Драстично поскапување на храната, во некои сектори и 40 – 50 отсто, најавуваат преработувачите. Тие бараат итна средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи за изнаоѓање соодветни решенија кои би го ублажиле ударот од ценовниот шок врз потрошувачите. Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, со оглед на светските трендови поскапувања секако ќе има, но колкави ќе бидат, најмногу зависи од државата и од тоа, какви ...

Фејсбук соопшти дека неговите услуги делумно се враќаат на интернет по шестчасовен прекин што ја запре комуникацијата за милијарди корисници, вклучувајќи ги и апликациите на социјалниот медиум, Инстаграм, Месинџер и Ватсап. Фејсбук соопшти дека „услугите се враќаат на интернет“, но оти може да потрае неодредено време за целосно да стартуваат. Компанијата со седиште во Калифорнија им се извини на корисниците за неможноста да ...

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија со соопштение ја информира јавноста дека треба да остварат средба со Данела Арсовска , кандидат за градоначалник на Скопје и тоа од раководството на Секторот за заштита и спасување во Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје. СРедбата била договорена , но поради забраната истата не е одржана. Од синдикатот регираат со следното соопштение: Независниот синдикат на ...

Вештачењето на крим-техника утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица на прегревање на кабел на дефибрилатор, по што се запалил продолжениот кабел на кој биле приклучени дефибрилаторот, полнач за мобилен и уште еден апарат, соопшти Јавното обвинителство. Во пожарот во ковид-болницата на 8 септември загинаа 14 лица. „Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска ...

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Тој рече дека тие спасиле илјадници животи со нивниот ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата. Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи. Нема да ...

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео ...