри. Силен пожар“, вели Валентин Георгиев еден од очевидците на несреќата со автобусот, во која 45 лица загинаа, а 7 беа спасени. Во понеделник вечерта Георгиев патувал од Софија до Благоевград. Работи како курир, наведува „Нова.бг“ во извештајот за несреќата. „Камионот ми беше на околу стотина метри. Јас бев првиот. И ...
Според најавите в петок Зоран Заев ќе ја ефектуира партиската оставка, по што треба да стартува и процесот за внатрепартиските избори, на кои ќе се избере новиот претседател на СДСМ, кој според Заев треба да биде и премиер. Актуелниот генерален секретар Љупчо Николовски нема амбиции да седне на местото на Заев, воедно за претседателската позиција нема да се кандидира ниту министерот Оливер Спасовски, кој смета дека Заев треба да си остане и на ...
Кевин Стрикленд невин во затвор помина 43 години. Тој беше осуден за убиство кое отсекогаш го негираше. Сега тој е е на слобода. Афроамериканецот Кевин Стрикланд, на 62 годишна возраст, беше ослободен од вина и беше пуштен на слобода во вторникот со судска одлука во американската сојузна држава Мисури, откако помина 43 години во затвор поради погрешна судска пресуда. „Не сум нужно лут. Тоа би било премногу. Мислам дека развив емоции за кои ...