Ешли Кол најуспешниот дел од кариерата го мина во дресот на Челси, клуб во кој ги освои сите најважни титули на домашната и европската сцена. Тој беше активен во „Стемфорд Бриџ“ скоро една деценија и „сините“ му се при срцето, па неговиот збор дефинитивно има тежина особено ако се работи за позицијата која тој ја покриваше-лев бек. Кол го советува новиот тренер Чаби Алонсо да биде внимателен и да не му дозволи на Марк Кукурелја да го напушти ...

Светското фудбалско првенство е настан кој со големо внимание се прати во секоја земја особено во оние кои учествуваат, но и кои имаат амбиции, цели да стигнат до самиот крај. Таква репрезентација дефинитивно е Шпанија која е сместена во првиот круг на фаворити за пехарот. Мичел Салгадо своевремено беше стандарден шпански репрезентативец и добро знае каква тежина има овој дрес иако со неговата генерација не успеа да освои титула на сениорско ...

На верните фудбалски фанови многу добро им е познато името на Алешандро Пато, офанзивецот кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти, статус и потенцијал кој не го оствари и потврди. Најдобриот период го мина како член на Милан каде стана и шампион на Италија, период од шест години во кој се создаде специјална врска, љубов која Бразилецот не ја крие. -Кога губат, тоа многу ме погодува, бидејќи многу ми е важно. За мене тоа не беше ...

Бразилците долго време се без голем успех на Светските првенства и добар дел од јавноста помисли дека со ангажманот на Карло Анчелоти магично ќе исчезнат сите проблеми и националниот тим ќе гази се пред себе. Кариоките одиграа реми со Мароко во првиот натпревар на мундијалот во САД, Канада и Мексико, но и покрај тоа што ова е само почеток веќе има огромни критики не само за селекторот Анчелоти и за играчите. -Овој Анчелоти е шега. Лошо го ...

Јапонија има поставено долгорочна цел до 2050 година да го освои пехарот на Светските првенства, па има доста луѓе кои на ова гледаат со потценување, како нереална цел, но „самураите“ вредно работат и веруваат дека овој резултат веќе може да дојде на турнирот во САД, Мексико и Канада. Дефанзивецот Јукинари Сугавара кој минатава сезона ја мина на позајмица во бундеслигашот Вердер Бремер испрати јасна порака дека не се дојдени на турнирот само ...

Ралф Рангник требаше да биде едно од новите лице во калчолигашот Милан, да биде лидер во спортскиот сектор, меѓутоа ништо од ова нема да се случи и тој останува да биде селектор на Австрија. Тој го продолжи договорот со австриската федерација и останува да го води проектот, а во исто време објасни зошто не се реализираше „трансферот“ во Милан. Разговори дефинитивно имало, меѓутоа Милан не се потрудил доволно да се затвори оваа зделка, поточно ...

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов има нов клуб и во иднина ќе го гледаме во најдобрата лига на Казахстан. Играчот од средината на теренот потпиша за петкратниот шампион на оваа земја-Актобе. Тој во Актобе доаѓа од редовите на АЕЛ Лариса од Грција, а претходно освен во Македонија настапуваше и во Турција, Хрватска и Полска. -Многу сум среќен што сум дел од големо семејство како Актобе, што ќе бидам дел од овој историски клуб и ќе го ...

Ремито со Бразил може да се смета како успешен старт на мароканската репрезентација на СП 2026, а африканската селекција испиша историја и со својот стартен состав на дуелот во Њу Џерси. Ова светско првенство се истакнува со големиот број фудбалери кои не се родени во земјите за кои настапуваат на мундијалот, а Мароканците влегоа во историјата на турнирот бидејќи против Бразил настапија со целосен стартен состав изграден од ваков тип играчи. ...

Глазгов Ренџерс наскоро ќе промовира нов менаџер, откако досегашниот предводник Дени Рол побарал да биде ослободен од обврските поради друг ангажман. Германскиот стручњак ја прифатил понудата на РБ Салцбург и инсистира да се пресели во австрискиот тим, а Ренџерс решиле да ја прифатат ваквата опција. Шкотскиот великан веќе нашол замена за Рол и тоа ќе биде Дерек МекИнис, досегашниот менаџер на Хартс. Хартс имаше одлична сезона во шкотското ...

Светската фудбалска федерација призна дека е немоќна пред американските власти и нивното право да забранат влез на одредено лице на својата територија, па најголема жртва на ваквата политика беше Омар Артан. Судијата од Сомалија беше избран меѓу најелитните светски судии кои треба да делат правда на мундијалот, но по испрашувањето од имиграциските служби на аеродромот во Мајами, Артан беше насочен кон повратен лет до Истанбул, по што се ...

Ајуб Буади има само 18 години, но го привлече вниманието на фудбалските фанови со своето мундијалско деби во дресот на Мароко. Африканската селекција ремизираше со Бразил, Буади доминираше во средината на теренот, а според многумина бил и најдобар поединец на теренот, неутрализирајќи ги извиканите ѕвезди на противничката селекција. Фудбалерот на Лил е роден во Франција, беше член на младинската репрезентација на Франција, но на крајот одлучи ...

Бразилската легенда Ромарио ги следи случувањата на СП 2026 и настапите на неговата земја од лице место, а ќе има улога и на стручен коментатор за бразилска телевизија. Бразил го започна мундијалот со реми со Мароко, репрезентација која уште еднаш потврди дека може да им парира на најсилните екипи на ова СП, а за разлика од репортерката која го водеше разговорот, Ромарио не смета дека ремито е лош резултат. – Ова реми е како пораз. Дали овие ...

Германија ќе го отвори настапот на СП 2026 како голем фаворит во дуелот со Курасао, а она за што најмногу се збореше во германската јавност периодов е изборот на селекторот за стартниот состав на премиерата. Јулијан Нагелсман располага со многу квалитетни играчи и таа сериозна конкуренција му носи и одредени дилеми, вклучувајќи ја и таа за статусот на Џамал Мусиала. Јирген Клоп и Томас Милер сметаа дека Дениз Ундав дека треба да добие ...

Сан Антонио успеа да ги воодушеви НБА фановите на патот до финалето на плејофот, притоа елиминирајќи го и веќе стариот шампион Оклахома Сити, но не се снајде најдобро во серијата со Њујорк, која ја загуби во само пет натпревари. Виктор Вембањама е предводник на Спарс кој во неколку ситуации испушти голема предност во дуелите со Никс, а и самиот вели дека научил една многу важна лекција од оваа финална серија. – Една од најважните работи кои ...

Швајцарија и Катар ремизираа откако азиската селекција постигна гол длабоко во судиското надополнување, но уште во текот на натпреварот се појавија многу коментари околу начинот на кој Швајцарија доби пенал во првиот дел. Голманот на Катар несомнено го фаулираше Фројлер, но голем број фанови, па и новинари, тврдеа дека имало офсајд во акцијата, односно Фројлер бил во недозволена ситуација и пеналот требало да биде поништен. Ваквата теорија ...

Бразил отвори со реми на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, но ако се земе во предвид какво отворање на мечот имаше фаворитот, конечните 1:1 можат да бидат и добро прифатени. Мароко имаше подобар старт и сосема заслужено поведе со 1:0 со голот на Саибари, но генералниот впечаток беше дека африканскиот тим изгледа далеку повоиграно и покомпактно во тој момент. Бразил поседува голем потенцијал и се врати во игра со одличен ...

Кошаркарите на Њујорк Никс се нови шампиони во НБА лигата, добивајќи ја серијата со Сан Антонио во само пет натпревари. Утринава, претставникот на источната конференција направи нов брејк, совладувајќи ги Спарс на гостински терен со 90:94 и на тој начин ја доби серијата во финалето со убедливи 4:1. И на оваа средба Никс имаа двоцифрена негатива, овојпат губеа со 16 разлика, но како и досега тоа не беше пречка да испорачаат пресврт и ...

Шкотска и Австралија се двете репрезентации кои остварија важни почетни победи на СП 2026, зголемувајќи си ги шансите за пласман во нокаут фазата. На репрезентацијата на Шкотска и беше доволен еден гол за да стигне до триумф против Хаити, со што оствари прва мундијалска победа по цели 36 години. МекГин беше херојот на шкотската селекција, кој со голот од првото полувреме го реши победникот, па неговата селекција барем привремено е прва во ...

Македонската тениска репрезентација имаше успешен настап и обезбеди враќање во Втората Светска група на Дејвис Купот. Во групата запишавме две победи против Косово и Грузија и пораз во соочувањето со Молдавија за да потоа во клучната битка со Црна Гора славиме со 2-1. –Мислам дека имавме многу добар тим оваа година. Лани исто така успеавме да имаме „промоција“, но се вративме во Третата Европска група (по поразот од Кипар) и сега повторно ...

Мароко сериозно го тестираше Бразил и продолжи со добрите изданија на најголемите фудбалски настани, а на средбата која се одигра во Њу Џерси остана непоразен во дуелот со петкратниот светски шампион. Бразил влезе како фаворит за освојување на првите бодови во групниот дел на мундијалот, но уште во раната фаза стана јасно дека Мароко нема да биде лесна задача. Африканците подобро отворија и создадоа неколку полуприлики пред голот на Алисон, а ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе четвртиот пораз во исто толку натпревари во годинашната сезона во Европската лига. На турнирот во Аликанте нашите одбојкарки загубија и од Азербејџан со 3-0 во сетови и тоа 25:13, 25:15 и 25:18. Македонија со ова го заврши настапот на настапот во Шпанија и се враќа дома, каде следниот викенд (19-21 јуни) во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје ќе виде домаќин на третиот турнир во ЕЛ и ...

Словачкиот прволигаш Слован ќе биде првиот тренерски предизвик на Јаја Туре, човекот кој зад себе има успешна фудбалска кариера, а сега се обидува да се наметне и со тренерските квалитети. Поранешната ѕвезда на екипи како Барселона и Манчестер Сити одамна извршуваше улога на асистент во клубови во Украина и Белгија, а работеше и во стручниот штаб на Саудиска Арабија. Слован Братислава е клубот кој прв го назначува како самостоен тренер, што ...

Репрезентацијата на Катар ја шокираше Швајцарија со гол во 95. минута, обезбедувајќи реми и голем бод на својата премиера на СП 2026. Фаворитот на вечерашниот натпревар рано дојде до предност, односно уште во 17. минута Емболо реализираше пенал, кој Швајцарците го добија по стартот на противничкиот голман над Фројлер. Европската селекција во продолжение не реализираше повеќе шанси, Катар до крајот неколку пати се обиде да се закани, но ...

Роберто Манчини од денеска и официјално не е тренер на Ал Сад, а информацијата ја потврди и катарскиот клуб преку своите профили на социјалните мрежи. Италијанскиот стручњак подолг период е поврзуван со вакво сценарио, односно напуштање на Ал Сад и преземање на репрезентацијата на Италија. Манчини ги чека претседателските избори во Италијанската фудбалска федерација и важи за фаворит за враќање на позицијата која ја напушти по неуспешниот ...

Шарл Леклер ја отвори третата квалификациска сесија во Барселона со амбиции да ја освои пол-позицијата, но уште на почетокот излета од патеката и заврши во заштитната ограда. Членот на Ферари потфрли во клучен момент и во ситуација кога имаше реални шанси да се бори за првата стартна позиција, а овојпат не го обвини тимот, туку призна дека е потиштен по она што му се случи во квалификациите. – Како се чувствувам? Дефинитивно сум засрамен. – ...

Џејмс Харден бил уапсен во Хјустон, откако припадник на полицијата забележал нерегистриран пиштол во неговиот автомобил. Инцидентот се случил рано наутро или доцна во ноќта меѓу петок и сабота по американско време, а полицијата реагирала откако огненото оружје било забележано при рутинска сообраќајна проверка. Харден бил уапсен и префрлен во најблискиот локален затвор, но подоцна е ослободен да се брани од слобода со кауција, при што треба да ...

Алваро Арбелоа не успеа да го убеди раководството на Реал Мадрид дека може да ја извршува тренерската функција и во новата сезона, а „кралскиот клуб“ веќе се реши да го врати Жозе Мурињо на оваа позиција. Но, шпанскиот стручњак наскоро може да добие нов сериозен предизвик, ни помалку ни повеќе, во англиската Премиер лига. „Би-Би-Си“ тврди дека Арбелоа е во напредни преговори со Фулам и големи се шансите тој да биде наследник на Марко Силва, ...

Олимпијакос го победи Панатинаикос во петтиот решавачки натпревар од финалето на плејофот и ја освои титулата во грчкото првенство, а тензијата од теренот кулминираше со еден голем инцидент по завршувањето на мајсторката. Во главна улога биле американските кошаркари Тајрик Џоунс и Кендрик Нан, кои влегле во физички контакт и тоа инициран од центарот на Олимпијакос. Вербалниот дуел меѓу ривалските кошаркари во подтрибинскиот простор се ...

Германската репрезентација се подготвува за првиот настап на СП 2026, а во пресрет на истиот, во германската јавност се води дебата околу стартниот состав на кој треба да се одлучи Јулијан Нагелсман. Селекторот има неколку дилеми, а стручните коментатори Јирген Клоп и Томас Милер сметаат дека во првите единаесет не треба да има простор за Џамал Мусиала. Тој став не го дели повозрасната легенда, Лотар Матеус, кој пред мечот им се спротивставил ...

На 14.06.2026 во општина Старо Нагоричане ќе се оддржи спортски настан ,,Спортски Светски Легенди”, дружење на кој ќе присуствуваат голем број на успешни спортисти, олимписки шампиони, многу спортисти од други спортови, спортски работници, бизнисмени од Македонија и од поранешна Југославија. Поканети се и се очекуваат да дојдат на настанот следниве спортски легенди: 1.Тадија Качар бокс Нови Сад – светски вице шампион на олимписки игри 1976 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Платина

49319.25