Наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Лисиче, општина Аеродром е осомничена дека е вмешана во продажба на дрога, дознава МКД.мк од свои извори. Вчера Министерството за внатрешни работи во голема полициска акција приведе неколку лица, дилери на дрога, а меѓу нив е и наставничката. Според првичните информации, се работи за продажба на амфетамин. Официјални детали од МВР за оваа голема акција ќе следуваат подоцна. извор: ...

Велешанецот кој пијан и со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11 годишната Магдалена почина, е осуден на вкупно 18 години казна затвор. „Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не ...

Признавам вина и му се извинувам и на семејството и на јавноста. Ова се зборовите пред велешкиот суд на 30 годишниот Ангелче Николов, кој на 17 декември лани, возејќи пијан, на пешачки премин ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка. На денешното прво рочиште, Николов кажа дека е свесен за последиците од признанието, дека ќе добие затворска казна и дека ќе треба да плати отштета и трошоци. Со признанието на вина, ...

„Сум била воздржана, но повеќе самата актуелна состојба со животот и здравјето на Бојан тоа не ми го дозволуваат, бидејќи врз него ќе биде извршена операција тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган желудник, со што ќе настапи траен инвалидитет на мојот син Бојан. Од тие причини со целиот мој морален и професионален дигнитет и се обраќам на јавноста преку ова јавно соопштение и немам за цел да предизвикам чувство на ...

Велешанец загина во пожар кој избувна синоќа околу 3:45 часот, во неговата куќа на улица “Коле Цветков” во велешката населба Црна Џамија. Според првичните информации загинал сопственикот на куќата, на возраст од околу 58 години. Спoред се уште непотврдени информации, трагедијата можела да биде уште поголена, откако по избувнувањето на пожарот од силниот чад се задушил и братот на починатиот, кој прв стигнал на помош. Сепак, лекарите од итната ...

Денеска завршува обврската за поседување на зимска опрема во возилата. Обврската стапи на сила на 15 ноември минатата година. Обврската е пропишана во член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Казните за непоседување зимска ...

За убиството на 16-годишното момче што се случи во декември 2022 година Основниот суд Тетово денеска изрече казна затвор од десет години за 17-годишната девојка, информираа од канцеларијата за односи со јавност на тетовскиот суд. Девојката од тетовското село Рогле е осудена за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. – Основниот суд Тетово денеска донесе пресуда за настанот случен на ден 21.12.2022 на место викано ...

Кина повторно ќе ги отвори границите за странски туристи за прв пат од избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“ пред три години, дозволувајќи им на сите категории визи да се издаваат од среда. Укинувањето на оваа мерка за прекугранична контрола, воведена за заштита од Ковид-19, доаѓа откако кинеските власти прогласија победа над вирусот минатиот месец, пренесува Ројтерс. Во 2019 година, приходите од меѓународниот туризам сочинуваа само 0,9 отсто ...

Научно-фантастичната акција „„Сè во исто време“ е апсолутен победник на овогодинешните Оскари со седум златни статуетки, меѓу кои и онаа за најдобар филм. Награден е во категориите најдобар филм, режија и оригинално сценарио (Даниел Кван и Даниел Шајнерт), главна актерка (Мишел Јео) и споредна женска улога (Џејми Ли Кертис), споредна машка улога (Ке Хуи Кван) и најдобра монтажа. Церемонијата на овогодинешните Оскари ја одбележа и големото ...

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк“ Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата. Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од ...

Со Фб статус мајката на момчето од скопската гимназија Корчагин кое пред неколку месеци се самоуби отвори вистини кои до сега сите ги молчеа. Во продолжение го пренесуваме статусот. НЕПРОСТЕНО! Празнина голема во душата и срцето на мајка што го изгубила највредното нешто во животот, свото дете. 179 дена од смрта на мојот син. Тага, болка и неверување дека повеке го нема. Отиде да го земе свидетелството и не се врати. Инспектори, Обвинители! ...

Патниците кои ja преживеаја тешката несреќа во која се судрија два воза во близина на грчкиот град Лариса сведочат дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат. Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина. „Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа пекол. Се превртувавме во вагонот додека композицијата не запре и конечно паднавме. Потоа ...

И по неколку дена се уште нема никакви информации за исчезнатиот скопјанец, Самоил Костадиновски, на кого вујко му е политичарот Љубе Бошкоски, односно Самоил е дете од брат на неговата сопруга Виолета. Таа во изјава за ММС.мк изјави дека наводно Костадин од еден автомобил бил префрлен во украдено возило кај чешката амбасада. – Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од ...

Утринава ширум Украина беа пријавени десетици воздушни напади на руските сили. Киев утрово го разбудиле експлозии и детонации, а слична е ситуацијата и во Харков, како што потврдија градоначалниците на двата града. Градоначалникот на Киев извести дека Русија го нападна Киев во последните неколку напади врз Украина. – Експлозии во главниот град – напиша на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Кличко изјави дека двајца повредени во ...

На ден 07.03.2023 на ЈЗУ УК за ГЕХ Скопје, на осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, му беше напревена Горнодигестивна ендоскопија, Гастроскопија , при која инвестигација, во наодот од истата е констатирано крајно и алармантно влошување на здравствената состојба на Бојан Јовановски, со предлог за оперативен третман тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на витален орган желудник, бидејќи врз ...

Едно лице почина откако со автомобил удрило во столб од наплатна станица „Романовце”, соопштија денеска и СВР Куманово и РЦУК Куманово. Пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. И РЦУК Куманово пренесе информација дека кумановската противпожарна единица интервенирала со едно возило и четворица пожарникари. Од Итна помош Куманово посочија дека интервенирале, но возачот ...

Сега веќе владејачката партија Алијанса за Албанците направи избор на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски. Информациите се дека за директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди, а за Македонски пошти советничката на Град Скопје, Бујаре Абази. Со Фондот за пензиско осигурување би требало да раководи Арсим Хасани, а на директорската позиција во болницата во Тетово, според АА, треба да ...

Четири деца на возраст од шест месеци до пет години се задушиле од чад во населбата Јалија во Нови Пазар, кога избувнал пожар во станот на првиот кат од зградата. Според неофицијални информации, четири деца биле пронајдени мртви во станот. Таткото на повредените деца е тешко повреден, со изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 проценти од површината на телото. Во тешка состојба е и повредената мајка – 18 отсто од телото има изгореници од ...

Објавени се разговори меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Intercity 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз во близина на тој град. Во несреќата загинаа најмалку 47 лица, а повеќе од 80 се повредени. Според последните информации, спасувачите од вагонот извлекле уште три тела. Машиновозачот не внимавал на црвеното светло пред него, бидејќи сигнализацијата не функционирала подолго време. Згора на тоа, ...

За предметот против Жан Митрев кој ОЈО Скопје го отвори по документарецот „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) емитуван во јули лани, обвинителката е убедена дека има доволно докази за ја докаже вината на обвинетиот и болницата Обвинителството нема намера да го блокира работењето на болницата „Жан Митрев”, вели обвинителката Искра Хаџивасилева од ОЈО Скопје за блокираните сметки на клиниката откако оттаму утрово се ...

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: КРИВИЧЕН СУД ЈА ДОНЕСЕ ПРЕСУДАТА БЕЗ СУДЕЊЕ, СУДИКАТА ЛИДИЈА ПЕТРОВСКА ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ СО КОЕ НАШАТА БОЛНИЦАТА ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ СО РАБОТА Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата. Укажуваме дека со донесените мерки целосно се ...

Бугарските власти сѐ уште не одговориле на барањето од охридското Основно јавно обвинителство да ја добие адресата на која престојува охриѓанецот Христијан Пендиков за да може да го повикаат на распит за случајот со неговото претепување. „Основното јавно обвинителство Охрид, преку инструментот за меѓународна правна помош, упати барање до бугарските власти за да ја обезбеди адресата на која престојува оштетениот. Одговорот на барањето сѐ уште се ...

Невреме проследено со снег и силна бура ја зафати синоќа Хрватска. Делови од Лика и Горски Котар се отцепени од остатокот од земјата, а на патиштата има завеани и превртени возила. За сериозноста на ситуацијата говори и тоа што се отворени неколку прифатни центри за лицата кои останале во колоните. Некои мораа да преноќат во своите автомобили. На терен се и спасувачите од Хрватска горска служба кои помагаат да се извлечат заглавените од снегот. ...

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“. Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН, каде Претседавачот Османи исто така имаше свое обраќање. На седницата на ОН ...

Поради дојавите за бомби кои со месеци го блокираат образовниот систем во земјава основните и средните училишта добиле препораки од МОН во деновите кога ќе добијат заканувачка порака за поставена експлозивна направа, наставата да ја продолжат онлајн. Според насоките дадени од ресорното министерство на учениците би им се дало време од еден час да се вратат дома и да се вклучат на настава која би се спровела по електронски пат се со цел да не се ...

Судскиот совет денеска испратил известување до адвокатот на Бојан Јовановски (Боки 13), Владимир Туфегџиќ во кое меѓу другото пишува дека советот ја примил претставката на Јовановски по што истата веднаш е земена во работа и се постапува по нејзините наводи. „Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот Владимир Туфегџиќ стои ...

Тројцата досегашни министри во Владата од редовите на Алтернатива се разрешени од функциите. Од министерските позиции заминуваат досегашните министри за здравство – Беким Сали, за информатичко општество и администрација – Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора – Џемаил Чупи. Од присутни 105 пратеници, „за“ разрешување на Сали гласаа 65 пратеници, а немаше ниту еден „против“ или „воздржан“. За разрешување на Алити и Чупи, пак, ...

На електронските адреси на 14 училишта во Скопје утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР. Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во 86 училишта, една градинка и ...

Бошкоски за случајот одлежа петгодишна затворска казна, но судот во Стразбур пресуди во негова корист, по што тој доби ново судење Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“. Пресудата денеска ја изрече судечки совет од Основниот кривичен суд Скопје, на чело со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ. Бошкоски во „Кампања“ се гонеше ...

Вчера во 17 часот полициски службенци го лишија од слобода Б.А. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Б.А., додава Димоски, е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО. Инаку, судењето за тепачката во Охрид во која подебелиот крај го извлече Христијан ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
26%
1010
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1011
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
46%
1010
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
31%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.32
36%
1011
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
5.14
48%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.63
51%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
38%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
44%
1010
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52