
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда со која на вкупно 25 години затвор беа осудени организаторите на „крвавиот четврток“, за што беа обвинети поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Апелација ги прифатила жалбите на обвинетите и предметот го врати на повторно судење пред ...
Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, информираа денеска од Министерството за здравство. Во него стои, „од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци“. „По направените лабораториски анализи ...
Пред Специјалниот суд во Хаг утрово во 9 часот почна судењето на поранешните водачи на ОВК – Хашим Тачи, Кадрије Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. На почетокот беа претставени тимовите на обвинителството и одбраната на сите четворица обвинети, по што беше планиран воведен говор на обвинителството. Хашим Тачи изјави дека го разбира дополнетото обвинение, но дека не е виновен. „Јас сум целосно невин“, рече Тачи. Весели изјави дека не го ...
Новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во своето прво обраќање откако го победи Мило Ѓукановиќ порача дека со оваа победа се збогувале со последниот диктатор во Европа и рече дека ќе ја внесе Црна Гора во ЕУ за пет години. -Ова е победа на помирена Црна Гора. Црна Гора вечерва одлучи решително да се збогува со овој застарен режим на Ѓукановиќ и кажа „Да“ за европска Црна Гора. Вечерва заедно со сите граѓани им кажавме збогум на ...
Општина Центар експресно го одби барањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во тревникот пред комплексот судови во Скопје. Тоа е истата локација на која споменикот беше поставен како дел од серијата споменици што беа поставени во главниот град за време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Споменикот беше отстранет во 2018 година, а тогашниот градоначалник Петре Шилегов образложи ...
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е осудена на затворска казна, е во одлична психофизичка состојба и достоинствено и стоички се справува со сите малтретирања и дискриминации“, рече нејзиниот сопруг, адвокатот Влатко Илиевски, во вечерашното гостување во „360 степени“ на „Алсат“. Јанкулоска е осудена на четири години затвор за случајот „Тенк“. Нејзиниот сопруг вели дека таа во затворот „Идризово“ секојдневно ...
„Се што Ковачки досега изнесе е невистина, можеби јас имам оправдување за нападите врз мене, но не можам да најдам објаснување и оправдување за нападите на неговите поранешни колеги припадниците на Армијата кои одбрале да ја задржат униформата и да работат за интересите на државата“ рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа на денешната прес-конференција покажа две папки кои тврди дека го компромитираат Драган Ковачки, ...
Се наоѓаме во историски и многу важен момент за иднината на државата почитувајќи и промовирајќи ги сите вредности на вистинската демократија и сметаме дека е исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав, кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските ...
По убиството на 46-годишен жител на Арачиново утрово во казино во центарот на Скопје, полицијата успеала да уапси двајца роднини кои се поврзани со убиството и се осомничени како сторители, информира тв Телма Според нивните информации, полицијата трага по уште едно лице од Скопје. Првичните информации се дека во казиното рано наутро избила кавга меѓу убиениот и другата група. Била поврзана со долгови кои ги имале меѓу себе. На крај со пиштол е ...
Апелацискиот суд закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“, во којшто е обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осум дена пред да му застари делото. Второстепениот суд објави соопштение за јавната седница која ја закажа за на 30 март. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден ...
Ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски ќе биде упатено од министерот за правда, Кренар Лога. Тој посочи дека со писмото до Унгарија, каде што Груевски е азилант, ќе ги убедува тамошните власти дека осудениот ќе биде сместен во соодветни услови како во притворот така и во затворот, каде што треба да издржува затворски казни во согласност со пресудите за предметите од СЈО. „За девет предмети треба да одговара пред домашните ...
Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се здобија со рани по експлозија во неделата во градот Киреевск, на околу 220 километри јужно од Москва“, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на итната служба. Причината за експлозијата не е веднаш позната, но оставила голем кратер во центарот на градот, во областа Тула, пренесува „Ројтерс“. Пронајдените остатоци од ...
„Македонски државјани стојат зад лажните дојави за поставени бомби кои со месеци пристигаа на електронските адреси на основните и средните училишта во Скопје, но и во повеќе други градови во државата“. Ова го потврди министерот Оливер Спасовски во интервју за „Слободна Европа“ и појасни дека станува збор за група меѓусебно поврзани лица кои ги закупувале „ВПН“ адресите во Иран и Русија од каде пристигаа заканите. Тој најави дека истрагата набрзо ...
Во текот на ноќта, на преминот од сабота кон недела, во 2 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот. Кај многу современи уреди, вклучувајќи ги паметните телефони, таблетите, компјутерите…, прилагодувањето на времето се случува автоматски. Летното сметање на времето ќе важи до 29 октомври, во 3 часот, кога ќе се врати зимското ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија во врска со лекувањето и третманот на починатото 6-годишно девојче Јана Христовска од село Кравари-Битола. Согласно надлежностите ДСЗИ изврши увид во медицинската евиденција и документација која се води на одделението во рачна и електронска форма како и обезбеди изјави на дел од ...
Основното јавно обвинителество – Битола постапува во врска со случајот со смртта на шестгодишното девојче во Битолската болница, а причината за смртта се уште е не утврдена, инфомираа од Обвинителството. -Бидејќи неколкумина прашуваа веќе денеска за настанот во болницата во Битола – Основното јавно обвинителство Битола издава наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки. Причината за смрт на девојчето се уште не е утврдена, велат од ...
Големите протести во Франција поради донесената пензиска реформа во земјата резултираа со палење на градското Собрание во Бордо. „Повеќе од милион луѓе во Франција се судрија со полицијата која користеше солзавец за растерување на демонстрантите. Запалени предмети и инциденти има и во Париз. Наредниот вторник е најавена посета на британскиот крал Чарлс III на Франциј, а синдикатите допрва повикуваат на нови протести“, објави „Би-Би-Си“. ...
Мајката која ја принудуваше малолетната 14-годишна ќерка на сексуални услуги доби 15 години затвор, а екс полицаец кој учествувал во чинот заработи казна од 18 години затвор. Ова е одлуката на скопскиот Апелациски суд. Мајката призна дека ја запознала ќерката со полицаецот и ја носела во неговата куќа, каде тој вршел полови дејствија врз девојчето, а за возврат мајката добивала 2.000. Вината ја призна и екс полицаецот. Судот констатираше дека ...
Кинескиот мировен план за Украина може да се искористи како основа за ставање крај на војната, но тој е изводлив единствено кога за тоа ќе бидат подготвени на Запад и во Киев, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со својот кинески колега Си Ѓинпинг, пренесува Би-би-си. Двајцата лидери вчера имаа средба во Москва на која разговараа за конфликтот во Украина и за односите меѓу двете земји. „Многу одредби од кинескиот мировен план ...
Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово. Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени ...
По долго боледување, вчера на 20 март 2023 година, во неговиот дом во Лос Анџелес (САД) почина актерот Димче Мешковски. Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив ...
Рано утрово затворската полиција во затворот во Идризово направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата била вклучена и градежна механизација. Неофицијално, во оваа акција е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостигале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во него имало ...
Експлозија во северниот дел на анектираниот полуостров Крим уништи руски проектили кои биле превезувани со воз, објави украинското министерство за одбрана. Проруските власти во градот Џанкој кажаа дека областа била нападната со дронови. Иако ги потврди експлозиите, Украина, како и во претходните слични случаи, не презеде одговорност за нив. „Овие експлозии го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот ...
Минатиот месец директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека Бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири, по што прерасна во глобална пандемија Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се бара од директорката на Националната разузнавачка служба да ги декласифицира документите поврзани со потеклото на ковид-19, објави ...
Во сообраќајната несреќа која вчера се случи во близина на Врање, животот го загуби 25-годишен македонски државјанин, пренесуваат српските медиуми. Според досегашните информации, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и си тргнале кон Македонија. Но, набрзо им текнало дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, по што решиле да се вратат назад кон Врање. Тогаш со автомобилот удриле во насип покрај патот, при што 25-годишното ...
Вечерва во 22:24 часот почнува пролетта и ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни кога ќе започне летото. Паралелно со започнувањето на пролетта во земјите од северната земјина полутопка, во земјите од јужната хемисфера, пак, денеска почнува есента. Сонцето во Скопје денеска изгреа во 5:38 часот, а ќе зајде во 17:46 часот. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути. Денешниот ден е познат и по името пролетна рамноденица – и денот и ноќта траат по 12 часа. Во ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека не го потпишал Имплементациониот анекс на Договорот за патот кон нормализација на односите на Косово и Србија од неколку причини, меѓу кои е и желбата да не прави меѓународно-правни договори со Приштина. „Не потпишав поради неколку работи. Србија е меѓународно-правно призната држава, а она што тие го нарекуваат Република Косово, за мене не е. Поради тоа не сакам да правам ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста со цел да го покаже и објасни планот за имплементација, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ синоќа по повеќе од 13 часа разговори изјави дека во Охрид е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка и дека не потпишал ништо на разговорите со претставниците на ЕУ и САД и косовскиот премиер Албин Курти. ...
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи, а потоа го освои минатата година. Руската телевизија објави неколку видеа на кои се гледа како Путин вози автомобил низ улиците на Мариупол. Руските медиуми објавија дека Путин во неколку наврати го запрел автомобилот и излегол од него за да разговара со жителите. Макс Седон, шеф на московското биро на Фајненшл ...
Неопходна е зголемена свесност преку обуки и развивање на вештини на јавната администрација во поголема заштита од сајбер нападите. Ова беше генералниот заклучок за кој говореа претставници на повеќе домашни и меѓународни институции на денешната меѓународна конференција за сајбер интегритет, која се случува доаѓа во време кога голем дел од институциите се подложни на вакви напади. Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, ...