Францускиот претседател Емануел Макрон размислува да ги блокира онлајн медиумите за да се бори против понатамошните немири во Франција. -Неопходно е да се размислува за тоа како младите луѓе кои протестираат ги користат социјалните мрежи и за можните забрани, изјави вчера Макрон на состанокот со градоначалниците во Париз. Според него, ако работите излезат од контрола, можеби ќе треба да се регулираат социјалните мрежи или да се затворат. Во ...

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден надзор на Клиниката за Гинекологија. Под лупа се околностите кои ја предизвикале родилката од Скопје во неделата вечерта да скокне од прозорец од првиот кат на зградата, велат од Министерството за здравство, каде по завршениот надзор ќе стигне извештајот од ДСЗИ. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзор за утврдување на фактичката состојба. По изготвување ...

Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на Обвинителството. „Ги потсетуваме сите политички фактори на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент – „лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата преку ...

Украина изврши напад со беспилотни летала врз Москва, соопшти руското Министерство за одбрана, принудувајќи ги авионите да се пренасочат од меѓународниот аеродром Внуково. Пет беспилотни летала наводно биле користени во нападот, чија цел биле и локации во поширокиот регион околу главниот град, јавува BBC. Министерството за одбрана соопшти дека сите беспилотни летала биле соборени и дека нема жртви или материјална штета. Украина не ја презеде ...

И покрај смртта на малиот Кико, за него се одржа хуманитарниот концерт, а како што беше најавено финансиите се префрлија за друго момче кое има потреба од финансии. Неговото семејство се одлучи паричните средства да бидат пренаменети за лекување на малиот Стефан. За оваа донација која вреди половина милион денари соопшти јутуберот Стефан Лазаров на својот Фејсбук профил. Неговата објава ја пренесуваме во продолжение. Како што најавив пред 2 ...

Почнувајќи од мене, нека се отвори истрага за сите функционери од Демократската унија за интеграција и за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент. Ова во изјава за ТВ 21 денеска го кажа првиот човек на владејачката ДУИ, Али Ахмети, по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево. Тој одговараше на новинарско прашање во врска со одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп. Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ...

Франција ја доживеа петтата ноќ на немири, со тешки судири меѓу полицијата и демонстрантите во јужниот град Марсеј, но ноќта сепак беше помирна отколку во изминатите денови. Немирите започнаа откако полицијата во вторникот го уби 17-годишното момче од алжирско потекло Нахел во париското предградие Нантер. Неговиот пријател, кој бил во автомобилот, објавил видео на социјалните мрежи во кое вели дека сака да ја претстави својата верзија за ...

Во ВМРО-ДПМНЕ има едно крило, една идеологија од пратеници, претседатели на извршни комитети, обични граѓани кои се за уставните измени и со нив ќе преговараме, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи денеска имаше прес-конференција за преземањето на претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) од Македонија, и на новинарски прашање одговараше до каде е процесот со уставните измени и ...

Со измена на правилникот, жените-затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ посочува дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и Гордана Јанкулоска, која по скоро три години поминати зад решетки, без да може да излезе да го види својот син и семејството. Јовановски посочи дека добил пет барања за користење на овие привилегии. „Одобрен е за пет жени. Привилегиите ги ...

На скопскиот аеродром синоќа бил приведен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс. Во акцијата се приведени уште 10 лица поврзани со предметот на поранешното СЈО Око. На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев. Неофицијално овие приведувања се поврзани со проектот Скопје 2014, односно поради ...

Германскиот канцелар, вели Ковачевски, ги повтори тие гаранции кои веќе стојат во преговарачката рамка. Други услови не може да има во преговарачката рамка и затоа ЕУ го направи она што требаше да го направи. Она што ние треба да го направиме верувам дека ќе го направиме и потоа продолжува процесот на отворање на поглавјата и сите реформи што следуваат Во секое поглавје, секоја држава, согласно со копенхашките критериуми, може да даде забелешки ...

За вчерашната масовна тепачка пред трговскиот центар Антико во Карпош по сообраќајка, денеска од МВР излегоа со официјални информации. До тепачката дошло откако автомобил удрил 16-годишен пешак, по што пет други лица физички се пресметале. На 28.06.2023 во 19.53 часот било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во 16-годишен ...

Алексис Ципрас поднесе оставка од функцијата претседател на грчката опозициска партија Сириза, по претрпениот пораз на парламентарните избори во неделата. „Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача Ципрас на 29 јуни по состанокот на извршната канцеларија. Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во Сириза. Грчката опозициска партија претрпе голем пораз на двојните парламентарни ...

Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков во видео обраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. -. И кога решивме во ...

Остатоците од подморницата Титан се исфрлени на брегот откако таа експлодира пред речиси две недели. Новата снимка покажува неколку парчиња остатоци кои се истоваруваат од Арктикот Хоризонт на пристан на канадската крајбрежна стража во Санкт Петербург во Њуфаундленд. Пет лица загинаа, меѓу кои и тројца британски државјани, кога подморницата претрпе катастрофална експлозија при обидот да се спушти до потонатиот брод Титаник. Очајната потрага ...

Уставните измени се користат како изговор од македонските власти за неспроведување на реформите, рече холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп, во емисијата „Дипломатија и бизнис“ . Тој рече дека европските земји предолго чекаат на нас. . „Неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини ...

Во сообраќајна несреќа меѓу три патнички возила денеска на автопатот Тетово – Гостивар, повредени се пет лица. Во несреќата учествувале сеат леон со гостиватски регистарски таблички, и фолскфаген голф и фиат со тетовски регистарски таблички. Едното возило од ударот се превртело на кров. Како што информираа од МВР, пет лица се повредени и се пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата излегла екипа од СВР Тетово и ...

Коста Кецмановиќ – осомничениот за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во понеделникот побарал од вработените да му донесат фризер бидејќи не му се допаѓало како изгледа, јавуваат српските медиуми. Тој е во здравствена установа во Белград и нема контакт со никој друг освен со вработените лекари. Да потсетиме, неговите родители сакале да го извлечат од таму и да го однесат во странство, но полицијата ги спречила тоа. Вишиот суд во Белград донесе ...

Ги заклучила децата во соба, отишла во полското веце во дворот и со пиење отров си го одзела животот. Трагичниот настан на 24-годишната мајка на две деца од радовишкото село Тополница, како што објави „Слободен печат“, се случил во средата. Пред да посегне по сопствениот живот, жената снимила видео во кое таа моли да се обелодени нејзиниот проблем и работата да не се остава. „Сега ќе ви откријам нешто. Кој е причината за ова, кој е причината што ...

Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови. Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој за нула евра со добивање кредитна линија од банка од Тирана, ...

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека е лична работа дали сопартиецот Рамиз Мерко ќе поднесе оставка од градоначалничката функција, бидејќи е избран од граѓаните. Тој одби да коментира дали ако тој се најде на црната листа, ќе поднесе оставка од претседател на Собранието. Џафери вели ако тоа се случи, тогаш ќе размислувам. „САД се стратешки партнер во секаква смисла и секако дека сознанијата и пораките кои ги испратија се пораки ...

Лекарската Комора со соопштение бара да престане јавниот притисок врз лекарите од Клиничката болница во Битола по смртта на петгодишната Јана. Според Комората, овој притисок е присутен, и покрај тоа што инспекцискиот и стручен надзор како и извештајот од Судска Медицина не утврдиле лекарска грешка и стручен пропуст во лекувањето како и поради тоа што било утврдено дека терапијата која ѝ била дадена не била причина за смртта. Родителите на Јана ...

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД, за првпат се огласи во јавноста Тој посочува дека ќе биде отворен за секој процес пред правосудните органи. Додава дека на располагање ја става и документацијата. „Од Претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја ...

Четворица јавни обвинители од републичкото обвинителство денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Струга, но и во Вишото во Битола, под чие подрачје спаѓа струшкото, за предметите што се поврзани со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, од ДУИ. „Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и ВЈО Битола. По целосните проверки на ...

Македонија ја однесе победата во најголемото музичко балканско шоу Звездите на Гранд. Првото место го освои младата струмичанка Славица Ангелова. Таа е победник во сезоната на Ѕвездите на Гранд за 2023 година. Славица има 20 години и е студент по медицина. Оваа млада струмичанка до сега се натпреваруваше и во шоуто Неки нови клинци. Таа синоќа ја запали сцената во Белград и освои најмногу гласови од гледачите од целиот регион. Нејзиниот ментор ...

Една од најсериозните безбедносни кризи во Русија почна да се решава со договорот за заминување на лидерот на побунетите платенички сили „Вагнер“ од Русија, кој нема да се соочи со обвиненија, а неговите сили се повлекуваат од градовите на југот на Русија и застанува маршот кон Москва. Евгениј Пригожин го прекина движењето на своите сили кон Москва откако беше договорено да оди во Белорусија, а неговите сили нема да бидат санкционирани ниту за ...

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди платениците од групата „Вагнер“ дека вооружената побуна е предавство и секој што ќе земе оружје против Русија ќе биде казнет. Путин вети, во вонредно телевизиско обраќање, дека ќе преземе решителна акција за стабилизирање на Ростов на Дон, град на југот на Русија, каде што шефот на Вагнер Евгениј Пригожин рече дека неговите сили ја презеле контролата врз сите воени постројки. „Тоа е удар за ...

За летото да звучи уште пожешко, еден од најпрепознатиливите музички фестивали во земјава добива ново засилување со најдоброто од домашната електронска музика: Galoski пристигнува на Д Фестивал 2023 директно на главната бина! Со посебно место на плејлистите од реномирани музички брендови како Tommorowland, Creamfields, Ministry of Sound и поддршка од светски музички великани меѓу кои и David Guetta, Tiesto, Afrojack, Martin Garrix, Steve Aoki и ...

Веста за смртта на младиот Кристијан Коцев – Кико од карабинското село Долни Балаван ја потресе македонската јавност. Тажната вест ја објави јутуберот Стефан Лазаров, кои изминативе денови активно се залагаше што побрзо да се соберат парите за да се овозможи лекување за Кико во Турција. Денеска на социјалната мрежа Фејсбук е објавено и емотивно видео од Лазаров, на кое тој се збогува со Кико. Тој меѓу другото потенцираше дека средствата кои беа ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
60%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
88%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
0.0
70%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
77%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
8.36
55%
1010
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
63%
1007
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
83%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
49%
1012
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
91%
1007
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
62%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
65%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762