САД: Се водат многу сериозни преговори за нов прекин на огнот во Газа

Соединетите Американски Држави (САД) велат дека се водат многу сериозни преговори за нов прекин на огнот во Газа и ослободување на повеќе израелски заложници, пишува Ројтерс. Сепак, според агенцијата изгледите за договор остануваат неизвесни бидејќи Хамас инсистира дека нема да прифати ништо помалку од целосен прекин на изралекста офанзива во палестинската енклава.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије вчера го посети Египет, за прв пат по повеќе од еден месец на разговори со египетските власти кои се обидуваат да посредуваат за ново примирје во Газа.

Извор информиран за преговорите рекол дека се водат интензивни преговори кој од заложниците кои сè уште ги држат палестинските исламистики милитанти во Газа би можеле да бидат ослободени со ново примирје и кои палестински затвореници Израел би можел да ги ослободи за возврат.

Исламски џихад, помала палестинска милитантна група која исто така држи заложници во Газа, соопшти дека нејзиниот лидер ќе го посети Египет во наредните денови за да разговара за можен крај на конфликтот.

„Ова се многу сериозни дискусии и преговори и се надеваме дека ќе доведат некаде“,изјави вчера портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Но, Тахер Ал-Ноно, советникот за медиуми на Исмаил Ханије, за Ројтерс изјавил дека Хамас не е подготвен да разговара за ослободување на уште израелски заложници додека Израел не ја прекине својата воена кампања во Газа и не се зголеми обемот на хуманитарна помош за палестинските цивили.

„Прашањето на затворениците може да се преговара откако ќе се постигнат овие две работи. Не можеме да зборуваме за преговори додека Израел продолжува со својата агресија. Разговарањето за секој предлог поврзан со затворениците мора да се случи по прекинот на агресијата“,рекол Ноно во Каиро.

Хамас отфрла каква било понатамошна привремена пауза во воената кампања на Израел и вели дека ќе разговара само за траен прекин на огнот.

„Разговаравме со нашите браќа во Египет, истакнувајќи го нашиот став за оваа агресија и итната потреба да се запре како врвен приоритет“,додал тој.

Од друга страна Израел инсистира сите преостанати жени и изнемоштени мажи меѓу заложниците да бидат ослободени, рекол изворот брифиран за преговорите, кој инсистирал на анонимност. Според изворите на Ројтерсм, Палестинците осудени за сериозни престапи би можеле да бидат на списокот на затвореници што треба да ги ослободи Израел.

Total
0
Shares
Поврзани објави