Кими Антонели за момент напредуваше на третата позиција поради казната која ја заработи Луис Хамилтон, но еден час по казната која му беше изречена на Британецот, идентична судбина го снајде и Италијанецот. Хамилтон беше казнет со три места во стартниот поредок на трката за Големата награда на Унгарија и падна во третиот стартен ред, но по најновата вест која пристигна од стјуардите, зад него заврши и Антонели. Младиот Италијанец напредуваше ...

Жозимар Диаш – Возиња прерасна во вистинска сензација на Светското првенство уште по првото одиграно коло, а како што се движеше турнирот до нокаут фазата, голманот на Зеленортските Острови си стекна статус на главен јунак меѓу голем број фудбалски фанови. Поради неверојатната популарност која ја доби, Возиња стекна 29 милиони нови следбеници на социјалните мрежи и во иднина може да се занимава и со инфлуенсерска кариера, но пред да ...

Кристоф Фројнд полека влегува во клучната етапа од преодниот рок кога треба да прави план за тимот на Баерн Минхен во друштво на Макс Еберл, а двајцата луѓе кои се задолжени за спортскиот сектор на клубот полека влечат потези и им ставаат до знаење на двајца играчи дека треба да си бараат нови средини. Иако има уште повеќе од еден месец до крајот на трансфсер пазарот, спортскиот директор Фројнд денеска издвои две имиња, односно спомена давјца ...

Вардар штедеше сили на денешниот натпревар против Брегалница со кој означи старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, но и во такви услови успеа да запише премиерна победа. Македонскиот првак доби за задача да има домашни обврски среде двата европски дуели со Рига во Конференциската лига, а денешното гостување на штипскиот тим се покажа како рутинска задача за избраниците на Кристијан Фабијани. За разлика од натпревар кој го ...

Луис Хамилтон беше на добар пат да ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Унгарија, но Ландо Норис го имаше завршниот обид и успеа да извозе неверојатно време со што го потисна својот сонародник на второто место. Ова беше првиот од двата удари кои ги доби Хамилтон во период од неполн час, бидејќи многу брзо по крајот на квалификациската сесија на Хунгароринг, стјуардите одлучија да му врачат казна на седмукратниот шампион. ...

Новак Ѓоковиќ веќе ја тера 40. година од животот, но и понатаму не размислува за крај на активната тениска кариера. Србинот веќе некое време внимателно ги бира сите турнири и најчесто е активен на грен слемовите каде игра значајна улога. На Вимблдон стигна до полуфиналето во кое беше целосно надигран од Јаник Синер, ама претходно во четвртфиналето успеа да го добие Феликс Оже-Алијасим. Меѓутоа и ваквите резултати не се доволни за некои луѓе ...

Челси влече потези на трансфер пазарот и со тоа испраќа јасна порака до ривалите дека овој проект воден од Чаби Алонсо треба да го врати клубот на врвот во Англија и Европа. „Сините“ се активни, работат на засилувања, доведени се Роџерс, Палестра…се најавуваат и други имиња, меѓу кои и на стоперската позиција. Лакроа од Кристал Палас треба да пристигне на „Стемфорд Бриџ“, но тој не треба да биде единствен дефанзивец, стопер како ново име, а ...

Актуелниот Формула 1 шампион, Ландо Норис успеа да ја освои пол позиција во денешните квалификации на патеката Хунгароринг во Унгарија. Ова ќе биде 11. трка во тековнава сезона, а Норис ќе започне од позицијата број еден и тоа пред сонародникот Луис Хамилтон. Возачот на Ферари до последните моменти имаше најдобар резултат, меѓутоа Ландо го имаше завршниот збор и дојде до резултат кој е добра најава за Мекларен. "Gorgeous" First pole of 2026 ...

Трансфер пазарот беше доста тивок додека траеше Светското првенство, но откако се спушти завесата на турнирот во САД, Канада и Мексико почнаа да се случуваат, комплетираат доста операции, а во исто време да се најавуваат и мега трансфери. Се очекува да имаме доста „бомби“ до крајот на летото, а најголемиот, најзначајниот трансфер може да го има англискиот шампион Арсенал. Имено „Атлетик“ пренесува дека „топчиите“ сериозно размислуваа за ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер официјално го претстави првото засилување за натпреварувачката 2026/2027, играч кој се враќа во Битола. Се работи за 26-годишниот Благој Димитриев за кого ова претставива кам-бек во „зелено-белото“ семејство. Во таборот на Пелистер доаѓа од Тиквеш каде во претходната кампања одигра 27 натпревари со учинок од 7,1 поен, 3,6 скока и 0,6 асистенции по натпревар. Инаку Благој претходно беше дел од ...

Манчестер Сити е доста активен во изминативе денови во кои прво го награди Фил Фоден со нов договор, потоа официјално го промовираше англискиот репрезентативец Елиот Андерсон како засилувања, додека пак денеска ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со Абдукодир Хусанов. Дефанзивецот пристигна во Сити во 2025 година од редовите на Ланс и успеа во овие 18 месеци на остави одличен впечаток на „Итихад“ и да се избори за нов ...

Јувентус е во фаза на реконструкција со тоа што засега тешко му оди во остварување на зацртаните цели и желби на пазарот пред се поради финансиски причини. „Старата дама“ има листа на играчи кои ги посакува, се обидува да ги доведе во Торино, но ќе мора да пронајде вистинска формула да ги реализира плановите, но од друга страна сака да се ослободи од фудбалерите кои едноставно не му се потребни на тренерот Лучијано Спалети. Еден од нив ...

Денеска ќе се одиграат два натпревари во Првата македонска фудбалска лига, а еден од нив е оној меѓу Струга и Шкендија Арачиново. Струга е фаворит на хартија, но во скопскиот тим со нетрпение го очекуваат натпреварот и воедно сезоната која за нив е историска затоа што е дебитанска во ПМФЛ. -Среќен сум што ќе бидам дел од овој историски натпревар за клубот од моето родно место. Ова ќе биде наш прв дуел во Првата лига и, без сомнеж, ќе донесе ...

Арсенал имаше успешна сезона, сезона во пехар во Премиер лигата и финале на Лигата на шампионите, но тоа е веќе минато, историја и клубот мора што подобро да се подготви за предизвиците во натпреварувачката 2026/2027. Прва цел е соодветно да се одработи летниот преоден рок во кој клубот веќе ги обезбеди голманот Илан Мелие и офанзивецот Христос Цолис. „Топчиите“ во меѓувреме работат и на други зделки, се поврзуваат со квалитетни имиња, па ...

Екипата на Партизан доста време беше мирна на трансфер пазарот, но сега за кратко време официјализираше четири зделки. Се тргна од ангажманот на Кеваријус Хејс, потоа дојде Ламар Стивес, па италијанскиот репрезентативец Алесандро Пајола за да денеска е потврден потписот на 28-годишниот Никола Танасковиќ. Танасковиќ е дета на Партизан, но и играч кој кариерата ја градеше надвор од „црвено-белото“ семејство, настапуваше за повеќе српски ...

Голманот Џанлуџи Донарума влезе во брачните води и ја круниса долгогодишната врска со Алесија Елефанте. На свадбата која се одржа во Италија присуствуваа доста познати фудбалски имиња, а меѓу нив беше и соиграчот на Донарума од Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Токму Халанд се најде во центарот на вниманието откако беше побарано од него да го предводи сега веќе познатото фудбалско славје, препознатливото „веслање“ и тоа со гостите… Голманот ...

Ромелу Лукаку од 2024 година е дел од италијанскиот прволигаш Наполи, клуб во кој не се изнаигра минатата сезона поради проблеми со повреди, односно одигра само 64 минути. Меѓутоа тој се уште е под договор со калчолигашот (2027 година) и дефинитивно ќе треба да се реши неговиот статус. Имаше и одредени недоразбирања минатата сезона и сетоа тоа прави да биде тешко Ромелу да продолжи во Неапол. Сепак има валиден договор иако јасно е дека ако ...

Екипата на Вардар денеска и официјално ќе ја отвори сезоната во која ја брани титулата во Првата македонска фудбалска лига, меч против повратникот во елитната домашна конкуренција Брегалница. Ова е натпревар закажан за 17 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, средба која ќе биде последна проверка за „црвено-црните“ пред реваншот со Рига во Конферциската лига. -Почнува новата сезона, а Вардар ја брани титулата. Тоа значи дека ...

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер решија да го пропуштат претстојниот Мастерс во Торонто, а организаторите јавно побараа промени кои ќе значат намалување на ваквите потези во иднина. Светскиот рекет број еден и грен-слем рекордерот решија да одмораат во пресрет на Ју-Ес Опен и нема да настапат на турнирот предвиден за периодот од 2 од 13. август, а организаторите велат дека побарале од АТП да направат промени за да ги заштитат тенисерите, но и ...

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го отвори денот со официјална потврда на трансфер, односно ново име во своите редови кое ќе треба да го подигне нивото во составот на Диего Симеоне. Канг-ин Ли и официјално се враќа во Шпанија, а доаѓа од редовите на актуелниот европски шампион ПСЖ, во чии редови не можеше да ја добие посакуваната минутажа. Кореецот добил јасна информација од Луис Енрике за својот статус и решил да ја промени средината, па ...

Баерн Минхен веќе ги засили своите редови со двајца млади фудбалери, а германските медиуми тврдат дека овој преоден рок ќе биде многу поразличен за германскиот шампион. По доаѓањето на Саибари и Браун, Баерн е отворен за уште најмногу еден нов фудбалер, но само се појави одредена шанса која не подразбира посебно голема инвестиција. Она што е карактеристично за ова лето е што топ менаџментот инсистира на повеќе излезни трансфери на сметка на ...

Менаџментот на Манчестер Јунајтед и натаму амбициозно бара дополнителни засилувања за средниот ред, нешто што менаџерот Мајкл Карик смета дека може да има клучно влијание во новата сезона. Заминувањето на Касемиро и повредата на Угарте создадоа потреба од повеќе нови имиња на „Олд Трафорд“, па пристигнувањето на Тилеманс и Сантош не е доволно и потребен е најмалку уште еден квалитетен и докажан играч за соодветно пополнување на позицијата. По ...

Саид Ел Мала има само 19 години, но уште во текот на минатата сезона почнаа да пристигнуваат информации дека тој наскоро ќе настапува за многу поамбициозен клуб од Келн. Германскиот репрезентативец во сите досегашни младински категории импресионираше со своите настапи за бундеслигашот и во моментов има жестока битка за неговиот потпис. Најугледните германски новинари, меѓу кои и Патрик Бергер, потврдија дека Ел Мала добил сериозна понуда од ...

Реал Мадрид продолжува со активностите за засилување на актуелниот ростер, а покрај преговорите за враќање на Родри во шпанската престолнина, раководството е активно на уште еден случај. Шпанските и германските медиуми тврдат дека „кралскиот клуб“ решил да го ангажира и ултра талентираниот Јан Диоманде и дека веќе се започнати преговори со неговиот клуб РБ Лајпциг. Диоманде го потврди својот потенцијал и на последното светско првенство, уште ...

Зеленортските Острови беа едно од најпријатните изненадувања на последното светско првенство, а голманот Возиња посебно се истакна со своите настапи на мундијалското деби кое го обезбеди на 40-годишна возраст. Ветеранот блескаше на сите натпревари, а посебно се истакна на дуелот со Шпанија, на кој неговата репрезентација не дозволи гол и пораз од идниот светски шампион. Возиња и неговата репрезентација загубија од Аргентина дури по ...

Килијан Мбапе го заврши светското првенство на четвртото место, но и важно индивидуално постигнување, односно како најдобар стрелец и воопшто најдобар голгетер во историјата на мундијалите. Француската ѕвезда ќе чека друга шанса за мундијалска титула, но статистиката открива дека на последниот турнир имал импресивен ефект и во однос на брзината. Сите фудбалски фанови се уверија дека Мбапе игра во одлична форма, а тоа е потврдено и со ...

Италијанскиот клуб Комо се претвори во сензација во Серија А и ја заврши сезоната со обезбедено учество во Лигата на шампионите, а раководството вели дека тоа е само прв позитивен ефект од амбициозниот проект во кој се инвестира. Клубот има сериозни очекувања и од својата младинска академија, но дел од дечињата кои ги прават првите фудбалски чекори на стадионот покрај езерото ќе имаат специфично правило во првите години од членувањето во ...

Анхел Ди Марија беше клучен фактор во многу финалиња кои ги одигра Аргентина во изминатите години, па голем број аргентински експерти заклучија дека токму квалитетот на „Фидео“ беше она што му недостасуваше на тимот на ова Светско првенство, или поточно во финалето. Продорноста и луцидните завршница на Ди Марија беа од пресудно значење на многу важни натпревари за „гаучосите“, па на турнир на кој Скалони немаше вистинска замена за ...

Бенјамин Шешко немаше баш идеална премиерна сезона како член на Манчестер Јунајтед, а во период кога напорно се работи за најдобар влез во втората, словенечкиот напаѓач привлече внимание со својот изглед на тренинзите. Мајкл Карик допрва ќе треба да направи конфекција на тимот на кој ќе смета за новата сезона, но Шешко дефинитивно ќе има место во Манчестер Јунајтед и очекувањата ќе бидат големи после периодот на адаптација кој остана зад ...

Екипата на Кожув го официјализираше првото странско засилување за престојната сезона, засилување кое доаѓа од Соединетите Американски Држави, а неговото име е Кристијан Канингем. Се работи за крилен центар, висок 201 сантиметар кој последниот ангажман го имал во Јапонија. Претходно настапувал и во Исланд, Шпанија, Луксембург, Англија и Израел. Претходно клубот од Гевгелија го договори и Дамјан Крстевски. Кожув се пофали со потписот на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34