
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Македонија и во наредните денови ќе остане портокалова фаза, поради високите температири од над 40 степени, кои ќе траат во наредните десет дена, сè до 25 јули. Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот. Од денеска важи и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, ...
Судот во Белград го одобри предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. “Владислав Рибникар” за префрлање на парите од сметката на таткото на Коста К., убиецот од Врачар, на депозит на јавен извршител. Ова означува дека парите ќе бидат депонирани кај јавниот извршител и ќе бидат задржани сè до завршување на кривичната постапка. Истовремено, судот нареди на Народната банка на Србија да ги префрли парите според ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео изјава од медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив каде што беше хоспитализиран поради дехидрација и рече дека се чувствува „многу добро“. „Вчера бев со сопругата на Галилејското Море, на сонце, без капа, без вода. Не беше добра идеја“, рече Нетанјаху и им се заблагодари на медицинските тимови кои се грижат за него. Долгогодишниот израелски лидер бил однесен во болница на 15 јули, ...
Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми. Убиен е Орхан Бајрами попознат под прекарот Оки, а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми. Околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен ...
ТВ Клан Македонија објави фотографии од местото во тетовското село Шипковица каде што двајца работници го загубија животот како последица од уривање на потпорен ѕид. Како што објавува Тв Коха, двајцата работници работеле на санирање на ѕидот од свлечиштето што се случи пред неколку дена. На местото на настанот излезе и првиот човек на општина Тетово Билал Касами. Еден од вработените кој го загуби животот, како што е соопштено, е од селото Селца, ...
До ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде откако медиумите во Косово деновиве објавија серија прислушкувани разговори на шефицата на пратеничката група Движењето Самопределување, Мимоза Кусари-Лила со пратеникот од Српската Листа, Славко Симиќ и со потпретседателот на Српската Листа, Милан Радоичиќ кој е баран од косовските власти, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вмешаност во меѓународен организиран криминал. ...
Вечерва во 21 часот почина родилката, која пред десетина дена се фрли од први спрат од скопската Клиника за Гинекологија, неофицијално дознава „Фокус“. Таа со тешки повреди беше хоспитализирана на КАРИЛ, каде повеќе од една недела се бореа за нејзиниот живот. Триесет и деветгодишната родилка после падот имаше тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата. Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска тогаш во ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, кој беше обвинет за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Покрај Деркоски, ослободени од обвинение беа и тројцата вработени во ДИК и еден управител на економски оператор кои се товареа дека извршиле „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување на две јавни набавки со што го ...
Во државата има мостови кои се во лоша состојба и претставуваат опасност по безбедноста на граѓаните, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, на денешната конференција на тема „Состојбата со мостовите“. -Ние само ги посетуваме и разгледуваме мостовите, доколку има видливи оштетувања за кои што не треба да бидете експерт. Ако има пукнатини на столбовите, ако има паднат столб не треба да бидете експерт за да знаете дека тој мост не е ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 и две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа ...
Цистерната што утрово се запали на патот Струмица – Радовиш превезувала 20 тони нафта. Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата. До опожарувањето дошло на 1 километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица – Радовиш, на терен излегле 6 пожарникари и 2 противпожарни возила, а четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот. Нафтата ќе биде префрлена во друга ...
Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ им изрече затворски казни од по три години и шест месеци Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, која им изрече исти казни како и во март 2020 година. Пресуда не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелација, потврдуваат од Основниот кривичен ...
На камерите ја ЈПДП се забележува дека за излез од државата има голем број возила кои чекаат на „Богородица“, распоредени во пет колони. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, но се бележи зголемена фреквенција на возила за излез на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија. „Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП ‘Богородица’ за излез во државата се ...
Рускиот антивоен активист Петар Никитин, еден од основачите на Руското демократско друштво, е приведен ноќеска на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ кога се обидел да влезе во Србија, каде што живее со години. „По годишниот одмор што го поминав со мајка ми во Португалија, ми беше одбиен влезот во Србија. На граница ми рекоа дека ми е забранет влезот, не беше дадено објаснување зошто. Друга основа не гледам, ниту наоѓам основа во законот, освен ...
Протест на Независниот синдикат на државна администрација.Тие протестираат бидејќи судските работници нема да добијат додатоци. Судскиот буџетски совет добил известување дека министерството не дозволува пренамена на средства. Синдикатот е незадоволен и протестираше пред сите судови во Македонија. Од први септември најавија генерален штрајк. „Денес штрајкуваме во сите судови, Основен Битола, Струга, Охрид, Штип, Свети Николе, Тетово… Најавуваме ...
Докторот Ненад Лазаров на Фејсбук сподели повеќе информации поврзани со болеста на Кико, момчето за кое се обедини цела Македонија и се собираа пари преку донации за негово лекување. Но, реалноста, за жал е таква, што од таа болест животниот век е околу 24-25 години. Детално сето тоа го објасни Ненад Лазаров: Кико почина од генетско заболување кое оневозможув поправка на DNK, во светот НЕМА ПРЕЖИВЕАН, има неколку регистрирани случаи на ...
„Чувството е неопсливо, го извадив сама бебето, ја пресеков сама папочната врвца, бебето ми лежеше веднаш на гради….сè беше филмски, онака како што замислував. Препорачувам на секого вакво искуство“, го започнува разговорот среќната мајка од Тетово, која во нашата болница на свет донесе женско дете, со породување во вода. Родилката долго време истражувала и сепак се одлучила за оваа метода и за породување во Болница „Плодност“. „Дојдовме ...
Ја однесовме Јана на лекар. Докторката и го прегледа грлото кажа дека е црвено, ја наслуша со стетоскоп, ни рече само дека е бледа и дехидрирана заради повраќањето и не пушти да одиме во лабораторија да испитаме крв од прст и да се вратиме назад, објаснува мајката Кристина. Како што појасни Кристина, малата Јана до вратата одела сама, потоа татко и ја земал во раце бидејќи како што наведува таа брзале да завршат работа во лабораторија. – ...
Во Куманово е пронајдено 15-годишното момче, кое беше пријавено за исчезнато. Момчето е од скопската населба Чаир, а неговите родители го бараа од вчера. „Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар – Потраги го пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот“ соопштија од ...
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и одговори на обвинувањата на скопската градоначалничка Данела Арсовска во коментар на нејзина објава на социјалната мрежа на Фејсбук, при што Арсовска истиoт го избриша а исто така и го блокирала. -Драга Данела, во однос на писменоста и познавањето на работата поврзана со градоначалничката функција, јас за тебе сум благоречено „Блаже Конески“, пишува Ѓорѓиевски во својот коментар оставен ...
Познатиот чешки писател Милан Кундера почина на 94-годишна возраст , објавија чешките медиуми. Кундера живеел во Франција од 1975 година, кога емигрирал од Чешка. Негови најпознати дела се романите Неподносливата леснотија на постоењето и Шега. Роден е во Брно на 1 април 1929 година. Неговиот татко бил музиколог и пијанист. Милан научил да свири клавир од својот татко, па се запишал на музикологија и композиција. Музиколошките влијанија и ...
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски рече дека градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска не може да ја види на терен, на некој проект, туку само како се кара. – Уште со мене не беше скарана и со граѓаните на Кисела Вода. Еве се скара и со нас, кажа Ѓорѓиевски. Тој ја обвини Арсовска дека има постојани опструкции кои што произлегуваат, како што рече од нејзините лични фрустрации изминатиов период и со „Водовод“ и со ...
15 годишно дете од населбата Чаир од Скопје е исчезнато и семејството моли за информација и помош од граѓаните преку социјалните мрежи. Момчето последен пат е видоно во текот на вчерашниот ден попладне. Но од 16 часот му се губи секој траг. Родителите случајот веднаш го пријавиле и во МВР и по момчето се трага. Апелот за помош во пронаоѓањето го објави и фејсбук страната „Скопје“ „Од вчера, во 16 часот, ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу, ...
Следбеничката на злогласната секта на Чарлс Менсон, Лесли Ван Хаутен, која на 19-годишна возраст помогна во извршувањето на шокантните убиства на богата двојка од Лос Анџелес по налог на насилниот и манипулативен водач на култот, беше ослободена од затвор во Калифорнија во вторникот, откако отслужи повеќе од 50 години од казната за доживотен затвор. Ван Хаутен (73) „е пуштена на условна слобода“, се вели во соопштението на Калифорниското ...
Судењето се одложи поради отсуство на обвинетиот, кој со документација од доктор докажа дека е болен, а судијата Бојан Мартиноски му подари верба. Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка. „На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го казни градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со 90.000 евра за исфрлање на ѓубрето пред портите на „Дрисла“. „Согласно последните случувања поврзани со отпадот и денешната информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90 000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, утре, среда, 12.07.2023 ...
Од моментот на траењето на кризната состојба односно од постапувањето на МВР во затворот „Идризово“, драстично се намали бројот на извршување на разбојништва на кражби на територијата и на општина Гази Баба, меѓутоа и на територијата на градот Скопје, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали има ефекти од кризната состојба односно од асистирање на полицијата за обезбедување на затворот. Според ...
Вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник изврши комисија на Јавното обвинителство на Република Северна ...
За одредена затворска казна на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за случајот „Титаник“, денеска од Кривичниот суд – Скопје информираа дека Апелациониот суд при одлучувањето, во казната му го засметал и издржаниот притвор. Тој според нив изнесува 1 година и 9 месеци. „Во однос на непотврдените информации кои викендов беа лиферувани во јавноста во однос на обвинетиот М.Ј. кој по правосилна пресуда врз основа на ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА ...
Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ претепале колега кој чистел отпад во Скопје. Според инфармациите од полицијата ова се случило доцна синоќа, откога камионите на претпријатието излегоа од дирекцијата и почнаа да го собираат сметот во Скопје. „На подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф. Ц. (28) од Скопје, вработен во ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје поради тоа што ...